Да да затоа се лути одма на се што ќе се каже, колку пати мажми и рекол кога ќе пуши да не ги зема дцата зашто мириса и ај што ги зема па ги припива кон неа и она пак си тера по нејзино..
Му смета и на него и он се нервира... И секогаш кога ќе се укаже можност и кажува. Пример мене ми вика оди одмори се, јади прво ти па после јас, оди излези воздух да те фати, зашто сеа се научила ќутенката и оди до продавница, не вика оди ти нека те фати воздух ќе седам јас со бебињата.. она пред да се породам не ручаше ни еднаш јадеше на работа се, а сега и доручкува и руча на раат. Ни кога јадам јас неможе да ги почува, во еден здив јадам..
Него ми е мајка не кога му се укажува прилика него треба да ја седне и да објасни некој работи. А за ова дека не јадиш ти на раат а она да па крај краева она е само баба. Мислиш дека ние шо живееме сами јадеме на раат? Не сакам да испадне сега те напаѓам ама имаш две опции или превземете со маж се околу деца затоа шо се ваши а не нивни или ќутете си и ке си имате помош.
Искрено не знам како трпиш луѓе во твоја околина кога имаш мали бебиња. Ова е период кога треба да се поврзеш со твоите деца и да уживаш во новото, поготово после трнливиот пат низ кој си поминала за да ги добиеш. Следен пат кога ќе им каже мамино, кажи и ако имаш желба за уште едно дете роди си, ама моето за кое сум се боцкала со 300 игли и сум го износила ќе те замолам да не го викаш така. За бебињата ќе се грижите ти и твојот сопруг, ако ти треба помош ќе си ја викнеш мајка ти. А пошто свекрвата не сака да помогне, кажи и ќе те замолам да не се качуваш тука да спиеш и да гледаш тв,имам две деца и не ми треба трето. Со цел памет дозволуваш некој да пуши кај тебе дома ? Некој да ми пуши пред бебе, да ми се понаша како во хотел во мој дом, има да ја кренам цела куќа во вис.
Да можам јас одма знам што и како да направам ама моментално неможам.. Многу добро те сваќам што сакаш да кажеш.. Седнато и е и убаво објаснето ама она се лути, не и одговара, како да сака жртва да биде.. А иначе мажми кога е дома ние двајцата си ги чуваме.. Работата е одсабајле кога сум сама.. А како што кажав уште се мали не се заигруваат или да седат со играчки..
Мислам дека членката после предрасуди и укажувања дека со близнаци е вакво или такво ,бара помош бидејќи мисли дека нема да се снајде сама. Едно имам ,да на моменти е тешко. Ама барем денес има триста помагала (релаксатори транспортери колички) каде што може да се стават и да јадеш и да мо**ш Може ќе плачат додека се внатре ,ама и тоа е кратко. А кога си решил да бидеш родител нема раатлук веќе. И 15 години да имаат не ќе спиеме ,не дека ќе му се цица ,туку ќе чекаме да си дојдат дома.
Мајками работи неможе да доаѓа секој ден, иначе да кога е она тука можам се да направам, не дека мајка или нешто слично ама стварно е така. А она не пуши кај мене горе, пуши доле кај неа и се качува горе и ги држи и припива бебињата и тоа на секое симнување доле, дали парното да го видела или нз што друго пали цигара. Јас да можам и двете сама ќе ги држам и заспивам ама како што кажав се случува и двете да плачат, или и двете да треба да јадат и тогаш мора да има уште еден човек со мене. А за тоа мамино си тотално во право.. Така е.. Јас знам како сум ги добила и колку сум се секирала и нервирала..
Можам да замислам колку е тешко.Те разбирам потполно. Или седни и разговарај културно со неа и кажи и кои работи ти пречат. Создадете си некаква рутина,поставете граници. Ако не можеш да издржиш ќе си бараш опција. Другарка моја со близнаци, си имаше жена ,си плаќаше,која седеше кај неа и и помагаше кога беше сама. Жената беше супер и многу и се најде, не знам колку ја плаќаа, ама не беше сигурно огромна сума,5-6 саата седеше со неа во првата половина од денот додека не се вратеше маж и од раб.
Е ова со пушењево цигари не го разбирам! Свекорот и свекрвата мои се пушачи, особено свекорот. Кога ќе се договориме еднаш у 3 недели на ручек да им отидеме, одма луфтираат цел стан од сабајле. Се тушираат, се пресоблакаат пред да дојдеме за да можат да ја земат бебушка да ја подржат малце. Додека сме таму, свекрвата воопшто не излегува на тераса да пуши. Свекорот ако излезе, толку е, после си седи мирен, не бара да го држи бебето. Се ова го прават на нивна воља, ништо им немаме кажано ние. Сигурно е многу поразлично еднаш у 3 недели отколку секој ден да треба да го правиш истото, ама тоа се бебиња бре, поготово ако се близначиња голема е веројатноста да се прематурчиња. Зар мора да ги лепи за себе побогу. Мене ме фаќа жал што некад не стигам заби одма да измијам па му зборам таква на бебе... А за мамино, мајкино... НЕ! Радоста за внуче е преголема НО свекрва ми цело време е на бабино/бабина. И се има испуштено "мајкино" може 2 пати во два ипол месеци и одма сама се свестувала, леле извини, не мислев така, ја сум баба, кај е мамичка твоја, еве ја мамичка твоја и гестикулира накај мене. Не знам што им се врти на стариве во глава, полудуваат кога ќе стапи внуче на сцена...
Пак ќе кажам уште се мали За тоа не и е Она ќе дојде, ќе ги намачка рацете со крема демек само рацете и мирисаат и ќе ги земе, а алиштата, а здивот уште да им збори мамино, синче на баба.. Она кога е мажми дома не прави така, само со мене кога е, еднаш и рече он стави маска кога ќе го држиш зошто син и така и рекол, навредена.. Едното бебче последниве неколку дена ми плаче пред да заспие и она вика леле ако му стане навика вака од ништо да плаче.. И јас и викам од кај да знаеме дали е од ништо.. Сигурно му се спие и викам и го фаќа нервоза неможе да заспие и плаче, еве викам и Лана плаче и нејзе сигурно нешто и е.. И она ми вика добро немора да се лутиш ако сум кажала и стана отиде со Лана во соба... И што лошо и кажав ајде кажете... Ништо..
Ние двајцата решивме да се разделиме, си заминав од таму фала богу. На излегување мајка му ме молеше, ме спречуваше да си отидам, не биле играчки овие работи па туку така да решиме да се разделиме, бла бла, за детето да останам (ако не сте запознаени, бремена сум), па и на крај испаднав јас крива за проблемите што ни се случувале, а два саати пред тоа збореше како он згрешил, он бил ваков онаков, морало да се смени, ама нели ќе се сменел кога ќе сум се породела. Јас си кажав дека баш за бебето заминувам, оти тоа заслужува да живее во мир, и ќе му е подобро со еден родител отколку со двајца да слуша кавги, а и ние да сме немирни еден покрај друг, и двајцата да се нервираме и да се измачуваме заедно. Ние сме договорени дека тој ќе може кога сака да го гледа детето, ќе му праќам и слики, и ќе го информирам за се`, ако сака и на пораѓај нека дојде мене не ми пречи. Бил дел од мојот живот и засекогаш ќе остане како татко на моето дете, ама не и како мој партнер. Сега покрај мајка му, па и баба му ми ѕвони, ме моли, да сум се вратела, да не сум размислувала така, немало причина зошто сега да си создаваме кавги кога претходно се` било совршено (не беше, ама не сме се карале пред друг за некој да знае). Преку глава ми се. Од една страна незгодно ми е да ги блокирам, не сум се карала со никого, ама од друга страна преку глава ми е да ми се мешаат во секој муабет, па дури сега кога сме завршиле. Секоја одлука си е меѓу нас двајцата, нив не треба да ги засега. Кај до вчера ги слушав, па и сега пак.
Не одговарај на повиците. И види со него, ако може нешто и он да издејствува за да не ти вртат. Само уште еднаш крени, ете да не биде дека не си кажала, извести ги уште еднаш дека секој повик од нив те вознемирува и дека повеќе нема да им ги примаш повиците во однос на тоа прашање. И чувај се!
Исправна одлука си донела. Убавата страна на тоа е што апсолутно немаш ниту една причина повеќе да ги слушаш нив за ништо. Речи им да не те замараат повеќе. Ако не те послушаат, блокирај им ги броевите. Ич да не ти е гајле за нив. Ако он има некаков проблем со тоа, никому ништо. Негов проблем си е. До сега ти си ги трпела и си се замарала додека он си свиркал од страна, сега се сменети улогите. Дај си време за себе сега, да се соземеш. Уживај во бременоста и спремај се за бебето.
Ќе се самоцитирам. @nevermet18 ми текна на твојата приказна сега, затоа ќе се поправам со напишаното... нема што повеќе да се објаснуваш ни со двете, само повеќе не кревај и крај. Нека вртат колку сакаат Блокирај ги ако можеш уште веднаш. А таа што те користеше финансиски нека жали сега по кокошката што и несеше јајца
@Bicka77 @Bezimenka90 Фала ви за поддршката. Ако уште еднаш заѕвонат не им одговарам на повици, ќе му кажам нему, па со него нека се расправаат. Се надевам дека ќе ме остават на раат. Утре треба да одам да си земам некои работи што ги заборавив, ама за да не ги гледам ми иде да му речам него да ги однесе кај една моја роднина што живее во близина, па од кај неа можам кога сакам да си ги земам без некој да ме замара.
боље ти е да не одиш.. или како што велиш ти или некој од твоите нека појде ама во време кога знаеш дека и бившиот ќе биде дома.
Моите нејќат ни неговите, ни него да го видат. И онака не ги сакаа, ама сега не ги сметаат за живи. Ако може тој арно, ако не таа роднината ќе ја пратам, на неа никој ништо не може да и рече оти сите ќе ги направи лом.