Не стварно ова е опасна работа да му наметне лоша слика на детето твое за тебе. Јас уште од сега го имам опоменето на маж ми дека не смее така да се понаша со детето мое да ме вреѓа зборувајќи му него. Па тоа дете е ќе помисли навистина е така. Само нека проба.
Јас ја имам начекано свекрва ми кај што му вика на детето од ќерка и и кај што го удира...Затоа и нема да и го оставам моето.Ќерка и не знае изгледа за ситуацијата.
First of all бидејќи сум многу глупа. После ради што имам анксиозност и страв...од што не знам - ирационален. Па бидејќи моите живеат далеку немам возачка а по автобус да ја носам шанса нема. Не е по способна јас ја држам ,она плакне само и ја проверува водата оти мојата ладна била ,ми требаше месец дена за да ја натерам барем вака ,баш за да нема тегнење со и пред бебето. Не ,не се карам јас секој ден ,јас ќутам и собирам па после месец на некоја ситница ми пука филмот. Најчесто гледам да не се расправам пред бебето баш поради тоа што осеќа. Е за болдираното си во право знам , немам што да ти кажам . Се обидувам да ја приберам ,па ќе видиме Фала ти сепак
Не си глупаа воопштее, не е лесно во твојата ситуација. Ја сум иста трпам, трпам па ќе пукне филм. Ама проблемот е тоа трпењето жива ме изеде. Претходно во живтот дури од трпење и нервоза анорексична станав не јадев, не пиев, не спиев на 25 години. За бањањето не те разбрав ама пак има термометри за вода па купи одма уште утре и нема да ти зима друг пат и да ти дрнда дека е ладно
За водата на бебето кога го капиш, совет од свекрва ми беше провери со лакт да е тамам да не се осеќа ладно или многу топло , и јас така ги пораснав двете и мислам дека тамам им беше.., Се вмешав непоканета
Така имам видено и кај нас проверуваат и јас проверувам така. Ние со свекрвами го капиме заедно ама јас ја правам водата и таа да ја намести немам некако доверба морам да проверам. Цела рака од дланка до лакт и така се знае да не е премногу жешка. А последниве недели со маж ми го капев додека му пикна увце во вода и се испаничив.
Како мислиш на колку оди? Не ти треба време го ставаш во водата за помалце од секунда покажува степени. Во секоја бебешка продавница го има набави си зашто да се мислиш ладна била,топла била
37° е идеално, мене лично ми е 38, 39 попријатно, ама за кожа на бебче 37. Со 37 осеќаш пријатна топлина на кожата од внатрешна страна на подлактица.
Имам термометар ,ама тоа било цитирам: -Кинеско срање и ништо не покажувало. Јас сепак го ставам во водата и ако видам повеќе дека оди намерно пополека ја соблекувам @Milkiway јас ја држам и ја бањам она само полева со вода на крај кога ја вадам нели од сапуница та @BabyD0ll ништо не е малку вода во ушето и јас паничев за ова ама не било страшно @minne992 на форум нема покани да и баба ми ми рече така да проверувам. Ама пошто имам најпаметна на свет свекрва немам потреба нели да се нашалам малку на своја сметка
Свекрвите од око знаат колку е водата. А за тоа кинеско срање првите денови мајка ми така ја со термометар ама она ако не пикнеше лакт да ја провери не можеме да го бањаме е викам ама е чиста водата сеа... па прекина
Mnogu im dozvoluvate bre...sto ima potreba nekoj NASETOOO bebe da go banja... stvarno ne znam! Mars tamu sve...vase si e... Vie si snosite odgovornost, ne tuku se zamarajte so babi zabi...
Штом ти кажала декае "Кинеско срање и ништо не покажувало" си требала да и кажеш само исто како тебе сигурна сум дека ќе си се завртела и ќе си отишла и веќе немало да и текне да дојде
И јас не ја сфаќам потребата бабата да го бања бебето, што ние неспособни ли сме? И нас никој не ни помага, не ни сакавме помош, не ни бараме, не ни очекуваме, се сами си правиме, па еве се снајдовме и без баби. Кога прв пат дојде патронажната сестра и не прашува дали сме сами или имаме некоја баба на помош1, ние викаме не сами сме. И кажуваше некој пример, кога била на патронажа, па го бањале мајката и таткото бебето, патронажната ги гледала дали добро го бањаат и бабата почнала да паничи, леле ќе го удавите, така ли се бања бебе. Патронажната ја замолила да излезе, тие супер си го избањале.
Прво ко го виде вика што е ова и и кажав ааа тоа за млади мајки (во смисла нови) И и викам а што јас каква сум и ме гледа вика па јас тука сум Е викам добро ама сакам сама да ја бањам Аа и тоа кинеското срање ќе ти покаже,абе не си играј бронхит ќе ти фати детето . И наредно го виде ко ми ја зеде водата и пак тој муабет и реков само тоа покажува што треба и раат сум со тебе не знам следно што ќе се деси...и тогаш беа плачки дека сум и ја забранила внука и @Lisicko @Mami3 ние немаме потреба,ама во нивните очи сме неспособни .
Не знам колку можеш психички да издржиш драми и колку имаш поддршка од маж ти, но мое мислење е дека треба да ја дистанцираш скроз од твојот живот. На секое солење памет, врати и смирено дека не побара совет. Ако ти дојде на сред бањање на детето, кажи и извини можам сама. Дали е ок водата си знам сама не сум ментална. На коментар ќе фати бронхит, речи мајка сум имам поголем инстикт и да фати јас ќе трчам по болници, нема ти. На коментар кинеско срање-речи сега се е кинеско, боље на кинеско него со сељачки срања да гледам дете. На се ставај и капаче. Ама баш на се. Ко ќе почне да драми, да се лигави, игнор. Ич нека не допира до тебе. Дури и се спружила, прескокнија и продолжи си. Ќе ти треба трпение за ова, ама ќе ја макнеш са к.. Ца. Едноставно мора да завземеш цврст став и да и дадеш до знаење дека тоа е и твое дете.
Епа нареден пат дај и го маж ти кажи и еве ти гго детето бањај си го јас моето и таман ќе бидете само кажи и добро да ја провери водата да не настине Какви мрднати луѓе има како ја трпиш алал да ти е
Најверојатно е онаа класична приказна. Сакале да се венчаат ама немале доволно пари за свој стан/куќа па таа прифатила да оди кај нив. На почеток било се супер пошто неговите глумеле за побрзо да добијат снаа, а нејзините ја бодреле да оди за побрзо да им роди внучиња. Е после кога ја добиле снаата на хартија си го покажале вистинското лице. До сега сигурно знае веќе дека згрешила, ама не е лесно да се одлучиш да си одиш. Прво, нејзините ќе и се качат на глава пошто нели тоа е срамота, а второ без разлика каков е маж ти сите знаеме дека е тешко да се одделиш од некој што го сакаш и то значи. Ако се одлучиш за развод - уште полошо. Судови, алиментации, па детето кај кого, колку, како...па почнување живот од нула скроз, па сам со мало дете е сигурно многу тешко. Осуди ќе фрчат од сите страни, наоѓање на партнер кога веќе имаш деца е многу потешко и така натаму. Друго решение е да и се спротистави на свекрва и, ама суровата вистина е дека се што поседуваат е уствари од свекрва и (имотот е нивни и многу е тешко да докажеш што е твое т.е дали ти си купил/направил нешто во куќата) и многу лесно може да завршат на улица и да го изгубат и тоа што го вложиле. Друго, многу е понепријатно кога се караш со туѓи родители, а и секако знаеме дека цела фамилија од маж и (па некогаш дури и нејзините) ќе бидат на страната на свекрвата оти нели мораш да ја слушаш. И што е најлошо од се, како што знаеме веќе од форумов, и да и се спротиставиш џабе - ќе си тера по старо. Единственото долготрајно решение е селење од таму. Ама како што веќе Оце пиша - маж и не сака. Штом му понудила да одат под кирија значи имаат пари за кирија, ама тој не сака. Тоа е исто така ептен класична приказна: 40 годишен маж што не сака да се оддели од мама. Мислам дека стана ужасно тешко да најдеш некој што е спремен да се исели од кај мама и тато, ама посебно мама, без тато се живее некако. Секако, ова не го напишав да ја осудам, само да ја илустрирам ситуацијата. Се надевам дека проблемот ќе се решит и дека идните генерации ќе ја научат најважната лекција - никогаш, ама буквално и апсолутно никогаш да не прифаќаш да живееш со нечии родители - твои или негови. И се надевам дека Македонија ќе стане држава каде што ќе биде возможно да се одделиш