Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Можеби ќе преќутам кога коментираат дали е облечено или не,МОЖЕБИ!
    Ама те молам не и преќутувај кога му дава храна без да ти каже и отпосле дознаваш!
    Развикај се праи што ќе праиш, не може така не дај боже нешто алергично па по болници,ќе ти преќути од страв ти ќе го кркаш.
    Без разлика дали ги чуваат или не, мајката кажува што смее , а што не смее да јаде.
    Си играат опасно вака, познавајќи се сама не дај боже да му даде нешто па да ми крие и да му се деси нешто, леле јас гад сум ќе ја "акнам од земја"(не буквално де),алал да ви е како преќутувате.
     
    Последна измена: 1 март 2021
    На CurlyBlossomGirl, 1209, Snowflake97 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    22.623
    Пол:
    Женски
    Абе тулумба сакаше да и даде на 5 месеци да лизнела боже господе.
    Викам не, ќе лизне кога ќе дојде време.
    Греота е, не е, не знае што е тоа тулумба зошто да е греота. Тоа уште само млеко цица, зошто е греота тулумба ако не проба.
    И да треба на голема да ја праиме секој пат кога ќе направат нешто што не треба.
    Еднаш бевме и она тогаш ни кажа дека предходниот ден и било лошо повраќала и викале брза помош, па да му се плукнам не е зорт да дојдеме. И секако дете после некој ден повраќање..
    Е тогаш мислам пресеков и не ќутам веќе.
    3 месеци ја немаа видено за пандемијата.
    Абе да не е свекор ми.. не знам.
    Со кола ќе ја зеле баба ќе си ја држела.
    Нема у седиште крај. Среќа свекор ми па вика, абе само во седиште што има у раце коа си има место.
    Да мораш да кажуваш на секое правила.
    Порано викаше баба ќе си ја чува мама ќе работи, сега коа виде дека сум упорна со градинка, вика ако градинка е за дете не е дете за со стари.
     
    На CurlyBlossomGirl, Осе, Bicka77 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.884
    Маж ми знае во последно време да ме одбрани за храна бидејќи го земав со мене на педијатар и намерно отворив тема, докторот му објасни за храната и за тоа дека дете не се разболува од ладно. И исто и сам си најде на интернет си читаше дека навистина е опасно за јадење да се дава јаки алергени на толку мало дете. Првичниот став му беше дека ако детето е алергично кога тогаш ако проба нешто такво ќе знаеме. Ама докторот убаво му објасни дека сега се многу мали и затоа јаките алергени се даваат подоцна кога ќе порасне и ќе биде поотпорно да се справи со алергија. За тие две работи не се караме и ако и укажам нешто на госпоѓа свекрва, ама за друго не .. Она ни помагала, друг никој сме немале требало малку лице да и правам, таков карактер била, не сакал да се карам со неа и да го брукам дома кога пак ќе ни затребала таа.
    Немам мајка.. Да имав мајка немаше да преминува толку граници. На почеток јас добро терав, ја пресекував и директива се и кажував во лице. Потоа кога виде дека немам грб, моите не се луѓе кои се мешаат, маж ми ја брани бидејќи помага фиансиски и го чува си зеде сила и направи збрки и моите веќе и на гости не доаѓаат, дете не смеам да им носам ќе се лути, она дома ми била јас на други ќе сум го носела. А после тоа следи муабетот она била само. На друг немало на кого да го оставаме, она најмногу помагала. А искрено не го оставам по многу. Еден саат во денот ако успеам да ја фатам расположена да го земе па да одам да вежбам, а тоа и не е секој ден. Ако морам негде да излезам пак набрзинка го оставам. Не ми го чува по цели денови. Ниту пак ми го чува за услуга да ми прави, едноставно ја проценив. Го чува зашто и е мило, го сака , прво внуче и бонус со тоа што повремено го чува си добива право да се меша во сите работи.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Ако не и ребро нека и даде да глода големо е дете боже сачувај.

    Јас среќа што се одселив па не ми доаѓа до сега 3 пати само има дојдено али тоа е по заслуга и никогаш не ја викам ако сака да дојде добро ама тоа да е максимум еднаш месечно тоа е според заслуга :D лошо е во заедница кога живееш, мене коса ми обеле од нив затоа сега со рестрикции се и да нормално одма се понудија ама ние ете ќе го земаме од градинка ти не се секирај одговорт беше само нема потреба има кој да си го земе и толку од муабетот:D Една работа само да знаете пресекувајте од страт зошто после тоа на секое попуштање вие нервози ќе си имате, а кога ќе ви прекипе и ќе се развикате најлоши на цел свет ќе бидете затоа бидете лоши од старт :D
     
    На CurlyBlossomGirl, Осе, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Изгледа сите од породилни приказни директно на оваа тема се префрлаат прво, па потоа на доење, грчеви...:D:D
    Јас не знам со тоа прво внуче и ајдее, мора они да се во центарот. Како на нас да не ни е прво дете, како да се родени за да бидат они среќни, за да имат занимација, за да се опседнат со нив...Веќе тебе никој не те прашува како си, ти треба ли нешто... и свекрва ми викаше леле ми фали уште една година стаж и после дома ќе седам внуци ќе чувам ( тоа и пред бремена да бидам) . Аа викам ќе си идат во градинка. И и викам таму каде што ги чуват повеќе души ( баби, дедовци) децата се покигави, оти не почитуваат авторитет. Што ќе почитуваат, јас ќе му се скарам они ќе се вмешат. И кажувала во работата дека ќе сум била строг родител јас. Здравје само ќе има да ми кинат живци бабите.
     
    На 1209, Осе, Bicka77 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Ти си грбот. И моите не доаѓаат моите битки да ги водат. Ќе згазам и свекрва и маж и било кој што ќе ми стапне на нерв за детето, па и развод нека биде последица. Не ме интересира. Греота било за чоколадо, за сол, за бисквити, за медче, море мрш таму. Оваа мојата многу арна мајка била, па сега уште подобра баба ќе ми глуми.
    Никогаш нема да и го оставам детето да ми го чува, абе никогаш. Не од друго, од недоверба. Не знае ниедна песничка, не си игра со него, само турски серии гледа и го заборава, само го држи во раце и го тресе, го препотува и плаче. И маж ми го знае ова и сам ме праша: 'На мајка ми никогаш не би го оставила нели?' Си знае, гледа и слуша.
    На моја среќа малиот бега од неа, па не морам да се објаснувам дека од други причини не и го давам.
    Е сега, за итни случаи мајка ми го има причувано кога маж ми не можел ама таа е педагог и многу добро знае како со деца, му пее, го игра, го заспива, му готви како што ќе и кажам и ме препрашува што и како ама таа си сфати уште на старт кога и одржав лекција и знае дека сум терсене за детето.
    Конкретно кога јадеме сите заедно, јас му спремам каша, го ставам во хранилка и сите јадат, јас го ранам. После другите го занимаваат, а јас јадам и знаат дека е најаден и завршил со јадење и никој не се осудува да му стави нешто во уста.
    Еднаш свеки се заеба да му бутне овчо сирење додека јас го ранам, си го доби и крај. Сега друг да му подаде нешто, она вика место мене. Ама пак си збори како треба да го чувам :?:
     
    На 1209, mal.ecka, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Како дозволувате на детето да му дадат нешто што не смее? Колку што се криви тие, толку сте криви и ввие што не сте им дале до знаење дека не смеат да се мешаат со тие старински работи. Мене не смее никој друг, освен доктор да ми се замеша за јадење, ниту пак совети да ми дели. И маж кога треба да му дава да јаде, ме прашува мене што да му даде, колку да му даде и како да го зготви, а не пa некој друг и ми вика не ти се мешам ти си го тераш редот. А не па свекрва, мајка или било кој друг. Јас и кога сме иделе на гости си одам со направено јадење за детето или пa сега дека е поголем им кажувам што да му направат, тоа на бабите и до сега никој не се ни замешал, а и ме прашуваат дали смее да му дадат нешто.
     
    На Luna91, Bicka77, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.884
    И јас сум против сето тоа што наброја за бисквити,чоколади и сол. Ама не е исто. Вие живеете сами. Ние во заедница. Она самата без да и побарам му прави кашички. Се случува да го оставам 5 минути и да и кажам чувај го додека да спремам кашичка и она да го нахрани додека да ја донесам кашичката, греота барало кисело млеко, малку лебче му дала најаден бил, да била кашичката за подоцна. Маж ти викаш гледа, мојот не гледа. На работа е во разни смени и кога си доаѓа спие, буден е само неколку часа. Имам пробано и на него да му го оставам на 1-2 часа, кога се враќам гледам на свекрвата го тупнал. Го тупнал бидејќи плачел, досадно му било и не знаел што да му прави. Знае да го чува само кога е бебето расположено и си игра. А тоа кај бебето трае 30-40 минути, потоа сака друштво и некој да си игра со него.
    За кашичките ми вика јас да сум и кажела на свекрвата да не му дава одредени работи, ама проблемот е кога не гледам. Ете вчера свекорот јадеше кисели краставички од тегла, малиот упорно се вртеше околу него и сакаше да проба, свекрвата зема една краставичка да му даде да пробал. Јас остро реков НЕ, ама машко било, ќе му бидело нешто, да лижнел само не морало да гризне. Се изнервирав, го земав детето и се качив горе, не дозволив да му даде, ама проблем е кога не гледам што му дава. Она намерно тоа скришно го прави и не кажува, после одредено време знае да се пофали дека дала нешто што е алерген, па ете немало алергија, и држи предавања дека во нивно време се им давале, сега секакви табели за исхрана правеле, тоа било безвезе, бебињата требало од се да пробаат за да јадат понатаму и да не избираат храна, а плус она само здраво го хранела така му билдала имунитет. Културно и објаснувам дека баш ако проба се ќе почне да избира, нормално дека кашичка со сол ќе му биде повкусна од зеленчук кој е свеж, нормално дека повеќе ќе сака чоколади и бисквити наместо овошје. П она на тоа ми вика немало врска, она и пица имала му дадено, па ете не барал пица секој ден ...

    За чување кога и го оставам тоа го правам затоа што морам. И секогаш кога го чува му го изместува редот. Го заспива сосила за да може серии да гледа на ТВ. Го облекува премногу и го препотува, го остава во дубак по саат време и штеди пелени, па после го бања порано бидејќи се помочал и цел бил мокар. Значи 1-2 саати време го оставам, кога ќе се вратам друго дете наоѓам, во тоа време она не сменила пелена, го хранела нешто пред планираното време за оброк, па јас се чудам зошто не јаде.. Ако го оставам накај 17 часот и се вратам наоѓам заспано бебе, а тогаш немаме дремка бидејќи ноќно спиење започнува во 21-22 часот за да ми преспие цела ноќ. И можеш да замислиш, во 18 го заспала сосила и она гледа серии, во 19ч јас нервозна зошто спие го будам гледам помочан цел, ајде што ќе го соблекуваш во 20ч нели го бањаме, ај веднаш да го избањаме, и ќе го бањаме порано од обично и цел ред се изместува, заспива покасно, утрото станува порано бидејќи е гладен, а не е наспан и два дена следи прилагодување на ред кој сме го правеле доолго време а она го изместила во тие 2 часа чување.
     
    На Осе и thelittle17 им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Уф, ме заболе главата само што прочитав. Ти девојко си многу мирна. Не знам кои обврски ги имаш, да не се правам сега паметна и силна ама ако е за вежбање нема да и го оставам. Ќе вежбам дома додека спие, ма нема ни да вежбам ако треба, ќе бидам дебела уште 2 години ама таа цена да ја плаќам :shake:
    Како ли си издржала досега, како ќе издржуваш понатака, оф леле.
    Пак доаѓаме на почетокот дека маж ти е крив. Се гледа дека ќе се предадеш и ќе кренеш раце, малиот ќе ти порасне и вака и така, и со краставички, со мед, со бисквити ама ти немаш авторитет и можеш понатака да паднеш во очите на детето. Што ќе правиш за воспитување, за пишување домашна, за однесување? Мораш подобра организација да направиш, кашата да биде спремна кога ќе стане од спиење, бањањето сама или со маж кога таа не е дома, значи цела промена да направиш и таа да излезе од приказната. На секоја нејзина непослушност да ја 'казнуваш' со тоа што ќе си го прибереш детето. Ако имаш обврски почни да размислуваш за градинка доколку сметаш дека таа не го чува како што сакаш.
    Мораш да викнеш, мораш да си го кажеш твоето. Не е важно маж ти како ќе изреагира, не се плаши од негова реакција. Не може на сметка на детето да го зачуваш бракот. Ако тој ти рекол дека само поради детето е со тебе, тогаш нека биде детето на прво место.
    Најтопол совет, преземи нешто додека детето уште не разбира.
     
    На CurlyBlossomGirl, happygirl, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.884
    Од време на време вежбам, од скоро почнав да работам од дома, но тоа не е секој ден, само кога има работа, и тоа ми одзема 2-3 часа. Си бирам сама кога ќе работам, само до одредено време треба да завршам. Работам кога малиот спие ноќе или дење додека е заигран. Вежбањето во последно време ми е запоставено затоа што треба да ја молам да го чува, а и заради редот што ми го меша. И кога е кај неа детето некогаш сама го бара цел ден немала го видено можам да одам да вежбам, ама останувам и јас во дневна за да внимавам. Знам дека ми е глупа ситуацијата. Од септември имам во план градинка, а и маж ми ќе почне со нова работа наскоро, па мислам дека ќе се претрпат промени. Целосно да ја исклучам сакам, ама не можам. Моментално финансиски сме за никаде, со кредит.. Сто пати сум му рекла на маж ми да почнеме посебно, јас за нас да готвам и да не слушам цело време дека сум била како кралица, ручекот бил на маса а јас се симнувам само да јадам.. И он ми вика е што ти фали нека готви она, ем пари ќе заштедиме ем обврска помалку, а време повеќе.. Да може така е, ама далеку сум од кралица која се симнува за да јаде. Затоа што свекрва прави еден ручек и низ нос ни го вади оти цел ден на шпорет била и не знам колку пари коштало месо за 6 души да спрема. И со тоа нејзино помагање она си зема за право да ни кажува како било подобро.Јас знам да готвам и прифаќам обврска, ама ете финансискиот дел го мачи маж ми.

    Еднаш и отворив тема на свекрвица, за тоа @0ли што го имаше пишано во една тема, дека ако свекрва/мајка или било кој се меша за чорапи,јадење и било што нема почит кон мајката на бебето. И она на тоа бурно ми одговори дека чим и го оставам она ќе правела како таа мисли дека е најдобро и затоа што доброто му го мисли на бебето. Ми вика ако не ми го оставаш нема да ми пречи што слабо е облечен, ако не гледам што јаде нема да викам дека треба друго да јаде. Штом сум вклучена ќе си кажам свое и ќе си правам по свое. Тоа немало врска со почит, тоа била љубов кон бебето и гледање за доброто негово.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Која се храна не смее да се дава, зошто и до кога?
     
    На mal.ecka и thelittle17 им се допаѓа ова.
  12. MenjamZenu

    MenjamZenu Нов член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    И јас со баба ми имам проблем. За баби и зетовци има тема?
    Јас домазет сум, и викам на жена ми да се преселиме. Не, не и не.
    Убаво и било кај мамичка. Не може мамиччка сама да ја остави. А мамичка по цел ден кај нас, без разлика посебен спрат што си имаме. Седи, лежи во дневна, ни гости да ти дојдат ни ништо. Ни дома да не можеш да се понашаш како дома.
    Децата се гледаат како таа каже, алишта се перат кога таа каже. Ручек се прави што и се јаде на мамичка. Се само по мамичка.
    "Мама знае најдобро, гледаш мене како ме одгледала? Штом си ме избрал значи убаво знае мама."
    И ништо, заќутам за мир во куќа, ама трпи - трпи, не се дотрпува.
     
    На CurlyBlossomGirl, Осе, Tamsy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Земи гол шетај по дома па ако и е убаво нека гледа :) крај краева викни ја и мајка ти кај вас нека поседи па да видиш жена ти како ќе реагира :)
     
    На CurlyBlossomGirl, Martka, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel одиш на работа? колкаво ти е бебето? за колку време ќе тргнеш?
    извини вака што прашувам... да не читам стари постови..
    Зошто се чуствуваш незаштитена? од твоите? па твоите за тебе неможат да се борат? а таа аждајата нема да ти може ништо доколку ти си со маж ти ок..работи на тоа поле, не и давај толку простор на свекрва ти да владее со твојот живот...
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.957
    Допаѓања:
    187.374
    До 3 години а нешто и до подоцна. Зошто му се потребни смоки на бебе?
    Ти за свекрва се спремаш?:D
     
    На happygirl, 1209, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Убаво ти пишаа, шетај по гаќи...боже значи исто е, дали свекрва или баба..

    Додека папочната врвца на децата не е пресечена кога ќе се одомат никој мир нема да има..а родителите се виновни секогаш...
     
    На CurlyBlossomGirl, Осе, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    За мед и киви зборуваа погоре.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    И киселите краставици да не ги заборавиме на едно дете му требаат кисели краставички во животот, после година за медот а за кивите нека кажат кој знае :) . Цел живот ќе јадат чоколади,кисело,љуто па и солено. Старите не сваќаат дека што помалку сол поубаво за бубрезите не се оптеретуваат али на кого да објасниш :)
     
    На 1209, mal.ecka, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.957
    Допаѓања:
    187.374
    Тие до година или 2, ама не е само тоа. Не можеш мало дете да раниш со гулаш, кисели краставици и пача на пример, пошто ,,да не му паднело,, или греота било. Тулумби некој спомна(facepalm) Со разбирачката е проблем, не поминува тоа ни за година, ни за 3, ни за 5:shake:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Зошто не?
    Што им фали на киселите краставици и гулашот?
    Варено телешко месо со сос е гулаш.
     
    На Stressed Out и FVP им се допаѓа ова.