1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    На крајот на денот тоа е најважно, ти да имаш мир. Само од ова што го напиша многу се мачиш физички, се надевам еден ден и свое ќе имате, па да се одделите скроз.
     
    На buba4e89, saki13, tina2018 и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Го делам мислењето со Јана ај да прифатела баба ми од свекрвата ама побогу 21 век е не треба да им се преќутува животот е премногу краток да го поминеме мачејќи се жал ми е што те исчитав колку се мачиш ниту една жена на денешницата не го заслужува тоа
     
    На saki13, tina2018, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.086
    Пол:
    Женски
    Па мм вози камион па ќе видиме ќе направи некоја кујничка, купатило.. Да , физички ми е тешко ,но психички сум растеретена. Всушност се навикнав сега па и не ми е тешко
     
    На buba4e89, saki13, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Јас овде не гледам никаква почит од страна на мажот ти спрема тебе, па и ти не си била ништо подобра чим очекуваш услуги од трети лица, во случајот братучедати па уште и и викаш.

    Исто како и Дентина што ти кажа, некој од мене да побара таква услуга, особено да му чувам дете па и уште да ми вика, нема никад да ме види више.
    Многу си земате за право со тие жалопојки и навреди кон трети лица, као само ти и мажот ти сте арни, а мажот ти апсолутно не го гледам во приказната семејство да биди пожртвуван и инволвиран во секојдневието.
    Право лигле со посебен начин на исхрана и билдање, а му е мака сопственото дете да го почува, па уште го фаќаш на финти за да чоекот не се изнервирал.

    Ете затоа тебе свекрвати ти е крива, оти од Маж овде немаш М, па мислиш дека со тоа што постојано ја напаѓаш неа ќе се отргниш од поголемиот проблем кој всушност произлегува од мажот ти.

    И крајно неблагодарно е кај не трошите ништо, нити правите јадење, ни кирија плаќате постојано да ви се криви свекрвите, а не набилданите мажиња кои решиле да се женат само за жена во кревет да имаат.

    Бракот е далеку поголем сплет на околности и постојано бодрење одколку креветот.
     
    Последна измена: 4 март 2021
    На Guns N` Roses, ALISA0000, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.668
    Допаѓања:
    39.933
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав во една тема, немале ни односи. Господинот маани наоѓал на тоа како изгледа после пораѓај, затоа вежбала:^)
     
    На ALISA0000, *Amethyst*, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  6. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Elena1001 ете може твоето бебче спие добро, ама има некои бебиња не спијат и само плачат и што да правиш во таква ситуација, нека плаче бебе ти готви?
     
    На thelittle17 и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  7. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Моето преку ден од 5ипол/6 сабајле до 21/22 да му се соберат 2 саати не спие се на се. На интервали по 10/15 мин преку сила :D:D. Цица 1 саат, ја успивам пола саат/саат ќе дремне 10 мин и пак од ново. А за тие 10 мин можам да изберам дали да јадам, да се туширам ( имав проблем со раната и сеуште на секое одење во тоалет се туширам ), да вклучам перална, да пружам алишта, да диплам... навечер спие 3 саати, па 2, па 1 и толку спиење. Уште е мало нема определено време за спиење за станување... како и да сакам да се организирам не бива и така користам во меѓувреме што можам да средам низ дома ( оти нешто ако не е на место не можам да гледам).
     
    На Anyshka, thelittle17 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Сите сме така моментално,моето има денови спие, некогаш не спие.
    Таман заспало, ајде гасови ќе го разбудат, поново да го заспиеш и така ќе си помине времето..
    Па понекогаш немам време леб со паштета да си намачкам.
     
    На Anyshka, thelittle17, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Извини а колку години има маж ти? Според ова што го прочитав него му е важно само за себе, ама не и за тебе. Те критикува пред мајка му и воопшто не се чуди зошто се однесува и таа така. Тој всушност те тера да се потчиниш на неговите, а тоа што немаш ни малку почит од страна на неговите не го ни допира...
    Треба малку да се постсвиш поавторитетно спрема него и кога те критикува дека си тмурна прашај го дали е битна за него последицата или ќе обрне внимание и на причината
     
    На Anyshka, saki13, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Ааа е исто така правеше, и јас ќутев некој ден, ова на почеток беше, си влегла и си земала мои алишта од закачалка да пуштела машина, е тогаш и кажав, мои работи и на маж ми да не ми допрела, ако го оставам во ќеса има 3 дена да стои и да не го пипа! Ќе ми пушта машина, или ручек ќе прави, може само за нив да си прави, нас има да не праша за се, ако сакаме, ако не ич не мора ни да праша, последна да е на светов не би ја прашала за совет, значи последна! Зошто е страшен манипулатот и ќе си ја изврти во нејзина корист работата. Јас работите си ги правам на мој начин, таа на свој, така и кажа и ММ, гледај си твоја работа а нашите обврски остај ги на нас, додека беше се на тебе се жалеше, сега ете ти, сама си бараше и ќути си, од тогаш не смее да ми помести мој тањир, а не па во соба да ми влегува алишта да зема, абе не сум побарала помош од тебе, ниту ќе побарам, ниту ми треба таква помош за да ми се пререче после 100 пати. Од инат се сами ќе правиме, е така сум и лута неа што никој нема да ме предомисли, никогаш. Ќе ми се прави како се грижела за нас, утре сабајле се грижела, пред некој месев кога направивме сообраќајка со ММ, јас трудна, таа не влезе да ме праша ни како сум ни што сум, па јас друго да очекувам од таква жена, нема смисла.
     
    На Anyshka, buba4e89, saki13 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.241
    Допаѓања:
    19.025
    Со доење е така прочитај во темата не си сама таму пиши ќе те советуваат повеќе мајките за организација што се поискусни. Сите што дојат бар првите 3 мес се така како тебе само мора да издржиш друго нема
     
    На IRBBB, Bicka77, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Абе женски...Не се криви ни снаи, ни свекрви, или поточно кажано сите се криви. Не сме ние таква генерација, ми се чини нема веќе така кротки луѓе што можат да живеат во заедница, под ист покрив, а да не се караат. Нормално е, некој колку и да сака да е добар, колку и да се трга, ти ја нарушува приватноста. Има секакви, не велам не, ама решението е едно и единствено: да си живеете сами, па макар и под кирија. Или ако сте навистина способни тоа да го изведете, на посебен спрат, со влез и навистина да се постават граници, како да сте во различни куќи. Освен ако вас не ви одговара да имате поблизок контакт. Мајки се на вашите мажи, да не биле тие и вашиот маж ќе го немало. И вие сте повеќето мајки, нема да ви е сеедно да го раснете, чувате, сакате со цела душа детето и потоа да се прекинат односи кога ќе се појави нова жена во неговиот живот. Новата фамилија да, на прво место треба да ви биде и вас и него, ама не може однос толку близок како меѓу родител и дете да не е исто од голема важност за нив. Не зборувам тука за мамини синови. Нормално дека и таа му е важна, како што ви се вас вашите родители. Не може скоро секогаш само нашите мајки да знаат се подобро, да не се наметливи, да се душа од човек. Прашајте си ја золвата, ако ја имате, што мисли таа за вашата мајка. :)
    Еден ден ќе ги нема, со животниот век во Мкд можеби многу побрзо отколку што мислите. Не дозволувајте ситните кавги да ве исполнат со горчина, жал ќе ви е ако некој си замине, а сте останале во лоши односи. Сфатете ги, тие растеле во друго време, други работи ги учеле, нормално дека не се модерни во размислувањата како нас, не можат да се исти.
    Затоа е најубаво да си се сакате од далечина. Така е најлесно и почитта е најголема. Поздрав до сите и chill out малку. Уживајте во младоста, мајчинството и најубавите години :l:
     
    На barbiche, christinnn, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  13. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    Со болдираното се сложувам во целост. И со повеќето работи што си ги напишала. Ама ниту сите бебиња спијат исто, ниту сите мажи се ок како што претпоставувам дека е твојот, а ниту сите жени се финансиски така осамостоени за да му кажат чао на таквиот без да се мислат.
    Постот како мотивација и поттик да веруваат жените во себе и да се потпрат на себеси, ти е супер. Ама...од друга страна многу тазе мајки кои не се снаоѓаат најдобро во новата улога или така се чувствуваат може да се почувствуваат како помалку способни. А не е така. Некои поминуваат и низ пост породилна депресија, не сме сите исти. Мн си префрлаат себеси дека не се доволно добри мајки, дека сите други можат, а тие зошто не? А сите го даваат најдоброто од себеси и никој не треба така да се доживува себеси ако не успее да излезе на крај со обврските без малку помош. Имам впечаток дека си психички прилично стабилна и силна, ама има луѓе кои во одреден период се кршливи и тоа е во ред. Знам дека постот ти е со убава намера, ама сепак сакав да го напишам ова и да дадам поддршка на сите што како тазе мајки не се толку. Нашите баби переле на рака, што не правеле. Ние па со повеќе угодности сме растени и да помрзливи сме малку, затоа па учиме и работиме :)
     
    На A.n.g.e.l.a.V, Bicka77, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Се додека свесно се одлучувате да живеете во заедница и притоа мислите дека работите магично ке се средат ке имате проблеми.
    Кога би се потрудиле работите да ги земете во свои раце и со заедничка пот би направиле нешто свое оваа тема нема да ја има.
    Не го спорам фактот дека има секакви луѓе но до вас, ваш е животот.
     
    На Vanilla15, bittersweet, Daniela93 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Не е баш така кај сите, јас ни од мајка ми не сум чекала да пере и готви само таа, ние дома сите сме работеле се, и брат ми и татко ми, би било жално мајка ми на таква физичка работа да ја чекаме секој ден да ни готви, пере, и сл.
    Ниту сум очекувала да ми помага свекрва ми, сама се буташе секаде, сакаше да биде главна и да наредува, и нашите работи сакаше да ги прави по нејзин ред, само што ние не дозболивме, затоа што сме доволно способни и возрасни за се.
    Никогаш не сум била човек што сака да бара помош при прв пад, што се моли, и што "квичи" на секое, нема ни да бидам никогаш. За мене ова што го имам е доволно, помош од свекрва ми последно ми треба затоа што ме разочарала скроз, ме навредила, и ме повредила, и не ни очекувам било што од неа. Јас со неа оддамна завршив, ако треба било што може кај синот да си се обрати, за мене е само мајка на маж ми, и ја почитувам на некој начин, само ради што му е мајка, иначе е тотален странец за мене уште од пред 6-7 месеци.
    Понекогаш работите не се баш такви какви што мислиме дека се, не секогаш тоа што се случува кај нас, се случува и кај другите, понекогаш треба разбирање и поддршка од страна, а не само вечно незадоволни се стариве, наместо да си го гледаат својот џеб и леб.
     
    На Anyshka, lovemme, A.n.g.e.l.a.V и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Пререче два три пати ,ама си доби.
    Според мене лошо правам што не и грабам од раце тоа што го прави во моментот јас да го правам ,ама буквално да грабам . А јас не можам така. Моето воспитување било вакви: доволно си возрасна сама да си правиш сѐ,а некој ако мисли вака дека треба да е ти со сила не можеш да го премислиш. Така да слободно нека прави што мисли.
    Ко оговарање ќе изгледа ама морам да доловам мм без да знам му се пријало некоја си торта со банани што ја правела и фатил и побарал рецепт со намера да ми ја каже да му направам. Му рекла ќе ја побарам и на внука и рекла да бе вујна ти да сакаше ќе прашаше чим го праќа вујко ти не и кажувам,а на мм ја немам не е во оваа тетратка. Па ти мери сега.
    Кога не и се готви направи ти ,и не го јаде ќе праша 5 пати што сум ставила и само ќе прочепка,иако истото го готви и таа.

    Исто @thelittle17 баш како мојава да ја опиша ,а и односот со мајка ми.
    Јас дома од 8 одделение (читај од прво добиено ) сама си перев ,дури и на раце еден период ,се расипа машината ,за нова немаше пари ,додека купивме мајка ми од моите алишта не смееше да фати а често и нивни сум перела и не ми било проблем. Ама затоа проблем ми беше кога оставив
    крвави ѓаки да се киснат ноќеска
    сабајлето гледам фатила ги перела со варикина. Јас сум алергична на јаки средства. Па уште и се налути зошто и реков не ми пери ,посебно ко ќе видиш нешто такво .... Колку ,до после пораѓај ,пак истата случка. И што да правам ,под креветот ли да ги ставам за да не ги види !? ​
     
    Последна измена: 4 март 2021
    На thelittle17, BabyD0ll и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  17. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Ццццц... ете толку имам да кажам за дешавката со вешот.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај алиштата нашите што ги вклучува без да праша, ги вклучува. Кога и да и речам, се и фалело да дополни перална и џабе ќе зборам веќе не се замарам. Па и пералната еден период и беше расипана и овде ги перевме сите заедно. И на бебчето без прашање ги има вклучувано. Првите 2/3 пати за бањање доаѓаше и она, да не и кршиме ќеиф и после тоа ги вклучила бебешките алиштенца. Ги изцадив за на сушара да ги ставам и гледам фалат едни хеланкички и 2 чорапчиња од бебе. 3 пати проверив натаму наваму за перење ги нема, а знам оти четврток не пуштија од болница а дури во недела се искака беба и се беше лом, до врат :D:D. И многу се изнервирав викам сеа па и такви адети да не има кога се искака бебето алиштенцата да се прават нешто. Кажувам на мм, и вика абе види во ќесето ( со каканиот памперс и влажните) да не сум ги ставил. Отварам он од возбуда и ги фрлил со памперсот :D:D.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Со алиштенцата од бебе пишував... Ставила наши гаќи и ја подбрав нормално ,од тогаш не става од бебе да се перат ,ама во корпата кај алиштенцата за перење подметнува гаќи и маици.
    Дали и е филмот да види дали ги проверувам или бутан одеднаш се или што и е работата не знам. Она на тошо јас на тошо...
     
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Фала Богу не сме.
     
    На Brpbrp, Vanilla15, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.