Пачата се прави од коски. Еве бенефити од коскена срж: What are the 7 main health benefits of bone broth? Source of beneficial amino acids. ... Good for digestion and gut health. ... May support immune function. ... Supports the production of anti-ageing molecules. ... May support weight loss. ... May support joint health. ... Might help you to get to sleep.
Најискрено, жал ми паѓа кога те читам, ич не ти е лесно со вакво тепило Ако му мисли добро на детето, ќе внимава малку повеќе што му дава. Ќе правела по свое бе... По свое со синот свој може да прави, не и со син што не е нејзин. И има врска со почитта, не те почитува и тоа што ти го сакаш за своето дете. Не може таа подобро да му мисли од тебе. Бре што жениште ќе беше. И сега читам, не знам дали сфатив убаво. Мажот ти ти рече дека со тебе е само поради детето?
http://www.femina.mk/новости/животн...т-на-мајка-која-преживела-ботулизам-како-бебе А киселите краставици мене киселини ме тепаат не па на детед а дадам помало од годинка мислам дека и лимунова киселост ставаат во тоа, а цитрусни се даваат после година
Знам стрико му од маж ми на внукот негов немаше уште година полна му даваше ракија да лизне. Снаата ништо не викаше, кога ја гледам пукаше значи во себе, ама не смееше ништо да каже. Кај мене нема, јас би рекла одма и би му го зела од раце. Ракија ејј!
Тебе те јадат киселини оти имаш проблем со желудникот. Здрав жекудник, нема мака од кисели краставици. А Ботулизмот е ризик од зараза со бактерија, која се наоѓа во земја. Технички и надвор да фаќа земја, може да заврши исто... не дај Боже.. Можеби сте во право, не викам не, ама објаснете ми 'Зошто?'
Мед се дава после 1 година. Не поради алергеност, туку може да предизвика ботулизам. Киви се даваат после 10 месеци. Некои препораки велат исто после година, оти едни од појаките алергени овошки се.
@Fallen.Angel а зошто уопште и го оставаш неа? Симнувај се само за јадење и пак со детето горе. У врска со тоа дека само она готвела и скапо било месото за 6 души, кој и е крив? Речи и преубаво беше алал да ти е, за утре што ти е планот, и нека се нервира уште повеќе. Неа ако и смета готвењето, ќе ве седне со син и, и ќе ви каже дека и е терет и трошок да готви за толку луѓе. Паа белким маж ти така ќе се оддели од мамичка.
Знаев за јаготки, не знаев за киви... Ботулизмот е бактериска инфекција. Бактеријата се наоѓа и во земја. Деца кои фаќаат/си играат со земја, исто ризикуваат да се разболат од Ботулизам.
Вајлд, на дете можеш да му дадеш да проба се на одредена возраст. Се почнува со полесна храна и како расне му воведуваш чекор по чекор и потешка храна. Нема потреба на бебе што се мачело со грчеви до 4 месеци, да му дадеш грав на 6 месеци. Секој организам е различен. Секако дека на тоа дете ќе му дадеш и мед, чоколадо, толумба ама не на 7-8 месеци. Јаките алергени се даваат покасно за да може организмот да ги помине полесно. Може ќе покаже алергија, може не ама како ќе знаеш? Замисли алергија на кикирики да покаже? Друго ќе биде на 6, а друго на 15 месеци. Си има време за се. Сол на пример, не се дава до година зашто бубрезите не можат да ја преработат. После година треба да се дава. Гулаш секако дека може да јаде ама подготвен за бебе, не од тој со зачини што јадат возрасните. Секоја храна барем до година треба да биде адаптирана за бебе. Затоа реков бебето ќе порасне секако и со таква храна, но кога ќе се покажат евентуалните последици? Свекрва ми стално вика маж ми така го израснала од 3 месеци цврста храна, јадел тоа што јаделе тие, па што му фали? Што му фали??? Жолчка на пример нема, камен 3цм има во бубрег. Се е до храната. Ми се потсмева и дека купувам органско. Зошто? Мојата идна снаа вака да го чува моето идно внуче јас ќе бидам пресреќна и горда. Крај краева, не му правам ништо лошо, напротив. Единствениот проблем е дека не е таа главната во куќа, друго не можам да разберам што е.
До годината е специфично. Алергените, исто. Сите тоа го знаеме. Ама и не зачинуваат сите исто. Може дете кое јаде каши, да јаде каши кои се од манџата. На пример, на манџи никакви запршки не правам, никогаш. Ловоров лист и малку сол (не јадам солено скоро ич, па блуткави ми се манџите), не се 'крај на светот'. Зошто купуваш 'органско'? Нема здрава храна на планетава, оти нема здрава почва, здрава вода, ни здрав воздух.
Киви и јагоди чинам во иста група беа по алергеност. Ама до 1 година никој не пушта дете надвор на земја. Околу една година проодуваат, па обично е тој период кога надвор почнуваат да се запознаваат со природата. Поодело-паднало. Не е исто 6 месечно бебе и 1+ годишен тодлер.
Па ако нема зачини манџата од која јадат возрасните ок ама јас не можам да знам конкретно за членката. Ние дома јадеме зачинета храна, најчесто не се здрави варијанти, па за малиот спремам посебно. Јасно ми е дека нема секаде чиста почва и вода, но барем ќе ги избегнам пестицидите. Органска храна од продавница ми е втора опција, секогаш гледам да најдам домашно. Зошто, мислам дека нема потреба да објаснувам.
Вајлд. Некои многу паметни луѓе седнале и ги напишале табелите за исхрана. Очигледно ризикот од мед е поголем. По 10 месец бебето се префрла на исхраната на возрасните со тоа што се прилагодува на потребата на бебето. Високи алергени, овошја и јаткасти плодови продолжуваат да се даваат според табели. Ако има историја на алергии во семејството тогаш дури и подоцна.
Ама не разбирам зошто релативизирање. Сум решила мое дете да јаде свежо овошје и зеленчук, печено не пржено, да пие вода не струмка. Значи мое дете, мои одлуки. Зошто дури јас му спремам кашичка, да го нахрани свекрва/мајка со тоа што нашла на масата? За непочитување станува збор. Мене двете ми префрлаа- зошто секој оброк сум го спремала посебно. Зошто не сум му дала од ручекот, за вечера. Зошто мешање во штипки? Знаеш како прави манџа свеки - со 2 запршки. Мене ми е тешко после од тоа јадење. Затоа за дете спремам јас. Крај на муабетот.
Разбирам и оправдувам претпазливост и одговорност, конзумеристички driven пракси, не оправдувам. Епа чим е 'Мое дете, мои одлуки', исто важи за било која мајка, нели? И проблем е кога некој/а прави нешто, оти чула дека 'така треба', ама појма нема зошто 'така треба'.