Да не цитирам цел текст. зошто не и рече, "јас нема да сум заостаната да се мешам во туѓи бракови, битно да се живи здрави и од син ти, дали е машко или женско небитно". Тргни дете подалеку од нејзе колку што можеш. Мислев дека имам прочитано све.. Чувајте си го со маж ти сами.
Ете така. Кога не оди, преземаш контрола и готово. Ама некои секој ден истото го повторуваат, до бесконечност и само кукаат и кукаат и се нервираат. Зошто? Или навикни се, или преземи во свои раце.
@Fallen.Angel седни со маж ти отворете ги картите и кажете си се што ви смета. Млада си за да живееш и ти а и тоа малечко во токсична средина. Или решете ги проблемите за да живеете како маж и жена или разведете се. Нема да си ни прва а ни последна. Кога мајката ќе каже НЕ ќе биде НЕ независно дали е баба, дедо, тетка итн.
@Fallen.Angel ти ја следам ситуацијата да не ти реплицирам само морам да ти кажам по мое видување, може не сум во право, ама и ти не си на чисто. Ем ти кажал маж ти не оди кај нив доле ем одиш понекогаш пиеш кафе. И зошто? Вие не сте во заедница, заедница знаеш што е? Сите да сте заедно во еден дом. Вие имате потполно опремен спрат. Вц, кујна, дневна не делите. Нема што кафе да пиеш со нив. 3 години сум во брак сама не сум отишла кај свекрва ми на кафе ниту еднаш, ниту па она кога била во населба дошла да испиеме кафе. Ќе пиеш кафе со маж ти кога ќе се симнете доле. А за јадењето итекако не сте во право и итекако можеш став да заземеш само или и ти не сакаш или не знам во што е проблемот. Со ваши примања луѓе и кирии плаќаат и деца растат. Денес грашок утре јајца ние така сме живееле кога имав помала плата на мои 25, а бев во брак. Иако без дете. Никој не ми готвел. Не викам да трпиш за леб, ама дека финансиски ќе ви смени нема да ви смени којзнае колку. И јбг на крајот од денот тоа е ќе се научите на домаќинство за почеток колку имате, а за викенд таа може да готви. Ем додава кралицата се симнала за ручек ем се симнуваш. Што да ти кажам дури не почнеш да правиш ручеци за вас дома нема никогаш да престанат твоите нервози. Нема можеме не можеме. Во брак сте и имате дете ќе најдете начини како да успеете финансиски како и сите ние. Да видиш како ќе се средат работите ако и ти малце застанеш на чисто со себе. 5м ми е бебе јас дома немам некој да го земе на 10 минути дури направам млеко. И работам и одозгора спремам магистерска. А и да плаче тоа е ќе поплаче 10 минути па ќе добие млеко. Нека плаче бебе е... си наоѓаш изговори понекогаш. Ако сакаш бракот да ти успее тогаш спаси се себе и бракот.
Немаш богами, а и не ми се кажуваат други работи да се навраќам назад бидејќи ќе се изнервирам а не сакам, одлуката е сами а они ќе ја гледаат во наше присуство, и тоа е најдобро што можевме да одлучиме за нејзино добро. Имало други работи ама ова крајно ме погоди бидејќи сум кучкар тежок, чувам кучиња од кога знам за себе заедно со моите, така да овдека беше пресекувањето.
@Milkiway ,,5м ми е бебе јас дома немам некој да го земе на 10 минути дури направам млеко. И работам и одозгора спремам магистерска. А и да плаче тоа е ќе поплаче 10 минути па ќе добие млеко. Нека плаче бебе е... си наоѓаш изговори понекогаш. Ако сакаш бракот да ти успее тогаш спаси се себе и бракот,, иста сум и јас, не живееме во заедница ама помош бог да чува да побарам (знам после на нос ке ми ја извади). Во количка и ја туркам по мене во кујна, спална, купатило. Она во количка спие пред врата на купатоло јас се бањам, или пред балконската врата јас пружам алишта ботно ја гледам. Колку пати и плаче ама гладна не е , ладно не.. и е епа дете е ке поплаче. Ручекот таман ке го почнам ке се разбуди, па гасам шпорет ја дојам ја пресоблакам па продолжувам со ручекот. Признавам преморена сум, едвај чекам да дојде мм и да ме одмени за нешто. Ама пред се најбитно е подршка и разбирање од сопругот, и кај нас еднаш се случи да и порача на свекрва ми ручек без да знам и таа доаѓа и ми вика еве ти направив ручек перенде го направив на тел не ни чекав да дојде дома, ми се одјаде и ручек и се. Отогаш се знае макарони ке си свариме или палента ке си направиме ама ,,сам па како знам,, ни мајка ми не ја викам за помош. @Fallen.Angel не би ти рекла веднаш дека развод е решение, ама немој дљ чуваш во себе недај боже ке си насобереш непотребни нервози ке се разболиш, психата е најголемиот непријател. Мисли на бебето и разговарај отворено со маж ти
Нели читаш дека некои велат добро, не давам, а пак даваат. Што човек треба да си да одиш се против зборот на снаата? Не ми е јасен тој феномен. Само да не е како кажала снаата. Страшна работа. Се што се очекува е да им направи услуга, а на глава им се качуваат. Нечовечки е. Секој може да стисне заби и да прави се сам, тоа си во право, ама наместо да се односите супер, тие војуваат.
Без разлика дали мајка ми или свекрва ми му даде на мое дете нешто за кое строго сум рекла дека не смее, ќе го гледа само во мои раце. Детето да ми го доведува некој во опасност го отпишувам. Како ќутите не сте ми јасни, па посебно дете да ми заврши во болница.
Се сложувам, ама со мајка ќе се скараш (јас еднаш и викнав и сеа за се прашува а не дека она не изгледала деца, туку има разбирачка, зошто војна кога може со муабет, и дете порасна јаде се, она прашува и ден денес дали може чоколадо да и даде откако и дала ручек), не дека со свекрва неможеш да се искараш, ама мора сопруг да те поддржи и тоа е тоа, џабе е кога ќе застане на нејзина страна а ти си сама против сите, затоа и погоре кажав дека односот со него е клучен, бидејќи ако он ја брани, ти можеш на глава да стоиш, а она ќе си продолжи по старо.
Да не разберат членките погрешно. Супер е да бараш помош и мене некогаш преку глава ќе ми дојде ама тој ми е изборот сум решила сама да го гледам. Со доење и потешко е бебе ми е на ад па и мм го храни тука се правиме половично, особено викенди кога он ноќе станува, а јас спијам. Сдк има некои не им сметаат свекрвите се супер, готват без збор, трчаат помагаат без да попуваат. Ама ако си во обратна ситуација е тогаш мораш сакал нејќел да тераш сам за да не си расипеш брак. Најголем број бракови се растураат ради фамилии од страна на едниот или другиот
Кај мене па сакаа да помагаат јас не им го давав првите месеци. Што да прам се заљубив во бебче. Ама сега го давам да си олеснам малку, ама сепак за хранење и за заспивање само јас. А за да се поиграат слободно па и бебче се радува.
Абе како ќе растат сами ќе бараме да ги оставаме бар од искуство со внук ми ехее ја колку сум го шетала сама по зоолошки паркови...битно ако ми рекле не треба сладолед да му купуваш не сум купувала само за да ме сака поише од другата тетка
Има и од мајките некои што се неразбрани и си тераат по нивно сепак тоа е до карактерот своеглави и инати луѓе, не тераат инат таму каде што треба туку каде што не треба.Ние си ги правиме ние си ги одгледуваме еве пример јас никогаш не би оставила дете на татко ми боже господе е он саат време едвај дали ќе издржи со дете а не пак цел ден да го чува, до душа и сам си кажува каков си е на шала на смеа ама си кажува дека не може да чува деца . Исто и јас внуците ги шетав инаев што сакаат и јадење сум им давала но со дозвола од снаата иако многу пати жал ми било ама затоа сега поштовање имам од нејзе 100%
Нека споделува што сака, не е твое да кажеш Дали постигнува нешто или не, она си знае. На некои луѓе ова им е издувен вентил и во тоа нема ништо лошо.
Не гледам дали ми е мајка или не. Мајка ми и свекрва ми имаат иста улога, баби се и двете подеднакво. За мене мајка ми е богиња ама си има граници. Јас немам никакви проблеми со двете сега, но ќе видиме во иднина. Внуче знае да ги ошамути Свекрва ми веќе има едно и никогаш не прави вакви работи, на мајката е да го храни и што ќе даде. Нешто да не знае, ок, не можеш да се лутиш, на сите може да им се слуучи Ама свесно да ми направи вакво нешто ќе кренам се во вис. Не сум толерантна кога некој прави глупости.
Како преминувате преку вакви работи не сте ми јасни?И мене свекрва ми чува дете поради пандемијава, ама имам многу доверба во неа. За се ми се јавува и прашува. Јас оставам дете што ќе јаде и тоа му е дадено. На некој во кој немам доверба не би оставила маче, а не дете. Некој што не ме почитува мене како мајка го терам во к... Ц макар и маж ми бил. Па пред мене да направи нешто што сум кажала дека не дозволувам, посебно ако влијае на здравје или воспитување, тогаш дете на слика и од далеку ќе гледаш. Не дозволувам никој да ми го поткопува авторитетот пред детето. Според мене подеднакво сте криви и бабите кои тераат своеволие и вие кои за одредени бенифиции, кои низ нос ви се извадени, си ќутите. Да ми рече готвам цел ден толку кг месо, јас лично никогаш не би каснала трошка од такво преречено јадење. Многу сум гадна за тие работи...
@Milkiway да те слушне (прочита) свекрва ми пердуви од тебе ќе летаат -Кај ти лоша снаа што си дури тука им полниш глава на другите нечоек еден Им го забрануваш на луѓето детето. Се шалам да не ми се налутиш За јадење не се меша ич ,дури чудно ми е... Се меша во спиење ,во облекување ,сум пишувала да не го тупам сега. Ете за крштевка и барам фустанче ладно било од фатираните комплетчиња да сум и облечела . Ама еве интересна работа ,кога и да стигне пошта на мое име а ја земала она пликото отворено...така и го дале...како сметки така не и даваат туку само моите пликоа !?
Сеа може и неблагодарна ќе изгледа дека сум. Две недели се немаше качено горе свекрвата ( кај беше болна па и се налути, да не повторувам истиот муабет). Вчера бебе имаше грчеви ( најјаки до сеа ја фаќат ). Плаче, писка, се тресе, витка.. И ете ти ја свекрвата метак горе ( за тоа време и се смирија грчевите ) едно влегување - Зошто плаче? Дај баба да ја види ( золва ми ја држеше) зеде да ја шета, да ја прашува дали капки сме и дале, дали надвор била, дали многу ја болело.. и јас си одговарам сама нели. Зеде ја успа( праша прво) и секако не можам од раце да и ја земам. Сеа оп троп од работа еве ти ја кромид пржила и ми качи ( 1. пржен кромид не јадам, сеа па со грчевите никаков 2. додека се дурлеше и лутеше еднаш не направи нешто за нас ( не дека на неа чекам, само сега не готвеме зошто јас и бебе во дневната спиеме, ама пак не барам да ми се готви) 3. после пак ќе се качи за да ја држи а целата е умирисана на кромид, таа блуза што готвела со неа до недела нема да ја соблече, и ќе ми го умириса и бебето, така еднаш на праз и мм и рече, сеа он на работа е, а и не збори со него) И да речам било што сеа во врска што ќе ја умириса, што качила јадење пак ќе се налути и кој ќе ја трпи. А многу убаво ми беше тие 2 недели кога не се качуваа оти болни беа.
Супер што е разбрана и што си имате меѓусебно почит и разбирање, ама некој не се такви, затоа и темава е полна. Јас немам бенефиции од нејзе па да ќутам, нит ми готви нит ми пере нит ми чисти, нит имам потреба да ми чува дете сега за сега, кажав и погоре урлам и викам, јас сум гласна едноставно општо и пререкувам за се и сешто, ама од жал за мм, компромис со него да направам, оставив да го гледаат детето ама ако сум јас тука, не мм, јас или двајцата и тоа е тоа. Кај мене татко ми е ко свекрва и сум му кажала ( не е таков да ја учи да мава, да пцуе, си сака воспитани деца и нонстоп ја учи на фала, повели добар ден итн, зошто тоа другото се коси и со негови стандарди, ама затоа главата ми ја дупна дека плаче затоа што не и давам се да јаде ). Си има секакви, треба да знаеш како со секого, ама за свое дете само ти и таткото одлучувате.