Мене многу ми значи маж ми да ги почитува моите и секако на него му значи да ги почитувам неговите. Тоа е нормално очекување ама треба да биде очекување од сите страни. Ваквите како дечко ти, во случај неговите да ти се качат на глава и да те прават од г**но подоле, пак ќе сака ти да ќутиш и да трпиш. Ако си спремна на живот полн со нервози и лицемерие, тогаш како што ти пишаа погоре "прави лице" и ќути и трпи. Јас не ви останала во врска, а камо ли да стапам во брак со некој кој ме споредува со куче кое утре за секунда може да го избрка на улица. Ова ти се red flags од старт, а твое е како ќе постапуваш понатаму.
Кога мм ми беше дечко, и онака на шала правевме муабет за брак,( тогаш бевме заедно неколку месеци само) тој само ме замоли ако може золва ми ( сестра му), да остане на спратот кај нас, зошто собата и беше тука, вика таа секако ќе се омажи, тоа наше ќе си е. И секако мене не ми пречи. А така да ми се обрател, или да се фалел на некој тоа, епа богами немало очи да ми види веќе.
Ама не можам никако да разберам како можи жена то да го изјавува !? И таа била сопруга и снаа ... Како би се чувствувала маж и да и речи во секој момент ќе те сменам еве не знам... ЦУК не можам да сфатам.
А мојава е најјака што маж и со мајка му не контактира зошто била лоша свекрва. Нејќе со очи да ја види нејзината, а овде на синчето мозокот му го пере. И на маж и му го испрала. Вечита жртвица, тоа е
Во последно време разговарав со повеќе жени кои имаат синови. Едната од нив искрено ме остави без коментар. Син и моментално средношколец, а уште од мало му вика "некоја ку*вештија ќе те земе од мене и ќе те сврти против мене". Ми го кажува тоа онака мртва ладна, како да е тоа апсолутно најнормално. И сега замисли, тоа цел живот го слуша детево, во каков маж ќе порасне? Каква почит ќе има према жените? И голем дел од тое жени им викаат на синовите една е мајка, жената е заменлива. Па дека сум времена моментално и носам машко, сите од нив ми рекоа аааа штом се ожени, ќе ти го сврти грбот. Тоа е апсолутно болно и погрешно на многу нивоа мајка да се споредува со снаата.
@Mikha4 Ми кажа дека тоа треба да биде обострана почит, дека таа ќе ме сакала уште повеќе и се ќе гледала да ми погоди, не била таа како останатите - таа немалo со ништо да ме повредува затоа што на тој начин ќе го повреди и него, а сигурно не сакала син и да живее лошо, во нервози.
Битното е он да ти се радува и да гледа да ти погоди. Да те почитува и цени како жена и сопруга. За вашиот брак свекрвата нема никаква улога.
Од форумов т.е конректно од оваа тема јас научив две работи: 1. Животот со мамин син е пекол. 2. Жените многу често преминуваат преку тоа мислејќи дека тој ќе се смени за нив. Некој што ќе те избрка ако не ја почитуваш мама дефинитивно и апсолутно нема да се смени за тебе. Мислам дека и сама знаеш што треба да направиш Едит: Муабетот со почитта не е толку трагичен убаво е да се почитувате (обострано секако и не по секоја цена). Ама да ми се исмева со другари зад грб, притоа мене никогаш не ми го кажал тоа в лице и да користи изрази од типот „ќе ја избркам и 5 деца да има“ мало морген.
@sara97j Јас научив дека мојата свекрва за разилка од некои тука е ,,злато" . Сеа ме изнервира од време на време, ама една караница ( си кажа она што и пречи, и ние си кажавме, и нема зошто да се лутам ) во 2ипол години, не е ништо во споредба со другите тука.
Епа рачунај во секоја кавга ,проблем што ќе се деси меѓу вас две тој нема да ти верува тебе туку неа ,пошто она златна нели.... Лично јас не би останала со него. Имам јас куп проблеми со свекрвата ,но мм никогаш не ми рекол дека мора да и ќутам или дека шанси нема нешто да ми рекла / направила. Ја брани да ама во смисла таква си е што да и правам не може на 70 години да ја сменам итн...
Јас од темава научив повеќе да ја ценам свекрва ми. Буквално никаков проблем немам со жената, напротив. Преголема поддршка ми е во животот.
Не може никогаш да не се скараш, реално Ама ако се караш скарај се ко чоек после простете си и животот продолжува. А не, префрлање со денови, оговарање зад грб, подбуцнување на други членови, одмазди па не знам што...луѓево (читај свекрвите) ко да не знаат ни да се скараат ко што треба.