Јас не сакам да ми чува дете по цел ден, особено па свекрва ми, абе шанса нема, со турско серии и алкохол НЕ! Неговите се постари и пензионери, татко му не е баш способен, и не ми е сигурен за да оставам дете на него, оваа ќе се противи цело време, како нема време и сл. не сакам да ми се качува на глава дека го чувала таа, така да ос 10 месеци ќе си оди во градинка, и нема друг избор за жал, ММ ќе си го чува после тоа. Не сакам размазено дете ради неа.
Се согласувам потполно. Кога станува збор за дете еве и брак ке замешам тука безобразно не дозволувам некој да ми рече нешто а не да проба да ми се меша.
Јас ништо. Од Божик сум и лутна и избегнувам комуникација со неа се додека не си ја сфати грешката. Му велела на сопругот многу ми е криво што снаата не ми прави муабет. А не ти беше криво кога јас ни крива ни дужна морав да трпам некој на глава да ми се качува. Си поставив веке сама граница, ако сакате да живеете и да сте во добри односи со мене ке мора да внимавате на вашето понашање и постапки спрема мене, како што тоа го правам и јас, за да не ви биде криво после, не за друго. Ако сам не се жалиш, ако сам не си поставиш граници, друг не ни мисли на тебе. Инаку она ми купила Тава, завиткана, со флонга, со честитка, за доручок геврек и јогур и десерт. Станувам сабајле, уште сабајле ми ги оставила во дневната на маса.
Цвеќиња во саксиички 3 за 100 денари беа, ги поделив на мајка ми, баба ми и на неа . Колку да не е без ич ништо.
цвеќе вакво ,и ми рече многу е интересно ,јас тебе ништо не ти купив. Викам ако не треба ти си постара. Другиот ден убаво е ама џабе нема да го биде ,најубави се бегониите ....и така
Првиот 8ми март откако се омажив, свекрва ми беше известена дека не славам на тој начин, што значи дека нема да и' дадам поклон и да не ми дава ни таа мене. Но, сепак одлучила да ми купи. Ми го даде и и' го одбив. Едноставно не го зедов и повторно и објаснив дека сум сериозна и дека не ја сакам таквата потценувачка традиција (според мене). Се налути и ја смена блузата со машка и му ја поклони на маж. Години ја носеше. Шуба мека беше, па и квалитетна се погоди Така да... ако толку сакате да ми купите поклон, ич не се мачете, ќе ви го вратам. Поклонете му нешто на маж ми.
Свеки на мене ми купи азалеа уште пред 2 недели. Јас ништо не сум ѝ купила, кога ќе излезам од изолација ќе ѝ купам некое саксиско цвеќе.
А јас замисли кафа ЦЕ и еден дезодоранс ФА.со панделка да е свечено као демек.Оваа година ефтино ја прокарав..
На моменти се почувствував неубо не знам зошто,ама па кога ќе помислам дека таа практикува ништо да не ни купува на никој од домашните ,дали за роденден,именден ,ич не ми е криво.