Јас знам дека сол и вода се истурало низ прагови, дворови и се кажувало во себе "да се топи лошото како што се топи солта". Смешки.
Затоа и кога ќе му се скрши нешто дома го потурва со сол? Сега ми е јасно. Јас па чуди се зошто фрлала сол и рачките од вратите водени... Шта речи.
Добро, шо му е на луѓево, ја стварно не мом да разберам некои работи!? Дај пресечете контакти со ваквите. Не верувам дека на тие години, можете да го смените нивното однесување.
@FlowerPower Како трпиш не знам на детето твое да му кажува лоши зборови за тебе, друг пат некоја друга шега ќе ти нареди и самото дете ќе створи смешна слика за тебе. Па утре ќе те нарече Батко Ѓорѓија роденото дете, не знам ама јас би реагирала одма.
@Осе Мислам дека треба мажот ти когга ќе дојде од работта ти да рониш крокодилски солзи и да ја викаш дека ти го земала од рацете бебето и дека не сакала да ти го даде може ќе допре до него кога зборовите не допираат
Овде имам две цимерки и си прават муабет меѓу себе. Едната немало шанси да го бања она детето, мало било. А другата вика дека до година свекрва ѝ ќе ги бањала децата. Немам коментар
Сѐ е тоа тактика мацо...прво почна со урлање ,веде дека нема ефект па ај ќе плачеме (оти јас многу емотивна сум мислеше ко ќе заплаче одма ќе попуштам ) ама за неа никаква емоција немам веќе... И сега завчера и се развикав лошо ама ја претера. Прво беше мајка ми и сега таа ми вика дај ми ја малку оваа ми ја зема од раце да ја заспиела јас раат кафето да сум го изпиела ај да не се карам пред мајка ми не и реков ништо. Вечерта се расплака малата дотрча тука јас ја држам мм ја гали оваа гледа и сега шетам лево десно за да ја смирам убаво мм се тргна јас ја однесов накај спална да и пуштам играче. Другиот ден женава со цел памет ми вика намерно ја носеше таму ти е страв да не ја земам ...е тука експлодира и реков в за се и за со мајка ми тоа и за пред и за се. Сега немаме муабет да видиме до кога. За капење исто си ја капев сама водата на сред бањање ми ја собра била ладна бронхит ќе фатела и за доброто на бебето терам да ја бањаме заедно оти не е точна не знам следно што би направила Проблемот е што јас не знам да плачам така. Кај се учи тоа Не знам општо да глуматам ништо Епа заради такви ние си патиме ,сите мислат дека така треба после. Или како што имаше еден виц: Кога бев снаа се слушаше свекрвата,сега кога сум свекрва се слуша снаата. Изгледа всадено му е тоа дека треба да ги слушаме ние пошто тие слушале . Макар што познавајќи ја карактерно мојава нема шанса на некој да му ќутела Али ај ...а на почетокот си викав леле како 13 години без сопругот а со свекрвата живеела ( не буквално ,лепенка е ама сепак секој ден појди дојди имало) И @WildMk единствен начин за прекинување контакт е да се разведам очигледно. Ама сеуште не ми го преминала трпението ,знам друга да беше немаше шанси да ја трпи ни волку ама тоа сум јас....од што не сакам кавги ќе си пукнам.
Не камен ладно е купатилото.... @BabyD0ll нема ништо лошо , напротив некогаш добредојдена е помошта околу бањање НО ако сака мајката ,и со убаво со смирено. Ете мене мерак ми беше сама да си ја бањам ,а не дојде прв ден од болница таа се растрча вади корита ,ајдее мрдни дај бањарка донеси не знам што. Напната цело време да си. Дај ти не ја држи ќе ја убиеш јас ќе ја фатам ти потурај ,за после да ми "удира" по детето со рака овде тури. Не е силно удирање ама криво ми е бе зошто така да прави. Ексик таква помош ,ексик такво бањање. После до 40 дена секој ден во 8 чукаше на врата ајде бебето треба да се бања. А еднаш не праша дали ја преспала ноќта или дежуравме...
Ова како јас да сум го кажала... скроз истото го мислам. Инаку, ако имате опција да си одите на страна, стан, под кирија нешто.. или евентуално кај мајкати, одете не се мислите, оти и најдобра да е, со свекрва не се живее... со комплекси се 99,99 %. Едвај го дочекале денот да станат свекрви и да им кинат нерви на снаите. Како селски буквар се прочитани туку ајде. Немој да си се развела заради свекрва, никогаш. Маж ти најмногу ти треба како подршка тука, нема што да се објаснуваш со нејзе, нека и каже тој каде и е местото.
@Осе добро бе маж ти уста нема? Абе ногу ме нервират такви мажи, да не смее да и писне на мамичка. Срамота за него. Нека ја подбере он, така повеќе ќе ја здоболе. Ама он трае и затоа оваа така ти праве на тебе. Ти треба на него се да му кажуваш, ако треба и биди ккао неа колку и да не можеш. Нека осете малце и она како е.
Абе пази он кога не е тука тогаш провоцира ,а сите знаеме отпосле кога кажуваш како им изгледа на нив. И јас да сум не сакам ко ќе си дојдам од работа некој да ми брчи цело време против било кој ,од таму тргам и јас. Гледам да му кажам ама да не е стално нападно. Ама и тој некогаш ме напаѓа од типот па и мајка ти те нервира ... Му ја објаснив разликата ама џабе. И еднаш само ми рече да ја смениме не можеме ..зар да ја избркам.
Сними ја некогаш кога ти се дере, или кога тресе глупости. Ако е подмолна , биди и ти...и пушти му на сопругот да види колку е 'фина' мамаН....бог да чува. Таа си ја има мувата на капата и нормално очекува дека и другите се себични како неа. Скрешти и таму, нека плаче и вика до утре. И кажувај и во лице се. Не пред мајка ти, папата да дојде , ти биди си ти. Или нека се прибере или ќе види дека каменот од блиску доаѓа што би рекол свети мијалков.
Убаво пишала Дентина погоре, штом е она подмолна биди и ти. Сржи му на маж ти, нека ја доведе у ред. Што толку трпеш и јас не знам.
@WildMk заедно живееме. @Emotional123 доградувавме демек посебна соба да има за неа ,со заедничка кујна и вц ама пак тука е скоро по цел ден. За спрат немаше опција ,градежно неизводливо е. Под кирија не сака господин оти работата му е пре блиску вака. @Dentina не ми текнало тоа ,треба да направам така.
Оце мајка многу трпиш мене вака да ми беше може разведена немаше да бидам се уште, ама више ќе си бев отидена. Еве стварно не ми е јасно зошто ја трпиш? На страна финансии, на страна се...Зошто? Зошто да трпам некоја бабетина да се иживљава со мене, па одозгора и по дете да ми "удира"? Мислиш дека она е поспособна да го бања? Мислиш дека има подобра интуиција од тебе? Јасно ли ти е дека може на илјадници начини да го "повреди" ненамерно и да си удираш глава од ѕид со дете по болници или не ти е јасно? Мајка си има интуиција за чување родител си. Јасно ли ти е дека може да и падне во када на стара жена, може од тоа грабање и нервоза детето да трпи стресови, од тоа нејзино липање и константи препирки меѓу вас детето да трпи психички стресови кои потоа во животот ќе дојдат до израз? Или си викате мало е не разбира? Оце најдобронамерно: овде пожали се слободно во секое време ќе те прочитаме, АМА дај прибери ја. Ве читам сите кај и бил мажот ете нигде не и бил мажот, они 3цата +бебе се во заедница, што маж ми ќе збори има ја да и покажам кај и е местото кога сум ја сама со неа по цел ден. Она мене ќе ме слуша а не ја неа, ако е финансиски зависна од мене. Она мене ќе ме прашува дали може да биде Присутна за бањање, а не ја да не смеам свое дете да избањам. Мноооогу трпите а верувај тоа по твое здравје ќе удри. Вие мислите нервози се ништо ќе помине, ама џабе ми е мене се' ако јас мајчинството и овој најубав период си го поминам неубаво во плачки и стрес...џабе ќе ми е, а нејзе па ич нема да и е гајле ти ако се разболиш од стрес супер ќе и дое ќе си чува бебче. Толку се сожувеала со улогата Мајка што границите на нормалното ги преминала. Оце, или прибери ја или отиди си кај твојте додека не си дојде при свест! за доброто на малата мисли на бебето... се надевам дека ќе изреагираш оти ако почекаш уште малце касно ќе ти е после за се'. Посакувам следен твој пост да биде со решен проблем и со твое лично спротивставување кон неа. Не заслужуваш вака ни ти ниту ниедна Мајка