Луѓе, не знам како може да ви смета ако свекрвата не е заинтересирана. Баш супер. Ич немам потреба од нејзе. Ако не влезете во брак со очекување и замисла дека свекрвата ќе е тука за вас, ќе ви помага и ќе сте бфф, нема да ги имате овие разочарувања. Никогаш сум немала аспирации да бидам блиска со свекрва ми, фешти да правиме, да се дружиме, да сме блиски. Што помалку карактери кои ме нервираат ама морам да правам компромиси, тоа подобро. Со моите ќе правам компромиси, пошто се мои, со маж ми ќе правам компромиси пошто ми е маж и толку. Другите се споредни ликови. Може јас сум таков карактер, сакам самотија и сакам да ги правам работите сама без ничие мислење и некогаш се чудам на темава колку ужасни ситуации се трпат во име на мир у кучи. Ако свеки не сака, ич не и се јавувам во животов. Немам никаков проблем со тоа. Мене ми беше битно маж ми да ми е погоден. Да очекувам помош или да очекувам дека треба сами да им текне или да им побарам и ако не ми завршат работа да се лутам, чувај боже. Не ми должи никој ништо, ама воопшто. Маж ми ми ветил и тој "ми должи" односно него можам да му барам, а на друг никој.
Маж ми не се замара со нив. Буквално ги гледа како бизнис партнери зашто за жал сеуште сме заедно во фирмата и се јавува само за работа. Идеме и доаѓаат на гости ама обично јас сум таа што збори со нив, мм ич не се замара. Конкретно за ситуацијата му кажувам и одговорот му беше: Е добро де, ми е гајле, кај сакаат нека одат. Сакаш јас и ти да одиме сега во кафана? ' И му викам што е причината, дали си се слушнал, пред неколку саати се беше во ред, а сега не не викнаа. Ми вика не знам ама ако сакаш ќе им се јавам. Реално, нема потреба толку значење да им дава, му реков да не се јавува и да ја заборавиме случката ама секако си знам за понатака. Стварно не ми е криво само сум љубопитна што се случило. Таму сум црна овца секако, не им одговарам во муабетот си шетаат тие две по роднини, си зборат за бајачки, мажачки, глупости од кои ми се ежи кожата и затоа јас не сум блиска, а тие две стварно многу убаво си живеат нема шанси да кажеш дека се снаа и свекрва.
Чим мт не се замара,ти ич не треба да се замараш со нив.Гледај си го животот,оџакот со мажот ти да ти чади право,тие се изгледа некои префригани личности,изгледа со другата снаа се исти па затоа си се погодиле.Ама ти кажувам мт ако не се замара ти ич немој ама ич.Не си ти таја што треба да одржува врски и да им вели или прашува.Мажот ти треба.Оти него и ќе му простат ама твоето ќе се памети.Седи си настрана мој совет.
Добро, и јас сум од тие што го облекуваат детето во 10 слоеви а реално треба 1. И себе така се облекувам. Други го расоблекуваат, јас се мислам ладно ке му е. Не мора секогаш да значи дека советите се со лоша намера. Се грееме со клима, секогаш истата температура е. Ако мене ми е ладно, а од секакви причини може да ми е ладно, и синко го облекувам, ако не ми е, нормално е облечен. Еве свекрва ми кажа да му облечам потенки пижами, јас до вчера во плишани го облекував. Ако бевме, таман работа дека немаше да го израснеме синко. Ама, факт е дека е полесно ако имаш помош. Ние имаме и со две раце ја прифаќаме. Дали за работа да завршиме, дали за кафе да испиеме, не е битно. Тагот можеби е погрешен, грешка. Мене не ми е верно да глуми 3 години а потоа одеднаш да испадне змија. Па маж ти на улица ли е најден? Како што твоите се твои, така и на маж ти му се негови. И јас можеби некој ден ке бидам свекрва, и не би сакала, снаата да ме множи со нула. Ужасно е да кажеш дека луѓето кои го израснале маж ти се небитни ликови.
Не реков дека глуми јас ја знаев каква е ама со мене беше океј. Јас кажувам како што е дали ти е верно или не,твое право.
Леле маж ти види што убаво ти кажал, ако сакаш идеме во кафана. Јас не би се замарала, чим не се замара маж, негови родители се сепак. Следен пат јас само моите родители ќе си ги викнам, па нека им е криво и на нив, кој ги врти, така ако направат, тоа за синот така си прават "лошо" мада гледаш тој не се ни замара, така да ти ич па не им се замарај, има тебе кој да те викне и во кафана, и на именден и секаде.
Ужасно е да раѓаш дете и да чекаш мама да ти ги брка обврските, а си направила +30 години и уште да викаш дека тие што се' правеле сами без помош, лажеле. Со моите јас сум поблиска, маж со неговите. Ама во македонија е најнормално да почнеш да ствараш свое семејство и емотивно уште да ти е трауматично одделувањето од мама и тато, затоа се чудиш кога некој ќе пише дека ако не оди муабетот - не оди и нема што да се потресувам околу тоа пошто во матично потпишував со маж ми, не потпишував со свекор, свекрва и цела негова фамилија. Пошто сте многу блиски и не си ја знаете границата на нормална, здрава врска на родител со возрасно дете, затоа темава крцка. Ама македонците се топол народ, сакаат дружба, другите народи се ладни, им се смееме. Затоа кај другите народи, нема да смееш кај свекрвата ламба да изгаснеш или да вклучиш без да прашаш пошто никој на никого не му влегува во граници, ама овде свекрва ти ќе ти влезе во соба дури си гола целата и ќе ти ја масира цицката за да провери дали имаш млеко за бебето. Продолжи слободно ако ти е убаво така. Мене неразрешени едип и електра комплекси не ми се пријатни за гледање и ги немам во блиска околина. А будуча снаа во иднина нема да те множи со нула ако заслужиш да не те множи. Не ти следува грандиозна почит автоматски пошто си свекрва. Биди сигурна дека ќе е вака пошто дури дојде време син ти да се жени, тогашните девојки ќе имаат многу помалку трпение за глупости, исто како што сега ние имаме многу помалку одколку што имале жените пред 30 години. И научи разлика меѓу "споредни" и "небитни" ликови.
Знам дека е така ама не знам кој проблем го имам во главата секогаш се да е совршено. И стално си викам крај, ова е последно, не се замарам и пак секоја вечер се преиспитувам. Си ги водам битките во себе најчесто под туш, како требало да биде, што требало да кажам во дадена ситуација, уфф. Не дека ќутам, многу добро знам да префрлам и да се затнат сите ама некако се осеќам дека многу малку имам кажано за се што преживеав со нив. Еве ја денеска ми ѕвони, ми пишува, ја игнорирам цел ден. Ќе гледам да се вратам на формалниот однос.
Епа знам, и јас сум таква, сум ги гледала како свои родители, од ништо не биле одделени, ама дојде време кога ме повредија премногу, и никогаш ама баш никогаш нема да им простам за тоа и да ги гледам со исти очи, затоа со нив сум на здраво, што правите и чао, они тоа си го осеќаат, ама џабе им е се веќе, кога еднаш ќе ми згреши некој, сум кажала и моите да се и кој сака нека е, никогаш нема да биде исто. Затоа сега иччч не ме интересираат, искрено можат и со син, и со комшии, и со кој сакаат да одат, кај сакаат, не допираат до мене со ништо, ни со збор, ни со ништо апсолутно, толку ладно се осеќам спрема нив, без никаква емпатија, мртва ладна на се што ќе кажат и направат. А баш и треба да ја игнорираш сега, и некогаш да и го преречеш тоа, зошто ако преќутиш може повеќе да "те јаде" во себе.
Одамна мислам дека темава треба да се заклучи засекогаш со мислењата на @Mantub . Се' е кажано со нив .
Stavi ja na ignore I jas deneska se iznervirav od mojata svekrva znaci poracav na kerkickata cetka za kosa okolu 200 den bese oti mi se dopadna i oti taa cetka sto ja ceslam ne mi se dopaga bas mnogu I zasto sum ja poracala pak bez rab ke sum bila pari ke sme nemale oti vo konfekcijata kade sto rabotam podnamali rabotata ama I da sedam doma si zemam pak pari ako nema rab ne bas cela plata ama po nesto da I kako ke sme bile bez pari a nikoj od nea nisto ne bara si misles ona ke ja plate cetkata I jas I rekov moite pari jas kade sakam ke gi trosam od tebe nikoj nisto ne bara
Леле леле, ставање зборови во уста. Сега полесно ти е? Супер ако да. Да сме на чисто. Не сум 30+. Никој не ми ги брка обврските. Мама и тато увек ке ми фалат. Уште ми е непребол мојата соба а веќе имам спална, со маж ми ја делам. Со свекрва ми на мсг се допишуваме затоа што вратата ни крцка, па ке се разбуди синко. У брак кога си, ако ги трпиш твоите за некои си лично твои работи, пеки, ама велиш споредни ликови се родителите на маж ти, и тука веќе друг проблем си имате вие, не навлегувам јас зошто и како.
Реално да правиме муабет сите би си го гледале својот живот и не би ни требало помош али тука се мама и тато небитно од која страна упорно си пикаат нос кај што треба и не треба. Не сите се кај нас барем финансиски оспособени да земат кредит да го исплаќаат и да имаат дете за некои или кредит или дете ќе имаат. Балканскиот менталитет никогаш нема да се смени затоа тие што одат надвор се по раат и тие што се по високо развиените Европски држави од 18 години се самостални али родителите им имаат обезбедено еве ти стан еве ти кола а за друго заработувај си.А тука кај нас кој е способен да купи стан и кола а ти само да работиш ретки се тие кај нас се викаат "богатите". И затоа кај нас живеат со мама и тато ако гледаме да не живееме со нив најмалку 50% од младите никогаш немада се земат и да имаат дете. Али од друга гледна точка ете старите и нека не помагаат ама после они кукаат абе зошто не ме носиш на лекар јас ќе умрам, а ти не си дошол да ме видиш и ред други балкански муабети да не кажам драми.И кога ќе се искорени мешњето во туѓ брак зборам од страна на родителите тогаш се по друго ќе биде али за тоа малце повеќе време ќе треба. @Jana06 Остај ги нека е така и син ти ќе има роденден па ќе видиме што ќе прават кога нема да ги викнеш, тогаш нека се наљутат и нека им стои.Само утре нека не бараат помош од тебе туку од снајка што многу си ја сака,а таа тогаш нема ни да ја погледне. Ти скааш да имаш помош и сакаш некој да ти се плетка во спална и сакаш да знае се за тебе.Повеќето од нас тука ниту сакаме да доаѓа да ми гледа ниту пак да знае јас што правам.Тебе не ти пречи тоа ама на нас ни пречи , мој живот моја работа ако треба ќе пукнеме ама некој да си го бута носот кај што не му е работа не ни треба.Има снаи што си ги користат свекрвите да им перат готват чистат и не им пречи што им се мафта по дома битно друг да им ги врши нивните работи
Јас и мојата свекрва пример скоро па и ич не збориме живее во иста кука различен спрат доага кога е маш ми дома и тоа многу ретко еднаш двапати месечно па и тогаш не прави нешто многу муабет ама пред луге мислиш бфф сме само ми се опфаќа па дали треба помош околу детето па ова па она... Иначе ние имавме страшни проблеми со нив воопшто не зборевме е сега некако последниве месеци почна да доага господата еднаш до двапати месечно.. меѓутоа вистина е дека сега сум многу многу раат
Дали знаете колку сте неадекватни вие без деца за давање совети околку нивното чување? Дали сте малку свесни што значи да се чува едно бебе, да не зборам за повеќе? Ако на вас не ви треба помош за вашето имагинарно бебе, на мајките со вистински бебиња им треба. Не за да го заспива свекрвата / мајката, да го храни, да го избања туку да го придржи да можеш да се избањаш, да јадеш, да дремнеш. Сте слушнале муабет некој за во странство као демек не си иделе на гости, не се слушале, свекрвата не помагала... Зошто лупетате ако немате излезено од Мк? Кој ви ги кажува овие глупости? Луѓето надвор од Мк ѕверови се, само ние сме топли луѓе. Дај не претерувајте, не измислувајте и не заборавајте дека живеете во Мк, а не во Шведска. Толку наводно либерални луѓе, а во real life кај сте?
Многу е битно и какво ти е бебето. Првата ми беше мравка, си спиеше и денски и ноќеска, освен за цицање кога стануваше. Можев јадење на раат да направам, да се истуширам и да одморам додека спиеше. Буквално не барав помош од никој. На девер ми детето ни денски спие ни ноќеска, не сака да леже, сака се да е исправен во раце, плачливо дете е и нормално дека тие ќе побараат помош од мајка/свекрва за да одморат малку додека им го чуваат детето. На јатрвата грбот и рацете ѝ паднаа од што постојано го држе во раце, во тоалет оди со детето од што плаче кога го оставе на креветот. И мојата да беше таква ќе викнев некој на саат време да го причува додека јас одмарав оти не се издржува навистина
Кој ве лаже вакви работи и дали ви е полесно ако верувате во вакви басни? Никој никаде не ,,обезбедува,, ни кола, а камо ли стан- сегде постојат кирии и кредити. Зошто вие живеете со мама и тато, не знам, веројатно затоа што ви е тоа прифатливо.
Како може 500 евра кирија да е во Словенија во главен град и се да ти е тука и во Скопје, а платата е таму минимум 400 евра а тука 250 евра? И да доста луѓе знам и познавам што и како имаат обезбедено и што можат да си дозволат.Бев и видов доволно ми беше тоа и да земаат кредити они можат да ги отплатат и да одат на одмор а тука само кредит ќе отплаќаш и ќе чмаеш во 4 ѕида ќе сиалепиш тапет со море и песок е до толку сме