А што е по тебе лоша снаа? По наш менталитет лоша снаа не се замара со свекор и свекрва, си гледа свој живот и брка своја работа и не им прави мераци на старите. Така и треба да биде, се додека им бркате ќеифови, ќе си имате и проблеми. Поарно цел живот да бидам лоша снаа отколку цел живот некој да ме живцира и да губам здравје.
Јас не се разбирам од адети, ама баш зошто најголем дел не ги сакам, не би ни рекла се носи или не се носи. Јас сум видела пари оставање, скроз сум против на бебе пара фаќана од пола Македонија да ставиш, а инаку самата носам поклон.
Јас небарав злато погрешно си ме разбрала. Него сакав да и дадам до знаење да неправи глупости и да не ми команда за мое дете. Доволно е да дојде да го види а не да ми доагаа со метла.
Хахахаха. Мојата кога тргнав да пораѓај,се стрча со јајце,да сум го пуштила да се скрши пред врата за да се породам полесно (лесно како кокошка кога носи јајце) . Фино лепо ја вратив со јајцето назад и и реков не верувам во такви ствари и не ми треба никакво јајце,како сака Господ така ќе биде. Откако се породив,не дојде со метли,лукови,ножеви или ножици или не знам што друго. А знам дека за јатрва ми ставаше такво нешто и знам дека сакаше и кај мене така да прави. Ама виде дека не дозволувам,па не ни проба. Баење од уроци,влакна,клинови,конци на праг и не знам што уште исто ми ги нудеше како опција и упорно ја одбивав. Дури увредена и запрепастена беше,според неа Безбожна сум била,што не верувам во такви работи,демек од Господ било кажано така да се прави. Често знае да каже: Сега младите ништо не слушаат. Порано сите заедно,многу генерации живееле сложно во 2 соби,си помагале,работеле заедно,се слушале,а сега не. Од мене добива секогаш одговор дека така било зошто не биле свесни дека има подобро.
Мене ми даде сестра ми пари во оние ќеси за замрзнување доле во количката ја остави ако се сака има начин тоа да се направи во склад со времето
Добро тоа е друго или во плик па на родителите. Ама имам видено на бебето баш. Значи на ќебето му остава. За мое дете тоа строго забрането ќе е.
Ова со метла , тетратка,пенкало и не знам уште што мајка ми ми рече. Нормално и реков аха да важиии (уште по нормално ништо не ставив ) А за влакна чистење ,со пепел и незнам како на бањање ,золва на мм братучеда ми спомна и викам ни сум чула ни ќе прам. Веќе никој не спомна. Свеки на ќерка и знам дека и зборела и ја терала некои такви работи да прави...мене никогаш не ми спомнала.
Даа баби мои порану сум гледала 100ката и во количката кај што лежи глупаво е или ситни пари да му ги фрлиш во количка валкано е така е.
Tака дојдоа баба ми и дедо ми ,и сега да и ги остави дедо ми трга до неа на кревет кај ноџињата и ете ја баба ми од таму ,воо рачиња стави и ги. Викам какви рачиња којзнае кој и кај ги ставал ,во раце. И дедо да да во право си остај ја баба ти... Не знам од што потреба.
Прееска ве прочитав и се чудев од каде сега метла, што па метла им значи, што ги тера бе гнасна метла кај бебе да ставаат ? И сега ко пиша тетратка, пенкало ваљда укапирав.. ДАЛИ тоа метлата значи "Домаќица да буде?" (претпоставувам женско бебе). Леле ај кај за прљавштиниве, ама плус ко ќе збеснам за таквото благословување ...
Гарант брате.... Поим немам не ја ни прашав. Ама чим тетратки пенкала мислам и игла и конец беше ... то ќе да е. Имаше и едно на 40 дена нели се оди кај мајката на мајката(ама објасниив) и да ја издржела таа (мајка ми) ваљда на тетра пелена зад врата. И побрзо ќе почнело да кажува за пелени Свашта имаа хахаха
Леле бе со адетиве,ако можам да ги наречам така... Пресмешни ми се.. Знам знам, дека вас не ви звучат смешно и коса ви се крева. Среќа немав таква мака...
Тоа мајка ми ми рече, ставај мече во креветчето од детето да не е само ко ќе излезиш ти од соба, ние порано метли стававме. Да не било само. Јас не една, две мечиња ставив да не е само.
Докторите не препорачуваат ништо во креветчето на бебето-ни мечиња ни перничиња. Едуцирајте се за СИДС
I svekrva mi ostavi metla vo sobata ama ne do bebeto nego do vratata I ne se pobuniv oti ne mi smetase
Мене ми сметаат такви глупости и не дозволувам. Не верувам во бајачки, уроци, метли, ножеви, јајца и други будалаштини. Можеби и мене не ме коштало ништо да стои метлатата пред врата, но сепак сум кажувала јасно и гласно чисто да си знае дека не преминуваме преку глупости и да не си земе замав во иднина.
Какви метли, мечиња, чуда, Бог да чува. Ништо не направив,ниту некој ми кажа, жими таа молитвата на 40 дена во црква, ама тоа не е бабски адет. Друго ништо. Јас кога сум била бебе, баба ми ставала нож под душекот, мајка ми без да знае, се извадила жената од памет кога мењала постелнина. Глупост до глупост