Жено се нервирам јас само од читање, а не тој маж дома да ми е. Не биди будала да се нервираш, од нервози ќе се разболиш само. Речи од денес јас готвам горе, а тој ако сака нека си јаде со мамичка, ти јади си горе сама. Какво недораснато маже, страшно нешто
Маж ти и оди контра ама очигледно не доволно и после тебе ти вика кажи и. Значи тој што ќе ја премине границата и ќе се искара треба да бидеш ти, за ако утре се лути некому мајка му тоа да бидеш ти а не тој. Зошто тој не и каже? Па мајка му е.
Ти реков еднаш ама пак ќе ти кажам: молим те седни и заврши го факултетот како така. И после тоа одма барај работа. Колку што си повеќе независна толку повеќе ќе ти се плашат, а и ти ќе имаш опции - во случај да сакаш да си заминеш или барем да го заплашиш дека ќе си одиш. Знам дека и сега имаш стипендија ама сигурно не е доволна за тебе, детето, кирии и сметки и тој и мајка му многу убаво го знаат тоа. И во никој случај не прифаќај уште едно дете да правите дур не се среди се.
Се изнервирам секогаш кога ќе те прочитам. Свекрва ти гледа дека немаш поддршка од маж ти и затоа поголем замав си зема и се меша во се. Не знам зошто му премолчуваш на маж ти, од овие работи секој би експлодирал а кај не те подржува уште па и молчиш да не се налути. Мораш да пресечеш. Готви си горе а тој ако не сака да јаде нека си јаде кај мајка му, не и го оставај детето да го чува нека се качи и нека си поигра со него и толку.
Скржле е маж и, малку сака и гага. По цена на бракот и мирот он ќе јаде доле, ќе заштеди на градинка, кирија, сметки, а тоа што овие две очи ќе си извадат не е важно. Со Ангел сме пишувале многу пати, тие се двете решенија: развод или да си легне на брашното.
Кај нас 90% причина за развод е свекрвата. Незнам ван границе како е, ама тука така е и го тврдам тоа.
Мажот знае политики да им тера, снајката не знае и тоа ти е. @Fallen.Angel Аман бре што свекрвица ќе беше твојата,па и маж ти искрено. Мене па маж ми во врска со детето ми има речено, овие старите ништо не знеле со бебиња како треба, па ко ќе зборат дека маж ми многу плачел кога бил бебе, а бебето мое било златно и не плачело многу. Е па сигурно ми фалело нешто маж ми вика, ама стариве не се знаени како.
Од овие 90%, 100% причината е што нема кој да ја стави на место. Жити бракот ако се разведеш ради свекрвата.
Маж ти е проблемот, не свекрва ти. *Ти болдирав во постот да видиш маж ти колку го боли патиката за тебе
Не е заради свекрвата, туку заради сопругот. Ако му е приоритет сопругата и детето (децата), свекрвата не може ништо. Ама кај нас мажите се научени да се обесени на цицка на мајка му, дури не умрат. Ако можев јас да се одделам од мајка ми и да се навикнам да живеам без нејзе и без нејзината 'помош' и 'совети', може и тој. А ако не може, нека се ожени со мајка му и таа нека му раѓа деца. Оти јас ако сакам бебе шо трча по мајка му, ќе си родам, нема да 'вдомам' возрасен маж.
Треба да биде независна заради неа, а не за да ги заплашува "домашните". По ова што ги прочитавме, нема од страв да почнат да ја почитуваат, тоа е сигурно. Иако е зависна од нив, не е никаков изговор така да се однесуваш према никој. Ако некој треба да се плаши тоа е @Fallen.Angel, не само што животот има шанси уште полош да ѝ биде туку и детето ќе порасне мислејќи дека е во ред тоа однесување, па и тој да ѝ го прави истото кога ќе потпорасне.
Не сакав веднаш да пишам дека развод е најдобро решение. А да продолжи вака не знам колку долго би можела да издржи, психички ќе се уништи. Како што ќе расне детето потешко ќе и биде.
А како ја извади статистикава и како знаеш во браковите на луѓето што се случува? 90% се убиваат од швалерисување, коцкање, лажење, алкохолизам и што уште не, ама да, до свекрвата е гарант.
Да не цитирам, ве прочитав сите. Таков ми е планот. Со факултет гледам да не заостанувам. До сега се ми е положено. Почнав да работам од дома, но не земам многу пари, уште сум почетник и не сум ангажирана за озбилно. Две фирми ме ангажираат повремено за тековни промоции и ме плаќаат за се поединечно. Ете претходниот месец се вкупно земав 3300 ден од таа работа, исто толку и стипендија. Сите ги ставам на посебна девизна сметка, а пензијата оди за трошоци други и сметки за телефон. Штедам за не дај Боже бидејќи така ми викаше дедо ми, се случувало цела плата да ја стави на страна за не дај Боже и ете утре да било тоа не дај Боже. И јас така се плашам за иднината и колку успевам да заштедам се тргам на страна на сметка. За сопругот да. Не го увидов тоа дека е таков. Купуваше ептен скапа гардероба, мене подароци, секогаш гледав дека си угодува сам себе. Откако почнавме да реновираме дома, спрат да градиме имав разбирање зошто штеди. Сакаше луксузен мебел, се тоа се среди, но тој продолжи да се однесува скржаво. Се има случувано да купам нешто со свои пари и да ми пререче зошто било толку скапо. Ме нервираше кога за пелени ќе кажеше дека се скапи или за кашички. Но ајде пак имам разбирање бидејќи сега подигна кредит и ќе инвестира во поголем проект. Сепак сметам дека има разлика од штедење и скржавост. И јас штедам, но не штедам на неопходни работи. Не се скратувам од неопходното за да заштедам. Мојот дедо викаше треба да се штеди ама не истовремено да мизеруваш. Јас разбирам дека не е ефтино да почнам јас да готвам бидејќи има специфична исхрана со месо скоро секој ден, риба и општо здрава храна. Што се однесува до мене јас можам да поминам со тестенини,јајца, било што. И јас сакам секој ден месо да јадам, ама ете кога би се договорила со него би можеле да направиме план и да не ни е толку скапо, но сепак тој гледа на тоа поинаку. Ми вика имајќи ништо да не потрошам, а храна секако готви мајка му, зошто и ние плус. Ќе дошол ден ќе сме почнеле и сами, ама сега не бил момент. Што се однесува до мене, јас и не планирам да чекам да завршам факултет, уште од септември можам да барам работа посериозна и да го пратам малото во градинка. Идеална возраст ќе биде таа за него. Дури мислам дека и подобро е да најдам во септември работа без да ме пријават за да си ги задржам сите примања(стипендија и пензија), па и плус една плата каква таква ептен ќеми значи. Тешко да најдам работа со ситуацијата со короната но ќе пробам. Планот ми е да се изборам и да го пратам бебе на градинка без разлика дали ќе најдам работа. Не ми е гајле што ќе мислат/кажат бидејќи тука тие се муабетите мало место е и ќе речат баба има дома, мајка дома детето в градинка го пратиле. Друга опција не гледам. Треба да се стрпам да си ги средам своите работи па да почнат другите да се средуваат.
@Fallen.Angel Убав ти е животот со маж ти? Јас од што те читам мислам дека не. Прво велиш одбегнува секс, потоа оди по памет на мајка му, после дека е скржав за детето, а за себе не. Ти да го правеше ова тој ќе беше и покрај се со тебе?
Што би можела да и земам на идната ми свекрва сега за 8ми март? Можеби прашањето не е за тука ама не најдов соодветна темаа
Така да, но, има и такви што иако се одделени мајка им по цел ден ги масира на телефон или кога ќе се видат, така да, може да му влијае на мислење. Во секој случај 90% е свекрвата, дури и тоа што го направила мајкин син за цицка обесен и тоа е нејзино дело.
Од ова што те читам, веќе не знам што да мислам. И тројцата сте за мерак. Братучедка ти ти чувала дете, ти си и се развикала..да ми се развика некој кому услуга му правам, никогаш повеќе У нема да види од услуга. Жено, смири се. Ако паѓаш на провокации, работи на себе да престанеш да го правиш тоа. Ако маж ти има што да каже за готвење, нека зготви малку и тој нешто. Свекрва ти игноририрај ја како да е радио. Таа нека си збори ти свиркај си во глава како музика да слушаш. Ало нешто и одговориш, одговори и кратко и без врска, нека се збуни. Разбери дека ти роварат низ мозок оти си фрагилна. Со себе мора да расчистиш прво па со другите. Игнорирај ја неа скоро како да не постои, како кукла што зборува. И на крај: јакиот маж што си го зела, дерле глупо напумпано. Да ми простат тие што читаат. Кои побогу квалитети ги има?