Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Се согласувам и јас. Викни некој со тебе ако можеш, не оди сама. Пошто сигурно ќе те замараат. Ете со роднината. Вака ќе се спакуваш на брзина или ќе и кажеш на роднината што ќе иде со тебе да што да ти спакува од таму, за побрзо да завршите.

    А ако се нафати роднината сама, тогаш уште подобро.
     
    На cresa-jagoda, Bicka77 и nevermet18 им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Браво мајка, многу си храбра :muscle::l:
    Пола од жените да беа храбри како тебе ќе немаше толку несреќни бракови и деца растени во дисфункционални семејства.
    Немој да се сомневаш во твојата одлука.
    Немој да одиш по работите и не кревај телефон. Биди силна :*
     
    На Miss666, lovely91, oblace1 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    522

    Хахахаха, ме изнасмеа :rofl: Нема шанси да е твојот, пошо ова со мене му е прва сериозна врска, претходно све било за провод.
    Морам да забележам дека и претходно за многу нешта сме имале слични ставови, па сега и за ова не ме чуди што бившите ни имале толку многу сличности.

    Јас имам толеранција за секого, во принцип не сум личност што од ништо прави нешто. Така и за мајка му. Кога ја запознав ми беше кул и покрај тоа што од самиот почеток со него забележав дека е мамино синче. Ноооо! Недозволиво е на 26 годишен човек постојано да му ѕвониш полека да се прибира, да му солиш памет што е културно што не, како небаре допрва да го воспитува. Што, моите родители не се грижат ли за мене? Нормално дека да, но нема со досаѓање на телефон од дома ништо да сменат доколку западнам во неволја.
    Згора на се, кога е дома, човеков не е истиот, станува измеќар, со мамичка си пијат кафенце, си појадуваат заедно, па нормално нема време за мене и не ме ни бара на телефон. Се вади со тоа што без престан сме пишувале... Аман, не барам јас да збориме со саати, доволно ми е да му го слушнам гласот. Долго време трпев, се надевав дека нешто ќе се смени со текот на времето, но залудно. Ова ми ја прели чашата!
     
  4. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ја имам едно теорија што можеби е и погрешна ама :D Порано жените не смееле да писнат ама буквално. Сега врти сучи пак ќе и кажеш што ти смета на свекрва ти па и да се искарате не е крај на светот. Порано било крај на светот, значи свекрва ти е Бог и тоа е тоа. И маж ти исто. Сите се само ти не. И нормално се нервирале ама како што реков морале да ќутат. После кога остареле сфатиле колку биле 'глупи' и дека не требало никому да ќутат, ама нели више се стари и нивното поминало (нивното во врска со децата). Е сеа што ќе прават? Ќе ја оправаат грешката на внуците. Си ги гледаат внуците ко втора шанса, шанса тие да бидат шеф некому и малку забегуваат ко што читаме овде :D
     
    На Осе, crazylady, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Држи вода ова што велиш.
    Ама ја не го родив за да биде нечија втора шанса - ова треба да им биде јасно на сите.
    На почетокот свекорот многу паметуваше околу бебе, од такт ме вадеше. А за своите деца бил отсутен родител, па ај сега ќе кажува што и како треба. Со многу сталожен тон му кажав еднаш: ја сум мама, мм е тато - и да мислиш дека грешиме, по наше ќе биде, на нас ни е ред да бидеме родители.
    Секако он тоа кажаното го множи со нула ама виде дека од толку паметување единствено што постигнува е поретко гледање на внуче. А таа негова загриженост дека бебето е гладно и му е ладно и го боли грбот од лежење и е преладено му се бадијала бидејќи никогаш не е адресирана. Колку пати и да каже ставете му капче, нема да послушам.
    Поминало нивното, крај.
     
    На Осе, crazylady, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Да, често е вака.
    Ама не од причина дека внуче им се втора шанса, туку за своите немале право на глас да одлучуваат, зошто било како свека каже и точка, па мислат дека сега на нив е дојден редот да одлучуваат.
    Овие што не им се мешале родителите порано, приметувам дрка се ок луѓе кога ќе добијат внуче.
    Ама сега секако сменети се времињата, иако има исклучоци кои трпат и прифаќаат наредби, повеќето не дозволуваат никој да им се меша во брак и родителство. Па на старите им е криво, цел живот немаат прилика да се прават главни
     
    На Осе, BeLLaDona23, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    И ова држи вода. Баба ми немала свекрва ни татко, значи остануваат мајка и и свекор и, ама тие биле зафатени со други работи и никој не ја замарал. Сега ни таа не се замара со нас (во смисла да се меша) :)
     
    На tina2018 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  8. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И смета можеби и мајка ти што доаѓа да ти помага?
     
    На Moce19 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Може и тоа и смета.. Гледа дека кога е мајка ми тука можам се да направам, и да исчистам, и да испеглам и ручек и се.. Незнам веќе што да мислам...
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    @Bicka77 со тоа капче ме пукнаа и мајка ми и татко ми.
    Пошто живеам во странство секогаш се уклучувам на вибер да си го гледаат внучето, ние тука сме под парно и е стварно топло еве и јас се шетам по маички нонстоп.
    Ама готово значи ме пукнаа секое уклучување на вибер на камера, капче нема детето, капче стави му, ќе го преладиш, зошто нема капче.
    Секој ден значи истото.
    Не можам капче да му ставам да се прегрее, ама не знам како не разбираат.
     
    На Осе, crazylady, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Не сакаат да разберат, како на зид да збориш.. пробав и јас да објаснам за прегревање и дека е подобро да му е ладно отколку жешко во краен случај. Пак ја добив истата реплика како за пумпицата за нос: од кај знаат тие што го напишале тоа како му е на бебе. Па и он доби ист одговор од мм: а од кај знаеш па ти како му е на бебе. И се закараа, и така...
     
    На Осе, crazylady, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Добро па мојава свекрва за тоа и не е баш, ама затоа прашува на секои два сати дали е гладно кога плаче. :D
    Еднаш со висок тон завикав, па не може на секој сат да јаде ќе го заболе стомачето и повеќе од тогаш не праша.:)
    Значи не плаче само ако е гладно, може бара помош да се заспие може го боли нешто.
    Јас знам како реагира кога е гладно.
     
    На bertold, Осе, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  13. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Мене ми правеа вака за мене лично. Исто живеам во странство и значи топло е НОНСТОП. И јас ќе се јавам и ќе почнат зошто си по маица, зошто си по маица, зошто си по маица. И стопати со убаво им објаснив дека е топло, собата кај што седам најчесто е мала, парното работи 24/7 т.е јас го подесувам не се гаси само како во Ск на пример. Дури и температура на термометар сум и покажувала ама џабе. И сеа не ми се јавувам со камера и на глава нека застанат, не може да се зафркаваш ти со мене ко да сум мало бебе. Ќе уклучам камера ко ќе се уверам дека ја научиле лекцијата :D
     
    На Осе, tina2018, BabyD0ll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.363
    Допаѓања:
    6.885
    Пол:
    Женски
    Девојки, жени, вие што живеете на посебни спратови, некогаш навистина не можам да ве разберам. Знам дека не е идеално и не е исто со тоа да бидеш подалеку, но зошто сте ги правеле спратовите кога воопшто немате никаква приватност? Имате опција да ставите клуч на врата и да одмарате на раат во својот дом и пак попуштате и дозволувате да ви се качуваат на глава.
    Ќе напоменам дека сум во иста ситуација. Можеби е премногу рано за да тврдам, но граници поставивме уште пред да се решиме на тој чекор да живееме на посебни спратови. Барем засега нив им е многу јасно дека сме посебни фамилии и дека не сакаме контакти секој божји ден, заеднички ручеци, кафиња итн. Поставивме и внатрешно ѕвонче специјално за нив, кое го користат само кога сакаат нешто да остават, никогаш не доаѓаат не најавени. И замислете немаме никакви проблеми. Тоа не значи дека не ги сакаме или не ги почитуваме, туку дека едноставно ни треба приватност и можност да функционираме како маж и жена.
    Верувам дека не е лесно да се постават овие граници но сметам дека не сте вие тие кои треба да ги поставувате, туку вашите мажи. Секогаш е полесно тие да ги решат овие проблеми отколку вие. И зошто толку му ја мислите дека ќе се лутат или ќе имаат коментари, кога нив не им е гајле како вие се чувствувате ? Вие не се лутите, вас не ви смета?
    Ако грешам поправете ме. Но имате среќа што не сте баш во заедница да морате да делите се, имате опција тотално да функционирате самостојно, а сепак им давате огромна слобода. Како ќе се чувствувате пријатно и опуштено во свој дом ако во секој момент некој може да ви дојде не најавен додека сте по пижами, или доите или едноставно поминувате време со сопругот?
    Ќе се лутат и тоа ќе им помине, посебно кога ќе биде кажано од нивниот син ама барем во иднина ќе имате мир, наместо да се препукувате постојано а да ги одбегнувате најважните теми од кои произлегуваат сите проблеми.
    Не сум најпаметна, ниту имам најголемо искуство и мене ситуацијата ми е нова, ама се што не ни се допаѓа пресекуваме од корен,а тоа важи и за моите и за неговите родители и секој друг што си зема за право да ја коментира или да се меша во нашата заедница.
    Се извинувам @Moce19 што искористив неколку примери од твојата ситуација, но верувај не си единствена, баш напротив. Се надевам дека за брзо ќе успеете да поставите граници и да си уживате во еден од најубавите периоди.
     
    На Anyshka, DoubleK, Осе и 25 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Боже сачувај |(
    Кај се преселивте?
    На друга планета?

    :rofl: Колку се некогаш чудни луѓево...
     
  16. Veta

    Veta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Исто и мојот така правеше, јас ќе му ѕвонев он ми исклучуваше пошто збореше со неа...уствари не смееше да крене, она ќе запискаше од таму.
    Тоа е големо црвено знаменце.
     
  17. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Се разбирам јас и истото што ти си го пишала и јас би и го пишала на некоја која е во таква или слична состојба.. Ние не ги правевме посебни спратовите туку така беа, прво ние бевме доле и кога бевме доле имавме поголема и приватност и можеше и клуч на врата да се стави и се. Ама тогаш бевме без деца.. Бидејќи доле кај што седевме е како подрумски простор да речам ради бебињата и ради поголем простор моравме да се преместиме горе кај нив а они да одат доле. Средивме колку што можеме горе како ние сакаме, ама дали они навикнати цел живот дека се горе, си продолжија да си седат и се. Да напоменам сестраму е горе со нас во своја соба зашто доле нема место... И уште нешто ние немаше да остануваме тука со нив, првата опција ни беше Германија ама ради инвитрото останавме а втората беше пред да се породам да купиме стан или куќа, нормално со кредит ама мажми поради коронава остана без работа сите знаеме кои се условите за кредит... Несакам да испаднам како да барам изговори и слично, тоа е што е, уште некое време ќе бидеме вака мене ми е јасно тоа, само сакам да најдам начин да си го кажам тоа што го мислам на начин безболен за сите... Не сум тип кој сака да се расправа и кара, како што реков до сега се објаснував на убав начин ама они како да чекаат еден збор на криво да им кажам за да се скараме и за да се налутат..
     
    На Осе, crazylady, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.792
    Допаѓања:
    40.301
    Пол:
    Женски
    Леле ова со капчето ме потсети на татко ми. Еднаш ми вика требало од тие волнените капчиња да ѝ ставаме. Колку се изнасмеав значи:rofl: На секое видување ми зборува за таа капа. Мама си трае, не коментира, а он за се нешто има коментар
     
    На tina2018 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Исто мајка ми секој разговор е тој. Е денес бев на гости кај нив, и дете како дете плаче ( на периоди е заради грчевите ) и сеа ново е на баење да се носи. Иако знаат дека не веруваме во тоа и идеме на црква и постиме. Они нас не носеле, за инат сум неќела на детето поарно да му биде. Им викам ај додека се немаме скарано да си идам јас, и си дојдов.
     
    На Осе, buba4e89, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Е да бе, ќе оставиш ти детето да ти плаче само за на некој инает да тераш :D
    Не им е јасно дека особено ние жените кога ќе станеме мајки се менуваме многу. Па и да сум била голема инаетчика порано нема сега така да терам по цена на бебето..
     
    На Осе, Skorpija25 и BabyD0ll им се допаѓа ова.