Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.661
    Пол:
    Женски
    Посебно со свекрва како твојата, си требала.
     
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Убав одговор даде. Помош не ти треба, збориме тука за помош во поглед на секојдневно кенкавење како неможеш да зготвиш, како неможеш да постигнеш да испереш и сл, а не за екстремни ситуации кога секој треба да биде човек и коректен.
    Бидејќи ти се чувствуваш способна, што всушност и си, таа нема да може да ти скока на глава. Секаде и секогаш ќе има кавги ама пак да бидат во граници на нормала и да не излегуваат од контрола. Колку си ти поспособна и понезависна толку свекрвата се помалку ќе има моќ да пререче нешто. Е сега таа пак ќе си најде закачка ама тогаш нема ни на мисла да ја ставаш бидејќи приоритетите ќе ти бидат други.
    Имаш убаво кажано и погоре дека ВИЕ не дозволивте, затоа твоите проблеми кои ги имаш се свекрва ти ќе бидат решливи или во најмала рака нема да ти влијаат во животот.
     
    На M.B. и thelittle17 им се допаѓа ова.
  3. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Исто, бебчето си има посебна корпа, и нејзините посебно.
    А нашите не ми пречи и со нивни да се исперат. Па и дома кај мајка ми на сите заедно се переа алиштата, не беа посебно мои.
     
    На thelittle17 и Осе им се допаѓа ова.
  4. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    2.030
    Пол:
    Женски
    Ниедна мајка не е неспособна, и сметам дека со самото земање на бебчето се буди лавовското во нас. Добро ми го свати коментарот. Но и да не се лажеме дека нема мрзливки мајки што сакаат се да им е угодено. Ќе сњ жалат неможат и немаат време до вц да одат а дневно по мин.10 коментари на форуми, 10 на фб, и уште на 10 постови пишано "цена ќе ве молам" :) пресметајте во време колку е тоа.
    И јас сум го поминала тоа знам како е, млада мајка бев, дете што има дете, без подршка од нигде никаде. Падови многу, љубов голема, а желбата за да си докажам прво на самата себе дека сум неколку нивоа над нив (барем во култура и човечност) уште поголема. Во животот немав време за плачење, за жалење и сл, се исправив сама и одлучив дека морам да успеам. Маж ми го прашав дали сме заедно, дали ќе одиме напред или ќе тонеме со нив. Одлучивме да продолжиме заедно, да бидеме маж и жена, партнери во работа, другари кои ќе си ги кажуваат маките во тишина, пријатели, родители, рамо за плачење, прегратка за смеење.
    Еден на друг си станавме се и сеуште сме, долги години поминаа од тогаш, а кога ќе се сетам и денес ми се плаче.
    Заземете се за себе, за своите деца, за партнерот, се друго е одвишок.
     
    На Luminary, cresa-jagoda, SandStorm и 10 други им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.699
    Пол:
    Женски
    Ауу идиотка да сум на твое место у уста ќе и ги бутнам, какви женишта ццц нејзин веш да става со алишта на бебе. Алиштата на бебе во спална чувај ги земи си корпа како за играчки што е и таму чувај си ги алуштата на бебче. Свекрвиштено си има своја машина ама кога им се расипа переа во нашата она си ги ставаше само нејзините и на свекорот алиштата, нема шанси моја облека да перам со нејзина уште помалце нејзините со на децата. На децата алиштата посебно ги перам.
     
    Последна измена: 4 март 2021
    На cresa-jagoda, Осе и pikabu5 им се допаѓа ова.
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.791
    Допаѓања:
    18.522
    Пол:
    Женски
    Ти никако не си се справила, само си трпиш и си пиеш лекови.
    Ова не е решение за проблемот.
    Ако ти е така полесно ок, секој си знае за себе.
    Ама не е воопшто убаво да се нервираш и да замижуваш,гледаш како се одразува на здравјето,психата,сама си осетила
    Само едно ќе кажам, никој, ама никој не е вреден да си губиш здравје од нервози.
    Секогаш мисли си прво на себе,никој фала нежа да ти рече.
     
    На Anyshka, butterfly6223, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Siena^^

    Siena^^ Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Не познавам никој од тука. Нова сум на форумчето. Но одамна читам и имам некоја слика за некои членови.
    И јас сум млада,24 год. Живеам во заедница. Комотно можам цел живот во еден пост да ви го раскажам и да се запрепастите сите. Го делам истото мислење со повеќето од вас дека ако човек сака ќе си среди се. Ете јас во брак сум 2 ипол години. Гледајќи со какви луѓе живеам не родив веднаш откако се омажив. Сите проблеми ги споделувам со сестра ми. Во иста ситуација сум како некои членки тука, не можам да излезам кога сакам и каде сакам, имам сопруг кој е мамин син, не можам дете да пуштам во градинка и сл.
    Откако се омажив имав факултет за учење и проекти па тоа ми беше изговорот пред другите за проблематиката ДЕТЕ. Мојот сегашен маж ми беше дечко долго време. Кога се земавме тој имаше стабилна работа, а јас скоро никакви примања. Секој ден гледав золвата како оди и си доаѓа од работа, исто и јатрвата. Најмлада бев јас и гледана со осуда дека дома седам. Почнав да работам во бутик и истовремено да учам. Завршив факултет, пак сите прашуваа за дете зошто немаме, па да не сум била неплодна, па муабети од свекрвата дека можеби сум имала некого претходно и сум абортирала па затоа сега не можеме да имаме. А како ? Кога од 18 год сум со нејзиниот син?? Не ми го има кажано мене туку со други го зборувала и стигна муабетот до мои уши.
    Сега имам 10 месечно бебе, но не заради туѓи притисоци, се случи кога јас решив дека сакам. На почеток мислев дека ќе биде тешко и навистина е. Блиска сум со јатрвата и гледав и слушав како помина таа со свекрвата. И го земаше детето, проблеми, караници со сопруг, и се мешаше во се. Ми се мешаше и мене, ама јас немав дете тогаш и не ја ставав ич на аклот. Ми се мешаше за домашни работи, ама ладна бев и немав нервози толку. Е откако родив, следеше истото и за мене, но многу полошо. Јатрвата си замина во друга куќа со нејзиниот маж. Се спасија тие. Сега јас сум на мета. Сега бабата се прави мајка на моето дете. Мајка ми не можам да ја вклучам бидејќи не живее блиску. Сестра ми доаѓа често, но си има свои обврски. За да не биде дете со свекрва додека сум на породилно, постојано е со мене. Додека доев беше лесно, но морав да престанам многу брзо поради здравствен проблем.
    За 2 недели почнувам со работа и не знам како ќе биде. Не сакаат да слушнат за градинка. А на свекрва немам доверие да го оставам. Маж ми не сака градинка, а трета опција нема. Јас немам искуство со постнатална депресија, но гледам многумина имаат. Изгледа ќе имам проблеми кога ќе тргнам на работа и не знам веќе кои ми се можностите.
     
    На tina2018 и MoreNa-22 им се допаѓа ова.
  8. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Siena^^ Јас требаше са почнам со курс на 15ти 4 дена во неделатаи го откажав за во Август еден ден во неделата сабта, не можам ќе ми мрднеше паметов ако го оставев со било кого..
    А требаше и на свекрва ми и кај свекор ми да го носам, ама подобро не.
    Може свекрва ми добро ќе го гледаше, ама сама јас не ќе бев мирна...
     
    На thelittle17 и Siena^^ им се допаѓа ова.
  9. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Гледам млада си, недоволно искусна, за да си зачуваш здравје и да си живееш нормален живот, прати дете во градинка, ти на работа. Како тоа мажот не сака? Биди и ти себична како што е он, јас сум родила, јас ќе одлучам, него мајка му нека не го праќа на работа, пошо кажуваш мамин син е, нека го чува дома. Не може вп 21век со вакви работи да затупуваме, терај живот, имаш дете, тоа ти е мотив и смисла за живот.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Siena^^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Siena^^

    Siena^^ Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Јас немам никаква блискост со свекрвата. Искрено ви кажувам. Ни кафе не се симнувам да пијам, ништо. Само за празници јадеме заедно демек фамилијарно. Ама маж ми се симнува и си седи со нив, па доаѓа горе и ми кажува да се симнам сакале бебето да го видат. Му ја полнат главата максимално. Пред да се вработам многу потешко беше. По цел ден ги трпев, кратко време работев, па откако се породив решив воопшто да не ми се повторува истото, иако не одам на работа не се симнувам воопшто. Кога излегувам или влегувам добар ден и пријатно. Може да си размениме некој муабет, ама јас држам дистанца. Премногу ми се мешаше и затоа така се издвоив, но сега не ми се меша директно, преку мажот мој ми пренесува сугестии. Ме демне на социјални мрежи ако ставам слика и зборува дека не требало слики од деца да се објавува, ќе се злоупотребеле, па не дај боже ако е тенко облечено бебето, ќе сум го разболела ама мене газот ме болел за бебе, сум била нашминкана и дотерана друго не ме интересирало. Овие работи знае и сопругот да ми ги каже, и јатрвата ако слушне ми пренесува. Пред една недела сестра ми дојде да го почува јас морав да одам во друг град на доктор. На што личело тоа сестра ми да доаѓа кога таа е дома. А јатрвата пак и го остава, па слушаме жалби, не можела таа мало дете да чува требало ручек да прави, требало да чисти, тоа дете зарем мајка немало. А на јатрвата и вика нема кој да ти го чува, само јас можам да ти помогнам, твоите не се заинтересирани ниту да го видат а не па да ти го чуваат. А не е така, луѓето се фини, ама за да не ја кршат свекрвата не навалуваат. Јас мислам дека од неа доаѓа тоа да не го праќаме во градинка ниту нашето ниту она на јатрвата. Маж ми и онака не е дома со денови, нема ништо да му смени каде е детето.
     
    На violetblue, A.n.g.e.l.a.V и Осе им се допаѓа ова.
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    При здрава, права баба срамота е сестра ти да доаѓа да чува бебе, што ќе каже народ, што ќе кажат комшии? Тоа е тоа што ја мачи таа генерација, затоа ти викаат на што личело.
    И нормално, пак за пред комшии, она е најзаинтересирана за нејзините внучиња, она најдобро знае да помогне.
    Зад затворени врати комшиите не може да ги слушнат муабетите што она ги прави дека тоа дете и смета во извршување на секојдневни обврски, а и да слушаат пак е она најдобрата затоа што помага несебично.
     
    На Anyshka, A.n.g.e.l.a.V, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Мојот свекор и свекрва, да ги пофалам, доста олабавија у поглед на бебе и станбено прашање. Се надевам ќе потрае.
    На свекрва ми и праќаме слики и видеа од малата и си седи така мирна. А пошто се жалевте некоја страна поназад ете да се пофалам и дека ме има прашано како сум физички, како психички, дали имам време за себе. А бебе го гледа пораснато, со обравчиња и му вика тебе мама те очовечила.

    Мислам дека им е комплетно јасно веќе дека ќе си тераме по свое за се и се научија дека ако даваат многу мислења и инсистираат ние се повлекуваме и бебе не гледаат.
     
    На cresa-jagoda, jarec6, Brpbrp и 5 други им се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Најискрено ви ја разбирам посесивноста, зошто и јас бев таква. Како јас што ќе ја облечев, избањам, наранам, држам, никој!
    Од денешен аспект, 20 години покасно, сметам дека сум била токмак.
    @Siena^^ нема ништо лошо во тоа свекрва ти да го чува бебето. Таа жена е исто мајка како тебе.
    Често ве читам. Ако ве прашаат, зошто ве прашале; ако дојдат, зошто дошле; ако перат, не требало; ако не направат ручек, боже боже па и ние знаеме...
    Олабавете се.
    Однесувајте се кон свекрвите слободно како кон мајките.
    Олеснете си.
     
    На ALISA0000, cresa-jagoda, PinkGirl* и 9 други им се допаѓа ова.
  14. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те навредам, ама никогаш нема да разберам зошто се мажите со вакви мажи, а посебно па на 21-2. Цел живот е пред тебе и има еден куп нормални мажи.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    37.183
    Пол:
    Женски
    Никој нема да разбере додека не е во кожата на некој.
    Од оние што лично ги знам е потеклото од нефулционално семејство и цел живот едвај чекаат да си отидат од дома, се разбира сигурно постојат уште мал милион причини.
    Добрата вест е што секогаш може да се разведе.
    А нашата цел како мајки да не ја заборавиме, да ги учиме ќерките да се осамостојат па да влезат во брак за да можат во секое време да се разведат ако има потреба, секако и ние да останеме нивниот топол дом засекогаш, без разлика на се.
    Ништо во животот не е совршено, ако некој има вакви проблеми, тогаш некој што има нормален маж и брак има други проблеми. Едноставно таков е животот.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Siena^^

    Siena^^ Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2021
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски

    Многу сте брзи со заклучоците. Зошто и како сум се мажела е моја работа. Не е ништо од тоа што набројавте. И не мислам дека тоа треба да е предмет на дискусија. Културно пишувам бидејќи видов како партал ја направивте друга девојка која комплетно искрено си опишала и напишала се што и се случува. Но изгледа форумов не служи за човек да биде искрен бидејќи или идентитет ќе му се открие или ќе биде предмет на осуда и одма навреди од секаков тип.
     
    На Anyshka, AlicaInWonderland, Crna Dama и 6 други им се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јас се однесував како да ми е мајка, имавме добар однос, и на крај почна да ме озборува насекаде, од тогаш го сменив односот, а и мајка ми не може да ја замени, така да вака ќе си биде после се што претрпев од неа.
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Извини ама секогаш кога ке ви го кажат конкретниот проблем сте повредени.
    Како шо ти имаш право да пишуваш така и некој друг има право на свое мислење.
     
    На lovemme, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека сакаш да побегнеш и ја сум сакала. Само одиш од едно зло во друго. Затоа не ми е јасно. Гледаш дома кај тебе никакво, гледаш дома кај него никакво и? Пошто убаво пиша дека знаела како е од почеток, да глумеле па да не знаела ок, има луѓе што стварно се вешти во скривање на вистинското лице. Ама вака не си побегнал од ништо само си отишол да се мачиш на друга локација.
     
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    9.349
    Пол:
    Женски
    Мораш да си заземеш цврст став и да му кажеш и на мажот ти а ако е потребно и на свеки детето е мое јас одлучив да го носам во градинка и крај, можат да се противат колку сакаат, твое дете твој правила.

    Иста сум и јас, воопшто не комуницирам со свекрва и свекор, доле не се симнувам никогаш буквално, последно за бадник бевме доле и тоа пола саат поседов и си се качив со детето, кога сакаат они да го видат идат горе ќе поседат 15-20 минути гледаат дека не сум заинтересирана ни за муабет ни за ништо и си одат. А искрено не се некој лоши луѓе, фини се поготово свекорот е стварно премногу фин, ама не знам ете подобро ми е вака на дистанца, колку си по близок со некој повеќе можеш да си згрешиш.

    А искрено еве и ти немој да се навредиш ама од каде право да кажуваш кој кога да се мажи, секој сам за себе одлучува,макар и да направил погрешен избор. Девојката за друго пишуваше и праша, а не побара совет дали требало да се омажи или не.
    Гледај кога ќе дојде твоето време за мажење каков маж ќе одбереш, не соли памет на друг.
     
    На Anyshka, Stressed Out, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.