Ок е, соберете се и одете некаде, под кирија ако немате каде друго. Не е ништо доцна, само немој да остануваш во место кое те уназадува, каде немаш мир постојано некој ти звоца.
Јасно, додека едната е снаа, таа ќе е во право. Кога ќе стане свекрва или ташта, пат таа ќе е во право. Парадокс е тоа.
Не е работата во право и криво, туку во граници. Не секој сфаќа до каде се границите на мешање и наметнување и тука настанува проблем
Познаваме свекрви кои се заменуваат, мудруваат, прават бељи, не мрдаат со прст. Познаваме и такви снаи. Некои живеат во заедница некои за нивна среќа, си живеат на страна. Но некои и на страна немаат мир. Телефоните фрчат, по некоја зелена во коментари на фб, по некоја песна со посвета, нагласено и ете ти проблем. До личноста е.
Песна со посвета се замислив во таква ситуација да се најдам, јас па не би ја ни сфатила провокацијата или поентата. Инаку да, една од двете ако е конфликтна личност ќе има проблеми, без разлика на живеење, а колку си конфликтна личност зависи од сопствениот раст. Додека да осознаам и надраснам такви ситуации и мене многу работи ми сметаа, за среќа кратко време ми требаше па сега немам основни рефлекси а не реакции на тоа што го зборат.
Ај те молам дај ми пример за песна со посвета од свекрвата на снаата. Сериозна сум. Мене само на оваа ми текнува.
Искрено мене нерва ме фаќа од ова,а тебе можам да замислам како ти е. Прво и основно никогаш повеќе да не си дизволиш твојата стипендија да ја донираш за госпоѓа свекрва која не сака да работи и цел ден чека другарки на твој трошок. Друго премногу си млада да се занимаваш со вакви проблеми, ако не сака дечкото да се иселите, тогаш оди си кај мајка ти, нема смисла ова тортура да ја трпиш на 21 година. Заврши си го факултетот, најдиси солидна работичка и уживај оти годините ти се за уживање. Мажи има колку сакаш. Не ме сфаќај погрешно дека ти велам да се разделите ама треба да имаш други приоритети на 21 година, а не да и ги плаќаш сметките на свекрвати.
Од тоа што те читав и пишувавме мислам дека да се јавиш сега дома радо би те примиле назад. Размисли добро во кој правец ќе го водиш животот, премногу си млада за да трпиш вакви ср*ња.
Ниту еден родител не би си отфрлил дете. Да, може се против ти бремена, немажена ете и без работа студираш итн... многу биле во вакви ситуации како тебе. На родител му е најтешко. Земи разговарај со твојте смири се со нив дозволи да те советуваат и заеднички да го решите проблемот во ваш интерес и во интерес на вашето бебе Ако останеш скарана со твојте а под туѓ кров верувај дека само ќе се малтретираш тек па бебе кога ќе дојде ќе ти требаат твојте родители
На мм сестра му немаше буквално никаква помош, на другарка ми сестра и исто, не се лупаме у гради, гледаме дека може и така и тоа го сакаме и за нас.
Не се согласувам милки. Нејзе ја избркале со бебе во стомак, зарем ќе ја примат заради карање со свекрвата. Штом ја избркале во толку деликатна ситуација, нема шанси да се растревожат за нешто "помало". Јас би и ја давала цела стипендија на свекрва ако треба, ама со нив не би се смирувала. А и да се растревожат, не би ги барала уште еднаш. Да те избркаат бремена, на 21 година, леле луѓево се невозможни
И да живееш џабе ,јас живеев 1 година не бевме земени ,дека не бев од ист град ,мноогу сум далеку не ми се исплатеше иди ми дојди ми. Ама за таа година свекрвата во ништо ич не се замеша,абе бајче ,од она никогаш во ништо немало да ни се меша само собичка сакала ,таму ќе си седела. Амаа после прстенот сѐ се подсмени за после свадбата веќе да покаже што човек е.
И јас живеев некој месец, ама не секој дрн, одтанував да спијам понекогаш тука, и тоа по нивно инсистирање. Не знаете каква беше, како другар се постави, не можев да си замислам дури како мене така добра свекрва ми се погодила, значи на ручек сме оделе сите заедно, во кафана, на кафе, на шетања во Грција, ми купувала поклони без мое знаење секогаш, еден лош збор ми немаше кажано, па тоа толку мила и фина, не знаете, јас сум била како и сега, никогаш не сум сакала лигавења, поклони, не знам што.. ама ете, верувам на луѓе, и се лажам очигледно. Како се веривме, таа се смени скроз, не знам зошто, самата секогаш збореше како треба да се земеме, дека сум била добра, фина, паметна.. за на крај да излезе дека се глумела, и се правела добра и фина пред мене, дека зад таа маска бола олош невиден. Затоа што подалеку од мирни, добри, фини, на зборови, блискост со свекрва како јас, никако никогаш! Најголемата моја грешка е што сум се зближила, и сум дозволила и таа да ми се зближи на некој начин, што подалеку од мене, и физкчки, и психички, и ментално, секако подалеку од мене!
Свекрвата не може да и мисли повеќе арно од нејзините родители. Свекрвата е таа која гледа во каква состојба е снаата, дека не може да оди кај нејзините, па го буцка синот, да се кара со нејзе. Гледа пекол да и го направи животот на својата бремена снаа. Живее во една соба, плус има маж кој не треба да го погледне повеќе, а не па да продолжи да живее со него. Подобро да им се извини на нејзините родители и да ги замоли да и простат, отколку да остане со него и со свекрвата. Членката многу згрешила што на токсична врска и дала втора шанса. Погрешила премногу што не ги послушала своите родители. Сега во оваа ситуација во која што се наоѓа, единствено тие можат да и помогнат.
За што да им се извини членката на родителите, што да и простат? Што згрешила таа за тие да и простуваат? Тие нејзе и рекле ако не абортираш, оди си. Никој, ама буквално никој нема право на бремена жена да и кажува дека треба да абортира. Ниту нејзиниот сопствен маж има право на тоа. Најмалку што можат е тие да ја молат нејзе за извинување и прошка, а не обратно. Да си ја избркаш 21 годишната бремена ќерка од дома треба да си ужас од родител. Ужас. Да ја доведеш во таква ситуација, да треба да трпи еве вакви луѓе, во бременост, дури сеуште студира, треба да си ептен без осет. Не реков дека свекрвата и мисли подобро од родителите. Уствари можда и мисли бидејќи за некој да го надмине бркањето на бремената ќерка,, треба стварно да се потруди пошто тоа е прилично високо на листата на најлоши работи што може родител да му ги направи на своето дете. Затоа реков дека би и ја давала стипендијата, за да молчи некое време дури тие двајца не се снајдат за стан. Подобро да остане без стипендијата некој месец, одколку да им се извинува за нешто за кое не згрешила на безосетни луѓе. Членката неколку пати кажа дека ја избркале, сопствената мајка која ја родила ја избркала. Ама не, вие ја убедувате дека уствари ја сакаат многу и добро и мислат. Сигурна сум дека многу добро и мислат кога не знаат кај е, не знаат во што состојба е, дали има пари, дали јаде, дали некој ја малтретира. Колку убаво ја мислеле, за мерак. Таа вели ја избркале, вие - никој родител не му мисли лошо на своето дете. Зошто не разбирате дека има катастрофални родители кои му мислат лошо на детето? Постојат, факт. Постојат родители што ако ќерката на 21 година им каже дека е бремена - ќе ја гушнат и ќе и кажат дека ќе ја поддржат во секоја одлука. Постојат други што ќе ја избркаат. Не може сите да ги редите во ист кош.
Jas sum masko me zainteresira temata i toa mnogu i bi sakal da ve prasam ,vas snaite so isklucoci dali takvo mislenje imate i za vasite majki ,sekako deka ne tie se angeli ,jas da vi kazam od maska gledna tocka 100 pati mi doslo da ja oteram testata u pm ,samo radi pocit od zenami ne aum go napravil toa ,ne deka stalno i prekutuvam secam koga gledam deka gi pominuva granicite ,taka da isto kako sto e vasata majka angel za vas i neli se zrtvuvala za vas taka i od maska gledna tocka e,znaete kako velat milo za drago
А какви знаци би требало да има? Ти не знаеше во какви услови живеат и каква иднина можеш да очекуваш? И колку луѓе така среќно живеете во колкав простор?