Па она неколку пати додека се жалеше и реков јас не бегам од обврската, ама маж ми не се согласува. И она е свесна дека ако се одделиме ќе нема надмоќ, она била командос цел живот на маж и два сина, свекрва немала дома и затоа нејзе сега не и се слуша туѓи наредби. Јас додуша не и давам наредби, кажувам како треба со него, ако не сака не мора каши да прави, ама она сакала мерак и било. И со тоа се нервирам. Јас сакам да сме посебно, затоа што си слушам муабети дека ако не била она за никаде ќе сме биле, маж ми гладен ќе останел а син ми ќе јадел сува храна само како мене, она здраво му готвела на него.
Гледај си го детето, гледај си се сама себе..развесели си ја душата со нешто поарна ќе си бидеш со маж ти..а за депресија, нешто он лине види некој психијатар да те пососветува...направи си сама свој меур во кој ќе се заштитиш со твоето дете, полека полека и маж ти ќе се приклучи..мој совет ти е на сите глупости со свкрва ти ама ич да не се грижиш..научи се со смешка да ти е, не ставај се при срце..нека командува колку сака....
Да, јас гледам дека е до почитта. Не само околу детето. За се нешто ми сугерира. Како се правело и што. Маж ми побара печурки да испржам ама долу во нејзината кујна, да не мирисало кај нас.. Дојде и ми се мешаше и во тоа, не вака не така, и дадов остар поглед и ми вика не дека не сум знаела, ама она имала повеќе искуство во кујна.Гледам што е почит кон снаа. Две сме. Кон јатрвата има друг однос. Внимава што ќе и каже, бира зборови да не ја навреди, знае дека од другиот син ќе си го добие, а не е само тоа причината има и други фактори за огромната почит кои не би сакала да ги пишам бидејќи ќе звучи како оговарање. Но зошто треба да постојат причини за почит да ми покаже?? Ете јас немам ни една причина да ја почитувам после се што ми направи, па пак и премолчувам и покажувам почит. А она без осет ќе ми кажува каков бил татко ми, малку пари дал, стрина ми била командант, баба ми и дедо ми биле чапарливи (не знам синоним за тој збор). Ме оговара со мајка и , па таа стара 80+ жена ќе ми ги повторува муабетите кога ќе и одиме на гости, па на син ми му вика кучка е мајкати. Имав пишано и за тоа. До почитта е.
Што кучка те вика??? Дете нема да види со очи тогаш. Леле какви клети женишта постојат... Маж ти што вика за ова?
Не свекрвата. Мајката нејзина. Има 80 и нешто години. Ќе го цитирам овде мислењето имав пишано поопширно како слушнав. Маж ми вика немало врска, баба му по старински така се изразувала не мислела лошо. Му кажав не е така, со баба му сум коректна, ретко се гледаме , не живее со нас и никогаш немало испади. Ама кога и да се видиме со баба му жената коментира за моите баба и дедо какви биле, пофалби кажува за јатрвата, од уста не ја вади, па каква мајка сум била не сум го причестувала детето, во црква не сме биле после крштевката. Уроци ми зборува и глупости и кога игнорирам ме коментира на маж ми, демек овие млади во ништо не веруваат, и пак со маж ми муабети зошто не сум одглумела и така кратки биле нашите посети кај баба му.
Прво пробај среди со го односот со мажот. Ти со него имаш проблем он нете цени а она тоа го гледа и си зима сила. Главниот проблем е маж ти. Он тебе индиректно те брка затоа она си дава сила.
Оф стара вештерка ич не ја рецкај тогаш... кога ќе коментира за твоите баба и дедо кажи и сите старите исти сте и батали ја..
Не можам да си го најдам мислењето. И го оставив бебето 2 мин за да спремам млекце. Се симнувам надолу и ја слушам му вика: "Мајкати кучка, кучка ниедна те остави тука сам со мене, јас сум стара не можам да те кренам. Кучка е мајкати. Сега ќе си дојде баба ти она најубаво те чува." Влегувам јас во тој момент и оваа старата се збрка, вика: "Еве му кажувам баба му кучката излезе од дома и на нас ни го остави, си се шета баба му он дома." Маж ми ништо на тоа не рече, демек старински муабети биле. Ама потоа сам виде како баба му ми ги коментира сите од фамилијата, а притоа нема ги запознато никогаш ниту на слика нема ги видено. И сам слушаше како баба му ми ја фали другата снашка колку била добра. И од тогаш немам отидено таму еве веќе 4-5 месеци. Маж ми завчера отиде сам, бабата сакала да го носиме ми малиот, ама маж ми и кажал дека јас не сакам да одам. И бабава информирана дека знам за кучка дека ме вика, и се правдала оти така кажала оти не сум му дала да цица на малиот сум го мачела, а маж ми и ги кажал и сите други работи, и она ништо не одговорила. Јас на тоа на маж ми му реков: "Браво, конечно си се свестил, следен пат кажи и на баба ти дека не и се лутам, едноставно не е крива жената што мајка ти ме оговара таму, нема баба ти за што да ме вика кучка мене, секогаш сум била фина, нема како да ги знае мојата фамилија ако не ги запознала, мајка ти е крива што многу зборува кога оди таму, не баба ти што ништо не видела со свои очи туку се и е пренесено и нормално за неа е точно тоа што го слушнала, не ја видела цела слика. Си ја слуша ќерка и што ја чува на старост." И тука изби караница меѓу нас, он мене ме одбранил, а јас никаде не сум го бранела него, наместо да им за'ржам на моите, јас сум им рекла ич и на гости да не идат туку јас ќе одам. И така се каравме многу таа вечер. И гледам не можам да видам што може да биде решение, а сепак сите да сме на исто место.
Ќе напишам сега една ситуација од поодамна, пред неколку месеци. Тогаш маж ми увиде некои работи без јас да му ги кажам, бидејќи кога јас кажував звучеше како да напаѓам или да правам сплетки. Еден ден морав да отидам за Скопје по документи. Отидов со свекорот. Маж ми утрото се врати од работа, беше трета смена. Се договори со мајка му, тој да го причува малиот до кај 10-11 па кога таа ќе се врати од работа она да го чува, а маж ми да легне да спие.И тргнав јас, маж ми 7 пати ми се јави дека малиот бил многу плачлив и разлигавен, што да му правел. И му кажав како да го смири, не успеал. Едвај после 20 минути успеал некако. Се вратила свекрвата од работа и он и кажал дека малиот е многу разлигавен и има некои барања кои порано ги немаше, сака лулање,масирање,шетање, спиење во раце итн. Порано навистина тоа не се случуваше, малиот сам заспиваше со цуцла. И вечерта пред да отидам и го кажав тоа на свекрвата дека многу го гали и после јас си имам проблем. И кога мм така и кажал она збеснала, се навредила, како можел така да и замери, она помагала, ни го чувала, му се радувала, тоа било бебе сакало милост. И маж ми тука збеснал и ѝ кажал : “Брее од еден муабет ти си се навредила а што да каже снаа ти што секој ден слуша од тебе се и сешто. И викашр лоша мајка, викаше дека ништо она не знае и таа не смееше да ти замери, ти упорно си тераше, а сега ние ако ти замериме одма си се навредила”. И свекрвата почнала да му пере мозок и да ме напаѓа дека јас сум го буцкала маж ми против неа, сум сакала расправии. Му кажала повеќе пати дека она се случувало и по цел ден да биде оставена со бебето и не знаела што да му прави и морала да го лула и да го успие за да може купатило да чисти. Кога го слушнал ММ тоа збеснал и и кажал дека е завршено, штом и е толку тешко веќе не и го оставаме. Тоа дете си има мајка и татко и ќе го чуваат. (ако читаше се што имам низ темите ќе знаеш дека она беше таа што ме тераше да пешачам за она да го чува, ми доаѓаше горе и од раце ми го земаше, не ме оставаше сама да гобањам да не го удавам итн.) ММ се качил горе со бебето и не и го давал. Кога почнало бебето да плаче свекрвата му се качила горе на мм и сакала да го земе, се извинувала, жал и било, да одел он да спие она ќе го земела, ама Мм од нервоза не и го дал и се и изнакажал. Имав му кажано на мм за една случка кога ја слушнав баба му како за мене рече дека сум кучка. На кратко ќе напишам. Баба му ни беше на гости цел ден, старите отидоа на работа, јас се спремав за кај татко ми. Малиот заспа долу во дневната и и кажав на бабата да го причува 2 минутки додека му јаспремам торбицата. И јас ја спремив и симнувајќи се по скалите ја слушнав. Му зборуваше на бебето : “Мајка ти кучка ниедна е, те остави сам тука, јас сумстара не можам да те кревам, кучканиедна е она. Ништо не знае. Сега ќе си дојде баба ти она најубаво те чува” Во тој момент влегов во собата и се преправав дека не сум слушнала. Да се вратам на расправијата меѓу мм и свекрвата. ММ исто и кажал и декапретерува. И кажал со овие зборови: “Ја виде неа мирна и и се качи на глава,ај да те видам на другата снаа зошто не и го правиш истото?” Па свекрвата нешто се правдала дека нема лоши намери, она ми помагала за мое добро правела се. Ја избркал ММ и си заклучил врата. Ме чекаше до 17 часот додека да се вратам и го чуваше цело време остана без сон. Ми кажа да не и го носам долу на мајка му ако немам потреба, и ако не ми се седи со неговите дека не морам. А јас седнував некогаш пиев кафе. Правев муабет ама не од кеиф туку за да држиме добри односи. И мене ми олесни тогаш, 2 дена не се симнав воопшто кај неа, по цел ден со бебето. Го бањавме со ММ, се сами. И после 2 дена свеки ми се качи горе со солзи и ми вика : “Ова е последен пат што ти доаѓам непоканета. Дојдов да ти кажам дека откако син ми ме избрка од тука нема веќе да доаѓам, а ти слободно можеш да доаѓаш долу, не чекај да те викам, ти не си гостинка туку сидомаќинка.” И јас само и кажав океј и си останав горе. Потоа ми пиша да сум се симнела кај неа на муабет. И ај отидов да видам. И ми вика: “Јас мислев дека ако сум скарана со него ти ќе доаѓаш, ама ти како едвај да сичекала, ме наведе да размислувам дека ти си го натерала да се кара со мене, а не знам зошто ме гледаш како непријател, јас сако сакам да ти помагам за да ти олеснам. ама нема проблем чим не сакаш добро. Ајде може кај твоите.. Може они повеќе ќе ти помогнат, ај да некажувам да не се караме оти натаму оди.” Јас секундарно се изнервирав и и реков дека нејзината помош ми е добредојдена ама дека она помагајќи многу си зема за право да се меша. И она вика: “ Добро ако сакаш не доаѓај, да се одделиме, снаоѓај се секогаш сама, може ќе станеш и поодговорна и повеќе ќе уживаш кога се ќе биде на твој грб. Тек тогаш ќе ти почнат караници со него.” Почна да ме обвинува: “ Имам чувство дека ти го натера да се кара со мене, ми кажа и за мајка ми дека ти рекла кучка, она сигурно тоа не мислела, ми кажанекои работи за другата снаа. Ако нека скарајте се со мене, ама осеќам ќе се скараат двајцата браќа следно.” Буквално ме обвини. Јас само и кажав дека месец ипол името немам и го спомнато бидејќи видов дека не вреди, мм не застанува на моја страна и си ја брани неа, видов дека само со него се карам, па затоа и прекинав да зборувам, си потиснувам во мене. И она почна:”Ајде кажи ми што е проблемот, ти не треба на него туку на мене да кажуваш, јас како на ќерка се обраќам кога ти кажувам нешто, некои работи да ти го кажеше мајка ти сигурно ќе и одвратеше, одврати ми и на мене.” И и кажав само:” Да да и после да се расправам со ММ за моето однесување кон тебе, ти го буцкаше него се сеќаваш?” И она запна: “Ама не е така, јас гледав само да ви угодам, ама не знам зошто ти мене не ме прифати уште од почеток не ме засака” Јас и реков: “ Во право си тука, не те прифатив. Што да прифатам кога јас со мм немав никакви проблеми претходно, откако почнаа сите да кажуваат,да се мешаат и да знаат се, тогаш ни почнаа расправиите” И еве ја изглуми жртва и ме проколна ЧИТАЈ ВНИМАТЕЛНО :”Јас тебе и другата снаа ве имам за ќерки, а вие не ме прифативте. Еве тиимаш син и ќе видиш дека машките не се поврзуваат до мајката, ќерката е таа која си ја гледа фамилијата. Ама теблагословувам, не те колнам туку Господ да те благослови со 5 машки деца и да ти биде тешко како на мене, да не осетиш љубов од ќерка, да ја бараш во снаите и да не ја најдеш исто како мене. Не те колнам, те благословувам децата се благослов. И тука нешто пак она ми кажуваше дека немала лоши намери, ама јас ако сум немала мајка сум требала накај неа да се свртам а не накај некој друг таму што не ми го мисли доброто(не спомена име ама беше наменето за стрина ми). Во муабетот на моменти беше присутен и ММ бидејќи имаше работа надвор, кога влегуваше слушаше и еднаш се вмеша кога таа ме обвини дека јас сум причината за нивната расправија. ММ седна и ме праша пред неа кога последен пат сме ја спомнале, ММ потврди дека јас ништо не сум зборувала подолго време и дека он сам увидел се во моментот кога се скарал со неа бидејќи она какоедвај да чекала се да изнакаже.
@Fallen.Angel Ти маката со сите си имаш, но мислам дека треба со мажот ти да си ги потсредите односите, работи на тоа. Во право е Моник, гледа дека мажот ти не те почитува и затоа така со тебе се однесува, а со јатрва ти е добра. Во тоа е разликата. Сврти малку, инаку ќе се изнамачиш и ништо нема да има подобрување, само ќе се нервираш секој ден.
Жал ми е што ќе го кажам ова но ситуацијава трае и трае.. Воопшто нема ни да се среди. Маж и е едно детиште фатено за сукњата на мајка му... Испаѓа дека ја земал само за дете да му роди, да му се продолжи фамилијата а потоа да ја батали. Незрел е и лесно го манипулира мајка му, најверојатно никогаш не е бил одделен од неа..
@Fallen.Angel Многу расправии и секојдневни тензии, за свекрва ти жртва да изигрува. Биди со детето, штом работата не ти е со време поврзана, работи кога тоа ќе спие на пример. Ако сакаш да вежбаш, детето во количка и пешачи брзо, оди во некој парк каде што има справи и повежбај. Не мораш да и' го оставаш да го чува. Нахрани го горе кај тебе, заспиј го ти кога мислиш. Ако сакаш да одиш долу, кажи и' дека ќе слезеш кога ќе се најаде, кога ќе се наспие или откога ќе се прошетате. За да си поигра со него и да му се радува. И посмирена ќе си. Пред да одиш, јави и' се да прашаш дали има време и дали е погодно време да слезеш со малиот. Белки ќе научи и таа да го прави тоа, а не само да се тапоса дома ви кога ќе посака за да ти здрпа дете од раце.
@Fallen.Angel На бебето му треба здрава мајка и прибрана што повеќе нервоза и тоа осеќа пробај среди си односи со мажот ти и гледај да не го оставаш на свекрва ти стално е така, прво викаат остај го детето јас ќе го чувам,а после тоа низ нос 5 години ќе ти го вадат реално да збориме како ти на твои години што можеш да средиш по дома,дете да биде среќно и задоволено и маж свекрва ти не може мака им е иако се силат ниту раце ниту нозе ги држат.Најбитна е поддршката од мажот ти и да биди КУЧКА за таквите како нив не знам како трпиш искрено ама или одселете се или нервозите ќе ги имаш дур се они живи и запомни старите се како децата како што стареат повеќе проблеми прават и по неподносливи се
Пред да те дочитам до крај сакав да ти напишам да одите на некакво советување со маж ти, ама очигледно ни тоа нема да функционира. Искрено, ти немаш проблем со свекрва ти. Однесувањето на свекрва ти е само последица на реалниот проблем, а тоа е однесувањето на маж ти. Повеќето луѓе се такви, посебно постарите. Се тие знаат најубаво, се тие можат, се некој нив не ги почитува, се тие се навредени. Затоа секој треба да ги заќутува/контролира сопствените родители. Разбирам да се карате со свекрва ти за глупости па маж ти да пробува да те спречи, ама ова ич не е глупост, свекрва ти се однесува ужасно со тебе, а маж ти ја поддржува. Не би ти рекла остави го, не е така едноставно, ама пробај да штедиш и да почнеш да работиш колку што е можно поскоро. Можеби финансиската независност ќе промени нешто. Баш ми е жал, не можам ни да замислам низ што поминуваш психички.
Не е проблемот до толку да мало дете не смее да јаде пр. кисели краставички, туку почитување на зборот на мајката кога ќе каже дека детето што не/треба да јаде. Кога мајката ќе каже не, не мора да даде образложение или да се правда, а сите останати треба тоа да го почитуваат. И што е толку тешко да се праша дали може да се даде одреден вид на храна? Еве пр. со моите. Купиле чоколади и други џанк работи каде и кога стигнале и чекаат да дојдеме. Јас готвам, го чувам да биде топло, чекам дете да стане и да го наранам. Они бап чоколадите на маса. И дете што ќе посака да јаде, чоколадо се разбира. (И ја би сине.) Ама откако им реков дека друг пат доколку не ме прашаат дали да дадат, посебно пред дете да има јадено главен оброк ќе одат во канта. Сега кога доаѓаат носат овошје, но требаше малку бурно да изреагирам зошто тоа се случуваше буквално подолг временски период.
Е нема да те послушаат, еве. Повеќето, пак ќе тераат по нивно и ќе кријат од родителите. Зошто? Не знам... прашајте ги нив. Ама пак, ако сакате некој да ви заврши работа, платете. Ако барате услуга, како ќе ви ја завршат, така ќе биде... по нивно. За што и да бараш услуга, така оди. Тој што ја врши услугата, тој одлучува како ќе ја заврши.
Има баби почитуваат, не се однесуваат шерифски, а прават услуга. И не е по нивно затоа што сфаќаат дека не е нивно детето. Ако таа истата неразбрана баба се нафати да чува туѓо дете за пари, еве сака плус приход да има, ќе се однесува со туѓото дете така и на жената ќе и' вели јас го чувам и јас ќе терам по мое? Туѓо дете кога чуваш, ќе чуваш како што ќе ти се каже, без разлика дали е на комшија или на син и без разлика дали наградата за чувањето ти се пари или време поминато со внучето. Ако се нафаќаш, нормално. Ако не, речи бркајте работа, не сакам да ми го носите бидејќи јас сакам по мое, а вие не оставате. Ама не, тие ем сакаат да му се радуваат на детето, ем да тераат по свое, ем да им се ќути бидејќи тие сакале само да помогнат. Со такви нема излегување на крај и решение е да не се носи кај нив детето на чување.