Две фамилии во иста куќа- не бива. Моите се генерално ОК луѓе, со некои свои ставови и сл, ама еве, јас, нивно дете, стопати сум рекла дека со нив сега нема шанси да живеам. Ако дојде ситуација да треба да се селам, веднаш под кирија, макар една соба. Па не со туѓи родители, уште ако се различен табиет, различен менталитет, поинакво воспитување... нема шанси, ко масло и вода е тоа, нема спој. Секогаш нешто ќе излезе на површина (а дедо ми викаше „се знае што прво испливува на површина“ , тешко арно дека ќе е), а ако тргне на лошо работата, секој поглед, секој збор, секој гест да се премерува, да се анализира, да се смета за закана (од двете страни) животот пекол само ќе биде. А дека се бидува, имам пример од мојот живот, за дечко со кој бев многу долго, се скара со брат му (кој веќе не живееше дома) и одам јас кај него, како стално, и мајка му не ми зборува. Јас ја поздравувам, таа не ме гледа. Женава генерално е супер, никогаш за сите години збор не сме си рекле, и сега одеднаш ме игнорира. Јас цела збунета, одиме кај него во соба и го прашувам што е работава, вика „Лута ти била зашто не ме тераш да се смирам со брат ми“. И ај сега... Од каде јас крива? Јас па демек на страна се држам, не е моја работа, ама пак испаднав јас крива. И сега замислувам таква ситуација, (или било што слично) а да треба да живее човек таму?! Па кој е јунак нека издржи. И секако дека има и лоши и невозможни снаи, има исто толку невозможни свекрви (и свекори, секако). Тепање, навредување и било што друго не смее да се трпи, ама со пишување на форум тоа не се решава. И треба да се види што е причината, зошто жената така постапува. Мислам, не ја знам ситуацијата, теоретизирам, ама дали таа така реагира на нешто или што и да е... Еве, кај мене сосетката јас лично ја имам слушнато како и вели на свекрвата „Мамо, ај доста, не јади г***на, уште ти ми фалиш“ (мене лично во целава ситуација она „мамо“ ми е ужас еден, ама тоа е друг муабет). И друга работа, ова е форум, човек го цениме и проценуваме по она што пишува, и ако табиетот и е ваков, не дека ја бранам свекрвата, ама тежок табиет е ова. Сфаќам дека е исфрустрирана, ама сама се довела во таква ситуација и секако не треба да посакува нечија смрт за неа да и биде (по)добро. И баш тука треба да прочита дека тоа не и е во ред, дека треба да се контролира малку, дури и во нервоза. Верувам дека и тоа е дел од проблемот. А за трпење насилство, не треба никој да трпи, ама враќање со насилство не решава ништо.
мене вратата ми е покажувана милион пати да си одам,му кажувам на маж ми и свекор ми и зборат ама таа пред нив лицемерие бре луѓе неможете да замислете каква еден ден нема да можете да ја истрпете нејзина била куката свекор ми и рече ако си оди снаата и ти да си одиш затоа што јас ја имам правено кукава.али она нема култура бре луге влегува во соба без да тропа во 3 сабајле кога ке и текне,јас дека сум со царски ко си дојдов таа истури компот на тепихот а тој светол и ми вика земи да рибас овоа ама мене ми е срам само сто си дојдовме после 1 недела од рибањето крварев од раната па отидов на доктор па докторката ко и се јави лом ја направи дека ја виде во болница каква уште ко рекла онаа жива ли е дајте детето она нека седе тука замислете бе луѓе како да ја сакаш пробав и со добро ама не бива ми вика со ми се умилкуваш мори пари ли ке ми тражеш а денар ми нема дадено се моите за мене и за детето еве почнаа сеа и за маж не дава и не дава!!!и само оде и зборе дека стаса јас секаде ја фалам демек е арна ама народо ке свате кој каде зборува и кој каков е ма да никој не и иде сеа на гости ја прочитаа каква е!!!!
AngelOfArh, јас ќе ти дадам најдобронамерен совет како некој кој бил подолго време во брак и скоро пола од бракот во заедница. Да, треба максимално да се користи поддршката од мажот и да ти биде на прво место и да те брани, но не по цена да ти биде портпарол. Размисли дали во куќата свекрва ти има почитување како attachment на свекор ти или како на посебна изградена личност? По ова што го пишуваш, јас мислам дека е второто. Нека биде до тебе, нека те брани, но нека не мислат дека без него не си доволно храбра да отвориш уста да кажеш што ти пречи и да имаш слобода на говор и изразување како во своја куќа. Тоа е веќе твоја куќа. Што се однесува до примериве, тоа се ситници искрено кои можат да се десат и во домот на нашите родители. Колку пати коа сме праеле летна генералка, јас ќе одам да се напијам лимонада и мајка ми во нервозата „Уживај си, толкава куќа на мене ја остави.“ или пак коа ќе напраев нешо погрешно ќе ми се избацеа со фрази од типот на „Де брее, на кого толку неспретно се роди?“ и јас знам дека се ситници кажани на нервозата и не ги регистрирам. Проблемов на Elenika е баеги посериозен, некој из чиста мира да те рани со г***а, да ти ликува на секоја породилна болка и животот и едното јадење на маса за време на кое мораш да ја гледаш пекол да ти го праи е баеги сериозно, ja би додала и монструозно. Elenika, нареден пат кога ќе те праша што се умилкуваш дека на други збориш убаво за неа, ќе и' речеш „Не си ласкај, далеку од тоа дека ти се умилкувам, туку јас сум така воспитана, не сум некоја простакуша куќните проблеми да ги делам со комшиите.“ И едно прашање:Дали си ти нормална со рана од царски рез да и' рибаш тепих? Зошто? Мисли си на твоето здравје ако мислиш на детето, затоа што нему ТИ му требаш, а не таа вештерка. Мт знае ли за ова? Што вели тој? Другпат вакви работи не. Морее ко шо реков погоре се врти тркалото. Таа коа скроз ќе се згрбаи од болки, ти треба ли да и' истуриш сок за да го риба, а? Што си мисли таа, векот нејзе и' го дале? Ми се приповраќува од нејзиниот примитивизам!!!
Многу години сум во заедница со свекрва ми и свекор ми ,сум претрпела страшна тортура,жената беше нечовек во секоја смисла на зборот..Разгалена,самобендисана,дволична,лицемерна,проклета ,незнам дали некој ќе издржеше вака како мене ,сум ќутела ,сум плачела ,сум се карала и на крај сум зборала работи кои не ми доликувале на годините,младоста,образованието,воспитувањето..Едноставно во тие кавги не бев јас, јас а таа уживаше и секоја кавга беше нејзина победа,бидејќи јас се понижував и посрамотував себеси доведувајќи се на работ на лудило.Ако нема излез од таа куќа секојдневните кавги не се решение,игнорирање и само игнорирање и друг поглед од подруг агол е решението или можеби нашиот релативно добар однос денес и последните години се должи на започнатото распаѓање на добриот столб на бракот со мм.Колку што ние бевме млади,сплотени,заљубени и единствени во нашите постапки и уверувања толку таа беше вештерка што наоѓаше начини да ме навреди,повреди,изнервира...Кога почнавме НИЕ да се распаѓаме ја погодија и неа нашите кавги и расправии дома баш како бумеранг,се и се врати на глава и се разбуди се освести ,почна и таа да се вознемирва на секое тропање,викање и плачење значи имало господ се свести..Веќе подолг период работам на подобрување на нашиот брак,можам да се пофалам и дека сум успешна до негде свекрвица ја согледа конечно мојата вистинска вредност како снаа,сопруга и мајка на две големи деца не дека мене ми признава или ме фали едноставно не ми прај зло,осеќам дека добри денови се пред нас
Враќајте им, ама никако не им покажувајте нервоза, не покажувајте дека сакате да се закарате, туку едноставно (ги знаете подолго време), удрете ги таму каде што знаете дека најмногу ќе ги здоболи, пропратено со смирен тон и учтиви зборови. И мажот нека ви биде поддршка, но никогаш не дозволувајте да се карате со него ради родители (небитно било да се ваши или негови). Јас и мм на почеток ко во хармоника бевме заглавени, од двете страни притисок, ама не сме си дозволиле да имаме ниту една кавга заради нив. И јас самата му реков на мм: „Ќе си се искажеме еден со друг што ни' пречи, ама другиот да не го сфати како навреда, само така нема да се полниме со горчина и да се испокараме за нешто кое самите не сме го направиле.“
Tessie сака уште од почеток да поставам нешто кое во иднина нема да треба да го поправам, а тоа е дека јас не сакам да правам раздори и да пенам сапуници во куќата. Да, таа е самостојна и цврста жена, и се дивам, сакам еден ден и јас да бидам како неа во едно семејство, присебна и покрај се, но како што рековме секогаш има едно сијаличе за сигнал под малиот мозок ако нешто зачкрипи. Можеби не ми чини тоа, но јас се скоро зацртувам не смеа, на шала, на еден вид забава, и така било одсекогаш, не само сега. Таква сум си јас едноставно, подобро ќе направам шала на моја сметка отколку да се скарам, таму каде што може се разбира. И да, моите проблеми, ма какви проблеми, дешавки, се ситница во споредба со оние на Еленика, ама ако јас сакам ќе ги направам знаеш што, сапунска серија, коа ќе викнам да плачам човекот што ми се обратил со остар тон, коа ќе почнам да драмам што сестра му не си ги мие тањирите од ручек, коа ќе почнам да се правам жртва, но ко што кажав, нема да се деси тоа никогаш со мене, попрво ќе седнам и со него ќе го направам муабетот отколку да почнам да драмам, нема да ги измијам тањирите што ги направила она, ќе се повлечам и ќе дадам до знаење дека нешто не е в ред, а не да драмам. Муабетот ми беше, не цветаат секаде рози, јас свесна влегов во неговото семејство дека татко му не сака да се лигуши со меки муабети, сестра му е таква каква што е, сиот терет е на мајка му и јас тоа го сфаќам како така, ако можам ќе и помогнам на жената, ќе и излезам во пресрет, но одсега на свршеникот му давам до знаење дека јас нема да изградам семејство како што е нивното, каде се е на мајка му на терет, каде за се е она одговорна, и тој си е свесен за тоа. За тоа дали ќе ми прави сплетки, па ако оној кој јас сум го избрала за животен сопатник подлегне на спелтки и закачки, на прикаски за мали деца, не вреди да се прави муабет, нема место за градење фамилија понатака, нему секој пат некој ќе му прави филмови и тој секој пат некому друг ќе му верува попрво него ли мене. И Tessie, потполно си во право за последново, јас се обидувам на тоа да ја темелам целата врска, не само идниот заеднички живот, не вреди пред никого да се испокараме и да се направиме партали, па дури ни пред неговото најблиско семејство со кое живееме, сите проблеми ќе си ги решиме заедно и сами, далеку од очи кои утре задутре ќе ни ги вратат сликите на repeat, ќе ни го реконструираат проблемот преку кој ние сме поминале веќе. Затоа велам, ќе влезам во соба, ќе му кажам нему и ќе ми помине лутината, тој е секогаш оној кој е со двете нозе на земја во врската наша, јас сум емотивецот, и како што кажа на веридбата, така ние се надополнуваме еден со друг.
Да де, јасно тоа и ти го велам. Ако не му кажеш на мт, кому ќе му кажеш? Штом имаш храброст самата да дискутираш отворено за тоа што ти пречи или не, а мажот ти е безрезервна поддршка, тогаш е супер.
Проста свекрва да ама уште попроста снаа Сите проблеми кои ги има Еленика е затоа што мисли дека некој е должен да ја издржува и на сето немање уште и дете невино внела во целата приказна, кое ако не се нејзините родители ќе нема со што да го прехрани А судејќи според постот мене што ми го напиша ако има брат кога ќе се ожени од таму ќе секне сета финансиска помош сега што ја добива. И сега кој е лошиот во оваа ситуација, Еленика со нејзиниот маж што сакале да си играат куќа а немаат никакви средства за опстанок или свекрвата која покрај очигледната сиромаштија има уште 2 усти да храни? Според мене секој кој се решава за брак мора да има средства сам да се издржува, родителите дали негови или нејзини не се должни да ги издржуваат децата цел живот, помош да ама ако сакаат а не да мораат да даваат, затоа што децата одлучиле да имаат дете иако и сами не се способни да се издржуваат.
Се согласувам со битерсвит. За да функционира едно домаќинство мора да има човечност и почит и од двете страни. Спојлер И јас и мм сме биле невработени, па ни' помагале не само негови родители туку и блиски роднини што мислам дека го заслуживме затоа што и двајцата се трудевме што помалку да не' осетат како бреме (категорично одбивме да ни' прават свадба и слични работи им рековме да не се трошат со поклони и сл). Ама ете, сме имале среќа, како што ние сме биле луѓе и тие биле луѓе, па не заборавиле и ни' помогнале колку што можеле. Затоа (имам пишувано на други теми) кога ќе сме им оделе во посета неколку пати се случувало да им ги земеме без да знаат сметките од сандаче и да одиме да им ги платиме како еден вид на благодарност за тоа што го направиле, па за време на посетата сме им ги оставале платените сметки дома, после следуваше неизбежното карање по телефон „зошто сте се трошеле“ ама не сме го чувствувале како должност туку како задоволство што сме имале можност да им се оддолжиме. Откако си имаме доста и наши трошоци, а родителите ги ослободивме од секаков вид на помош, не го правиме веќе тоа затоа што веќе се чувствуваме оддолжени и си гледаме нашиот оџак да чади. Секако доколку има некоја итна ситуација, нормално дека ќе им се најдеме. Но, кога едната страна е нечовечна, тогаш е многу тешко и може да ја предизвика и другата страна да постапува во дух кој не бил вообичаен за неа дотогаш. Искрено, да, не мора да помагаат, но човечно е. Како што не мора утре јас да ги чувам кога ќе станат стари и изнемоштени, но човечно е барем да помогнам во обезбедување на соодветната нега. Да не ни' jа пружеа таа помош на мене и на мм, ние ќе си заминевме, премногу сме горди да молиме за туѓа помош и дури и тогаш сигурна сум дека ќе се изборевме (познавајќи се себеси а и мм), но кога ќе не' молеа тие за помош, искрено и без трошка лицемерие ви велам дека не би им помогнала и би ги советувала да побараат помош од оние кон кои биле понаклонети. Можеби тоа ме прави проста во нечии очи, но кај мене не игра факторот-крв, туку факторот-заслуга. Кога некој ќе ми помогне да станам, особено за време на ранлив период, мислам дека можам цела душа на рака да му ја дадам. Но, затоа сум и големо злопамтило. Ете тоа е мојот табиет. Го барам она што го пружам, ни помалку ни повеќе.
^Прифаќам дека е во ред да се помогне кога ќе наидат младите на препрека, затоа сме си свои да си помогнеме и во добро и во лошо, не прифаќам дека треба да се обесиш на вратот на родителите цел живот, малку нас не гледале сега па уште и брачниот партнер а и дете...е кога ќе е доста?. Цел живот родителот треба да го гледа детето мажени, женети, внуци а тие кога ќе си го живеат својот живот, се откажувале од се нешто за децата да имаат и место тие деца да се потрудат да си го средат сопствениот живот дремат дома и чекаат од родителите, не е тоа исправно според мене. И родителите можебии сакаат на одмор да отидат, да се подноват, да седнат на кафенце, ќебапи ама не можаат затоа што имаат дома син, снаа и внук да издржуваат. Само во делот со заслугата не се сложувам со Теси, мојата свекрва работи, врвен стручњак е во својата област, постојано патува, во 14 месеци колку што има син ми 10 пати го видела во живо инаку на скајп го гледа секој ден. Не ми помогнала воопшто во гледањето на детето, не ни очекувам да ми помогне, мое дете, моја одговорност, затоа сум на породилно за да си го чувам детето. Татко ми исто работи, го чува малиот кога има слободно време, значи он кога сака а не јас да му наметнувам и него го прашувам однапред дали ќе може да го чува малиот. Е сега треба утре ако се разболат и им треба негување да им го свртам грбот затоа што они мене не ми го чувале моето дете? Доволно е што не израснале со мм во здрави, прави луѓе кои се способни сами да се издржуваат и да си го издржуваме нашето семејство. За мене бабите и дедовците се да ги разгалуваат внуците не да ги издржуваат.
Битерсвит, не зборам за деца чување, секако тоа е само одговорност на родителите, затоа и сум за планирање на семејство и се'уште не сум ни размислувала за деца се' додека не се осигурам дека никогаш нема да му биде потребно ништо повеќе од она што можеме јас и мм да го пружиме. Не зборам ни за издржување на синот и снаата долг период. Зборам за ситуации кога и двајцата не сме можеле да најдеме работа и сме биле на милост и немилост и сега толку сме биле човечни сме ги ослободиле од сите, по мое непотребни трошоци и да ни' вратат со тоа „снаоѓајте си се“ за една чинија на масата што ставиле плус која можела и да отиде на ринглата малку ако превриел ручекот или пак што платиле сметки кои верувај откако не' нема не се намалени, може да очекуваат истото тоа „снајдете си се“ и јас да им го речам кога ќе им треба помош. Како што велиш „ко коме, ако не свој своме“, нормално се согласувам дека треба да е со мерка и да се работи на случајот што побргу да им се симне тој товар. A да, се согласувам со imelda. Кога бевме во таа ситуација да мораме да се потпреме на нивната помош и јас се откажав од некои мои навики и никогаш не сум пребирала, ама затоа пак и свекрва ми никогаш не ми пререкла кога ќе ми дала да си купам нешто, пре се чудела од кај толкав кусур сум донела дома. На секој мал гест на свекрвата и свекорот сум викала фала и сум си викала во себе дека ќе им се оддолжам. Значи сепак, неизбежно е тоа дека треба да покажат добра волја и ангажман и двете страни.
Абе мене родител ме бркал од дома и барал да му давам пари за ќирија кога сум била уште момичка, не па да сум наоѓала маана дека ми дал само 30 денара за да си купам од оние неквалитетните улошки. Па што требало? Да го бесам на бандерата во дворот, да му ставам отров во чинијата, или да викам ега умре еднаш веќе? До некаде сум била за греотичка, ама пак поарно родител што ме падил од таму каде што сум викала дома додека пораснам, да ми дојде памет да си најдам свое дома со време, а не утре свекрва да ме пади, па и со дете во раце. Макар со право од нејзината куќа би ме падила ако и сметам, не само крива ли сум или права, што ми е крива она ако јас немам кров створено а сакам да си играм домаќинка па уште и да се правам петел на туѓа ограда? Убаво е да дадат, и куќа и покуќнина, и финансиска помош, готвење, деца чување, двор метење или што ти знам, ама пак си е таа, ако не сакаат не ни се на нас должни ни родителите ни на партнерот неговите ништо повеќе од едно растење на нивните деца и слободно можат да речат ај куд кој мили мои, снаоѓајте се. Па сега кој како си ја нареди и за стари денови. Каква кавга се дигало, делење со ААА УУУ или договор, помагање, разбирање и со поштување и меѓусебно помагање за понатаму во животот. Ако старите ругале, се заканувале, колнале и не мислеле кога падиле од дома кој ќе им подаде вода кога ќе одртавеат, епа снаоѓајте се и вие после, фала молим Разбирам и јас нервоза и испад, малку вентилатор на форум уклучен, па сите се испукаме чат пат да ни олекне. Ама не може некој и да ти е хронично крив за тоа што одбиваш да пораснеш цел живот и да очекуваш некој да те носи на грб цел твој живот оти еднаш донел дете на свет.
^^Се сложувам со тебе за моментална состојба, меѓутоа ти и сопругот сте се труделе да најдете вработување, не сте правеле непотребни трошкови а после сте се труделе и да им вратите тоа што ви помогнале, тоа е во ред и година и две да е кога се гледа дека се трудите да ја надминете состојбата и помошта ќе е од се срце. Прочитај ги мислењата на Еленика, само за фарби пишува, мобилни телефони кои постојано ги губи/крши и очекува некој тие работи да и ги купи, тоа дедо ми вика кај шуто па и боде Ниту таа ќе се разбере со свекрвата, ниту свекрвата со нејзе.
^ Искрено ги неам видено тие работи, туку она што ме шокираше од типот на ранење со шо треба и не треба, ликување кога имала болки а особено ме извади од контакт тоа што ја терала со рана од царски рез да риба тепих и уште на докторката и' рекла аман нека седи битно детето е добро. Не ни помислив дека имало простор и за вакви работи.
Полесно е кога живееш во некои од најразвиените места во светот каде и со најобична работа можеш да си дозволиш плаќање кирија или рата за стан/куќа и плус да живееш нормално, се разбира далеку од свекрви, золви и остала багра... Но во Македонија работите се многу поинакви, младите брачни парови (поголем дел) се приморани да голтаат кнедли, да прават компромиси секојдневно, да ведат глава и сл. не дека се до толку неспособни, паразити и сакаат да живеат на туѓ терет (туѓа куќа), но често избор и се нема и треба време да помине и помош од најблиските за некои работи да се средат и да се застане на свои нозе... Дури и да се добро ситуирани на почеток, доволно е едниот да остане без работа на некое време па да ти треба помош за основни работи. Не цел живот да цицаш од некого и да тераш без план и амбиции нешто да се смени ама пак дека е така лесно да кажеш -тргни се, осамостали се комплетно...не е. А да чекаш да прво се средиш тотално па да запливаш во брачни води, богами поголем дел треба бааѓи да се изначекаат. Среќа скромни сме, па знаеме да се задоволиме и со малку... Друго, ниту пензионерите овде не земаат пензии кои ќе можат да им обезбедат помош пример од медицинско лице кога ќе дојде време да имаат потреба од нечија нега, па затоа треба малку осет и од нивна страна, утре тие можат да зависат од младите... Лошо е во секој случај, само до толку омраза, колнење од млади личности како да се стари изветреани баби-не личи, колку и да е тешко решение некакво мораш да си најдеш, дали ќе се одделиш и ќе мизеруваш бар на почеток, дали ќе останеш со нив и ќе се исклучиш додека ти брмчат над глава или ќе успееш некои работи да промениш...зависи кој за што е створен.
И јас сакав тоа да кажам, уште неодамна, и ден денес тврдам, секој здрав прав човек може да работи, не верувам дека мажот на Еленика е нешто полоша ситуација од едан куп мои братичеди кои работат она до што стигнале со своето (не)образование, колку ти е долга чергата, се сеќавате? Не сум се зафатила до толку да ги читам на Еленика мислењата ама секогаш вакви коментари упатени кон свекрви и желби за снаоѓање на најлошото ме вадат од такт. Мислам дека годините на Еленика, ако се реалните, кажуваат се, таа се решила многу млада на вакви чекори и не ме чуди нејзиниот памет во ситуацијата, таа е дете сеуште а има друго дете до неа. Искрен родителите на Еленика се виновни според мене, ако гледам дека детето ми го малтретираат нема да дозволам да трпи, поготово она кажува дека се имошни, им се може да ги издржуваат неа и детето. Но само поради тоа што таа е малтретирана од свекрвата, не и поради тоа што таа и мажот и не можат да се снајдат финансиски, мене мајка ми не ме ни дознавала кога имам кога немам, дури и кога сеуште не бев верена, реално бев сеуште дел од нивната заедница. Мислам дека самите треба да си разграничиме, па потоа да напишеме како реално еден проблем изгледа. Мажот и на Еленика да се зафати да си најде работа и заедно со неа и детето да си идат да си живеат сами, претпоставувам таму од каде што се кириите не се како овде во Скопје и може да се издржи. Само така ќе бидат раат, вака таа самата дете, па и дете до неа, никако нема да се справи со свекрвата.
Јас во врска со Еленика се сложувам потполно со битерсвеет да не се повторувам , тоа е реално гледање на работите и непристрасност И мајка ми ја зачита темава и малку се изнасмеа И ја прашувам како идна свекрва дали мисли дека снаата ке и го земе синчето . Ми рече море нека го земе , да му готви и она да го пере и со неа да се расправа , се знае зошто се земаат луѓето да си оформат свој пат и свое гнездо . Вели снаата може на ручек да доааѓаат кога сакаат и внуци да ми оставаат на чување повеќе не Да секој родител сака да помогне да застане детето на нозе , но не може вечно од нив се да се очекува па и уште мурти се оти не ти дале нешто
Да не испадне работата сит гладен не верува, сум пишувала и во друга тема дека мене ми е сосема јасно дека условите тука и во Мк се сосема поинакви, неспоредливи, не гледам јас преку розеви наочари, не мислам дека младите можаат како тука веднаш да се одвојат ама безобразност како на Еленика е безобразност каде и да се наоѓаш во светот. Во случајот на Еленика воопшто не поаѓам од позиција на некој што има, да се потсмева на некој што нема и да дели памет демек ете јас имам, можеш и ти да имаш, баш напротив, јасно ми е како ден дека во Мк ретки се тие што можаат да се одвојат, работните места не се стабилни за да може да се земе кредит од 50-60.000 евра за стан, ама здрави, прави, млади луѓе со сопствено дете да чекаат за се од родителите не е во ред за мене. Јасно ми е дека таму повеќето имаат потреба од помош од родителите, мали плати не стигнуваат ама помош и комплетно издржување се два различни поими, не можаат младите да лежаат дома и да не се ни трудат да се вработат, образуваат и да си мислат дека мораат родителите да ги издржуваат, на тоа мислев. А многу често и самиот менталитет е пречка за одвојување од родителите, срамота било, види ја дојде снаата и не одвои од синот и тие што имаат овакво размислување ги спречува да се одвојат, на различни спратови може, во различни куќи не може Додека тука еве мојата свекрва се радувала кога го испратила мм од родителскиот дом, значи способен е сам да се снајде, излегол од дома многу време пред мене да ме запознае па затоа и немам таков проблем каде свекрвата си мисли дека сум и го земала синчето. Далеку од тоа дека мислам дека е во ред некој да ти трие сол над главата затоа што на некој начин ти обезбедил покрив над главата и тоа е крајно безобразно и безобзирно, не е убаво тоа од постарите да ја користат финансиската немоќ на младите па да изиграваат некакви газди и во вакви ситуации го мислам истото what goes around comes aroud. И баш затоа што живеам во една од најразвиените земји во светот ретко пишувам на темава затоа што реално и не знам како е да живееш со свекор, свекрва итн и да бидеш финансиски зависен од нив (делумно или целосно) ама клетвите и безобразноста на Еленика ме испровоцираа да пишувам.
Колку да ја заокружиме работава, ме заинтересира па прочепкав... Најблаго кажано, проблемот дефинитивно не е само во свекрвата...
Liones да не се разбереме погрешно но моето минато значи со девојачкиот живот и сеа нема врска како и да е свекрва ми ме знае од мала мене комшии сме и кај немам проблем со неа со маж ми одевме бааги време 6 години значи женава се шекна од ко останав бремена дали има некој бцкања нз а до пред тоа никако ми немаше ништо речено бевме ко мајка и керка и имам една комшивка која се праве дека е најпаметна и мислам дека делува мнооогу на нејзе околу детето пред да останам бремена се беше ок нз јас не и бранам ни детето да го гледа ни ниш значи се има не и правам проблеми се си има епа некогаш и мене ми пукне филмот и неможам да издржам и да моите год се 21 а маж ми земаше убава плата 18 000 најпрво живеевме во ск не плакавме кирија и јас раб земавме убава плата јас земав 12 000 и бевме осиугарни и таа сакала кај нејзе да живееме дека ке сум била царски и што испадна на крај ние се вративме дома без пари без ниш и сето тоа на куп ни дојде и карањава нз што е раб ама во женава како ѓавол да има влезено што дури нз како да и помогнам а најмалку сакам да се карам со нејзе затоа што додека бев девојче пред да појдам со син и кафе пиевме и се смеевме нз што е работава искрено!јас ко ке можам да раб пак ке идеме во ск затоа што немав проблем според мене за нејзе парите се проблемот јас не и барам дури ми е и срам ама тоа е нз како да постапам а овде сум иритирана и лесно пишувам што ми дојде а вака и немам ниш речено освен еднаш за сунгерот!