А добро кога сме кај перењето. Кога ви пуштаат машина, ги перат и нивните и вашите работи заедно? На страна бебешките
Најголемиот мит што постои е дека луѓето некогаш биле поинакви. Секогаш биле исти. Секогаш имало лоши свекрви и лоши снаи, ама и добри. Секогаш има злобни, дволични и зајадливи луѓе, имало и кавки и несогласувања. Секогаш имало алкохоличари, насилници, коцкари. Дури и проституција е еден од најстарите занаети. Луѓето дури и наоѓале начини да се дрогираат уште од кога ехееее. Воопшто не биле покротки. Единствената разлика е што порано се знаело кој ќути - жените. Ако биле повеќе жени тогаш - помладите жени. И се знаело дека одиш да бидеш слугинка на неговите, не ни си имала некаков избор. Со тек на време жените почнале повеќе да се образуваат, да излегуваат од дома, да одат на работа, да имаат пристап до информации, свои пари, повеќе поддршка од домашните при развод и слично. Денес имаме повеќе опции, не мораме да бидеме слугинки никому и од тука имаме повеќе храброст и самодоверба да се спротиставиме на свекрви, родители, сопрузи. Баба ми немала свекрва и само 5 години живееле во заедница па има развиено анксиозност и депресија од тоа што и се случувало во тој период. И има еден куп слични приказни. Врти сучи луѓето биле исти
Кога и беше расипана да. Сеа некогаш пак земе од кај нас алишта. Ама мене не ми е проблем што се перат заедно, секако и нашите се валкани и нивните штом се за перење ставени. Мене ме нервира што сама си ги зема, а јас принее чекам да си дојде и мм од работа да се истушира и да ги вклучам, а она веќе завршила работа .
И јас си помислив тоа додека пишував, дека сигурно и порано се нервирале, ама друго било, се сметало за нормално и правилно таквото живеење. Ок, врти сучи, нека е општо, нема и немало толку кротки луѓе по карактер за да можат да живеат во заедница без на некој нешто да му присмета. Затоа секој ако може и да си ускрати од др работи, ама за мир во глава, да си се оддели, па макар и под кирија.
Со тоа се согласувам. Под мост ќе живеам ама во заедница не одам. Туку, сакав да кажам дека можеби било порано понормално тоа, ама не значи дека не приметувале и дека не им сметало или дека помалку се нервирале. Едноставно (за разлика од сега) немале кај да одат. Баба ми сега има 80, значи тоа се дешавало пред 65+ години па уште го памти и прераскажува.
Да... Ги подметнува ваљда мисли нема да ги видам ќе ги пуштам со на бебето. @Bicka77 ее на ова немав помислено...
@Осе Бебешките чувај ги во спална, не ги чувај в купатило, и онака чисти се. И во корпата во која што си ги чувала до сега бебешките в купатило стави играчки пајаци или змија или гаќи со кармин или гаќи со павлака или поинтересна идеја ако имаш.
Крвави гаќи се оставаат ли во купатило? Грозно е. Таа просторија е заедничка, па нема смисла сите да ги гледаат гаќите какви ти се. И мене ми протекува и добивам пред да ставам влошка и никогаш немам оставено крвави гаќи, ни дома ни тука. Запери ги веднаш, што ке киснеш?
Во 3 ноќеска со ладна вода што ќе исперам !? Значи збориме за екстремна ситуација кога сум морала да ги оставам + не беа најгоре туку во вангличе помало па врз него поголемата. Згрешив што не ги фрлив ,од тогаш така правам во екстремни случаи . Ќе си купам нови поарно. @gjoker4e хахаха нека ја секако се пере ,немам желба да се расправам.
Кај нас свекрвица пере, ама па бебешките ги пере посебно. Нашите сите заедно, ако мене гаѓите ми се повалкани ги киснам сама и ги перам на раце, па после ко ќе се исушат во машина. Не ми се верува за што се дискутира тука.
Е ајде де.. мои гаќи не ставам со алиштенца од бебенце ама свекрва ми да мисли дека е ОК нејзините да ги стави.. Не знам што ак'л треба да имаш за такво нешто. Сака гаќите да и мирисаат на бебето ли?
Ужас бре, па кажи и да не ги меша. Јас си ги држам во корпа во собата моја ниту ги мешам во корпата со други.