Така е, баш си во право за времето. Хихихи малку и се пронајдов, барем за периодов, за тоа со коментарите и времето поминато на нет, ама добро јас уште сум во вонтелесно и поддршка, кога ќе си дојде бебчето, сигурно ќе се смени тоа Точно е, често се жалиме дека немаме време, а да си го мериме времето поминато на интернет ќе сфатиме колку само губиме во тоа и дека се е до приоритети. Добро сега така и се опуштаме, на секој и на мајките млади им треба време за себе ама подобро да го искористиме тоа време за прошетка на сонце отколку да кисниме на нет. Поздрав
Побарајте од мажите да одберат страна! Ко се породив и ескалираше се', си заминав кај мајка ми со бебето и реков: Нема да се вратам додека не видам промена! Среќа само три недели беа доволни, ама им беше wake up call на сите.
Не се вреѓам, јас стојам зад моите зборови и дела и не се вреѓам кога некој ќе ми укаже дека сум погрешила Добро тогаш, мажете за мамини синови и плачете по форуми што да кажам
Да секој си одлучува за себе, ама со свој камен по глава најмногу боли. А проблемот никогаш не е свекрвата.
Јас потполно те разбирам и тоа што го пишав не беше воопшто заклучок, посебно не за тебе лично. Секој има право да се мажи кога сака. За жал не секогаш ќе добие подршка човек на форум ама пробај да ги прескокнуваш осудите. Ти и маж ти сте едно и заедно треба да најдете решение на сите проблеми. Ако маж ти не е на твоја страна е тогаш е проблем. Затоа реков разводот е секогаш решение. А со свекрвата само строго и на дистанца. Твое бебе, твој маж, ти ќе правиш како што тебе ти одговора. А таа нека сфати дека нејзиното бебе е веќе маж и има жена.
Ама не можеш да им докажеш дека проблемот не е свекрвата. Мислам од она што го имам прочитано на форумов голем дел од свекрвите си се малку така забегани АМА ако маж ти застане на твоја страна и ја прати мајка му таму кај што и е местото нема да те засега нејзината забеганост. Знам еден куп приказни кај што жени, образовани, со свои примања и независни се мажат со такви лиглиња и одат да ја служат мајка му. Да, постојат случаи кај што жени бегаат од насилството дома така што се мажат, ама да не се лажеме има колку сакаш жени што никој не ги малтретира туку едноставно се убедени дека ќе го сменат мажот, дека бракот ќе смени нешто, дека децата ќе сменат нешто. И цело време ја вртат приказната како е многу тешко во Македонија да се осамостоиш, како е многу тешко да оставиш некого бла бла. Знаеме дека е тешко, ама знаеме и дека еден куп луѓе успеале. Значи треба да се мрдне со газот. И нормално, сите сме биле заљубени, сите знаеме дека е тешко да оставиш некого ама ако си одлучила да не го оставаш (иако еден куп прилики ти укажале на тоа дека е ѓубре) тогаш носи се со одлуката. Немој да бидеш безобразна со рандом особи на форум што ти посветиле време и одлучиле да ти помогнат.
Е така, ова е најточното нешто, ако маж ти не те поддржува џабе е се, се зависи од него, колку ќе дозволи мамичка да му го сврти паметот, и наместо да одбрани и да застане на твоја страна, оди против тебе и детето, среќа па немам таков проблем. Детето и жената треба да му се на прво место! Примарното семејство сме јас, тој и нашето дете/деца, сите останати се во втор план, и мои и негови! Ама затоа вака како Вајлд, би направила, ако некогаш стигне до такво нешто.
За жал има многу што немаат подршка од нивните. Во смисла што ќе рече народот ќе се враќаш дома со дете. Муабетите како -Сама бираше, сама снаоѓај се. Затоа им се качуваат на глава уште повеќе, и ги омаложуваат, малтретираат.... А мажот ако не те почитува и цени, џабе е свекрвата и нози да ти мие. На мојата и беше криво што мм е на моја страна не на нејзина. Зошто она немала никаква подршка од свекор ми кога била млада, никогаш не се завземал за неа и не ја одбранил.
Да, исто и на мојата. И беше криво кога ме бранеше, кога застана позади мене, кога со нив се расправаше заради мене, кога кажа дека не можат да му го уништат бракот, итн.. Проба со плачење да го фати на сентименталност, зошто го знаат каков е сожалив, и дека попушта, ама пак не и успеа да го сврти против мене, и ден денес не смее ништо да му спомне за мене, а не па да ме озборува, тоа ти е, јас им кажав како правите, така ќе ви се врати се.
Ама затоа се нагласува милион пати независноста. Не е малку безвезе во 2021 да зависиш од родители или маж? И сега пак ќе ми се закачат со таа Македонија и колку е тешко да се осамостоиш. Епа да, тешко е. Ама луѓе работат по 2-3 работи за да заштедат пред да родат, се селат во подобри градови/држави, се дообразуваат за поголема плата, менуваат скроз професија. Капитализам и Балкан е лоша комбинација дефинитивно, ама кукање, плачење и обвинување друг (на пример свекрва ти) за твоите проблеми нема да ти помогне. Место плачење по форуми, гуглајте, барајте што се бара, уплатете некој курс, разгледувајте различни опции за работа, за селење.
Мирот нема цена! Значи две работи ќе работиме ако треба, ама со нив нема да седиме. Кога ќе знам дека нешто си е мое, нешто што сами сме си го постигнале, без нивна помош.. нема поубаво од тоа!
Мојата рече нема лоши снаии, само лоши синови има. И на нас они ни се криви и мажите, на нив ние и синовите. И затоа најарно не во различна куќа, по можност и на различен континент
И мајка ми се плашеше да не не се вратам никогаш. Ама тоа беше нешто со што сама мораше да се соочи. Прво ми беше битно јас и бебето. Ни мајка, ни шајка.
Ве читам деновиве, се нервирам и крвта му ја пијам на мојов, "мајка ти е оваква, мајка ти е онаква"... Ако прочитам уште некоја страна ќе земам и јас ќе го оставам наместо вие вашите. Вие што имате дечиња, ни свекрва ни маж да не фермате. Ние се мачевме да ги носиме со месеци и да ги раѓаме, од нас се одделите, од утроба ни излегле, ние ќе го имаме последниот збор за нив, освен ако не сме налудничави, нели. Мојата пред некој ден, кога и' спомнав дека купив вреќички за спиење за бебето, затоа што ќебенцата не се безбедни(не знам ни јас со кој памет и' кажувам неа), рече дека она три деца изгледала, сите ќебенца имале и сите што ги знаела користеле ќебенца. Ја оставив на seen на фејсбук и ич рецка не и' удрив. Нема што да дискутирам и да се расправам кога станува збор за безбедноста на моето дете.
Ајде ма, терај по свое, што и кажуваш ако е преку земја, гледај си детето да ти е безбедно, не се тие времиња сега, тогаш немало вреќички и напредна медицина. Аман бе овие да не се назад во времето заостанати или што е работава. Те читав дека ќебенцето преку глава го фрла, гледај тука да не го задушиш детето и користи тоа што е безбедно, а другите што ќе кажат ич да не те боли..
Zosto tolku mnogu im pridavate znacenje... ostavete gi neka si zborat..ma i neka si pravat kako znaat... vie kako znaete i umeete i nema diskusija za toa koj sto napravil! Nie doma ne gi ni spomnuvame ni moite ni tvoite... neznam sto vi e toa - od ym ne gi vadite,gledaj te si odnosite doma i nema sto da se zbori za ovaj onaj!l Mnogu se zamarate da ne imate visok vreme,jas sakam na zaem koj ima!
Секој си одлучува дали ќе работи или не, нема што притисок да му се прави. Прават притисок за дете, измислуваат глупости, па мора ли сите веднаш да имаат, може сакаат прво да се средат. Абе затоа оди во странство ни да те гледаат ни ништо. Како бе не сака во градинка? Детето ќе се социјализира, отколку да затупува дома со баба му. Какви се овие мажи стварно не знам. Да сум маж и да решам жена ми да не работи има сите да ги исплескам што зборуваат за тоа. Јас и давам пари, не тие. Ама многу од мажите не се такви и затоа заслужваат цел живот да се сами па може ќе се освестат. Не е крива свекрвата, тој е. Ако пресече и застане помеѓу вас ќе биде друго.
Во право си. Ама погоре што пишаа, кога живееш со нејзе преокупиран си со глупостите и скоро неизбежно е да се нервираш. Јас откако отидовме под кирија раат видов и ич не ми е криво ни за пари ни за ништо. И да, сега може да паламуди до 1001 и назад (повеќе син ѝ го замара), ама и мене кога ќе ми каже нешто, од едно влего од друго излегло. Нема веќе она контрола. И да, сѐ е до мажот. Мојов зошто е безгласна буква пред мамичка беше доволно свесен дека за да си го спасиме бракот мора да си одиме од таму. И одма е друго.