^ Би отишла и јас сама со маж ми на одмор ама кога ќе потпорасне детето, а мало дете не би оставила никогаш.
Добра е и таа на одмор што отишла. А има тука една што се породи после мене ( јас 25.01 таа на 02.02) и бебето само 9 дена беше, уште ни папчето не и беше паднато мајката почна да се тагира по кафиња нашминкана, дотерана... јас некогаш немам време заби да измијам, ја ставам во креветче ( совеста ме пече што не е заспана а ја оставам така и се расплаче ) за да трчам да мочам оти мочниот меур ќе ми пукне, се туширам за 2 мин каква вода најдам таква... и утре неа повеќе ќе ја ценат свекорот и свекрвата отколку мене, или било која од нас. А за перници мене педијатарот ми рече да и земам за новороденче за поподигната да е, јас ја ставам до газето на перниче, не само главчето туку и грбчето, само газето и ножињата и се на душечето , перничето 1 цм ако е подигнато и мекичко е ептен.
Како нас секако што ќе ни сметаат, така и ние нив, ако го оставаш детето, аа не го гледа ќе речат, ако не го оставаш, не го дава.. И општо снаи за свекрви, ако сака во нешто да е вклучена свекрвата, се меша, ако стои на дистанца, не ја интересира внучето. Како и да е, за мене дистанцата е најдобро решение и во двата случаи.
Баш така. Ако им го оставаш секој ден да го чуват, ќе речат и ние сакаме да одмореме не може секој ден дете да чуваме, ако не им го даваш па зошто не го даваш. Никако да се погоде
И за мене дистанцата е најдобро решение. Можеби ќе си мислат дека неќам да го давам детето ама нека си мислат ,секако не можиме да си погодиме,вака барем ќе си го гледам јас дури сум дома како што знам и умеам.Е сега чувај боже некогаш така иди ќе треба да го оставиш кај нив.
Да и после детето баба му ќе ја сака повеќе од сопствената мајка, добро е да ти причуваат дете доколку имаш работа да завршиш ама не и они да го гледаат и израснат, јас такви родители не разбирам воопшто за што ги прават тие деца, на свекрвата и поминало времето кога гледала деца, само дистанца со старите па подобро да викаат не го дава детето отколку они да ми го пораснат.
Запрепастена сум... Никој никогаш не се осудил да ни рече нешто за дете а не па да ни се замеша како да го гледаме. Не знам како дозволувате вакви работи искрено
Леле ви се восхитувам на живците. Ко ќе прочитам нешто вакво почнувам буквално физички да се гушам. Едит: Она што мене лично најмногу ме фасцинира е тоа што и тие имале такви свекрви, можеби дури и полоши, и сеа нели сакаш ти да не си таков? Нели сакаш да не го правиш тоа што тебе ти го правеле? Зошто свесно бираш да си никаков...
Ама оди докажи им дека не се исипуваат бебињата од "нечисти" жени ( што имаат менструација во моментот или вечерта имале секс ),а дошле пред 40 дена да наполни бебе. Познаничка,ептен млада,а мајка и жена од село и ептен ги владее тие работи кога се породи после неколку дена ептен почна да се исфрла малата и мајка и и сочувала крв од прва менструација на крпа и лекот било да ја забрише малата со таа крпа,затоа што некоја нечиста и била во посета . Јас сум ептен посесивна за син ми,си имам свои причини зошто не сум во најдобри односи со свекрва ми и немам доверба да и го оставам. Воопшто не мислам дека е погрешно да го оставам 2 саати детето да ми го причуваат,а јас да одам на вечера со мм,секако детето би се досадувало таму. Или да одам по бутици да си купам нешто на раат,отколку да го шеткам и да пишти со мене. Не се надевав дека ќе имам недоразбирања со неа,ниту дека би била толку приврзана со син ми,па ќе мора сама со мм да се менуваме со чување за било што. Сосема е во ред да го оставиш детето да ти го причува некој,секако тоа да не е обврска на некого туку тој да сака,и да се има осет за оставање. Ич не ми се свиѓа мајки на работа,дете кај баба,дојде од работа додека да јаде,дете пак кај баба,пред спиење пак го пушта дете кај баба за да спие кај неа. И се на се,детето со мајка и татко поминува 2 саати во денот. Ама не осудувам,секој си знае за себе. И во ред ми е мајка,тазе породена да оди на кафе ( сега со корона ситуација малку ми е ризично) ако тоа и причинува задоволство. Подобро да излезе 2 саати и да биде задоволна цел ден,отколку да запаѓа во пост породилна депресија. За жал,јас сум друг тип,и ич не сум опуштена кога ќе го оставам дома,а јас да излезам кога треба да завршам некоја работа,а не па за шетање.Се брзам и се туфкам. Според мене моево по не е во ред.
Да излезам за да завршам нешто и да го оставам да. Ама бебе толку мало штотуку родено да го оставам преку еден ден ( оти секој ден скоро е тагирана по кафиња ) за јас да одам по кафичи па не ми иде во глава. Кога ќе се стопли и ќе потпорасне малце ќе излезам со бебушот во количка, па ако сакам кафе ќе земам за носење и во парк ќе го пијам. На 14ти моите имаа панаѓија и нели ги повикнаа свекорот и свекрвата, и свекрва ми вика епа иди ти јас ќе си ја чувам ( додуша со тоа што се покажа некни сеа не знам дали добронамерна сакаше да биде, или ми испитуваше аклот за да има после што да префрла) Викам аа не, кога ќе дојде време за гости јас ќе идам со бебето.
Ако е мамино галениче и верува во се што ќе каже неговата мајка нормално е дека ќе има проблеми помеѓу младите.
Буквално исто... смо што муабетите не се во кругот на домот ,туку надвор од него.Се разбира прикажани во друго светло.А вистината е малце подруга.Нормално криво ми било ,зашто ете сум сакала некој добар однос со нив и не сум правела ништо со некоја лоша или скриена намера.Добро е што маж ми не е приврзан со нив ,ги гледа реално,не ми врши притисок.Едвај чекам да се отселиме.Дотогаш ќе треба да оладам малце ,да не си ставам се на срце.И да вратам за сите работи... барем дел да беше ко што кажуваат по луѓе и си се фалат.Ама ако ќе им паднат маските .
Ее мене ми брои цигари колку пушам како на тебе, ми се меша зошто користам омекнувач.. Кај одам и со кого. Корона имало.
Знам на една колешка кога се омажила свекрва и, и рекла јас ќе идам надвор, а ти викај ме: -Мамо ајде кафе да пиеме Тоа за комшиите да слушнат.
Кој како ќе си ја нареди така ќе си живее. Ние мислиме дека нивното не е во ред, а тие нашето. Не се сите исти, некои ќе остават дете ќе отидат на одмор сами да одморат, знам и што имаат оставено дете а работат двајцата во странство. Бабата со детето пишува домашна, го чува како мајка. Некои поради дете нема да отидат на одмор, поради него ќе испуштат работа во странство и ќе остане едниот родител да го чува. Некои после пораѓај се средени и спремни да шетаат, некои седат дома и фризер немаат посетено со месеци. Кога имаат помош ќе си ја искористат. Тие се така научени, најважно им е да излезат од дома, а не да се запустат.
Ме потсети на муабет од мајка ми и се изнасмеав. Кога таа се омажила за татко ми и се преселила кај нив, многу страв имала од баба ми. А баба ми една памук жена, емотивец, многу вредна и неуморна ама авторитетна , плус во тоа време знаете како било со свекрвите. И така баба ми со шеширот од Полска и наочарите од Париз (многу шетаат со дедо ми и само се фали) искочиле во дворче со комшиките и мајка ми како да и се умилкува го направила следното: Искочила на прозор и викала на цел глас Мамооооо за ручек сакаш кокошка или свинско? Баба ми како што била напрчена и одговорила и наведнала глава и после дома ја искарала. Од тогаш до денеска ја вика на име. А инаку, така правеле многу жени за да слушнат комшиките
Има има и сега. Во комшии имам случај каде снаата на цел глас вика мамо ооооо по свекрвата, а секој втор ден коси си кубат дома до полиции доаѓаат. Млада жена од 30 и нешто години. Дури мене ме одговарала дека сум немала домашно воспитување зошто не сум ја викала свекрва ми мамо,а притоа имам супер однос со жената.
Ти кажав дека над главата негова нема ништо, имам читано за сидс на гугл со саати значи. Не секирај се..