Оф душо ненаситна на туѓи маки Жал ми е што ќе те разочарам ама свеки ми е последен 'проблем' во животот. Ниту зависам од неа, ниту живеам кај неа, ниту ми треба нешто од неа. Во темава сум пишала еднаш за мислење ете онака, да слушнам објективни луѓе пред да постапам како што мислам. Тоа што сум споделила случка која ме изненадила непријатно (не ме изнервирала како што ти ми напика збор во уста) е зашто мислев ете затоа е темата и ќе видат другите дека не се сами. Ама затоа си ти тука да го злоупотребиш тоа во секоја тема.
За се е така во животот, не само за родителите. Не водам ред кој што пишал порано, ама кога ке прочитам одредени мислења, не може а да не помислам дека преувеличуваат.
Ова е клучно. Ти си се понудила за помош,ама си и помагала според нејзини правила,не си наметнувала свои,ма колку и да си била во право. Џабе цела помош,и цел ден да лежам со нозете во вис,ако после ми го извадат тоа низ нос. Ако ти кажала другарка ти да не му даваш на детето грицки,твое е да ја послушаш,колку и да ти звучи глупаво. И јас ја чував внука ми,ама почитував се што ќе ми кажеа зет ми и сестра ми,затоа и имаа доверба во мене. Инаку апсолутно си во право,доколку некој добронамерно помага,доколку во некого имаш доверба,зошто да не прифатиш помош.
Во секое мое мислење го зборам истото, само постојано во некои од темите има демначи кои ќе ти стават зборови во уста за да те нападнат лично, на некои форумот им е место за докажување, за нивна жал.
Се се може сам, разликата е во тоа колку сакаш глатко да ти одат нештата, тоа што мајка ќе заврши со дете под мишка по доктори, банки, пазарење а друга ќе го остави на свекрвата, раат ќе заврши се и ќе пие кафе успат, па ќе се врати дома да го каде ручекот од свекрвата е различно, едната ќе ја боли кичма а другата може ќе се налути зашто детето го нашла со чоколада во рака иако и кажала на свекрвата да не му дава пред ручек. Имам примери во околина, млади родители што прифаќаат помош со купување пелени и млеко, живеат во куќата на старите ама сакаат мир на "својот спрат" и свекорот да не се меша дали многу лагодно ги трошеле своите пари. Живеење во заедница со родители треба да се искорени засекогаш, додека се користи било што од родителите не може да се жали дека се мешале. Полнолетен човек не може да се услови да живее со родители а брак не се склучува малолетен. И не почнувајте со "можностите", очекувањата дека треба да се живее лагодно по цена да се живее со родители е погрешна, сепак крајниот проблем не го гледам во таа одлука туку во очекувањата после тоа. Каква била свекрвата и свекорот, веројатно какви што биле 50 60 години наназад, па доаѓање на папа во куќата нема да ги смени, а не снаа или внуче. И решение на секој проблем во заедница гледам во иселување, иако не сум мислела така порано. кога јас ќе сум постара, син ми да сака да ми донесе некоја да ми живее дома, како навреда ќе го сфатам од двајцата
Толку беше, ми пукна филмот. Еден месец живееме со госпожа свеКрива додека да се снајдеме. Дојдов тука, по два дена ми иде плачејќи исклучиле струја, нет и тв, ајде ја донирав за струја и ги платив сметките за нет и тв да ги пуштат (овоа се од стипендијата) Пазарување, ја, дошле другарките комшиките по стоти пат денеска на кафе, ја да купам иако не пијам. Секој ден муабетот до утре да се иселите, и после пред мене глуми ама знаеш ја не мислев така, ај позајми ми пари да купам нешто. Ајдее. Цел месец како збори не и требале веќе парите за 4то дете, ќе одела на работа она. Дури вчера и текна да продуже документи и сега немало да земе пари овој месец, епа немаа. И пак ќе вика дајте вие пари, ја немам ни за сметки. И како врв на се, му пишува сега порака на дечко ми "оваа жена ти по цел ден леже, ништо не прае откако отидеш на работа, свикај и нешто кога ќе си дојдеш". А ја по цел ден се нервирам оти не можам да учам од неа и нејноте другарки. Веќе ми скисна, едно доаѓање денес од работа ќе му речам да се спакуваме па нека сврзува крај со крај сама.
Нецел месец. Знам дека треба, ама јас неа и покривав стари долгови, пазарувам, она нема денар вложено откако сме тука (а и претходно, ќерка и и мајка и ја потпомагаат), не се осеќам должна сега пак да и ги плаќам сметките и да и пазарувам. (Извинете за и-то, таква ми е тастатурата.)
Најдобрата одлука е мајка и татко сами да си гледаат и чуваат деца, ссга има одредени случаеви, ама се ретки, кога би го оставиле на чување од неколку саати. Не сакам да замислам за чување од по недела дена, свекор ми едвај оди јас да му дадам дете да чува, па со се него да падне проблем да ми направи, не фала. Свекрва ми, сто пати ќе пререче дека го почувала, па со тоа турските серии 24часа на тв уклучени, па и пивото на маса, не фала за таква помош. Моите одат на работа во смени, и сега останува на нас да го чуваме детето, зошто секако тоа е мое и на ММ, тоа кога сме донеле одлука да имаме дете сме знаеле и кој, каде работи и по колку саати, верувам дека е тешко, ама зошто било кој друг, освен ние, би се одрекнал од своите обврски и потреби, за лично мое дете? Сметам дека нема потреба, тоа е лично мое мислење, кое можеби утре ќе се промени, не знам, ама сега за сега вака гледам.
Лол, за нецел месец вакво понашање? А претходно, како? Иначе да, дефинитивно сами подобро ќе живеете.
Па и да лежиш цел ден да не треб атрач муабети со нејзе да врзуваш.Жив зијан ви е таму седењето кај и пазаруваш сметки и плаќаш па и уште одозгора цел ден лежиш.Земи снимај ја што се ти збори и пушти му го на дечко ти видеото
Немаше никакви знаци од претходно, барем не од страна на мајка му. Ама мајка ми како да предосеќаше цело време, ме предупредуваше што би можело да се случи, али ја не слушав.
Без разлика колку и да е добра и фин некој човек додека не почнеш да ЖИВЕЕШ под ист покрив со него нема да се забележат недостатоци и мани. Додека бев во врска со сопругот свекрвата беше медена абе златна,но кога се земавме после недела,две оп оп почна да покажува заби. Наравоучение : Никако не барај помош од свекрва(ретки се исклучоците) . Со помош од сопругот чував бебе,готвев ручек сите домашни обврски можеби малце напорно но вреди за раатот.