Лолита јас мислам дека сега така велиш , читајки твои постови си имам оформено мислење за тебе и јас не можам да замислам дека ако дојде до тоа (не дај Боже ) да имаш болен човек во куќа дека нема да му помогнеш Без разлика на се
Можеби, не знам... не дај Боже никој да падне до толку болен па да бара помош од некого, јас на секого (па и на себе )му посакувам од овој свет да си оди на другиот со лесно, без маки и без да биде на терет на син, ќерка, сопруг/а.... Сепак многу нешта ми се имаат случено последниве неколку год. и искрено не знам дали и понатаму имам сили и она поважното-дали и понатаму сакам да бидам Мајка Тереза. Едноставно некако со текот на годиниве сфаќам дека не вреди, не секој ја заслужува мојата љубов, почит и помош. Не може како што реков цело време на камења да враќам со колачи...не може веќе, готово, до тука било. Сепак ти благодарам што имаш убаво мислење за мене.
Spoiler Маж ти дете е па ќе го учат да те тепа мажот треба да ти биде најголема подршка Не знам за каков проблем се работи со детето но никој не може никој да обвинува ,впрочем може генетскиот материјал да е пренесен од таткото но најмалку важно е тоа ,важно да го одгледувате со љубов и внимание вашето ангелче . Искрено не знам како можеш да поднесеш ваква тортура која оди кон физичко насилство Настрана вакви случаи . Проблемот мислам дека лежи во тоа што снаите се млади крвта им врие сакаат се да променат и се знаат а свекрвите со своите сваќања не сакаат промени и они исто се знаат и едната страна греши и другата греши но не можам да речам дека свекрвите се вештерки а снааите бајчиња или обратно . Тоа е две жени во иста куќа различни генерации ,разлчни сваќања и ќе има судири и затоа темава е неисцрпна ...
И јас го имам истото мислење за тебе. Не е лесно да го направиш тоа, да гледаш некој да се мачи и да страда, а тебе да не ти биде гајле. Колку и да е лоша свекрвата го родила маж ти, а тоа вреди за нешто. Мајка ми беше во таква ситуација. Баба ми го скрши колкот, беше неподвижна, потоа и се шлогираше, па мајка ми се грижеше за неа, едноставно не можеше така да ја остави. А колку само се караа и не се сакаа воопшто. Ама ете, кога дојде до тоа , иако викаше обратно, сепак го направи човечкото и хуманото.
Во контекс на муабетов, и јас го имам кажано истото, да дојде ред да чека помош таа од мене, енма да добие. Од причина што кога ми беше најтешко (првите денови по породување, т.е додека ми заздраве раната), таа доаѓаше да ме види само кога син и беше дома. Инаку по цел ден никаде ја немаше. Беше многу зафатена. Ама беше слободна да седне и со син и да руча, со ќерка и да седе. Нема врска, туку во голема нервоза излегоа тие зборови од мене, да дојде ред на стари години да и треба помош-нема да ја добие, односно колку таа мене ми помагаше толку и јас нејзе. Правеше ручек она што јас не го јадев (поради тоа што доев и не смеев се да јадам, за да нема малиот грчеви), никогаш во тие денови кога имаше ручек што јас не јадам (инаку најмалку 3 пати неделно) не беше зготвила нешто за мене. Си правев јас сама се. Како и да е, помина се, но не се заборава. Иако ете сега го чува малиот, ништо не може да го избрише минатото. Spoiler А 2-3 месеца по раѓањето на внучето се беше жалила на ќерка и дека не сум и го давала внучето да си го види. А како да и го дадам, кога таа не ни доаѓаше да го види, доаѓаше само кога мм беше дома, кога золва ми идеше на гости или кога мајка ми и татко ми ќе дојдеа од далекото на неколку часа да го видат бебушот
Кај мене точно синоќа се заврте така тркалцето... Пак ја прифатија свеки лудачките (тоа дека се пофалив дека се нормализира), и пак сите сме и криви. Пари не сме и давале доволно, сите имале се само она ништо немала, бла бла бла, и јас парталите на куп и кај мајка ми си отидов, затоа што ако и излезам пред очи ќе промрчи, и ќе треба пак очи да си вадиме. Не поминаа ни 2 саати откако си отидов, ете го и вереникот, вика или ќе се манам од кај нив, или ќе побудалам... И така си спиевме на моето детско креветче од 80 цм, нервозни, напнати... Неможе значи, кај неа тоа доаѓа сериски, во бранови. Изводи ли изводи, еден денар нема донесено дома во животот, а за изнуда, рекетар може да биде. Аххх, нека се средат работиве малку, и ко ке му ја дувнам под кирија, поарно во една соба да седам. Ова не се трпи вака. Мислам дека еден од главните проблеми зошто не останувам бремена е стресот кој што несакајќи го чекам од неа, да почне со хистериите од нигде никаде... Ај, ќе помине, само се плашам кои ќе бидат последиците...
Ne se plasi nema od sto da se plasis koga partnerot e po tebe bidi zabagodarna za toa bidejki ima nekoj se mamina maza si gi slusaat majkite ! ... a sto ostanuva do bremenost ke bide i toa ic bez gaje ! ..
Некаде порано на друга тема кажав дека не сме си мили со свекрвата. Заедно никогаш не сме живееле, ама знам не ме сакала. И своите деца толку си ги сакала па затоа толку сум можела и јас да ја сакам. Ама родител, ги извела на пат, си исполнила обврска кога веќе ги родила. Додека се гледаше сама ќе и помогнев за викенд да и позачистам, да и однесам јадење и пиење, со сметка да и заменам прегорена сијалица, откачам завеси да си ги испере и испегла и нареден пат да ги закачам. Ама тоа го правам и за една баба во комшии понекогаш кога децата не можеле да дојдат да и помогнат. Ај погодете која од нив била повеќе благодарна! Која не ми заборавила роденден и запомнила како се викаат бато и сестра ми. Дојде време да мојата свекрва треба некој да ја гледа со полно работно време што се вика. Да и готви, да и помогне да се облече, да ја бања и пеленки да и става за секој случај, кој станува се почесто случај отколку случајност. Уште веднаш беше правец старечки дом. Ете им ја на социјални работи нејзината пензија па како ја чуваат таму сестрите дојдени од Африка за работа, епа така. Јас пак ќе ја погледнам чат пат да видам жива ли е уште, макар они ќе ми се јават од таму ако пририта де, ама еве, исполнувам обврска кон родител/свекрва. Имаме услови да ја чуваме кај нас. Една соба можевме да и дадеме. Со пензијата да и најмиме и помош да не одмени да не е на наша обврска по цел ден. Ама што ќе ми е тука? Енос ли ќе развива она мајка/син однос кога не знае ни газ сама да си избрише со извинење.
Не сме во добри односи. Кога бев на операција се јави само да праша да не ми гнои раната . Кога се роди малава ја молев да дојде првиот ден да ја види почна со бабини деветини одма што може што не може и за момент ќе ја истерав од дома ама се исконтролирав . Сега беше еднаш да ја чува на моја иницијатива бидејќи она е поблиску и прифати кога и се јавив да видам дали заспала малава ми рече дека спие после пол саат кога се вративме детето беше будно млекото кое беше комплет спремено не и го додала и додала само малку наводно не сакала повеќе јас си ја зедов во раце и малата исцуцка све во шишенцето и уште бараше битно чајот 30 мл и го дала пелена не и променила , сфатив каде идам јас и детето со мене . Бтв ме сретна на улица со малата испоругот ми вика каде јас викам за контролен брис и она ми вика а јас помислив болна е ќе и врзев една нормално не го направив тоа
Да се надоврзам на муабетов со помош околу родителите на мм и јас сум го рекла истото дека помош од мене не добиваат колку јас од нив што добивам во моментов а чисто сумјам дека и мм ке им помогне затоа што бас во моментов јас се наоѓам кај мајка ми на одмор, а мм е дома сам мислам со мајка му и татко му и она не му прави за јадење бе, а ниту да му понуди или да го праша јаден си или не си, оди наработа, а знај дека е сам, за неа и свекорми ке си направи а што ке ја чини ако направи чинија плус и да го понудат така па затоа и они нека не бараат помош од нас наско ке остарат и ке имаат потреба и стојам на тоа " како ке си постелат така ке си легнат "
Anule88 искрено јас никогаш не би го оставила сам ако знам дека нема кој да му подаде јадење, додуша мојов е способен и сам да си направи ама да е друга ситуација не би го оставила. Искрено мислам дека требаше да го послушаш мти и кога ти викаше да идете кај твоите да се преселите, а не вака он сам во огнот а ти кај мајка ти, и на него му е тешко веројатно. Но не е тоа тема на муабет, каква е таа мајка што не му дава на детето една чинија јадење, што не бере гајле што јаде и каде јаде. Искрено, да е кај анс таква ситуацијата не знам како би реагирала. Јас сум многу осетлива личност и во последно време дома не сум мрднала со прсте, све свекрва ми, ама се некако не доаѓа на ред, не ја гледаш кога она веќе измила тањири, напраила јадење, ќе и кажам да ги пружам алиштата, да измијам, да исперам, не, седи си ти, ми вика, одмарај. Многу ми е непријатно, таква сум едноставно, а искрено и нејќам еден ден да дојде тоа како тема на муабет, што ќе кажам после ама јас ти се нудев ти нејќеше. Поготово вчера, леле многу сум се усрамила, пиев кафе и додека пиев се лакирав, дека бев нели на козметичар па убаво ме излакираа, и она во меѓувреме станала, измила тањири, извадила алишта да пружа, а јас ко некое муле се врткам, не знаете колку ми падна незгодно. Сега засега жената не е таква, не пререкува, трпелива е, се труди да помогне и се тоа, ама во иднина ако и текне да каже ама ти коа дојде како беше, е тогаш што треба да кажам, ама јас ти се нудев Ќе морам да се активирам малку, искрено, заради мене, не сакам кога се чувствувам бесполезно, сакам да има корист од мене. Но од друга страна и ја сфаќам свекрва ми, она цел живот се сама работела, никој немала за помош и сега не е навикната јас да работам, некој да и помогне, да ја одмени, затоа и ми вика така, плус золва ми апсолутно ништо не работи по дома, и она осеќа должност да се оддолжи и за неа, во еден муабет и ми го кажа тоа и и реков, да не стане збор за тоа, мене ми е доволно што имам коректен однос со неа, што можам да се нашалам, да се насмеам, еден тањир плус, да поминам со правосмукалка, да пружам парталчиња, не е ништо во споредба со мирот и убавата атмосфера по дома
Леле Елена,незнам зошто трпиш,ама навистина.Можеш ова лесно да го решиш.Давај пари за сметки и за јадење нешто,а свеки може да најде работа,еве во конфекција 100евра,100 чиста сметка и вие и они.Исто и золва ти и те како може да најде работа.Не ги учете да зависат од вас.Не си должна ти да трпиш вака,па одозгора за возврат ништо да не добиеш. Елиминирај си го овој непотребен стрес-веднаш
Па пре тие пари на газда за кирии би ги фрлала барем еден месец сум раат него ли на некоја дртава бабетина која не знае за „стоп, задоволна сум со ова“ a за „фала“ тек ич муабет да не праиме.
И јас би да си одиме под кирија одма, ама неможе. Има милион причини. А свеки несака да работи, ви се молам, на оваа беспарица сега. Не се мажела она за да работи, и мал милион глупости за кои не ми се зборува. Свекор ми бара работа и под дрво и под камен, ама човек во години е и никој никаде не го сака, а имаат една нива во приградска населба во Скопје, незнам зошто не си ја работи, јас еднаш му кажав, очи ќе ми ископаше, па сега кога ќе се осуди да побара за некоја глупост од нас пари (како за цигари и едниот и другиот, ем вода у очи немаат, ем цигари сакаат да пушат), одговорот му е има, ама на нивата. За золва ми воопшто несакам да коментирам, она наскоро ќе се мавне од видокругот. Друга една работа што ја слушнавме со вереникот една ноќ, ако ние сме си оделе под кирија, золва ми и оној нејзинион да дошле овде да живеат, замисли морала сама таму се, и садови да мие, и да пере и да пегла и се. Тоа е причина бр. 1 зошто не се селиме уште вердаш. Второ, свадбата сами си ја плаќаме, и скоро сите финансии до Мај одат на таа сметка. Трето, кај што и е нивата имаат и куќичка мала, која што за нив двајца е идеална, ама село било, како госпожата таму, другарките, дрн дрн, а мене ми е на повеќе од 30 км од работа, а немам ни автобус, 3 треба да менувам и пак километар пешки да одам, или пак пола плата за гориво да ја давам. Не е така лесно, не сме мутави ние ич! Ќе си легнат они на брашното, само време им треба. Скокаме, скокаме, више аман, само некои криви дрини исправаме. Кај мајка ми ќе си седиме овој месец, да одмориме глава од нив малку. Па нека видат како е без динар, ама скршен ни еден нема да видат. Таман и ние малку на нозе ќе застанеме. После гарант друга песна ќе запеат одма, само да не им биде касно. За ништо не му се нашле на сопствениот син, а не па мене... Паразити...
Леле бе какви родители, Елена, не ми се верува еј. Свекрва ми да може јадна пет работи би работела за да заработи, не ми се верува. Значи мајка ми за да заработи има работено во Грција на лозје еј, на плус 40 и кусур, не ми се верува. Како може да има такви родители. Значи за едните макеа за другите мајка а? За ќерката може а за синот не чини. Елена душо, бери си паметот во глава само, не и зимај здраво за готово, не се замарај. Кулирај си, уживкај си, она кога е ваква нема бегање. Според тоа што те читам способни сте со мажот ти, и свадба ќе си напраите сами и сами ќе се пробиете во животот. Им докажувате само на нив дека сте способни и вредни, дека можете да се снајдете, а искрено јака му душа на свекор ти, на никој друг. Не се сеќирај ќе вид либето твое која разлика е од кај твоите до кај неговите и сам ќе побара решение, па после остај го мажот на золва ти да разбива глава
Еленче,па што ако се всели золва ти и маж и? Е дури тогаш ќе видат тие кога нема да добијат ни денар Вака само се оптоваруваш си правиш уште потешко.Јас да сум на твое место не мислам 2 пати. Си имате пари за под кирија,здравје утре ќе си земете кредит и ќе си имате свое. Размисли
Оф ле ле ми се плаче луѓе еј ангел и мм знај да си напрај сам немам гајле јас за тоа него ми беше муабетот срамота бе еден син го има да го понуди да го праша било како тој гладен не останва а јас кај мајками сум на некој ден така се договоривме заедно дојдовме ама тој си замина за на работа ке видиш и твојте се далеку ке сакаш да појдиш да ги видиш да ги посетиш посебно сестите таман и двете ми беа слободни а сега ми се јавува мм и ми вика госпожата ги извадила неговите алишта од машина си ги пуштила само нивните еј која мајка вака му прај на чедото свое па после јас да му помагам нека се влече по земја и не му помагам има правдина јас верувам во Бога А и јас кога бев верена свеки така ми правеше седи ти јас, сега немора ова да правиш јас ке направам и она беше научена се сама цел живот била сама (и мојата золва ништо не работела ко се мажила незнаела ни јајце да си спржи ама не сега за тоа) и јас имав супер однос кафенце ова она насабајле слободно муабет да си напрајш каков сакаш и да се пожалиш на нешто било што ама ете ова се случи
Јас и вереникот ноќе работиме за едни странци, и заработуваме дополнително... Он си го плати факултетот исто како мајка ти, по нивите во Грција. Јас имав интернационална стипендија, и во плус излегов со студирањето, не па во минус за моите. А свекор ми ич да не го жалиш.... Кога може да е толку смотан да дозволи жена му да го влече за нос ко вол, и да си го малтретира синот, што сакаш повеќе бе! За мене он е тешка смотаница, и нека е жив и здрав, ама ме вади од такт што не е ич маж, син му е 10000000000000000 пати поголем маж од него, во секоја ситуација со ладна глава влегува... Она е паразит исто ко мајка и, и немам намера да и допуштам при стан што го има од маж и да се прчи и тука и таму, а ние наместо да си средиме се, да и попуштиме. Сакаме да си реновираме, сакаме да тргнеме паричка на страна, утре деца ќе дојдат да не мораат по ниви и они да работат за факултет. Јас и он пројдовме сито и решето, и само не зацврсна тоа, а се што ние направивме сега друг да срка, не е така лесно. Сега месец - два ќе одмориме тука кај мене, па ќе видиме после како ќе биде. Тука не не собира, голема е куќата, да, ама не е за 2 фамилии, башка утре брат ми ќе си донесе дома невеста, јас ли ќе му стојам на патот? Ако е многу помал од мене, секогаш ми бил поддршка, и глава би дала за него... Се ќе сватат, се ќе им стане јасно. А вереникот вика, гледај какви глупости прават, запамти ги, и ако некогаш се приметиме дека макар и слично нешто правиме, крај... Пукај си во чело! На крај и на шала ја вртиме цела работа, инаку не бива...
Оваа реченица ми падна у очи Такви жени што мислат дека оти се омажиле направиле голема работа и цел живот да бидат на нечиј грб значи Јас разбирам да нема потреба па ете стара е па ајде ама ова аууу не знам каква е жената ама сваќањата нејзини се проблем . Тешко дека ќе го свати твојот труд за образование и работа оти како што прочитав никогаш не работела .... Јас со ваква жена не би можела да се разберам , најарно терај си по свое тешко дека нешто ќе и докажеш ...
Не Господ Бог, туку лукавиот неможе да се разбере со неа... Не ја вртам више, ни тука не ја спомнувам... Ќеифот да и го правам дека е голема госпоѓа и дека вреди за неа муабет да се прави... Мрш! Ич више во уста не ја ставам...