Може да е. Има имоти кои не се решени и земјиштето се уште е на име на поранешниот сопственик или на државата, а куќата е легализирана и е на име на тој што ја има изградено. Кај нас е така. Земјиштето на комшијата е кај нас и имаме плус 300м2 на наше име, а куќата е на негово.
Тебе ти го кажуваше ова, или нему? Епа сега, тоа е дел од таквата работа. Зошто се нафатила да биде социјален работник, ако не може да се носи со теретот? Башка, ако има закани, може да се обрати во МВР и тие да и' помогнат. Должност им е. А и на посети кај семејства кај кои има ризик од насилство, може да побара да ја придружува службено лице од МВР. Дел од процедурата им е.
Они треба нон стоп да имаат заштита ама немаат за жал. МВР се сероњи јас имав пријавено за во зграда кај мене т.е. еден комшија додоа после саат и пол не можеа да се договорат дали зградата спаѓа под Карпош или Ѓорче по ова ќе видиш колку се ажурни
Ај и јас да се пожалам. Вчера се скарав со свекрва ми прв пат откако сум овде 2 години. Во иста куќа живееме, ние горе ( јас, мм и золва ми ( овде си имаше соба, и секако не ми пречи, еден ден ќе се омажи, собата ќе ни биде детска) и бебенце имаме едно месечно) тие доле со свекорот. Причината беше што денес требаше да идам јас на гиниколог и бебето на педијатар во друг град. И мајка ми се понуди да оди со нас, реков ќе видиме, кога и кажав на свекрва ми дека ќе одиме и таа се понуди да иде со нас, и на неа и реков ќе видиме ( а има бронхит моментално на боловање е ). И му кажав на мм, и му реков бебето е мало, ич и да не го фаќа треба да дише во колата со него, еден саат е пат, стварно не сакам толку мало бебе да ми се разболи. И му реков ако не ни една да не оди со нас, вика абе ајде да не им кршиме ќеиф нека ги и двете ќе носат маски цел пат. И кажуваме на мајка ми вика ако, и кажуваме на госпоѓата вика па што ќе барам и јас ако оди и другата баба и искл. И му викам на мм сеа се налути дај симни се види што е работа, вика не бе не се замарај ( ама јас оти сакам се на чисто да е). Отидовме долу да видиме што е работа, и кога почна она била повредена, навредена, непочитувана, ( по мене од болница дојдоа мм и мајка ми, свекрвата тој ден на работа беше ( оти јас на време не сум кажала дека тој ден ќе ме пуштат, а не знаев ни јас) пред тоа муабетот беше сам да доаѓа мм, ама се слушнав со свекрва ми и викам ќе дојде сам по мене, и мајка ми спомна сакала да дојде ама и реков не, и она ми вика епа ако сака да дојде, нека дојде жената, мерак и е). И сеа ми кажува дека неа никаде не сме ја воделе со нас, само мајка ми( а мајка ми е таква наметлива малце, сама се понудува, а свекрвата ни еднаш не рече сакам да идам и јас, ќе земам слободен ден. И и викам ти кога нешто ти смета кажи ми, а не да ќутиш не знам јас мисли да читам. А она син и бил лош, што не ја викал не мислел на неа... требало да размислиме ние не сме биле деца, он 28 јас 25, она на 20 се омажила, совесна била... и 300 чуда и за денес требало она да иде со нас, оти не била до сеа ( а кашла ненормално) една недела бебето не го видела, е како да ја пуштам кај нас. И јас и изнакажав некои работи и така, лом се направивме. И сабајле пак се симнав оти не сакам да се мразиме и викам извини ако сум ти згрешила и сум те повредила, ама мајка ми сама се понудува, да не се понуди нема и тас да иде, а ти ни еднаш не се понуди, а искрено мене не ми ни текнало дека сакаш да идеш со нас, а јас не сум видовита. Ама не она пак изнакажа многу работи и си појдов. И гледам кога се вративме испрала алиштата( на нив и на золва ми ги зела од нашето купатило) и ги пружала во дворот( инаку кај нас горе на тераса ги пружа. Вака ќњ е додека не се скара уште со некој оти и со свекор ми не збори .
Штом со мажот и не збори се знсе во кого е проблемот не може 10 луѓе со неа да не зборат и она дај е нај арна . Едно ќе ти кажам гледај бебето ако ти се разболи не дај боже ти ќе си ја имаш маката,а нејзе мува нема да ја лази
Нема што да ги носите ни мајка ти ни свекрва ти никаде. Сами ќе си одите. Нема потреба да правите фамилијарни излети од одење на лекар. Си се извинила и тоа е тоа. Нека се лути. Ќе си легне пак на брашното, следен пат никого нема да земате со вас.
Ич не се замарам. Јас сакав се да е во ред, и се трудев од моја страна да постапувам коректно за се. Ми кажа од мене за малку удар ќе добила , диезапами пиела синоќа ( а она како бомбони ги пие секој ден), и ми вика ти мене не ме прифати како мајка, ама секако јаснк ми е не можам да ти бидам мајка. Викам епа не си ми, свекрва си ми . Мажот ми вика не се замарај, остај ја таму, гледаш дека секоја недела со некој се кара. И јас не сум цвеќе за мирисање, и изнакажав и јас многу. Чисто пишав колку да си се искажам, зошто не сакам да се пожалувам на другарки, сепак ова е семејна работа
Чим маж ти ти вика не се замарај свиркај си. И стварно немаш потреба од мајки и свелрви со тебе на прегледи ужувајте во бебето тоа се ваши моменти. Нивното прошло сега треба баби да бидат а не мајки на бебето за да се пикаат сегде. Батали ги од старт
Јас не гледам потреба од тегнење баби по лекари со бебе. Со мене никад не била ниту една баба, а не дека не се понудиле... Освен тоа, сите во чекална си седите во пандемијава? Па уште болна жена на место кај што одат бебиња. Јас со маж ми не одам сега да не се прави гужва, а не со цела трупа по мене. Ич не и се замарај нека се лути колку сака и ум за друг пат, да не тргнеш баби кај што не им е место.
Ama neznam zasto i molces I na majka ti sto ima i ona da doaga so vas na bolnica nie koga odime na bolnica za deteto i za nas odime samo jas i mm nekolku pati koga mm e na rab svekrvata ima dojdeno so mene kerka mi bese bebe sega veke ne ne doaga
Па се демек да не погреши човек. Ама очигледно и што не сум доволно искусна, и млада сум уште, не се однесувам доволно самостојно, а и знае да ги подреди работите, па да се запрашам навистина дали ќе биде потребна.. Ама толку не се замарам ни со едната веќе. Тоа ми е се за памет. Само сум благодарна што мажот ми мене ме подежува. И здравје имам уште малку од факултетот, да го завршам и сакаме на страна да идеме, и колку подалеку од сите, толку пораат глава.
А она па со прво дете преискусна била. Така кога ќе ми речат:еее колку деца прошле. Прошле де си прошло вашето сега е моето на ред јас така им викам ако згрешам ќе знам за второ. Уќути ја не и се замарај. Што има да згрешиш со бебе? Се што треба доктор ќе ти каже што учел тоа Ние еднаш ќе се видиме со родителите на мм, не го ни гледаат малово и одма: Ќе му купиМЕ дубак, ќе му дадеМЕ лимон да проба...викам прво мајка му да ја прашате дали смеете да му купиТЕ Сите се исти ама и ист треба да е човек према нив малце ќе попуштиш и мислат се е дозволено.
Едно ме интересира. Зошто бе свекрвите збеснуваат кога ќе им се роди внуче и почнуваат со драми? Ај некој нека ме просветли...
А зашто пример пред да идете негде им се објаснувате? Спремете се и искочете, ако праша кажете каде ќе одите. Не ни мора, кажете "ќе се вратиме".
Не стварно, не ми е јасно што им се врти во тоа главата, па се понашаат ко дечиња, ова горе што го читам е детско понашање, а не на една 60 годишна жена..
А шо сеа, ти само што роди дете и она одма се претворила у поголемо дете. За срамота.. Место детето да си го гледаш и да организираш време околу него, ти треба време за искачање од болница околу неа да планираш Требало она да дојде пошто прв пат не била, бре бре.. А тоа што е болна пу пу не се важи, битно да виде она испоштувана. Оф лелееее, како им лета вака паметот бее. А ти па што се замараш.. Сигурно ти е криво што вака се лути ама бре возрасна е, остај ја сама со мислите, може па и ќе и текне дека рассудувањето и е незрело. Штом тера инат остај ја, гледај си бебенцето