Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.349
    Првo остaнa брeмeнa пoслe 1гoд. Зaедница вo хaрмoниjа со свeки,
    Сeгa приkазнaвa сo сkoпjе...
    Си имaс сериозни Прoблeми
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Ама чекај Еленка овде нешто не штима значи :
    Сега вие одевте 1 година или 6 година :^)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elenika

    Elenika Нов член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    74
    златна вака една година стабилна врска како даден збор нз како го викате вие мегу нас предходно како на мување беше не дека се правдам или ве лажам неш затоа што ако ве лаЖам само јас се глупирам!!!
     
  4. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    НАРОДЕ ЕДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДА ВИ КАЖАМ НЕ Е ТОА ЕЛЕНИКА ОВА МИ Е СТАРИОТ НИК НЕЏЛА СЕА СВАТИВ ЗАШТО ДРУГАРКА МИ МИ ВИКА МНОГУ ПАТИ НА ФЕМИНА СЕ ДОГ НА КАФЕ ТЕБЕ ТЕ НЕМА ЗНАЧИ ЕДНАШ СЕ УКЛ ОДДАМНА ОД КАЈ ЕДНА БИВША ДРУГАРКА И СИ ГО ЗАБОРАВИВ УКЛ МА ДА И ТАА МИ БЕШЕ НАЈДОБРА ДРУГАРКА И МИ ГО ЗНАЕШЕ ПАСС ЈАС НЕ НИ СЕ ПОСОМНЕВАВ ДЕКА ДО ТОЛКУ КЕ ПРАВИ ГЛУПОСТИ АМА ТОА Е МАЛОУМИЕ СЕ ДОДЕКА НЕ МИ СЕ ВМЕША ВО БРАКОТ ЛУЃЕ НЕ СЕ МАЛТЕРТИРАЈТЕ ДА И ПИШУВАТЕ ОВДЕ Е ЕЛЕНА НЕ Е ТАМУ СЕА СЕ УКЛ ЕДВАЈ СИ ГО НАЈДОВ ПАСС НА ОВОЈ ЗАТОА ШТО МИ ЈАВИ ДРУГАРКАТА ДЕКА СЕ КОМЕНТИРА ОД МОЈ ПРОФ ЈАС СЕДАМ СО СИН НЕ МИ Е ДОБРО ДЕТЕТО ИНАКУ ИМАВ ПРОБЛЕМИ СО СВЕКИ АМА ОДДАМНА СО ЖЕНАТА НЕМАМ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ СЕА МИ ПОМАГА И СЕ ТОЧНО ЦАРСКИ СУМ АМА ДО СЕА НЕ МИ ИМА НИШ ЖЕНАТА ЗАПОВЕДАНО СИ ГО РЕШИВМЕ ОВА ШТО Е ПИШУВАНО СЕ Е ОД ДР ТАА МИ СЕ ВМЕША МИСЛАМ И ИМАШЕ ЗБОРЕНО НА СВЕКРВА МИ ДЕМЕК ЈАС ЗБОРУВАМ ЗА НЕА ШТО ЈАС ШТО ИМАМ НА СВЕКИ И КАЖАМ ТАКА СИ СЕ ДОГОВРИВМЕ ДА НЕ СЛУШАМЕ НИКОЈ И ЈАС ОД ТОГАШ ЈА ИЗБРИШАВ ОД ЖИВИТЕ!!!
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Јас сум сеуште млада за да бидам снаа а не пак свекрва. :lol: Ама сепак ќе го дадам своето мислење околу темата.
    Мајка ми и баба ми на пример никогаш не се согласувале. Едноставно баба ми не ја сакала мајка ми уште на почетокот бидејки не и се допаѓало тоа што не била од нивниот крај. :| (Бар така вели мајка ми). Ако е тоа вистина, поглупав изговор немам досега чуено. Значи станува збор за македонци, единствено разликата е во тоа што се растени во различни краеви. Двете носат иста религија и обичаи.
    Втора работа - не ја сакала бидејки немала завршено соодветно образование и имала минато со некој човек кој баба ми и дедо ми го познавале и не им се допаѓал воошто, и ете уште една причина плус за осудување.
    Порано биле многу по тензични односите меѓу нив, бар колку што ми раскажуваат денес, па може да кажам дека дури и јас помалку или повеќе се сеќавам на низа немили настани кои се случиле. Поточно караници од типот - ,,Нема кој да го чува детето, мора да оди в градинка, ние не можеме'' ,,Беспарица е не може да купуваш цигари и сешто ќе посакаш'' ,,Aко не ти се допаѓа животот кај нас, мрш кај твоите'' :doh: итн. итн.
    Како и да е, јас растев и многупати се најдов во небрано поради тоа што бев растргната и приморана да бирам страна. Јас несакав тоа да го сторам, бидејки секогаш работите ѓи согледував објективно а не како што им одговараше на моите. Денес односите им се релативно океј, нели..колку може да бидат со оглед на сешто се случи. :) Разговараат, понекогаш знаат да се спречкаат ама тоа сепак им поминува. Меѓутоа и покрај толку години тие сепак не успеаа да пронајдат заеднички јазик. Сеуште не можам да разберам зошто. Само знам дека проблемите ќе не надвасаа да останевме да живееме кај нив. Среќа сега имаме стан каде живееме и се е во ред на тоа поле. Се гледаме дури и за празници.
    Но, јас нема никогаш да заборавам. Спомените ќе останат засекогаш врежани во мојата меморија и покрај тоа што имам полни 18 години, нема да заборавам на тие моменти кога во просторијата владееа молкот омразата и недоразбирањето. Туѓината почувствувана од страната на мојата мајка и моментите кога остана сама (нејзиното семејство почина), а баба ми беше тука само накратко, колку-толку да ја утеши и поддржи. Од друга страна па кога ќе помислам, татко ми е виновен за се! Бидејки точно е, кога мажот е сеуште дете и не умее да ја преземе одговорноста околу грижата за домот и сопственото семејство кое го створил тогаш настануваат проблеми од ваков тип. Еве и ден денес, има 49 години, меѓутоа е потполно истиот неодговорен и ТРВРДОГЛАВ човек :@ со кој НИКАКО не можеш да се разбереш, освен доколку не дозволиш на крај да биде по негово. Тука не се виновни ниту баба ми (иако таа му е мајка па веројатно требала да се заангажира малку повеќе и да постави темел на неговите навики), а уште помалку мајка ми која е жртва за нас.. Па после се чудам како одненадеж и се нервите при крај. |(

    Затоа мојот совет до сите млади кои стапнале во брачните води и кои имаат деца, или во иднина планираат да станат родители, независно од возраста на децата, да внимаваат на меѓусебните односи доколку сакаат да израснат здрави индивидуи кои притоа нема да наидат на бариери при вреднувањето на сопственото јас, или уште пострашно трауми кои радо би ѓи избришале од своите сеќавања.
     
    На pepita82 и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  6. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Се зачитав на странава, доста интересна ми е, и баш за Еленика проблемот...Само што малку крајов ме збуни..Неџла и Еленика се една иста, прво беше Еленика, па сег ае Неџла..хахахах..не ми е јасно...Другарка ти го користела твојот профил како Еленика и сето тоа го пишувала демек во твое име?
    Во секој случај како и да е, ти си млада и треба да бидеш попаметна малку од твојата свеки...Неможеш така да ја колнеш и навредуваш, а сето она што таа ти го прави стави си го на игнор и прави се дека не ја слушаш.Најголема грешка ви е што сте заминале од Скопје и сте ги напуштиле работните места, за сега сето то ада го трпите, и безпарицата, и издржувањето од страна на родител.
    Јас не се согласувам дека треба родителите финансиски да не издржуваат, и фала богу не сум во таква ситуација.
    Но има млади брачни парови кои се во лоша ситуација и на кои мора да се помогне.Но многу е полесно да се снајдете сами, затоа што независноста е најубавата работа во бракот.Нека помошта финансиска од родителите трае пократко.Што се однесува за чување и причувување внучиња многу би сакала и едните и другите да ми се најдат :) ..Сега бебе е на пат, а јас сум малку уплашена, па и мама и свеки си знаат дека мораат бар првиот месец да ми се на располагање.
    Инаку би сакала да ве прашам, мојата јатрва на свекрва ми и свекор ми им се обраќа со ВИЕ.Јас од кога се веривме, почнав на ти.Искрено тоа Вие ми е малку чудно и како на туѓи да се обраќам а не на родителите на маж ми.Јатрва ми е подолго време во брак од мене, и им се обраќа со Вие сеуште. Баш ме интересир аза ваше мислење и дали им се обраќате така.
     
  7. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    ангел се надевам нема да ти се деси ко на мене што ми се деси јас бев година ипол верена за мм и живев тука кај нив и помагав и работев колку што можев и неможев и таа нејзината соба ни ја одели како и на вас т.е се само тие две соби и мораше една и не влегуваше без да тропне дури и на сабајле кафенце си пиевме и убавезно ке дојдеше кај мене во соба оти знаеше дека бев сама мм наработа од сабајле, кафенце ова она од сабајле убавезно си пиевме и муабети и се и наработа ако беше убавезно во текот на денот мин два пати ке се јавеше ке прашаше што правите како сте ручавте не ручавте? и се преубав однос кога летово после свадбата си ја средувавме собата нормално пак со нивна дозвола оти си имаше во собата нивни работи се деси тоа што се деси сега немаме никаков контакт после толку навреди не ни планирам да контактирам баш работата од ништо нешто се деси и така се надевам нема да биде исто и кај тебе а предходно ги знаев 4 години и неочекував дека тие луѓе ова ке го направат ама тоа е. и сето тоа плус од ко останав трудна :x
     
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    Ануле, јас мислам дека проблемот е што си дозволила преголема блискост. Знаеш кога на некого му даваш толку близина, автоматски му ги тргаш и границите во однос на тоа што смее/не смее да ти каже/направи.

    Мене свекрва ми почна вистински да ме почитува и (како што вика она) си ја сфатила грешката дури отпосле откако се направи тој разговор со кој разграничив некои работи и ја убедив во тоа дека иако бев млада и ми беше прв брак, не сум некое исплашено девојче кое нема каде па е спремно да ги трпи сите понижувања. Дека сум способна да се снајдам и ако мора да излезам низ таа врата, само што во тој случај таа може само да изгуби, не да добие.

    После тоа стварно се покажа жената дека се кае (дури еднаш низ солзи ми призна) и да бев некоја малку понаивна, ќе и' дозволев поголема близина, но не. На доброто возвраќав со добро, кога бевме сами дома, бев покрај неа кога беше болна, и' помагав (додека ќерка и' родена, која беше и главната шо ја наб'цка така да се понаша ... еј, нигде ја немаше, ни да се јави, ни да праша). Но сето тоа го правев затоа што заслужила, затоа што и таа трчала за мене кога сум била болна кога немало друг дома да го прави тоа, не затоа што сакав да ме засака или да имам некоја близина со неа. Кога ќе дојдеше мм дома, е тогаш јас си се посветував нему и не ги рецкав да им праам чест и муабети ни на свекор ни на свекрва. Учтива сум и услужлива, но ептен муабети со нив да се развржувам и да развивам близина - не. Нема потреба. Можеби зад грб викаат дека сум намќор, ама барем сега немаат храброст да се обидат да ме повредат.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.165
    Пол:
    Женски
    Ануле, свекрва ми свесна е која сум јас и колку вредам, затоа и она самата е таа која близината ја носи на дистанца. Мислам дека знаете, јас оваа година правам 10 години како живеам сама во Скопје, сите се свесни за мојата самостојност, дури и дечко ми, свесни се колку сум способна сама и што се сум направила сама, затоа и ми веруваат толку многу и толку многу се наклонети на мене, се разбира пак ќе споменам си постои дистанцата. Свекрва ми не заборава да спомене како сака да не остави сами и да не ни се меша, да си се тргнат настрана за да ни дадат место за развивање како млади, како нова фамилија, нешто како што вели Битерсвит, мојата свекрва си е прилично со модерни сфаќања и не сака да живееме заедно воопшто. Бидејќи дедо му на свршеникот е болен таа секоја вечер иде таму, и гледа секое слободно време да биде таму, да не остави сами, да не не замара, се труди колку може да ни отстапи место, саму да планираме се, ручек, со ручек и слично, често знае да каже, како се осеќаш така прави, како кога не сум тука така и кога сум тука, што знам тоа мене ми значи. Но сепак, ќе си стои таа мала доза на резерва, па јас си ја имам истата и со моите родители, со оглед на тоа што сум си прилично самостојна и немам некоја којзнае каква потреба од блискост, се трудам да си ја имам со сите дистанцата, освен со свршеникот. И што вика Теси, границите секој пат при рака ;)
     
    На danichap и tessie им се допаѓа ова.
  10. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    На немажените овде во темава сакам да им кажам прво скокни па речи ОП
     
    На Anyshka, midnight.flower, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    ^Се слагам за близината 100%. Затоа што колку повеќе пробував а сме блиски, толку повеќе се траскав јас лично од земја од нервирање. Вака, кога и требам, кога ми треба, што утре за ручек, или дали сармата во сабота или недела :D супер се слагаме. Нема веќе навреди, нема веќе гледање на страна, ништо! ниту пак седам и ќутам ако сме сами дома, ама не дозволувам некое енормно збижување. И на двете ни прија, околината (вереникот, свекор ми и золва ми) исто се суперзадоволни што не треба да фаќаат страни или пак да глумат ЦСИ кој прв почнал, вака раат невиден! :D И сама ми кажа, вика сватив дека ти си тука заради НЕГО а не заради мене.
     
    На Annath и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да го напишам истото, во улога на дрвен адвокат :rofl:
    Мислам дека нема потреба од толку хорор приказни само затоа што си се пофалила дека ти е добра свекрвата, доволно си возрасна за сама да процениш дали ти прави лице или не.
    Мене лично ме трогна сликата што ја имаше ставено од малиот знак на внимание од свекрвата за добредојде, се гледа дека од се срце го направила тоа :clap:
    Мала доза на резерва е во ред ама не сите свекрви се аповци :lol:
    Ти посакувам засекогаш да ти биде добро како сега што ти е :hug: :*
     
    На midnight.flower, lolyta777, Ariel и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Кога читам по темава, ич не размислувам на мојата свекрва.

    Син ми има 15 години, мал е сеуште, но искрено читајќи некои мислења, страв ме фаќа уште сега.
    Јас отидов од другата стана ;)
     
    На imelda, blagica1991 и Ariel им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    и јас и мојана сме никако ]:) она си живее во некој нејзин поранесев век а јас млада па си сакам да си живеам како сто треба.
    иЧ не сакам да се маЧам со тие ситници без врска али не иде..она мисли дека ако сум и невеста и сега може со мене да прави сто сака,пак јас како за нејзе да сум тука :D аха како да не...
    ах бре ни ком да ватам ни несто на тв да пустам ни да се облеЧам како сакам се да било по нејзино :tmi: ама ми оди на нерви :fubar: малце заостанат памет..
    а јас пак многу ја слусам си правам како сакам и стом е мојот сопруг на моја страна иЧ не ме брига за другото,само ме нервира со некои зборови без везе :x :x
     
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    А што се свекрвите ? Некоја посебна човечка раса :?: Обични жени како и ние . Некои фини некои помалку фини , едно да е јасно како свое дете не може да ве сакаат . Нормално е да имате различни сваќања за различни нешта , јас со мајка ми не се сложувам за многу работи па тоа не ја прави лоша.
    Научете да прифатете дека не секогаш сте во право , а и да сте во право секогаш ќе има некој што мисли различно . Малку толеранција и почит не е на одмет , сепак е мајка на вашиот сопруг :)
     
    На babybelle, AngelOfArh и imelda им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    ^ Како што и таа треба да ме почитува и да ми ги толерира мааните како избор на син и'. Или ние сме човечки суштества од понизок ранг? И ние сме луѓе како и тие и ние бараме почит и комфор како и тие. Затоа велам ОБОСТРАНО, никој не е од свила направен па да му се мислам дали да му возвратам со иста мера или не. Koга таа нема почит кон мене (пример), нека не очекува јас многу да ја есапам.

    Taa ќе има разбирање за мене затоа што минала низ моите години, јас ќе имам почит кон неа како повозрасна и поискусна и ете ти мир у кучи. За жал, повеќето не се нафаќаат на овој побезопасен чекор за сите, туку интересно им е со неискусни девојчиња да си играат Пепелашка и лошата маќеа. Секако има и безобразни снаи кои си го заслужуваат тоа.

    Ама факт е, ако не сакале родителиве да трпат снаа, требало на време да мислат на тоа, уште кога знаеле дека ќе имаат машко дете, да се стиснат малце и да створат едно собче макар во кое децава ќе бидат раат. Затоа што факт е, сега е многу потешко и поскапо чини да се дојде до кров над глава отколку ли во нивно време што било (особено пак ако дошле до социјален стан). Некој ќе рече ама после полнолетство немаат никаква обврска да го прават тоа. Епа уште помалце обврска има некој друг да им го рани и стамбено обезбеди синот, така? А ако треба да чека сам да створи во ова тешко време, па да се жени, ќе стигне до 50ката можда како ерген. И? Ќе има дете кое ќе го чува него а не обратно...

    Па уште кога ќе ги слушнам со моментите „ако не им се свиѓа, ете им ја вратата“ ми се крева коса на глава. Нека не се удираат во гради многу многу, затоа што и тие може да бидат еден ден на нечија милост и немилост. И после и да ме молат такви што ме избркале без трошка милост од своја куќа и јас нема да имам милост. Што ќе фрлиш зад себе, тоа ќе најдеш пред себе. Кога таа не ме третирала како човечко суштество со свои права и таа нека не го очекува истото.

    A инаку, да и' се плашам да и' посочам што ми пречи па да ја трпам како се изживува врз мене? Мислам ретко кој и за плата би се нафатил на тоа. Луѓе на работно место не ти трпат тоа во најголема безработица, а не пак (колку и да ги боли свекрвите фразава што следи) во своја куќа.
     
    На Anyshka, imelda, Palchica и 11 други им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски

    арно си имас кажано,и ние сакаме поЧит кога и тие го добиват од нас..
    али искрено не се сите исти како и снаите сто не се сите исти.
    пример-сната попуста и си ја врси својата работа низ куЧу и си молЧи оти ја зне својата свекрва каква е,а она само кажува и прави удри на самарот да Чуе магарето,а ако и одговори на тоа има да се воскрене една голема караница и затоа снаата продолжува да си молЧи затоа сто еднас кога и одговорила на тоа на добар наЧин(а замисли да и кажесе на груб наЧин :o леле тогас)се раскренала толкава караница и секогас сната виновна :!: не иде тоа така!..
    ако сната ја поЧитува треба и сната да добие исто поЧит од свекрвата,а не ако ја поЧитувас и каже е така е јас ке те кумандам тебе( демек сната е роборт :devil: како не)

    и за тоа најдобро кажа дека таа поминала низ моите години и снаа била,ако е вистинска мајка не треба да дозволи снаата да помине низ некои лоси работи низ кои поминала таа,туку треба да направи да ги помине сите моменти од младоста убаво со сите..

    па сепак млади сме и ние сакаме да живееме со насиот сопруг убаво на овие години :)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    Работата е што ретко кој сака да си поминеш во животов поубаво сем родителот. И да имала и да немала убав живот во заедница, свекрвата во најголем број случаи не сака снаата да си помине поубаво од неа (а има и ретки случаи кои укажуваат на спротивното)

    Ако не на младост - кога? Еве една приказна, баш поврзана со тоа што го велиш.

    Маж и жена стапуваат во брак на млади години. Женава убава, млада, скромна, од куќен праг не подизлезена. Мажов само што почнува со убава работа, висока плата, деловни контакти. Живеат во заедница, се' убаво, ама свекрвиштето олицетворение на ѓаволот. И сега девојчево младо, сака да прошета, да живее, да се дотера, но наместо тоа ја презема дотогашната улога на свекрвата дома и си ќути. Додека немаат деца, мажов оди на приеми, вечери и сл. женава сака и таа да дојде со него, свекрвата го б'цка „остави, шо мора да доаѓа, треба да контактираш со разни луѓе, ова она, нејзиното место и' е дома, ти не си од мерак таму, заради работата си таму.“

    Кога им се родил првиот син, можете да замислите што се дешава, уште толку (под диригентската палка на свекрвата нормално) снаата се затвора дома, а мажов си ужива сам си излегува, а мајка му го поддржува („ако сине, млад си“). А женава ај на работа работење, ај дома пошо свекрва и' изиграва леди некоја (а млада станала свекрва и плус здрава, значи стварно срамота и греота), ај со детето више и да сакала, немала снага да оди било каде. Им се раѓа уште еден син. Ропството продолжува. И покрај тоа што веќе имаат средства да живеат одделени, свекрвата со нејзините солзи ги разубедува да останат покрај неа. Пекол!

    Веќе малку поискуснава снаа сака да се разведе, ама паника ја фаќа тоа што веќе имаат две деца во бракот и заеднички капитал. Како дотогаш трпела, ќе трпи и сега. Кога потпораснуваат децата, со парите со кои планирале да се одделат купувајќи еден комфорен фамилијарен стан, им купуваат станови на децата (и тоа на инсистирање на снаата, очекувано нели, таа најубаво видела што значи живот во заедница во полошо сценарио).

    Децата завршуваат факултет, се одделуваат од родителите, живеат во своите станови (инаку сега и двајцата женети со оформени семејства). Свекрвата умира. И дури тогаш на нашиот зетко му текнува дека има жена покрај која треба да биде. Ја тера да одат по одмори, ваму-таму, излети, вечери, ама таа му вика „Сега ти текна? Кога бев млада и здрава можевме сегде да одиме. Веќе не сум за зимување-коските ме болат, не сум ни за летување, немам веќе крвни садови какви што имав на 20 години за да можам да поднесам толкава жештина, едино во манастир или некаде на планина да одиме и тоа на лето.“
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Секакви ги има....Фала богу што јас имам многу фина свекрва и грев е да се пожалам..Секој совет од неа ми е добронамерен...Многу придонесува и тоа што не живееме во заедница, но затоа работеле со свекор ми, створиле да им овозможат на синовиите да си живеат одвоено од нив...
    Најбитно и е децата да и се среќни и да живеат убаво, многу поубаво од неа и тоа го зборува постојано...
    Но знам дека сите не се такви...И сепак сметак дека најбитна е подршката од сопругот...
     
  20. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    ау ја мразам бе... тоа да несакаат да си поминеш поубаво од нив,некако се од корист ко да гледаат,аи криво им е што синчињата нас повеќе не сакаат :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.