Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Тоа се два различити типа на љубов и никако не можеш да ги ставиш во исти кош. Можеш ти да го сакаш сопругот повеќе од сопствената мајка?! НЕ се вага на иста вага, а и мајка си е мајка, каква таква таа е, своја е. А жената се почитува особено зошто со неа треба да се мине цел живот. Љубов и респект се две различни работи. И никогаш нема да дозволи вистинскиот маж да се помеша границата кое е кое. И ако продолжиш со таков став и омраза, не знам колку ќе му се допадне на маж ти. Преиспитај се пред да доведеш некој друг да се преиспитува за тебе, најдобронамерно посочено.
     
    На Noemi, Moira, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    да но многу мајки( свекрви) не сфаќаат дека снаата не доаѓа да им го земе местото, туку си има посебно место.....а свекрвите неретко се чувствуваат загрозени, и не само што не го даваат твоето место ( мислејќи дека снаата и нејзините родители ја загрозуваат, од искуство кажано) туку не и дава ниту на снаата да си го заземе своето место.....што резултира до лош барк ( не само на снаата туку и на нејзиниот син)..... а во случаи и до растурено семејство, каде се распаѓа семејството не само на снаата, туку и на нејзиниот син и на нејзините внуци ( исто од искуство кажано).........и сакајќи да ја „потчини“ снаата, односно да “види снаата како е да се биде снаа“, и да „ги преживее сите оние работи кои јас сум ги преживеала од мојата свекрва и маж“ уништува семејство.....
    во мојов случај бившата ми свекрва живеела со свекрва, мажот и на шетање на одмори си љубовниците итн итн и дури како да беше љубоморна што ние добро се согласувавме......дури и правеше такви кавги што дури син и ме има удрено пред неа бидејќи со солзи раскажуваше како сум ја навредувала и сум ја пудела од нејзината куќа „ а таа толку ме сакала, а јас сум сакала да умре таа“ :swear: за после на само да ми каже „штом сум можела јас да јадам ќотек и да трпам се и свашта, можеш и ти“ :fubar: :x што да каже човек друго освен „Боже Господе“ и да бега од таму...
    само Господ паметот да не ни го земе, оти и ние некој ден ќе бидеме свекрви/баби ( без разлика, има случаи каде и бабите прават проблем, но поретко бидејќи знаеме дека за ќерка боли... до душа мојава поранешна „душовадничка“ супер се снаоѓа и во боцкање на ќерка си, но секако од позадина )
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Ти се спаси од тие луѓе и не им се замарај веќе...Уживај си во најубавите години со најмилото детенце....
     
  4. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    да не се праам паметна мн мн ама секој има проблеми луѓе ако не со свекрвата со етрвата со золвата со мажот со свекорот маанете ги свекрвите што сакаат нека зборуваат гледајте со мажот да не имате проблеми тогаш е лошо а овие нека си зборат што сакаат гледајте си со мажот да ви е убаво а за нив ни ноктите да не ве болат радувајте се на животот и на дечињата утре на децата вие ке им требате а не бабите ако се нервирате од нив утре што ке биде ко ке одрастат децата поголеми проблеми маанете ги и гледајте позитивно на животот живејте го животот за дечињата и за себе а овие ке зборуваат од време е тоа несогласување помеѓу снаа и свекрва тоа е рекла рекла само си се смешкај на што и да рече или ако сака неш да ти каже да ти командува пробај со мирно речи а вака нели може и пак ке испадне по твое значи ислушај ја и пробај со зборови али ако и се противеш ниш не правеш ама и да кутиш не бива значи смирено само и така и јас имам проблеми мн зборува ме помага ама мн зборува и научи да бидеш политичар ако гледаш на се и на се да се нервираш утре нема тебе да те биде нејзе ке ја биде .позз
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.350
    Мене свекрвата ми поклони привезоче со ликот на Мајка Тереза :emo:

    Кога го видела одма помислила на мене. Сето тоа беше кажано од срце, без сарказм или слично.


    Така луѓе, Мајка Тереза и јас во исто купче :rofl:
     
    На Neytiri, Hipster, Mama25 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    :o :tmi: Мислам дека си свесна дека си заминала од таа куќа многу повеќе ради тој недовеан створ мт.
    Ја не само шо би заминала, туку би го снимала секој компромитирачки разговор, вклучувајќи го и делот кога на некој начин признала дека синот физички те нападнал пред неа и тап една изјава во полиција, па да го видам дали ќе може да ви се доближи на тебе и на детето, дебил еден.

    Извини вака директно, ама конкретно во оваа ситуација, грешката на свекрва ти е невидлива во споредба со онаа на мт. Солзи бе!!!! :@ А за твоите солзи од неа ако е за тоа требало да ја убие од ќотек...ццц, манијачина :puke: , ни на тебе ни на детето не ви треба таков.

    Затоа во иднина, биди покрај човек кој те поддржува, а не според свекрвата како се понаша. Оно скоро сите се такви недоквакани, шо од годините изветрејува, шо од поднебјето релативно затуцано и така...
     
    На Anyshka, koritsaki и owi им се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ај да ја подзаживееме темава да не ни приумре! :rofl: Јас сум уште во перфектни односи со свеки, вчера на славата дури домакинлукот ми го пофали, мајка ми ќе се задавеше со кифлата кога кажа снајка спрмаше ова, она, јас дури такво незнам да го направам :lol: Незнаев дали да се смеам или да плачам, секако срам ме уби. На веридбата моја само за зетот збореше, мајка ми арно очи не и извади колку беше налутена, па ова вчера шок ја удри. :rofl: Не ме брецка веќе, односно не се замара со мене како што и треба, јас со неа исто, така да можело и вака, добро било. Дури алиштата ми ги испеглала минатиот викенд, хахаха, неможам да поверувам, од оние караконџули што бевме до пред некое време сега се слагаме совршно, и мирна ми глава! :rock:
     
    На Bozica1980, kravce и Moira им се допаѓа ова.
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се активирам на темава.
    И јас немам некои проблеми со свеки, а како и би имала кога се` се поделивме, јас си ги вршам моите, таа нејзините работи дури и (ај да се пофалам :angel: ) таа повеќе од мене по дома работи отколку јас.
    Порано беше обратно, јас цела куќа ќе ја светнам, ќе се утепам од работа добри 3-4 саати пр. за викенд кога мавав генералки, а таа ми ја чуваше малата, ама откако ќе исчистев само што ќе седнев одма следеше-оди си кај мајка ти, а таа ќе си легнеше да одмара, демек се уморила од чување дете. |(

    Е сега јас си ги чувам децата, не им се обраќам за помош околу нив освен едно 20-30 мин. дневно кога спремам ручек да ги припазат (малиот обично е заспан, па само стојат над него да не се подразбуди, а малата некогаш си ја земам со мене во кујна), а тоа чување деца резултира и со намалени обврски по дома, затоа што не може се` јас да работам и да се распаднам, а некој само да лежи и да офка дека се` го боли ама тоа кога треба да се работи, а за шетање не му е ништо.

    Со други зборови-ич не се замарам, не слушам и не гледам, ни кој што збори, ни кој и колку прави нешто или работи, си правам како сакам и како мене ми одговара. И си го гледам здравјето и си ја штедам душичката, зашто ако сама не се гледам ни пазам никој нема да гледа ниту сега ниту на старост, а поготово не свеки.
    И уште една филозофија-таа (па и свекор ми не бил нешто поарен) мене сега не ми помага/ат, нема ниту јас неа/него да и`/им помагам кога ќе и`/им треба помош.
    Ако можев трудна 9 месец да се качувам по 15-тина скали со 2-3 најлончиња (најчесто овошје и зеленчук докај 3-4 кг.) и ниту еден од нив да се понуди да ми ги качи кесичките или пак да ми купи нешто што хитно ми треба тогаш и јас на старст нема нив да им помагам. :!: Тркалото се врти.

    Може некој ќе рече дека тоа се и мои работи, ама па мојот изговор е дека не сум сама и не прљам само јас. Мојот и нередот на децата и мм го средувам, трчам по тројца, е па таа нека си трча по неа и по стариот. ;)

    Буцкања нема, таман работа да има кога бајчето (јас пред 3-4 год.) станало змија ]:) :lol: , имало по некоја рчка која успешно или сум ја изигнорирала или пак сум дала соодветен и на место коментар така што можам да се пофалам дека како така ни функционира незаедницава. :)
     
    На Anyshka, DeMelo, Little-one и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Баш ми е мило што се подобриле односите меѓу вас двете,најискрено се надевам дека сфатила некои работи и не глуми некое лудило. Се надевам дека не и е некоја нова тактика со која делува дека привидно се смениле некои работи и дека овај нејзин нов однос и доаѓа од срце без задни намери но, времето ќе покаже.
    Сепак би внимавала да сум на твое место,не се зближувај премногу со неа не откривај и се, за да еден ден да не се случи да го искористи тоа против тебе.Луѓето не се менуваат така лесно и преку ноќ!!!.Се надевам дека не сум во право :)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И јас се надевам дека е од срце, ама сепак очите на тилот не си ги затворам што викаше баба ми... Кога еднашќе биде човек лош, може уште милион пати, па затоа си пазам. Но не се оптеретувам само на тоа да мислам, дали стварно ми прифатила или не затоа што ќе ги изгубам убавите моменти. Несакам да бидам сомничава туку уживам во ситуацијата со мало внимание, и толку! ;)
     
    На Ethrnity му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    I mene mi bese dobra svekrvata i si ja sakav mn duri bev verena ama sega koga vise ziveeme vo ista kujka ne moze da me gleda mora da najde sekoj den nekoja zakacka da se kara so mene ama daj boze da prodolzite da si se sakate toa e dobro !
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Многу ме нервира кога некој(а) ќе се прави важен(на) и ќе дава изјави од типот, јас ни свекор ни свекрва нема да гледам (аналогно и дедо/баба по линија на сопруга). Знам за еден таков пример, една жена низ цел град разгласи како таа не е будала да ги гледа старите, дека ќе ги прати в дом, дека една чаша вода нема да им подади... Арно ама Господ, сполај Му, и` ја услиша молитвата, па место таа да ги догледа свекорот и свекрвата, тие ја догледаа нејзе (кутрата се парализира млада) и тоа со љубов, па дури и сите редишта и` ги направија.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    А да малтретираат бремена снаа не ли е грев? Уште еден човек носи! Грев е нормално. Како свекрвата да не носела. Или ај и' завршила нејзе работата со деца раѓање и заборавила како треба да се однесуваш кон нкој во таква состојба.

    И некој кој не ја погледнал и бил суров кон неа (кога не и' требало многу, ете една пружена рака била доволна да стане на нозе) кога и' било потребна помош нема сигурно да биде будала да утре му врати со помош.

    А таа снаата во твојот пример е сосем поинаков случај. Веројатно уште една лоша жена влезена во куќа кај добри луѓе. И како можеш да речеш „Сполај му на Господ“ во контекст на тоа дека млада жена се парализирала? Треба тоа да е повод некој да биде среќен и да се сити? Грешела и била казнета, ете. А овој пример нема врска со примерот на лолита.
     
    На Anyshka, bibiiii, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Многу верски настроен овој Оrthophill, ама на моменти не знаеш дали кон ангелот или кон ѓаволот забегува :D

    Безвезе муабет. Тој и` ја сослушал молбата, па ја парализирал за тие да ја чуваат со љубов.
    Ако сакаш да кажеш дека Господ враќа ако имаш лоши мисли и посакуваш такви работи - тогаш ептен грешно си ја претставил ситуацијата, т.е. ТВОИТЕ зборови не доловуваат никаква казна, ниту награда за старите.

    Господ да не` чува само, од лоша крв и забегани умови, па што треба и на кој треба - ќе помагаме.
    Ама Orthophill, полека со муабетиве и заклучоците, сполај Му, има кој да ни суди и пресудува.
     
    На Anyshka, DeMelo, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.586
    Пол:
    Машки
    Значи на жената желба и` беше да не ги догледа свекорот и свекрвата и таа желба и` се исполни.
    Интересно е што во темава, се јавуваат само изнамалтретирани снаи, ама ги нема свекрвите да си дадат одговор. Туку ајде, ќе го препишеме и ова на транзицијата, која заедно со разните економски кризи, ги избудалиле вашите свекрви. :)
    Сепак не би било лошо и снаите, со ладни глави, да се стават малку на местото на своите свекрви и да размислат како тие би се однесувале во ситуацијата за која овде пишуваат.
    lolyta777 не ја знам, и не пишував против нејзе ами против оваа филозофија : И уште една филозофија-таа (па и свекор ми не бил нешто поарен) мене сега не ми помага/ат, нема ниту јас неа/него да и`/им помагам кога ќе и`/им треба помош.
    И` се ивинувам на lolyta777 ако ја навредив со некој збор.
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  16. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Навистина не разбирам како е тоа поврзано снаата да ТРЕБА да ги чува родителите на мажот. Па сакала, па не сакала, па заслужиле, па не заслужиле. Во кој закон го пишува тоа догледување. Ако си имаме живеачка добра и фер односи нормално дека ќе трчам, исто како за моите така и за неговите. Ако си немаме живеачка каква треба, ако се боцкаме цел живот, 20-30 години зар од еден момент ќе ја свртиме работата и мене ќе ми е грижа за нив затоа што така требало :^) .
    Сведок сум била на разни примери, ситуации кога сопствените деца несакаат да ги погледнат своите родители од икс причини, а не па туѓи да чуваат. Се е индивидуално, правило неможе да се извлече. Секоја вистина има две страни.
     
    На imelda, anggell, anule88 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.407
    Пол:
    Женски
    Да помагам утре некому кој ме малтретирал мене вчера и директно да си се пријавам у Бардовци, нема потреба да ме врзуваат. Јас сум повеќе по онаа филозофија „Што ќе фрлиш зад себе, тоа ќе најдеш пред себе.“ Тој кој мене ми направил добро и те како видел добро од мене. Ама тој кој ми згрешил...не може со тоа да се пофали. Не сум му вратила со лошо, ама очи не ми видел. Дури и кога сум била потребна.

    Доколку свекрвите се со став „Ова е моја куќа што сакам ќе правам, на снаата ако не и' чини нека си оди.“ тогаш исто толку точно е и тоа дека снаата не се родила ни да слугува во таа куќа, камоли пак да чува туѓи родители како свои кои НЕЈЗЕ додека биле на нозе ја нарекувале туѓинка и дојденка.

    За ставањето на нејзино место. Таа прва треба да се стави на место на снаата, пред се' затоа што таа минала низ нејзиното и знае што значи таа мала поддршка во миговите кога истата е пресудна.
     
    На Anyshka, Mikako, imelda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    има многу вакви вистини и може и полоси :!: искрено да кажам жалоно е сто мора вака да биде,..
    на место тоа да најубавите години од брак да се поминат најубаво сите или повеЧето трпат многу вакви проблеми..
    само да докажам ГОСПОД ДА НИ ПОМОЖИ!..и многу срејка и љубовзатоа сто и тоа е потребно...
    искрено од се срце сакам ваквите работи и браковите да се најубаво несто со саканиот али не само од нас труд да се убаво туку и од спротивниот пол...
     
  19. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    ]

    Многу ме нервира кога некој(а) ќе се прави важен(на) и ќе дава изјави од типот, јас ни свекор ни свекрва нема да гледам (аналогно и дедо/баба по линија на сопруга). Знам за еден таков пример, една жена низ цел град разгласи како таа не е будала да ги гледа старите, дека ќе ги прати в дом, дека една чаша вода нема да им подади... Арно ама Господ, сполај Му, и` ја услиша молитвата, па место таа да ги догледа свекорот и свекрвата, тие ја догледаа нејзе (кутрата се парализира млада) и тоа со љубов, па дури и сите редишта и` ги направија.[/quote]
    Тоцно залосно е и тие се родители на мазот но доколку ја малтретирале снаата психицки или физицки не заслузуваат ни вода да им подадеш.
    Жалосно е за таа снаата сто ја спомнуваш но да ти писшам за моите свекор ми го уци мажот ми да ме тепа ,свекрва ми во мн ситуации изразува желба да ме удри без причина (им родив ненормално дете---дете со посебни потребикое не оди и не збори )ако одам по болници подолго време јас сум била курва таму сум се шетала,детето не ми го прошетале никогаш. ако се расипе несто јас бев крива,ако се скрши нешто исто јас.вреѓање пред сите дури ни чајот ни кафето од мене не им се допаѓаше.сега сум РААТ УЖИВАМ у мир и тишина.
    МАЛ СОВЕТ ОД МЕНЕсега сум сама пробуваат пак да прават проблеми
    ставете ги на IGNORE
    замислете дека се невидливи и дека се незначајни.
    вие вредите и вие можете се
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Свиѓало ти се, не свиѓало, тоа е моја филозофија и одсега па на даље и у будуќе-кој на мене со камен и јас на него со камен, доволно фрлав колачи.
    Мој живот мои правила.
    Толку, секој понатамошен коментар може да биде навредлив.
    Ти благодарам за убавите желби за мојата иднина. |(
     
    На Anyshka и MacenceEna им се допаѓа ова.