До сеа ги немам мамо и тато речено. Ете ми шанса а . Ние така само кај баба и дедо кога идевме, сеа за многу години празникот и толку.
Ако некому стварно му згрешам одма ќе му побарам, не морам да чекам прочка. Самиот концепт на празникот не е толку лош - да се соберете сите, да јадете, пиете и да си простите за сите ненамерни и намерни грешки во изминатата година АМА ко ќе го додадат делот кај што помладите мора нешто и толку ми се смачува се.
Да не се повторувам пак истото да го пишам. До лани и рака и бакнував, денес ниту на ручек(кој што кажала вчера дека денес ке готвела за нас) не и слевнав, ниту планрам прошка да барам. Не важи оваа само за свекор ми и за свекрва ми, општо за кругот што го имам. Тој што ме ценел ми се извинил на време, лицемерно барање на прошка не. И што ако ми побарате или ви побарам прошка денес ако тоа не е од душа, ако е само затоа што така налагал празникот, а јас во дното на душата сеуште не можам да ви простам, зошто да изговарам зборови што не ги мислам реално, и приота да се чуствувам уште по лошо,да си одам контра самата на себе, само и само да ви направам кеф на вас. И не, не е од инат, вие ми докажавте дека така заслужувате, а мене ме научивте да почнам повеке да се почитувам самата себе, ме научивте да ви кажувам Не, без притоа да се чуствувам лошо. За некои работи самата на себе не можам да си простам, кои сте па Вие?!
А демек ако се побара прошка после тоа безгрешна ќе биде, цела година ќе јаде бубрези,а после на прочка прошка ќе бараме. Ние денес бевме на "ручек" демек не викаа од толку мерак занего само золва ми и дечко и седеа со нас а свеки и свекор доле кучето го чуваа, не ја сватив поентата која е да те викнат на ручек,а они да не се присутни
Лелее јас пред и после секоја собиранка сонувам вака, мм кажува и дека сум го удрила некогаш и вика многу брзо дишиш срцето ке ти излета што ти е вчера убаво спиев зошто денес дома си бев. На свекор ми му се јавив и го испочитував, а на госпожа не (секој според заслуга).
Да бе. Цела година некои свесно ќе си ги копаат очите и максимално ќе гледаат да си наштетат а денес прочка ќе бараат. Од утре по старо, пак проблеми, пак жалење по темава. Незнам, некако многу како лице правење ми делува. Факт е дека ретко која би побарала прочка од свекрва, се е тоа за мажот да се удоволи. Фала, не правам лице на никој. Празникот ми е за барање прочка од некој близок кој многу ми значи. А да не се лажеме, во тој круг верувам дека не спаѓа скоро никоја свекрва.
Реално сите грешиме, ама мислам поголеми се шансите родителите ( мои/негови) да ни ,, простат'' т.е. прогледаат низ прсти за повеќе работи отколку ние на нив. А инаку е убав е празникот не да си бараат прочка туку да се соберат сите заедно, ама како што рековте секој по заслуга.
Девојки дојдов само да ви се пофалам си се качивме горе со мм се одделивме од свеки и свекор .. РАЈ .. се одделивме со коронава страв им беше , почнав на килажа да качувам па викаат нашава снаа не била за со свекор и свекрва да седи одма сум се освежила, јас секако потврдив хохохо конечно дојде и овај ден ..
Аххахахах баш прееска си мислев, како би сакале моиве да им речам простете мамо и тато, па рака да му бацам на свекорот .. Би била совршена снаа. Ама за жал не сум, по нивните стандарди . Им реков простете зошто ги знам какви немтури се, да пројде редот. Они безгрешни не бараат прошка. Сељаци на најјако. @mar3q и јас се препородив откако не живеам со овие намќори
Kuti kuti preeska se javuva jatrvata na mob na sveki da bara proska od sveki oti mnogu daleku e na drugiot kraj na gradot pa i se javuva da i bara proska I sveki se smee i I vika prosteno neka ti e iako nisto ne si mi zgresila a ne dojde ni da i cestita 8 mart ni nisto i jas slatko se iznasmeav na taa glupost i sveki mislese oti I jas ke I baram proska a a albabani od mene toj seir ne go gleda
Повеќето стари сакаат т.е мислат дека они мора по сила на законот да бидат испочитувани а од друга страна снаата не заслужува ни најмала почит. За пример, мене свекорот не ми рече/напиша едно "Среќен 8ми Март" како почит спрема снаата што му го родила првото и засега единствено внуче. Ама кога снаата ќе скокне некој ред боли. Ама ич не се замарам, кој како кон мене така и јас спрема него. А свеки е посебна приказна, за неа би можела цела книга да напишам. Она е последната од кого би барала прошка.
Па и мене дибеков. Ни роденден ни 8ми март ништо не ми честита. Свекрвица ради син ѝ ми прави лице, ама знам јас што мисли и она. Само ми е криво годинава за 8ми март што си доби цвеќе од 500 денари, а она мене шоља ми даде што кошта 35 денари. Ама догодина знам јас како со нејзе. Ако јас толку сум заслужила, она уште помалку.
Дм денес го слушам збори со другар му: ,,Хахаха, а, бе, луд да не си, да не ја почитува мајка ми??? Ако сака и 5 деца нека ми има родено ќе си се врати од кај што дошла! Почитта е најважна, без тоа нема ништо". HELP!!!
Ќе правиш лице, тоа е нема друго. Јас вчера уз маж ми се извадив, он прв им подаде портокал и рече ајде простете ако сме згрешиле и јас само им ги дадов истовремено и реков" ајде и мене", ниту се поздравив, ниту се гушкав ништо. И ова го направив повеќе од почит спрема маж ми, отколку спрема нив.