За некои работи не смее да се преќути, во ред се и некои адети ама сепак тоа е кака, мислам шо можи да направи со измет од бебе, ако не прашај ја кој е адетот, не е ниту хигиенски искрено шо и да прави
А зашто не ја прашаш неа лично за што и служи, не си смеела да и преќутиш, како и да е требало одма да реагираш и да и дадеш до знаење дека не дозволуваш такви некои измишљотина, за да не и текне уште еднаш. Не ти е касно за тоа, пак може да реагираш, а и дали твојот сопруг е запознаен со тоа и како реагираше?
Место да пишуваш овде да ти се чуди народот седни со свекрвати прашај ја што прави со изметот на мало бебенце, што совет и мислење очекуваш тука некој да ти даде, не сме во среден век уште со вакви работи
Океј, жената можеби сака да си олесни, да си каже, немојте веднаш такви коментари. Таа што е будала во приказната е свекрва и, нејзе нека и се чудат. А дека треба директно да ја седне и да разговара треба, но со таква личност не верувам дека ќе излезе на крај.
И мене, но во муабетов таа што ги прави овие работи е свекрвица. И да знаеш дека од лошо има секогаш бетер. Којзнае што им се плетка низ мозочето вакви работи кога прават.
Да не знае човек дали да плаче или да се смее од каде потекнува свекрва ти што се занимава со вакви работи? Прашај ја манџа да не прави со пелените.Не и се замарај смао игнорирај ја што и да ти побара не давај.Адети како конче црвено на прагот од вратата и златно алкиче што се дава во ред ама ова што го прави свекрва ти е болна работа
Во селата постарите луѓе такви работи прат...Имам видено и на фризер од косата стрижана земаaт и во салфетка ја ставаат...Ден денес се чудам зошто.
На старосватицата стрина и крв и капнуваше по скалите кај што треба да се качи домад а си иде пченица во дворот закопувала и кај цвеќињата коски и ставала и ги засадувала така да има мрднати работи ова зборам за околните села под Скопје што спаѓаат
Бог да чува.И свекрва ми си прави некој такви работи...На праговите на вратите во куќата става сол...Која е целта не знам...
Да до толку отидена беше баш се погодив и јас на гости да одам и од ттогаш веќе не ми ни текна сега па и со мало бебе никогаш.Дури до Куманово идеше имало некој што правел магии демек и со тоа се занимаваше додека да и се роди внука и кога и се роди на никој не ја даваше и дома ја криеше да не и направи некој нешто сега ја чува кога се родителите на работа ама иде кај нив
Може го фрлила во канта првиот искакан памперс од внучето, меракот е голем со внуче. Никој на тоа не помисливте одма МаЃии праеле
Малце вака ми падна дискусијава: До членката погоре @Mom_of_two_girls, јас да бев ко тебе прво немаше да и дозволам ни под разно да се шета со измет бе, второ за да ја откачам ќе и речев на Трајанка така ептен лошо и се деси кога направи на внуката. Ако е суеверна одма ќе се откаже. Не чинело така дознав речи и. Како бе не ги зезате вака во реален живот.
Добро ако плаче, мојата идеше со дерење, ако било што и покажев став за детето. Последно имавме дуел летото, кога не и кажавме со мм дека имам слободни денови, требало да знае дека јас ќе го чувам, а не мм. Од тогаш е мирна, но сега го убедува малиот кој има 3 год да оди на спиење со неа во ист кревет. Ќе биде забавен период, да да собирам сили. Сакам да ти кажам дека ако е како мојава за секоја работа ќе си има закачка. Кога сме кај капењето морав насила да го земам син ми да го капам, и ми рече наводно обраќајќи му се на бебето, цитирам: мајка ти е Батко Ѓорѓија, се сака да е нејзино. Тажно или смешно како и да е...