Има луѓе на кои родителите им се починати, значи деца не треба да раѓаат тие? Нормално е и на фризер и на козметичар да одам, ама маж ми ќе го чува тогаш, или градинка/дадилка. А да кине свекрва ми нерви на 70 години со бебе, за јас нокти да правам, тоа не може да го прикажувате ко неопходност. Јас ко битер, 4 деца не можам да замислам да гледам. Ама деца се раѓаат за едното да не било осамено. Или сите имаат две три деца, ај и јас. И после парите не стигаат, пискај по децата, глава не знаеш кај ти е, свекрвата е крива што нејќе да помогне. И доста веќе со тоа жени напаѓаат жени, сто пати го имам прочитано во темава. Сто пати. Ако не сте во право, нормално дека ќе ви се каже. Ај ќе се тапшаме по рамо пошто жени, е смешно. И свекрвите се жени де. Не може - свекрва ми да не се меша, ама ич ни помогнаа за уредување на станот. Свекрва ми да не се меша ама не дојде да ми готви ручек кога бев трудна. Не може кога ви одговара да ви е тука, а кога ви се меша одма да се тргне. Или сам превземаш се во животот или живееш во заедница и се трпите еден со друг. Двете не може. Мене многу ме нервираат некултурни свекрви, ама не може никој ништо да ви прави ако не дозволувате. Јас еднаш ја прашав совет за едно јадење, два збора одговорот беше, па се уфилма дека тоа е зелено светло за да кажува неповикано мислење за се во кујна. Следно ќе прочитам на интернет како се прави рецептот. 99 посто од проблемиве во темава може сопругот да ги реши во два потези. Затоа се отвараат 4 очи со кого се влегува во брак. Мамини синчиња тешко, тешко, да речам скоро невозможно да се променат.
Точно ,еве мм не е мамино синче ,за ништо не ја прашува за се ја известува,само. Ама затоа мене ми се качи на глава.. и тука само и само ЈАС си сум крива никој друг. И за реакцијата на мм исто ,оти се преќутував и примижував ај да не сум напорна ај греота е уморен итн. За на крај ко му се пожалив добив два одговори ,прво дека како до сега не ми сметало ова или она. Друго не можам од дома да ја избркам таа е.
Кој дел не ти е нормален? Дека се грижиме со мм за сопствените деца? Сосема нормално секојдневие за 6 члено семејство, до пред да останам бремена и трета смена одев на работа, не гледам како не ни е нормален животот или дека имам премали очекувања од истиот. Децата не барале да се родат, знаевме со мм што не очекува со толку деца, тие се приоритет, нема да умрам ако не одам еднаш неделно на фризер, сама се фарбам, средувам и пред децата ме нервирало да дремам со саати на фризер, депилирање е 1 час во месецот, тоа го правам кога е мм дома, со фамилија, пријатели се гледаме кога имаме слободно време, со мм си посветуваме доволно време и внимание за да бидеме и двајцата среќни и задоволни од бракот а за мене доволно ми е утринското кафе да си го испијам на раат.
Мислам најголем дел од проблемот е тоа што очекуваме дека животот после дете ќе ни е ист како и пред дете, па не сакаме да се откажеме од старите навики. Затоа јас знам со колку деца можам да се справам, а со колку ќе се фрустрирам и ќе ги фрустрирам сите околу мене.
Ама свекрвата може и 40 да има, не мора да има 70. Само изговори да се барало Мене некој на 40 плус да ми тупне дете што не сум го родила, мало сутра Ко ќе ги пораснам тие што сум ги родила, ваљда сум го завршила своето И тоа не значи да не бидеме фамилија, само значи секој да си знае кај му е границата.
Нема сигурно да барам помош од свека, покрај таткото на детето ако сум во брак. Не сум се омажила за фикус, си има он овврски околу децата
Јас не верувам дека има некоја која не го оставила детето кај мајка/свекрва да го причува на кратко за да испазари за дома или да оде некаде, банка/пошта или слично
Ти ако не веруваш тоа е твоја работа. Ќе ја земам золва ми за пример. Си оди на работа, фризер, козметичар, маж и работи. Свекрва и е на 5 минути, а и нејзините не се далеку. Ниту еднаш не го оставила малиот кај свека или мајка и. Кога она оди да завршува обврски, маж и е со него. Кога он има обврски она е со него. Се додека мажите ги гледате како уште едно дете кое треба да се чува, ќе молите други луѓе
Се што наброја може да се изведе заедно и со бебе. Разликата е што сам е побрзо и полесно, за со бебе треба трпение да се има, не знаеш кога ќе заплаче, кога ќе се искака, кога ќе му се прицица. Ама сепак се се може и со бебе.
Ама пак до негде е и родителот когга требале да му кажат дека треба да биде независен и се они ела до мамичка цицка да ти даде и после мажите криви колку се мажите толку и родителите
А нормално е до толку да сте приврзани за децата? Па некои што познавам ни со таткото сами не ги оставиле,мене тоа ми е лудост. Нашите би уживале да ги причувуваат од ќеф и би ги оставала за да се навикнуваат не врзани за мама нон стоп,мене па и тоа не ми е нормално искрено.
Како прво јас не го гледам маж ми како мое дете, туку како мој маж. Он е тука за нашето дете, заедно ја растеме, гледаме, чуваме, воспитуваме. А ниту пак молам некој. Не знам зошто на мене ми се обраќаш со таков тон. На мене ми е мачење да одам со неа да пазарам оти знам каква е, а можам да одам со неа, ама знам дека ќе се задржам 15мин повеќе од тоа што планирам и само ќе се изнервирам.. И за да ми биде поедноставно ја оставам дома или кај мајка ми. Кога немаше ни месец дена ја викав баба му на маж ми да ја причува на 1 саат оти имав некои обврски што требаше да ги средам, а не сакав да мкнам бебе со мене. Да, може се да се направе и со бебе/ дете, и ако нема кој да ја причува саат време нормално дека ќе ја земам со мене. Ама едноставно не сакам да ја малтретирам и сакам да завршам побрзо а не да се расправам со неа и да и кажувам не фаќај таму, не оди таму. Сепак е 3 ипол години и се живо ја интересира. И не, на мене не ми е понижување и не мислам дека ја молам мајка ми со тоа што прво ќе ја прашам дали може да ја причува, ако тебе ти е, не знам што да ти кажам тогаш. Тоа "други луѓе" го кажувате како да станува збор за некои комшии а не за вашите родители. Заборавив погоре да пишам, мојот маж работи само прва смена, а некои работи е неопходно да се извршуваат од сабајле, да можеше тој да се смене на работа би ја чувал тој додека јас завршам некоја работа низ град, ама оти нема таква можност, ја оставам на мајка ми и татко ми или други луѓе што би рекла ти
Зошто да се изнервираш ако се задржиш подолго 15 мин доколку ја земеш со себе? Валда пред да родиш знаеше дека и кога ќе имаш бебе ќе треба да одиш в банка некогаш? Ако немаше кој да ти ја чува ќе се нервираше со секое одење в банка, в пошта и со сите нормални секојдневни активности?
Ама немојте упорно со ова стварно,тоа што е малтретирање е малтретирање,не е херојство,ако немаш на кој да ја оставиш ќе ја носиш,ако имаш ја оставаш и стварно не гледам зошто би било проблем. Мене ме пораснале чисто моите,ниту баба ниту дедо ме причувале од х причини и да ти кажам ми фали таква љубов.
Јас од раѓање сум со неа насекаде и веќе на 3 е многу полесно. Тоа со фаќањето ми е како некој период кој кога тогаш треба да се помине. И на 5 години ќе сака да пофати некој сладолед во маркет на пример, нешто ќе и се види интересно во бутик, во банка, исто како и на нас. 15 мин плус не е вооошто многу време. А трпение треба да. Некогаш ми идело на сред пазарување да оставам се па дури и бебето в маркет ама вдишуваш издишуваш и продолжуваш. Еден период се шекнував во умот се додека не почнав да гледам поинаку на работите па со насмевка ја гледав кога пофаќа нешто, кога брзам затоа што каснам, а таа бара само неколку минути за да погледа некој случаен гулаб и слично.
Јас не сум за тоа нон стоп кај баба и дедо да висат децата, зошто родителите сакале раат. Ама на пример еве јас работам денски и ноќни смени, дм исто,ќе дојде ситуација после породилно кога ќе се погодам иста смена со него,да речеме2ра или 3та,градинки нема,јас не сум во состојба да напуштам работа,колегите еднаш ќе те сменат нон стоп нема тоа се знае и? Мора мајка ми на 70 години да ми го причува детето,зошто јас ако напуштам работа ќе немам леб да јадам со тие кредити и извршители.Знаеме кај живееме. Од друга страна имав примери околу мене што децата им пораснаа кај бабите ама ептен,што дури оди со мајката на гости плаче по бабата,така ич не би дозволила. Друг пример, не работи мајката зошто нема кој да го чува детето,односно мајка и и вика седи дома јас ќе те ранам,само за она да не и помогне(разведена е девојкава, нема помош од таткото),јас па не би сакала да не работам со години и само дома да седам. Кај мене ситиацијата е таква мајка ми нема да може да трча мн. По детето си има 300 болести,ама ќе ми помогне ете така за некоја смена што не можам да ја сменам. Мене идеално би ми било да си најдам раб. од понеделник до петок од 8-16ч, и ќе барам,ама знаеме како е тука, некогаш не можеме да бираме. Инаку и јас сум тип што сакам се сами со мм да си правиме, не сакам ни мајка ми да ми се меша, ниту па да и го наметнувам детето дека мора да ми го чува, ама стварно не сум во ситуација да напуштам работа,во никој случај,и онака само за кредити и сметки ми е едвај доволна
Ама тебе детето во мк ти е родено, затоа. Моето дека во странство родено ваљда, никогаш во продавница ништо не фаќало, никогаш надвор проблем не правело ( ако ги исклучиме тантрумите дека не сака од лулашки да си замине). Озбилно не го разбирам проблемот со дете во продавница, само во Скопје имам видено такви сцени. Ќе да е до воздухот Едит- сега е друго. Живци кинам со маските, секое пазарување ми оди да кренам супермаркет во воздух. Ама тоа е за друга тема.