Не мора да вреѓаш дека треба да се едуцирам. И сама знам дека може со раката да го помери и да се задуши. Значи користам големо креветче и мечињата се на лева страна скроз, а бебче го ставам десна страна и над главата негова нема ништо. Не мора да ми кажуваш за сидс мене.. А не ги имам ставено поради такви глупости бабини деветтини..
За опседнатост со внуче имам многу да зборам ама фала на Корона, тоа се пресече. Пробувам да ги сфатам зашто така се однесуваат, знам дека млади и тотално несвесни раѓале (конкретно они), па сега им доаѓа да надокнадат, ама не толерирам. За секое каење со тоа какви родители биле можат на психијатар да си одат и да си разјаснат, на моето дете мајки нема да се вежбаат. Инаку, уште ми е смешно како сакајќи совет да ми дадат за новороденче, а јас со поглед убица гарант сум била, почнаа на секое да викаат "јас мислам ..." демек да не се збунам дека некој примариус доктор збори во нивно име, откако увидоа дека тоа не пали почнаа "јас не знам, ама тој и тој вака ми кажа" демек штом не е од нив ќе прифатам . Сето ова од мене е проследено со штама, очекувам во скоро дека ќе бидат испровоцорани да кажат дека со мене не може да се збори, ама зашто само детето мора да е предмет на муабет, еве не знам. Некогаш и така си ги закачам, аман само за мрсули ли ќе зборите, кажете што читате периодов, гледавте ли некој добар филм, нормално не правеле ништо од тоа туку народни лекови читале по аматерски сајтови, па ќе сменат фаца малце, а мене ми е смешка
Баш ако си едуцирана за сидс,ќе знаеш дека нема лево/десно, мечиња не се ставаат, оградици не се ставаат, ќебиња-јорганчиња, играчки вртелешки... затегнат чаршав и бебе во вреќичка во точен број за бебето смее, цуцла евентуално, ама не цуцла на ланче, и не ѓердан за заби вадење. И никогаш не е навреда кога некој за безбедност посочува нешто, особено за бебе
Се додека тебе не ти велат ништо уживај Само игнор ... Верви има такви што чекаат да речеш нешто па да те прават крива Уживај дури немаш кавги
А зошто па, ни помалку ни повеќе туку нож? Овде кај што сум, бабички, па и дедовци по пат кога ја шетам, нормално им е да подзастанат да и "нацртаат" крст во воздух со рака и тоа па искрено многу ме нервира. Пред некој ден бев нервозна од дома и излеговме да се излуфтирам, и ете ти една бабичка ми се закачи, таа црта крст на ќерка ми, јас земам и цртам на неа. За момент се збуни, не и се допадна, дур почна да ме пцуе валда нешто мрмореше и убрза да замине. Е нек и текне пак!
Јас живеам со такви. Неподносливи лицемери. Пред мене муабети насмеани, ме наведуваат да кажам нешто и после тоа против мене се користи. Или културни провокации па после ме клеветат. И полошо, едвај се чека нешто да направам и да кажат : "Еве, неодговорна" . Ми се мешаат и за дете и за се. И џабе е се. Или ќе се разведам или ќе се разболам. Ама изгледа второто ќе биде. Најубаво е конакт да немаш со такви, да се дистанцираш. Јас тоа го сакам, ама маж ми е латентен мајкар.. Нема спас за мене.
Затоа во западните земји штом станат полнолетни децата се селат од дома, и помили си се, таму е срамота да се живее со родителите. Ама кај нас за жал поради финансиите, ( кај некои, кај други мамини синлиња не сакат да се оделат од суќните на мајките) се останува вака. И кој пати, секако таа што е дојдена од страна. Искрено никогаш не сум сакала да живеам во иста куќа со свекор и свекрва. Ама млада се омажив, сакав да се остварам како мајка и ете сеа сме тука. ( далеку од тоа дека ми префрлаат за се, дека ми се мешаат кој знае колку, знам дека има многу побетер од нив, ама друго си е сам да си )Ама битно јас ја имам подршката на сопругот, а вака не знам ти како трпиш. Пробај со него разговарај, објасни му..
Хахаа не, метла се ставало кај секое бебе без разлика дали машко женско, демек за да се брани бидејќи до 40 дена го напаѓале ѓаволи или самовили поима немам така ми кажуваа. Така јас кога се вратив од болница мајка ми еве ја со ножот да го стави во креветчето, и го пикна под душекот, она си отиде јас го извадив, утрето иде и носи темјан, босилек, конци, лукови и уште што не, фатив се фрлив, вика ако не слушај ти ќе тргаш маки со детето.
Нема пробање.. Според него они се супер, јас треба лице да им правам и ако не ги сакам бар да ги користам ќе ми помагале.
Ќерката е нејзина, снаата не и е ништо, односно и го украла синот. Секако дека сите не се исти, но не знаете какви има. Разликата со мајка и свекрва повеќепати ја имаме кажано, со мајка ќе си кажеш се, ќе се испокараш, ама сепак си и дете. Ама со свекрва не можеш така без да остави последици. Еве пример, баба ми од татко, има една фамозна изјава, бог да ја прости, радо боље да ми сина убију него черку да ми силују... Па сеа ти види...
Јас се ежам од вакви работи, не знам за вас.. Како им оди бе умот на вакви работи, знам дека се пренесуваат некои верувања низ генерации, ама па не сме веќе во камено доба бре.
Имав една колешка не живееше со свекрва и али беше опасна ептен кога и требаше нешто цело време на свекрва и и се лигавеше па како нејзината свекрвица била добра и не знам што али се од корист има и такви луѓе лизни мазни ќе се упикува само за да придобие пари,наследство,дете да и се чува до толку беше отидена што две гофишно дете и го тупна на свекрва и и отиде со мажот и на остров таму не било за деца имало многу влажност и не се препорачувало, ни повеќе ни помалку 10 дена . Дај му дознаење на мажот ти дека ти ако сакаш некој сакаш соцело срце,а да се лигавиш да придобиеш нешто дека не си таква и не сакаш и дека си можеш сама. Он нека проба лице да и прави на касиерката кога е спора во маркет и да треба пола саат на каса да чека да видиме дали со убаво ќе застане муабет да направи или ќе почне да ја пцуе.Истото е и со тебе и неговите
Па што, опасна женска. Треба да работиш и на тој начин во животот за да постигнеш нешто. И не е лошо што и го оставила детето, се одморила на остров ко принцеза. Абе вие подобро ќе платите жена и на свекрвата нема да и го оставите ако треба.. Why?
Леле како бе НОЖ здрави ли се. Па ќе измрда ќе се заколи не дај боже... @Brpbrp секакви има по светов. Имам комшивка ,од сабајле на работа ,си доаѓа дома каде купено од работа или од по пат нешто и легнува да спие. Со децата бабата се занимава ,сега големи се ,домашни со бабата пишуваат. Имам една другарка, 7 месеци и е бебето ,уште од прво доаѓање дома ноќе бебето во една соба со татко му ,таа во друга спие. На сабајле татко му ко ќе оди на работа го носи кај свекрва и таа да се наспиела до 11. Давала АД тие саати ко ќе било кај свекрвата или кај маж и. Е за свекрвата моја ваква требаше ,а не ко мене да ми е сѐ детето.
Те воспитувале нормални луѓе да ги почитуваш, а не лицемерни има разлика. Не може тебе некој да те омаловажува,вреѓа,пцуе, а ти да ќутиш!! Почитувај се себеси и завземи став нареден пат кога ќе кажат абе јадењето каде е? Дај им го одговорот што те оговарале. Кога збориш со мајка ти кажи абе еве надвор да искочам да пушам цигара да не им смета на домашните.Па можеби ќе си го подприберат јазикот.Или кога збориш со мајка ти кажувај се и они нека слушаат. Имав и јас ситуација кога се имав скарано со свекрва ми и золвата ми викаше абе ти не мора на мајка ти се да и кажуваш што се случува дома и јас само и кажав вие може да знаете се што се случува низ дома,а мајка ми да не знае зошто? И повеќе не и ни текна да каже такво нешто
Островот нема да потоне ако отиде некоја година покасно, детето не треба на море да оди? Напротив децата се тие што треба на море да се носат когга би барала за на одмор би барала и детето да го земам да го прошетам пред да се земе 10 години шетала со мажот и и сега детето и смета за шетање
Е па и јас со дете би заминала на одмор и така планираме со маж ми, ама не можам да и судам ако сакала сама да се прошета. Не сме сите исти.. А иначе ништо лошо во тоа што и го оставила на свекрва и, подобро него на некоја странка, не ќе ти го гледа подобро странката. И јас почнувам со курс тука од Април па ќе морам на свекрвами да и го оставам, што не ќе ми го чува комшиката подобро од неа?
За тоа не оспорувам сепак е подобро на свој човек да се остави, али никогаш нема да го сврам тоа детето да ми се гуши цела година да не оди на одмор,а јас да шетам и кејфови да си терам и не само за одмор за се и го остава она само за спиење си го земаше дома кај нејзе да не кажам го нема помирисано
Значи има и такви мајки кои ги родат децата за да им ги исчуваат бабите, а тие да не се замараат со нив. За чување на детето свекрвата е добра, за сѐ останато не чине. Овие што одат на одмор а децата дома си ги оставаат не ми се јасни. Нели им е жал за децата? Јас да уживам на море 10дена, а детето дома да ми чмае со баба му, не би го дозволила тоа никогаш. Поправо дома ќе седам отколку така.
Па ќе оди и покасно со детето,што е проблем? Јас па не ве разбирам вас што ги правите неродители тие што одат некаде без детето,напротив за одржување здрав брак и однос меѓу партнерите се препорачуваат такви патувања. Дете ќе оставам на баба и дедо ако се нафатат и ако имаат желба,ако не ќе се снаоѓаме и прилагодуваме.