Изворна ама таа сама си го бараше ,куќа ко требаше да купат рече карши твоите да ми помагаат Шала на страна е иста е свекрвата и свекрва ми .
Почит е едно, одење по нејзин гз е друго. Ја почитувам, како негова мајка, како жена која го израснала. Но никогаш нема да применам нешто ако не ми се допаѓа или мислам дека не е во ред макар тоа била и моја сопствена мајка. Не може бе да каже дека не ја почитувам ако не дозвалам да му даде тулумба на 5 месечно бебе. Не не побарав прошка, сите секому имаме нешто згрешено, ненамерно секако. Прошка е за големи гревови и ако реално дадеш прошка треба и да заборавиш, а јас тоа не можам. Да простам а живот ми променило, не!
Јас со мм ја гледав и гласно искоментирав ,,каква грешкааа" тој ме гледа вика не си тачна. Викам искуство што ти е Се изнасмеавме Ден два секого за се може да истрпи човек ,ама секојдневно е тешко.
Во градинките во ширум светот се по 5 бебиња и три негователки и затоа се здрави,а кај нас се 20 бебиња со две негователки и се разболуваат.Има разлика ама кој надлежен да помачи мозок за подобри услови во градинките.
Во приватните кај нас се 5 бебиња 2 негователки па пак и таму се разболуваат сегде се разболуваат деца не си прајте бајрам во паметот дека ќе се поздрави со бабите. Ако не се разболат во градинка, ќе бидат болни во забавиште ако ни тогаш не се разболат ќе бидат болни во школо ... Само се надоврзав на тебе не беше реплицирање директно на твојот пост
Живеам во странство, две години живеев до градинка, буквално пред нос ми беше. На 10-15 деца имаше по еден воспитувач/негувател. Знам пошто често ги носеа да се шетаат а и 80% од времето беа надвор. Дворот беше полн со деца а воспитувачки имаше 3-4. Едит: Јас не одев во градинка и кога тргнав на школо првата година едвај да одев од што бев болна...со недели бев дома, така да.
Пред брак сите едно викаат после друго. Луѓето се менуваат не значи дека исто ќе мислат по 5 години пример. Може и оној што не сака да почитува да испадне мамин син и обратно.
А зошто од старт со такво мислење за неа? Ти има нешто направено? Може зошто да не ако има современи сфаќања.
Па може има проблем што не е расположена и ништо не и е по мерак. Не и прави муабет кога ќе ја видиш таква ни ти и тоа е тоа.
Те читав и со претходните мислења и си викам абе девојчево да не е во врска со мојот бивши, па после видов дека твојот има 26г, а мојот 27г. Јас прекинав врска баш поради истата таа причина. Секого почитувам, не само мајка му, туку сите околу мене и околу него. Сите беа исто третирани, мојот однос со бившиот ми беше океј се додека не се вмеша мама. Отпрвин не се мешаше затоа што тазе бевме во врска, како минуваше време и кога повеќето разбраа дека е за посериозно е тогаш мама настапи. Не е проблем што се грижи за синот, но оваа нејзина преголема грижа доведе до мое повлекување во што удел имаше и тогашниот дечко. Ние излезени она ќе ѕвонеше по 5 пати во рок од пола саат, ние збориме на телефон навечер она ќе улета да провери со кого збори, ние на викенд она кога ќе се вратите ајде доста е, сама сум... Ми е криво затоа што кога бевме сами за се си имавме компромис, а после се менуваше се. Не знам зошто толкава контрола му вршеше и никогаш нема да ми биде јасно. И ние имаме родители,ама вакво нешто не сум видела. Да се нема разбирање за чувства, потреби....
Често подароците се одраз на нивото на почит. Шоља од 35 ден. на каква почит укажува? Тоа покажува колку "многу" вредиш за неа. Не мора да е нешто од 1000ка ама барем нека е подарок кој не навредува/омаловажува или поарно ништо отколку нешто ради реда.
Да ама од истите слушаме дека и пак не и е важен подарокот туку зборовите и џабе е и милион да ти дадат ако е онака подарено.