1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    Дали твојот мозок може да разбере дека има луѓе кои не се мешаат во туѓ живот, а сепак се тука да помогнат?
    Дали треба да ти нацртам за да разбереш дека твоите комплекси да си изолирана од сите, да се докажуваш дека ти се сама и ти се можеш е виновен за ваквите ставови.
    Мене не ми е мешање ако некој ми каже дека на детето можеби му е ладно. Возрасни луѓе разменуваат мислења, прават муабет, се дружат, а можат да се во односи снаа свекрва и зет баба.
    Пресмешно е кога се жалите дека свекрвата се меша за облекување на бебето. А мајките ваши ни збор, или тоа не го перцепирате како такво.
    Вашата потреба за натпревар дека сте херои, саможиви и за ниту една одлука не ви треба трет, е комплекс на нижа вредност и потреба да си докажете дека сте посилни од свекрвата. Кога не би биле такви, многу посреќно ке живеете.

    Си дозволиле да купат стан во Словенија?
     
    Последна измена од модератор: 3 февруари 2021
    На simona_baby и Stressed Out им се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Твојот мозок дали ќе свати еднаш дека да кажеш еднаш дека му е ладно а не 100 пати или кога не си ти тука да дојде да го наоблече е мешање или очигледно не си западнала во таква ситуација што не ни можеш да замислиш како е.Нека ти го чуваат тебе детето ако толку сакаш само немој да спиеш на тоа уво дека ако ти влезе дома нема да ти чепка по рбаоти и слично биди си наивна.И треба да правиш разлика од "Да не му е ладно на детево?" и "Ладно му е облечи го ќе надтине" едното е мислење а другото е наредба и мешање.Се надевам мозокот твој ќе ти го процесира ова

    И да си купиле и кола и стан и си отплаќаат кредит
     
    Последна измена од модератор: 3 февруари 2021
    На spacegirl92, Skorpija25, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 ТИ облекувај го ако сакаш со 39 слоеви ама ТИ ,не свекрва ти не мајка ти.
    И едно е да ја причува дури се бањам или сум до продавница друго е да ми застанува пред врата и да ми вика ти оди кај сакаш бебето ќе седи со мене може да му се ДЕСИ НЕШТО !!!
    И не зборувам за вчера ,завчера зборувам за септември месец, за 25 степени надвор. Не сакам веќе да се повторувам само врати наназад ќе видиш што се ми се случило со неа па заклучи дали јас сум лоша снаа или имам командант свекрва толку. А + што има куп работи што не сум ги напишала ,зошто свесна сум прво што тука ќе ми се советува,второ дека истото и мојот мозок го вика. Ама детето ми е поважно и преќутувам чекам да помине оти не ја бива заради баба и да остане без татко. А до кога ќе можам така е дискутабилно.
    И видов споредуваш со мајки на снаата...епа јас со мајка ми се разбирам , додека ко ќе почнам на свекрвата да и кажувам било што , што за неа не е така не ни слуша ,прави само НЕ НЕ НЕ и си тера со нејзиното.
     
    На ni.na, Skorpija25, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.695
    Допаѓања:
    273.882
    @Jana06 јас не знам како се чува бебе, ама во најтесно семејство и најблиски другарки силом прилике чуваа скроз сами самцати, што значи не е научна фантастика.

    Внуче ми се роди сред корона, во друга држава, ни баба, ни дедо, татко во есенцијален сектор работи, жими десетина дена дали успеа дома да биде, мајкава скоро па сама го чува веќе колку месеци.

    Да, супер е да имаш круг на луѓе со кои се разбираш и сакаат да ти помагаат, ама малце не е реално да очекуваш дека им е обврска да се занимаваат со тебе.

    Се' додека се очекува условно речено старите да живеат за "децата", и да немаат свој живот, овие тукашни проблеми не ќе се надминат.

    Да има свекрвата свој живот, не ќе се занимава со нудење непобарана помош, или исправање криви дрини со возрасниот син и жена му. Ама ако снаава не е свесна дека свекрва и' треба да има свој живот, одма лутешка зошто не ми помогна со трудноќа/бебе/финансиски итн.

    Работа на родител е да те израсне во здрава и самостојна личност, не се согласувам дека мајка ми пример треба да живее за мене. Треба да живее за себе, мене да ми помогне ако побарам помош, и нормално, да не ме дави ако реши да помогне.

    Ама се додека "се нема" е изговор за создавање семејство кога ни сами себе не можат да се чуваат, ќе се тешиме дека е нормално да имаме толку нарушени семејни односи и никој нема да си ги знае границите.

    Точно, се нема, највеќе од се' волја.
     
    На Nisse, spacegirl92, meggle и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Се супер ова што си напишала, само се повторуваме зашто сите ова сме го напишале барем во една прилика. Зборам за друго.
    Дали јас треба да осеќам вина ако ми треба помош само затоа што идните мајки тука уште сега мислат дека се семоќни? Не е воопшто научна фантастика туку ти требаат надприродни моќи за да постигнеш се сама. Ај да не тупам овде какви се промени треба да направиш кај себе за да се издржи сама со бебе, здрави и живи ќе си дочекате сите, па ќе збориме пак.
    А тоа дека никој не треба да очекува помош се согласувам, само што не сме сите пораснати во такви семејства и не гледаме црно и бело. Пример, на моите родители им е задоволство да го чуваат, да ми помогнат, тие инсистираат да идеме почесто на гости за да го гледаат како расне.
    Многу е неубаво кога себични луѓе, самотници коментираат тука како само со мажот треба да си близок во животот. Жално.
     
    На oblace1, MissBreezy, IRBBB и 12 други им се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    Се си мислам дека остварени свекрви,кои работат,имаат пријатели,некоја занимација во животот,сакаат да се дружат, по нема да се мешаат и да се наметнуваат самите.

    Дека може некој сам со сопругот да израсне дете,може,дека тоа така треба да е и дека е најдобра одлука секој си знае за себе. Ама да викате дека е невозможно,не е.
    Не верувам дека има некој кој не би сакал да е во добри односи со свекор/свекрва.
    ****Има снаи кои сакаат свекрвите да не им се мешаат,ама затоа истите мора да им се на располагање 24/7 ако им притребаат нешто околу детето.
    ******Има снаи кои ниту ќе се замараат со свекрвата,ниту се притресуваат дали ќе им се меша,битно да им го чува детето и да им прави ручек.
    *******А има и такви кои за да живеат самостојно ниту сакаат помош,ниту мешање,зошто очигледно едно без друго иде.

    Самите си бираме кој во која категорија ќе спаѓаме.
    Многу не сте се нашле во одредена ситуација,па затоа и така зборите.
    Треба и од двете страни да има осет и разбирање за да може нормално да се функционира.
    Мојата упорно се наметнува за помош,ако ја одбиеш се лути,а ако прифатиш,се жали како била уморна и немала слободно време ( вака со јатрвата правеше,не сум се ставила во ситуација да знам дали би било исто и со мене).
    Сака се да е преку неа,и после цела блиска фамилија знае колку се мачи и одоколу спуштаат муабети. Не е фер така,зошто ако упорно се наметнуваш се ти да правиш,нема зошто после да збориш.
    За мое дете ние како родители би требало да одлучуваме,моето дете има две живи и способни баби,и двете сакаат да го чуваат. Неколку пати го оставив на свекрвата на кратко,после викам ќе дојде мајка ми да го чува и она вика е зошто де си ја викала,јас сум дома јас ќе си го чувам. Уште неколку пати така направи,дури лута зошто не го чува САМО она. А знам дека е таква и викам ај и двете подеднакво за да не се лути,ама и така не одговарало. Ако отидам кај моите 2дена е намуртена и болна и дури не се ни труди да скрие дека и смета. Затоа и си го скратив луксузот ( за мир) да го оставам со бабите,за јас да можам да одам на доктор/ депилација/ или пазарење.
     
    На IRBBB, MacenceEna, pikabu5 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Скроз е возможно да го израснеш детето само со маж, најдобра одлука дефинитивно. Но, што ако мажот работи во странство, во 12/24h смени и слично? Не дека е невозможно, но само тие мајки што чуваат сами знаат како е. Зошто да плачам под туш или во перница да липам од умор кога може да дојде свекрва/мајка/сестра/золва/другарка и да помогне на 2-3 саати и после јас да бидам расположена и среќна за детето? Зошто да не можам заби сабајле да измијам на раат, да испијам кафе, да јадам како човек на маса, а не на трчање? Секој втор ден се чудам дали ќе се онесвестам од умор додека го држам или дали ќе умрам млада од хроничен умор и неспиење.
    А може да биде толку едноставно и сите среќни и задоволни.

    Па и ајде да речеме дека е полесно додека е помало бебето ама кога проодува особено ако е активно бебе? Затоа ме иритираат коментари од жени што не осетиле на своја кожа туку најблизок контакт со бебе им бил тоа на комшиката во лифт.
    Возможно е да, сите деца ќе пораснат вака или така ама цело време се збори за добробит на мајката, а од друга страна се руга секоја што ќе признае дека и е потребна помош.

    На моја другарка и помагав со децата скоро секој ден, она диктираше каква помош и треба. Дали да и исчистам по дома, дали да и го чувам детето, дали да го земам кај мене додека таа оди на депилација. Замислете не и падна круната, уште е најдобра мајка на своите деца. Мене никој не ми е крив што се породив во корона, па ризик е да барам помош од било кој. И јас така си ги скратив сите задоволства, ретко си посветувам време и пак ќе се најде некоја да се дрзне да искоментира кој смее помош да бара. Кога ќе имате свое дете и ќе извршите голема нужда со бебето во скут тогаш да држите предавања на темата чување дете.
     
    На oblace1, MissBreezy, thelittle17 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Што ви е чудно што родителите се споредни ликови во животот на еден пар?
    Тоа е нормално. Или навикнати сте цел живот да ве воспитуваат и превоспитуваат, да не знаете сами ни чаша да купите без дозвола.
     
    На spacegirl92, drugarka, Meckicja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам и кон мене е насочено прашањето. Јас сум самостојна од после факс, ме финансираа до тогаш и после тоа се што добивам од нив се само подароци за некој повод. Воопшто не ме превоспитуваат на 30год и не барам дозвола за ништо. Секако дека нема да ги отфрлам луѓето што ме израснале од 3кг, ми дале љубов и материјално добро секогаш кога ми било потребно. Јас, маж и дете сме семејство ама не би можела да кажам за нив 'споредни', не се осеќам убаво.
    Зошто давате совети на жени да трчаат кај родителите кога мажот ќе ги истепа, ќе се разведат и слично? Или тогаш сфаќате дека не сте баш самостојни и не се споредни? Не е кон тебе конкретно прашањето.
     
    На oblace1, thelittle17, pikabu5 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    21 век, се знае ако некој крене рака на жена кај се оди, јас не сум видела некој да рекол иди кај свекрвата да и кажеш. Глупости.
    Не е свека врховен судија.
    Од што сте навикнати свека и остали да ви го водат животот после тука има проблеми.
    Јас кога се омажив, одлуките во моја куќа и мој живот ги носиме само и само јас и маж ми. Никој не е прашан за мислење. Јас ги обожавам моите, он неговите, нашите многу се почитуваат и се апсолутно добредојдени во секое време и би им помогнале за се што им треба, но они си имаат свои куќи да си донесуваат одлуки, а не мене да ме превоспитуваат. Дете се воспитува додека е мало, после се остава да го живее животот, а особено кога ќе се ожени и омажи.
    Наши финансии, наши животи, наши правила и тоа е тоа.
    Кога сите би пробале бар малку да се одделите од ланците на свекор, свека, мама и тато, би виделе колку е различен животот.
    А за странство, зар вие мислите дека на луѓето надвор пд МК им паѓаат куќи и станови од небо?
    Не, само повеќе работат и се посамостални, не очекуваат од мама и тато цел живот.
    Имам еден куп роднини и никој од нив не добил на лепе очи куќа, туку подигнале кредити и си ги отплатиле.
     
    На spacegirl92, TashSefton, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    Јас живеам во заедница и имам убав живот. За месец два ке се преселиме во стан, сега го средуваме.
    Значи и мене ми велат, соблечи го, жешко му е. Обратно е, ама пак се мешаат, по ваше. Јас го облекувам, а мајка ми, свекрва ми и маж ми велат жешко е, соблечи го. Тоа за мене не е мешање.
    Зошто да чепка по работи? Што ке види и најде? Секси долен веш? Па таа за роденден ми купи таков подарок.
    Јас не знам во какви односи сте општо, конкретно зборам за облекување.
    Штом имаш таква свекрва, алишта се најмал проблем.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Малку не си ме сфатила што напишав или па општо пишуваш, не знам. Воопшто не го напишав тоа што си го образложила дека свеки е врховен судија, дека ја прашувам за мислење, дека ми носи одлуки... Млатење слама.

    А ако малку сте мрднале во странство ќе знаете дека ретко кој во странство купува стан или куќа. Само кај нас е животно достигнување да се заглавиш во кредити за после 30год да имаш сопствен стан или да го опремиш спратот од неговите/твоите.
    Луѓето шетаат, уживаат, учат, се надоградуваат, градат кариери баш си го живеат животот и не патат од комплекси.
     
    На MissBreezy и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  13. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе те прашам ,не мора да одговориш...Ако ти е толку убаво зошто се селиш?
     
    На Anyshka, spacegirl92, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    Како бе така требало надприродни моќи за да си го гледаш бебето?
    Мислам онака најсериозно ово или...???

    Четири деца гледам сама со мм, 9,7,6 и двомесечно бебе, натприродни моќи немам, барем не знам дека ги имам де, мм работи смени од 12 и 24 часа, јас сама со децата, додуша досега беше 2 месеци на породилно мм се врати на работа пред една недела.
    Седев со на мм родителите со последната бременост и првите 40 ден од бебето, ( долга и широка е зошто, како ама многу ми се најдоа околу децата додека умиравме со мм од ковидот, па затворени со месеци граници и си отседав кај нив) ово е прв пат помош што сум добила ама секако не е под нормални услови туку баш ненормални, локдаун од 16 недели имавме и да сакав да се вратам дома не можевме.
    Сега сум сама со децата, бејбисито се буди 3 пати во текот на ноќта за доење, во 4.30 станувам за да го надојам и си правам кафе и си го пијам на раат додека да станат децата.
    Децата стануваат во 6.30 - 7.00, се тегаваат 15-20 минути па седнуваат да доручкуваат, во меѓувреме им спремам ручек за на училиште, бејбисито околу 7.30 бара и он доручек, децата се облекуваат за на училиште, спремаме торбите, бејбито во количка и ги носам на училиште во 8.45, почнуваат од 9.00.
    Се враќаме со бејбито дома, он си спие јас раскревам се од доручекот, пуштам машината за садови, одма после и за алишта, бејбито бара пак млеко околу 10.00 и заспива, јас си седнуваме пак со кафето и се релаксирам, може некогаш и да дремнам со него.
    Пружам алишта, вадам садови, може да поминам со правосмукалка а може и не и седиме надвор со бејбито.
    Ставам ручек околу 1.30 - 2.00 да биде готов за кога ќе ги соберам децата од училиште, собирам деца од училиште, јадеме, пак машина за садови, перална со униформите на децата, одиме со децата до парк да по играат малку, доаѓаме дома, вечера на ред, во меѓувреме го занимаваат бејбито го играт, вечераме, пак садови, играме некоја игра, гледаме филм или нешто слично и доаѓа време за бањање околу 8, ги бањам нив, додека се сушат и облекуваат пижами се бањам со бејбито, чешлам коси, сушам по потреба и сите легнуваме во спална за читање книга, во 9 - 9.30 сите се заспани, префрлам по соби и остануваме само јас и бејбито, и тој тоа време бара доење, заспива и он, раскревам по дома, пребришувам купатилата, собирам играчки, пак уште една перална и си седнуваме околу 10 - 10.30 или читкам тука нешто како сега или гледам филм, серија и накај 12 си легнувам.
    Имам среќа може што ми треба малку сон, може на некоја да и требаат 10 часа спиење, нормално дека ќе и е тешко, ќе е уморна, уморна сум ама не до степен да мислам дека ќе се умира, нормален умор ми е,
    Кога е мм дома он превзема поголем дел од обврските, во тие денови гледаме да пазариме, секој што има обврски си ги брка, со добра организација се е возможно, не сум ни преморена, ниту нервозна, со мм јасно ни е дека со 4 деца не можиме да се однесуваме како младенци, си наоѓаме време и за нас, ако се сака се се можи.

    Исповед на една мајка со натприродни моќи.:wasntme:
    :rofl::rofl::rofl:
     
    На LadyR, simonka93, mira.mira и 29 други им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller двајца родители се доволни да израснат нивно нене. Никој не го спори тоа.
    Не очекувам никој да ми помогне на било кој начин. Ама добивам помош и можам да кажам дека е прекрасно. Овде сите мислат дека по автоматизам баба и дедо кои помагаат, се мешаат. Не е така.
    Кога бараме да ни го чуваат, секогаш прашуваме може ли, слободни ли се, да не ги боли нешто итн. Никогаш не сме го тутнале синко на чување.

    Има огромна разлика од бебе до бебе. Синко си преплака 3 месеци од грчеви. Соседите прашуваа што му е. Од 10 до 2 3 сабајле имаше плачки. Нареден ден и двајцата преморени бевме. Можев да глумам супер херој и да фатам да чистам, а имав болки од раната, спиналната, од доење. Ама јас профатив помош, не ја барав, не очекував ама секогаш ке сум благодарна за тоа. Наместо да паѓам во несвест од умор јас имам убави сеќавања од целиот тој период.
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    И ти се ова го правиш и го прикажуваш како нормално секојдневие? Не, не е нормално да немаш време за себе, за пријатели, за козметичар, за фризер, за маж. Или може јас очекувам повеќе од животот, што знам.
     
    На spacegirl92, SexiLy, pikabu5 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    39.933
    Пол:
    Женски
    Не се виновни ни свекор ни свекрва што се мешаат во животот на младите. Виновен е мажот што не знае да пресече, до тука беше мама од тука е жената. Има многу такви што за се нешто ја прашуваат мама. Во фамилијата имам таков. Додека жена му беше во странство он спиеше со мајка му една вечер оти бил болен, настинат. Маж од 20 и кусур години, женет, спие на спалната со мајка му. И после мама е крива што се меша. Е не е она, кога ти за се ја прашуваш мама и со неа се консултираш наместо со жена ти, до тебе ќе да е проблемот.
     
    На spacegirl92, oblace1, MissBreezy и 9 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    За да ни е уште поубаво. Станот беше купен уште во градба, дури сега е готов. Јас непланирано останав бремена, затоа живееме скоро 2 години заедно.
    Овде не ни е тесно, има доволно соби ама ова е куќа за 1 фамилија, не за 2. Има еден влез, една кујна итн.
    Кога ке се преселиме, и ние и свекрва ми и свекорот ке имаме целосна удобност и слобода.
     
    На mira.mira, Martka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Мислам дека со ова може да се затвори дискусијата, а не како и секогаш жени да напаѓаат жени зашто биле уморни и побарале помош.
     
    На spacegirl92, Skorpija25 и forumce им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.383
    Браво Битер, ти се восхитувам зашто и во нормални и во вонредни услови си имаш 'тертип' што би рекле старите, ред и дисциплина.
    Плус желбата е важна, за 4 деца треба желба, љубов, трпение и балансирани родители. Околината знае да олесни или да отежни но јадрото е најважно.
    Јас сум од тие што 9 часа спиење и се нормални за да сум наспана, плус секогаш сум сакала 1 дете само, па сите свекрви и мајки на овој свет сосе сопрузите, не би ме оправиле ни со 2 камоли со повеќе деца. Ама тоа сум јас и не мислам дека само моето е ок.
    Помош е убава. Мешање не е. Ама луге сме сите со маани за совршено да ги разликуваме тие две.
     
    На Bozica1980, SexiLy, Martka и 9 други им се допаѓа ова.