На доктор и зимање носење во градинка пример баби жаби не... Многу ми е глупо тоа, јас ќе ја зеам, зошто? Ај да каснам од работа или да треба да се земе порано... На доктор па, да ме брукаат таму и една и друга нема шанси. Си ги знам двете какви се. Јас сега со друго немам проблем, ама со опседнатоста со детево се уште. Седи дете кај дедо у скут, гледаат цртани се гушкаат се смеат, таа седнала до нив, и се бутнала у фаца, и ја вика бабичка... Мила на бабичка, зошто не дојдеш кај бабичка... Ти не ме сакаш ќе си одам... И плус не слушањето за правила кој ги поставуваме со маж ми околу детето. Не знам кој е поголемо дете. Жал и било да плаче...
Абе ти намерно го оставаш да плаче, мераци си тогаш нели... Беа дојдени двете баби еден ден. Си седиме, бебе спие во корпа мирно и туку од еднаш испушта звук и двеве рипнуваат од гарнитура Ја продолжувам да седам и им викам, што ви е, кај појдовте? Чекај, еден звук испушти само у спиење, дајте и шанса да заплаче. Ако заплаче тука е мајка И си седнаа и двете а бебе нормално продужи да спие.
Да, оти така сме и правеле, не ни спиела. Муабетот беше време за спиење ама ја и кажав да крене играчки, бабичка ќе крене нека.. јас реков нема, мора да се научи на ред... И пошо нека баничка дете доби тантрум, неќе да раскрене и ете затоа не спиела оти така сме и правеле.... Не знам шо е фората со тоа, ја гледам и мајка ми, плаче дете и одма доаѓа и неа ја прашува зошто плачеш, а ја и татко и тука. Шо као сеа магично ќе престане детево да плаче? Еве не знам... Ауу па да читате коментари на фб од бабичка... Абе зини земјо голтни ме сум. Многу, многу се опседна со детево, што дури некогаш мислам дека си има проблем сериозен, не е до лошотилук. Да е само спрема мене таква.. Детево се уплаши од бабата на маж ми дека ја видела паднала и неќеше да оди кај нив. Оваа плачки, драми како тоа ради неа неќела, 100 години се изнаживеала, дали она ќе дочекала да живее толку.. Оди па немој погрешно да го сфатиш муабетов.. Драма, нај лоша нова година имала, детето не и дошло, а она шо мене ми ја упропасти првата нова со бебе, небитно...
Епа социјалното треба да се позанимава со прашањево Ваљда имаат администрација, правници. Што прават тие?
Ако мајка ми ја земам со нас воопшто не треба да се расправам дали и мм сака мајка му да ја земе. Но, најдобро е да си одиш сама со сопругот и ќе ти биде мирна глава. Е сега што сакаме да испушиме цигара на раат, а мамичка да го занимава бебето тоа е друга приказна. Сум го поминала и тоа и во ред е. Да сакаше мојава и на одмор ќе ја земав со нас-тоа мајка ми. Како идна свекрва очекувам и треба да сум свесна дека снаата нормално ќе е приврзана кон мајка си, а спрема мене доволно е да има почит и култура. Има милион поубави начини и моменти за дружба со семејството отколку да се буткаш таму кај што не ти е место, но ние како нација сме створени за создавање проблеми таму кај што ги нема. Мислам дека се тоа е повеќе одраз на простотилук.
Па ние 2 години како сме во брак сеа имаме бебе ( мм 28, јас 25 да речеш дека сме постари, дека со години сме во брак.. имав и бременост која заврши со индуциран абортус), кога ќе ми спомнеа за деца им велев има време ќе си одлучиме ние кога. Абе кога дознаа дека сум бремена лелее, па ние со душа го чекавме, па не знам филмови правење. Уште тогаш знаев дека ќе има кавги. А за детето богами мајка ми е неподнослива, особено првата недела, ауу ладно му било, ба неа дома кај нив и било ладно.. па докторот ништо не разбирал, попот ништо не разбирал ( ако прашувавме нешто ) единствено она се знаеше, во тие моменти бев благодарна што сопствената мајка не ми е свекрва оти ќе се исколевме.
Кога ќе си признаеме сами на себе дека и нашите мајки може да бидат полоши (не злобни) од свекрвите, тогаш нам можеби ќе ни биде полесно. Мајките се во водство над свекрвите само заради тоа што ни се мајки ништо повеќе. Како една иста жена кон ќерката се однесува добро, а кон снаата лошо?!
Јас не сакам да сум во кожата на таа што ќе биде снаа на мајка ми. Она мене ме полудува. Ама доброто таму е што има друга куќа за брат ми кога ќе се ожени. Нема да им е дома.
Ве читам за плачењето и се смеам. Бебето мало ич не плачеше ,грчеви со р'жење помина,само за јадење знаеше да заплаче и госпоѓата ми викаше не и давај одма да јаде ,нека поплаче нема да развие плуќа и глас Нормално не ја слушав... Сега ко ќе се расплаче и доаѓа вика зашто плачеш бабичкоо Кам ја да те успијам... Е сега разбери дали треба или не треба да плаче... Е јас на третиот пат ко и спиштив , појќе не ја успа А јас мајка ми ил не ја слушам ,прв пат ќе и објаснам дека нема да го направам и зошто ,вториот ќе и кажам - ти кажав веќе еднаш не можи. Третиот (ако има т.е ако ептен запне за нешто) само добро ,и така не нѐ гледа во моментот.... Додека госпоѓата свеки додека не го направиш на глава ќе ти стои има да ти го внесе во подсвеста.
Мајка ми мене така ме излуде, ладно му е на детето, ставај му капа нонстоп значи 24/7, нараквичиња. Ајде јас му ставав додека беше зима тешка, сега нема потреба и поголемко е се поти дете, и сега да го виде, леле дете ќе ти преладе. Тоа кивнало таа, ааа преладено ти е детето преладено само голо го држиш.. пукнав, сеуште ми вика да го облекувам многу а надвор за малку 20С.. Еднаш и пуштам слика од во кола и немаше нараквици дете и одма, леле без нараквици детето.. Пукнав готово... Друго и викам дете се плаши вака во сон и се буди (тоа ти е она Моро Рефлекс), а црно стави му под перница, ко прво перница не му ставам и друго не верувам во тие глупости.. Има уште ама да не кажувам.. Ме излудеа..
Ama ti se cudam sto ima na majka ti i na svekrva ti da kazuvas oti ke odete na dr nema potreba od niv
Како се справувате во заедница ,кај што позади грб ве оговараат ,а пред вас се лизни мазни?Пример ете направиш нешто, и тоа им се допаѓа ,а после слушаш обратен муабет ?Како со такви луѓе....
Не ,не ова не е само за јадење.Зборам за целокупен соживот.Околу детето ,Зошто сум пуштала машина ,зошто зборам на телефон со мајка ми ,колку цигари пушам ,колку кафе пиам ....буквално се.Ме воспитале да почитувам ,ете родители се ,од ништо не биле одвоени ,да се осеќаат запоставено.Сепак би рекла дека почитта е обострана.Има лоши снаи не викам не , има и добри свекрви.Ама се е ствар на карактер.А со вакви луѓе нз како
Ако да се тргнете на страна не е опција, ќе го научиш она старото "во едното уво влага, од другото излага". Ќе пуштиш срце и нема да се умараш кој што кажал, ако можеш да враќаш со иста мера уште подобро.
Да сум на твое место еднаш само ќе прашам абе нели ова ОК беше како што постапив, сега слушам маубет излезен од тебе дека е спротивно од ОК. И после, без разлика што и да ми одговори више нема да и се замарам, ќе си терам по мое. Ем ќе знае дека сум свесна за муабетите, ем дека мислењата нејзини ги множам со нула, пошто така заслужила со таквото однесување.
Јас уште од прв ден и кажав дека јас одлучувам за мое дете. Штом дојдов од болница свекрва ми дојде со метличе, лопатче и конец и трга накај креветчете. И викам што правиш а вика така се прави се става под перничете на бебето против уроци. Кога збеснав ти метли ќе ми ставаш кај бебето и викам кај бебе се става злато бабо. И како попарена си отиде и другиот ден доага со златни менѓуши... така да никогаш немојте да попуштате за ништо кога се работи за ваше дете. Јас не верувам во уроци и бајачки и ништо такви раб не сум правела.
Не морала да носи бабата ништо ако не сака или нема. Ама муабетот и бил место со метли со поклон се оди. Порано злато се давало сега по правило прв пат бебе кога ќе видиш пари се оставаат макар и 100ден. И лигавче од 50 денари е поклон ако нема за злато или пари. По мене убаво и затворила уста наместо да им се ќути за се и сешто