Свекрвата ѝ смета, а тоа што мажот ѝ не ја почитува и рецка не ѝ смета. Јас поправо би се нервирала за ваквиот однос на сопругот кон мене, отколку за свекрвата
Маж ѝ е самобендисан дибек. Друг збор немам, вежбал,купувал скапи работи и подароци и на тоа наседнала. Го разбирала во сѐ. I think дека тој ниту ја разбира ниту ја почитува,пак си гледа за себе, штом за кашички му е скапо,а за теретани не тогаш нема што да правиме муабет. Сѐ е јасно.
@Fallen.Angel, спакувај се и оди си дома. Немаш ти проблем со свекрвата, туку со маж ти. Тоа вашето не е брак. Секако дека ќе заврши со развод, само направи си услуга на себе си, своите нерви и своето здравје и пресечи сега, додека уште имаш што да спасиш. Зошто колку повеќе го оддолжуваш, толку ти ќе бидеш во полоша состојба кога ќе биде готово. Пеленки и кашички скапи, ама месо за батето да се билда во теретана може. Каков вол човече! Дај бе батали го лиглето и спаси се од тие дибеци. Млада си, животот е пред тебе, ќе запознаеш некој кој ќе те сака и почитува, зошто ова твоево сега не е ништо друго освен мачење.
Глупо е да се смеам ама ме изнасмеа со коментарот батето Иначе да му спрети со развод и да си се спакува да си оди свекрвица има да го подбере и се цакум пакум ќе средат. Бар вакви случки ехее во фамилија сум имала не можам да ги добројам
@Fallen.Angel ох колку само немаш проблем со свекрва ти, туку со тоа лиглето од маж. Б од брак немате, сопруг е најдобар другар а не на финти да го факаш.
Свекрвче ќе и се радува тогаш, синче само за неа ќе биде и ќе мисли може дека внучето кај нив ќе остане па ќе може мајка да изиграва и на него. Чим таа така е понаша е простотија глупа која тешко дека ќе се смени и цело време ќе изиграва жртва и ќе го манипулира синот.
Се согласувам, секако е заради неа како сакаш врти го. И секако дека не е во ред да се однесуваш така ама очигледно луѓето си имаат некој проблем со главата и џабе е. Од моменталната ситуација (со најмалку штета) може тоа да извлече - да заврши факултет и да се осамостои. Е, сега има и други решенија, на пример развод, ама тоа не го пишав пошто прво сите ќе ме распнат дека не се разведува туку така, а второ очигледно нема кај да оди (сама кажа дека мајка и не е жива, а татко и е во странство). Ако заработува можеби ќе има прилика да си замине. Мене лично ми е најмногу криво за детето ама џабе ќе ја напаѓаме отсега...веќе се омажила и го родила.
За готвење поарно јас да зготвам он да чува бебе. Оти после се ќе е хаос во кујна, а ме нервира неред. А секако е се нешто брзински максимум 15 минути што ми одзема оти немам време за повеќе, а ни па услови моментално сеа да готвам манџи или посаглам јадења, тоа здравје во спална кога ќе се префрлиме да спиеме ( таму е поладно од надвор моментално). Битно за бебе ми помага многу, и на мене ми е важно и тој да се приврзе за неа, зошто има мажи сопственото дете до година не знаат да го држат и штом заплаче на жената и го тупнат. Затоа велам ми беше поубаво тие 2 недели сами како семејство ( мајка, татко и бебе) си се поврзавме ние. Сами си ја бањаме, ја успива еднаш тој, еднаш јас... оти во на многу места кај што има и постари мажот гледа што побрзо магла да фати да го смени некој.
Ако не сакам јас, никој нема да ме 'масира' на телефон, ни во живо, ни никаде. До мажот е. Ќе си исчисти откако ќе зготви. Исто како ти што правиш.
Научи се да игнорираш многу работи и да успеваш да ги свртиш на шала. Кога ќе се налути утре дента речи и уште си лута или денес ќе збориме. Врти ги на шала на смеа. Ве читам тука некои од вас и стварно не сте ми јасни. Со бебе кое повеќето од денот го спие да неможе да успеете едно јадење да зготвите или машина да си уклучите. Тука е и мажот да помогне, и да незнае ќе се научи. Се ќе се постигне со договор кој што да сработи. Ова изгледа колку што има мажи што не се одвоиле од циц...на мајка толку има и жени. Научени дома мама се да завршува, да готви, пере и сл и кога ќе се омажат со едно дете неможат да се снајдат а тек со 2 и 3 деца. Едно дете трчи носи во школо, друго во градинка, трето уште цица. Усогласи им термини, угоди им за јадење, однеси ги по курсев и триста нивни социјални активности. Е тогаш се однапред ќе планирате, и што се обврски имате утредента и јадење и чистење се ќе е со распоред. Или како што ми велеше баба ми "деца каде ви е младоста и силата, во еден прст ќе ве носам ". Обврските се зголемуваат, мама не е тука да ви угоди, а очекувањата од свекрвата која треба мисли да чита се нереални. Бидете малку поамбициозни и верувајте во тоа дека нема невозможни работи за вас.
Абе некогаш не е ни до нас....еве како мене ,јас додека станам ( не дека јас спијам до 12 туку таа станува во 5) ручекот готов или при крај... Машина пуштена. Или ако веќе јас сум ја пуштила абе чим слушне заврши метак да ги пружи да не случаајно ја пуштам сушарата. Барем да плаќа таа сметки ќе речам штеди ај...јас ги плаќам. Итн итн... И што да правам јас ,да не легнувам ич па пред неа ручек да направам !?
Важи, нека прави таа ако и се прави, ама ако не пререкува после за тоа... А ако кука, мјаука послр , можеш како мантра да и повторуваш, дека ако и е тешко, нека се одмори малку, заслужила...за сушарата, кажи и дека одма ти требаат, нека ги простира, ти собери ги и стави ги во сушара. Ако негодува, кажи и нејзините слободно може на жица, ма на рака ако сака нрка ги пере. Свекрвите ваши на кондиција ве фаќаат. Имаат нерви, волја и енергија со глупости да се занимаат секојдневно. Ако ве вовлечат во тој магичен круг, готови сте, ве победуваат на искуство, откакове симнале на свое ниво. Игнор е најдобро чаре и терање своја работа. Нека кокодака колку сака. И одвреме навреме сите треба да се замислиме, што грешиме и ние, никој не е безгрешен..
Сакам накратко да ви споделам како јас се "справив"со свекривката Дури уште во врска кога бевме,маж ми велеше дека е таква во се да се меша,се да каже без да мисли дали ќе повреди некого,се таа знае ,најголема домаќинка. Релативно млада се омажила и родила две деца,и толку. Ниту да се заинтересира да работи, воопшто. На 35 год имала две деца од 17и 16 год а сепак си седела дома, бидејќи ручек кој ќе прави? Кога се зедовме ,оваа беше страшно. Ни ја растури свадбата,не правевме бидејќи не беше по нејзиното, потоа се роди бебе.. страшно. Бев бремена кога си решив да ги соберам парталите и да си одам (штета што немав каде ,ама тоа е друга приказна) и што немав храброст да најдам начин..Без разлика, зборот ми е друго. Во заедница бевме,уште сме но разликата е што јас мијам садови надвор на чешма бидејќи немам кујна внатре. Направив импровизација за готвење,за мои работи да си ставам. Детето од година и пол заедно се капеле,секаде е до мене,така веќе 4 години. Многу нервози поминав,завршив на АД и седативи, и на почетокот ми беше многу тешко. Носи натаму наваму садови,за едно раце миење надвор,а пак зимно време кога е замрзната чешмата..ужас. Купатилото е надвор ,во подрумски дел, па трчи со дете нагоре надоле ,да не измрзне,нон стоп чисти итд. Сепак иако се е преку мене од утро до вечер,помирна ми е главата. Јас си чистам готвам перам чувам дете итд иако се освен собата во која седам, заедничко се користи. Сметките мм ги плаќа,му е жал за татко му ,кој иако добар човек,сепак постар е од свекривката 15 год,а не смее да и писне. Поентата ми е да не се замарате многу,и од лошо има полошо. Убав ден
Јас не те разбрав како си го решила проблемот. Вие ги плаќате сметките, ти переш надвор и на +40 и - 20, а таа има кујна внатре? Трчаш нагоре надоле за до вц, а таа има свое дома? Плаќате за нешто што не користите, си паднала психички, ја гледаш секој ден, трчаш низ цела куќа и ти си во ред со ова? Јас вака те сфатив. Да не не ти е решен проблемот туку само да си се навикнала?
Да стварно ова не е решение @No Makeup врати се во кујна баба ми цел живот на чешма перела и миела во село на 60 год прстите и се вкочанија и веќе не и се од корист за ништо и од тогаш наваму 10год се шета по лекари
Па најверојатно,и зборот ми беше да не се многу замараме.. За однос со свекрвата,си најдов мир. Сега друго што немам е друга приказна,но барем имам мир
Па тоа е ,кога не можеш нешто да се смениш, прифати го. Јас така направив.. Приказната е подолга ,но ова беше на кратко