Затоа што беше спомнат во постовите наназад. Едит: Медот не е алерген, бактериите во него се проблем, оти е raw food. Пчелите не се мијат раце.
Го прескокна непочитувањето. И ги заборави педијатарските препораки За храна на дете праиме муабет- како свежа краставица е конзумеризам, кисела не е?
Па да де. Тоа и јас ти пишав во првото мислење. Патем, секоја потешка храна од оваа или онаа причина, не мора под дифолт да значи алерген, се остава за понатака, кога организмот се смета дека се развил доволно да би можел да ја преработи и полесно да се избори во случај на реакција од истата.
Вајд оди оваа дебата со педијатри прави ја и објасни им. Ако кажале докторите дека не се дава, значи дека не се дава и има зошто. Наука е во позадина. Исто како да поставиш прашање зошто не се дава антибиотик кај вирусна инфекција. Скоро секоја тегла мед е контаминирана со спори (неактивна форма) од бактеријава кои кај во кај бебе под една година можат да се активираат заради недоволна киселост на желудочниот сок и сеуште неразвиен имун систем. И да се излачи токсинот. Затоа бебиња под 1 година ниту треба да се играат во земја, ниту да им се дава мед. За останата храна зошто не се дава под одредена возраст можам да ти посочам литература па да си прочиташ, оти доволно офф топик отидовме.
Само ќе кажам дека дека overprotecting не помага. Да не бидиш стока и да му дајш да руча чоколадо од 100 грама, или да јади земја од кај кантите за ѓубре (ко брат ми што правеше) ама пазење на секое залаче, дезинфицирање на сите површини, прави неспособни имунолошки системи.
Абе чувајте си ги сами децата, или пак, платете луѓе кои за пари ќе ве слушаат се' што ќе им речите. Кога некој ти прави услуга, нема што да се буниш.
А што е па толку страшно да се гледа детето како што сака мајката? Таа така сака, така нека прифати. Нека си ужива во радоста со внучето, нека го гушка, игра, да му се радува, а не да се партали дека таа го чува па затоа ќе го храни (на пример) како што таа си сака.
Не е така. Ако не може да го чува по правила на мајката, тогаш не треба ни да се нафати. Одење против зборот на мајката е опасно од повеќе аспекти, здравје кога е храна, дисциплина и воспитување итн.
А зошто е толку тешко наводно најблискиот во фамилија да ти ги почитува одлуките? Сите баби-анти конзумеристи, да не останат не изедени корнишоните...и тулумбите
Значи ако ми прави услуга, треба низ нос да ми го вади истото? Се слушаш ли што зборуваш? Баба е да му ебам мајката. Ако речам не мед нема мед, ако речам не тулумба нема тулумба. Таа треба само да ја причува, членката сама прави кашички. Во ред сфативме. Откако изедуцира по сите теми на форумов, дојде и да кажуваш дека кисела краставичка е супер кул храна за бебе, а брокула е консумеризам. Ок. Педијатријата да се прогласи за умрено.
Услуга е луѓе. Не знам што очекувате? Глупости. Никаде не реков такво нешто. Ти како разбираш, не е мој проблем.
Услуга: Да ти го чува. Не се нервирајте толку Ништо нема да им биде. И мене свекрва ми ми ја чуваше, еден период иако бев дома, по 9 часа на ден кај нејзе беше (кога се враќав на антидепресивите). Ви го разбирам револтот, ви ја разбирам грижата, исто ми беше и мене. Ама да знаете, дека се' ќе биде во ред. Си имате здрави-прави деца и такви ќе останат, и покрај своеволноста на бабите.
Значи сите свекрви знаат се неможе сега вие "штотуку испилени" ( така викаше свекрвиштено) да знаете повеќе па они деца изгледале и знаат... дури и за внучињата знаат повеќе од вас па баби ли се што се...Како не сфативте до сега дека " Сите луѓе учат додека се живи, само свекрва знае се" Да си го запамтите ова како оче наш..
И мене сврекрва ми не ми се обраќа,иди горе си зборува со малиот и си заминува.Најмногу ме нервира кога ќе му речи на син ми "мама не те слуша? Не е умна? Ах таја мама твоја ќе ја караме." Или ко ќе речи "мама не ти дава да цицаш?Гладен си." Од такт ме вади жената.И џабе ќе се повторувам изгледа сите се исти,уште од сега планира што ќе му давала на син ми да јаде а бебето 3 месеци има.И најинтересна ми е кога ќе се качи горе кај мене влегува и "абе што правите вие" или "абе кај сте вие срциња мали",а кога ќе слезиме ние кај неа долу се понаша како да не постојам.И уште полно вакви работи. Зела на мм гаќи му купила, оти палтото не му било испеглано,кај сум му го чувала што било толку изџвакано,е така вчера ми рече пред сите.Демек сакаше да кажи син ми дури беше кај мене секогаш пеглан одеше.Остај то,пеглано беше ама како што седел в кола се изгужвало,боже господe само некои маани да се најдувале.
Ноуп. Услуга е да ти го чува како ти што сакаш. Ако тера по нејзино не е услуга, идиотизам е. Услуга е да ја причуваш со кашичките што јас ќе ти ги дадам, ако напраиш твои е се само не услуга. И не, погрешна исхрана доведува до многу болести понатака низ животот. Така што нема да пораснат здрави ако се хранат погрешно. А за бебе во развој е многу битно да се храни правилно.
Бебето е 9 месеци. Не работам, студирам. Меѓутоа најдов работа од дома минатиот месец. Не е захтевна. Си работам кога сакам и колку сакам само имам рок до кога да завршам. Не ме плаќаат којзнае колку но во ред е. Земам стипендија, земам и пензија од починат родител. Не сум многу утепана финансиски, но не ми стасуваат за лускузи. Пример кога би требала да готвам дома и да купувам намирници парите нема да ми бидат доволни. Бебе имам од 9 месеци. Најверојатно ќе почнам со работа летово, ама не редовно, како на повик. Од септември разгледувам опција за градинка. Од моите не барам заштита, само спомнав дека се такви луѓе, ниту ми се мешаат ниту сакаат да ми кажуваат што и како да правам. Свекрвата се меша и не ги сака моите, кога доаѓаат ептен незгодно е, надвор седат оти корона имало, а фамилијата на јатрвата ги пречекува како почесни гости. На маж ми му спомнала дека јас сум била од еби ветар фамилија. Знам зошто, смета дека моите не ја почитувале. Не е тоа, туку не се лицемерни, ќе дојдат и не зборуваат многу, тоа се карактери, си кажуваат колку мислат дека треба додека другите сватови се тешки лицемери искрено ми се повраќа од муабетите, ги возвишуваат стариве како богови да се. Не сакам да ме заштитуваат моите, туку едноставно кажувам дека дури и на гости не доаѓаат бидејќи не се осеќаат пожелни, а свекрвата на маж ми му викала еве не идат зашто се диви, јас и кажав зошто не идат, на мене ништо не ми вика, демек нема веза нека доаѓаат, а на маж ми му кажала дека она е повредена и навредена од моите и затоа така на дистанца стоела. Со маж ми никогаш се немаме карано за проблеми меѓу нас. Постојано расправиите вртат околу тоа истото. Татко ми каков бил, татко ми што направил, јас цел ден сум му досадувала за мајка му што ми кажала, што направила. Мајка му единствена ни помагала, а јас мани сум наоѓала и само сум ги напаѓала сите околу, а мојата фамилија што во ништо не се мешале не ни помагале на никој начин ниту пак со нешто заслужиле почит. И се околу тоа се расправаме. Мајка му ќе ме испровоцира јас ќе и кажев нешто ајде ќе ме пренесе и расправија. Потоа обрнав страната, не и кажував ништо на провокациите и од што не можев да ја издржам нервозата ќе му кажев на маж ми и он ќе се скара со мене сум ширела негативна енергија и сум напнувала. Сега пак имам друг пристап, ниту на провокации одговарам, ниту на маж ми се жалам. И ПАК НЕ ОДИ!! Расположението ми е лошо и се гледа од километар и пак сум јас крива зошто морало да сум таква намуртена, зошто не сум била малку ведра, денот сум му го расипувала. Ако му кажам од што да се разведрам жити се? Ми одговара дека не планира живот со мене да си уништува само тмурни фаци да гледа. И така. Пишував и за пост породилна депресија дека ме фати но не наидов на разбирање од нигде. Срамота било на психијатар да одам, што ќе речеле толку кратко во брак јас сум полудела. И скришно завршив работа на психолог отидов неколку пати без да ме знаат. И никако да се справам не можам. Гледам дека се распаѓам, не се откажувам. Терам и трпам.