Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    17.943
    Се согласувам. Но, има разлика дали старите или младите го правеле спратот. Кога старите го правеле и го отстапиле за живеење, најчесто се уште го сметаат за свој и им го вадат низ нос. Или дај го човечки или ич не го давај. Не размислуваат дека на тој начин само му го уништуваат гнездото на сопственото дете.
    Мене ми беше лесно да поставам граница, затоа што јас и маж ми го направивме сами спратот.
    Кажав јасно и гласно дека инвестирам да си имам мир и приватност и со тоа нема компромис.
    Кај свекрвата се симнувам еднаш во месецот. Таа се качува еднаш во неделата(некогаш ни толку) си се сметаме за посебни куќи и тоа е тоа.
     
    На Anyshka, DoubleK, Осе и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Е во нашиот случај е вака како што напиша...
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Тоа за да ме испровоцира/замисли ама јас не знам како и на кој јазик да кажам дека не верувам во тоа и нема да ја носам. По западните земји на бајачки ги носат. И друго чај или вода морало да и давам, јас си кажувам дека не треба додека е само на цицање.. Среќа што ми е мајка, не свекрва. Очекувајте ја идната ми снаа за скоро на темава да се жали од мајка ми стручњак за се. Не знам како да и се објасни, тоа се си тера по нејзино.
     
    На Осе, IRBBB, Autumn_ и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав сега добро, претходно пиша дека ти треба помош додека мт е на работа, сега пиша дека останал без работа.
     
  5. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Кога беше екот на короната, кога бев трудна.. Кога сакавме да бараме куќа или стан за да се тргнеме тогаш мажми остана без работа, а сега работи.
     
  6. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Супер, значи не зависите финансиски од нив. Си помислив да не е до парите па да се лути. За близнаците земи си лулашки за во соба. Почни да ги заспиваш во исто време. Пуштај им малку бел звук за да можеш да работиш додека спијат, пр да седнеш на раат да јадеш, да се подсредиш и сл. Храбра си ти мајка со близначиња, имаш дупла љубов и дупла сила. Не се предавај на испади на свекрва ти. Седни разговарај и кажи и дека ти пречи да ги вика мамино. Пробај прво со убаво, кажи дека си и "благодарна" за се ама дека е време да им поставиш поголем ред на бебуши. Биди искрена и речи и дека понекогаш ја чувствуваш како да и е тешко да ти помага. Направи се демек ете и ти мислиш дека можеби поради годините и здравјето неможе и дека ако е така ќе почнеш полека да им воведуваш нов ред и дека воопшто не се лутиш и не и замеруваш. А ако рече дека може остави ја неколку пати сама на 2 саати и одма ќе се откаже :) .
    Ако финиот разговор не помогне тогаш дистанца и клуч на врата. Мајка гледај дур спијат бебиња и ти да спиеш или барем да одмориш а свекрва ти ќе си збори и тера по нејзино.
     
    На DoubleK, Осе, buba4e89 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.297
    Допаѓања:
    16.320
    Тоа е за да не се осеќа она дужна да даде. Да не излезе дека само твоите даваат а она не. Најчесто за правење главни (дека од машка страна нели) први се, ама кога треба да се даде тогаш не ставаат кантар, тогаш треба исто дури и повеќе да даваат од женската страна.
     
    На Anyshka, Осе, Watermelon96 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски

    Браво за храброста и одлучноста, браво.
    Иако ова требаше од порано да го направиш.
    Битно е што не си сама, нив остави ги, помина возот.
    Мораш да бидеш силна, и за детето што ќе се роди допрва и заради себе.
    Ќе биде се во ред, ќе видиш.

    Околу работите, прати ја роднината, не оди ти таму за да ти додадат и дополнителен стрес.
    Ма очи не би сакала да им видам.
    Не те почитуваа кога требаше, сега им текна.
    Издржи.:hug:
     
    На Осе, IRBBB, minne992 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, не сте планирале ни да живеете тука, но сега со оглед на ситуацијата и тоа дека имаш две бебиња на кои им требаш да се посветиш и да уживаш во најубавиот период, зошто твојот сопруг не разговара со нив? Без карање, без расправии, едноставно да ви ја дадат приватноста која ви треба во моментот. Ако е тоа можно. Знам дека со некои луѓе не можеш да се разбереш, но вреди да пробаш.

    И тоа е точно. Но дури и тие да ти помогнат, иако нели не се должни, ако веќе сакаат тоа да го направат, треба да биде од срце. Но затоа се разговара уште пред да се превземе таков чекор. Знам дека на многу парови им е тешко да основаат свој дом со недоволно финансии, посебно со ситуацијата, но сметам дека мора да се разговара и да се види кој што очекува од таквиот живот, во случајот на посебни спратови. Барем ние разговаравме и тоа многу се додека не решивме и до некаде сите јасно стоевме на тоа како ќе биде. Едноставно не оставивме простор за негодувања, лутење итн, бидејќи однапред потенциравме што ние очекуваме и колку тие би го почитувале тоа. И пак ќе кажам дека е рано, но ако нешто научив од форумот посебно на оваа тема, е тоа дека се треба да се пресекува од корен и да се разговара за секој проблем, наместо да се ќути и попушта, бидејќи кога сите ќе се навикнат на еден начин на функционирање, потоа е многу тешко да им го смениш.
     
    На IRBBB, Skorpija25, Luna91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека со такви свекор и свекрва нема да може да излезе на крај @Moce19 затоа што тие луѓе едноставно по кажувањето се без осет и се луѓе со закоравени сфаќања и таквите тешко дека ќе се сменат. Што и да им рече или членката или нејзиниот маж, тие ќе глумат навредени и жртви и во секој случај членката ќе биде крива. Мој совет издржи додека можеш и прва прилика да си се отселите од нивниот спрат, па нека си спијат на раат и нека си пушат цигари колку сакаат. Знам дека од страна е лесно да се кажува, но додека не почнале да ти прават проблеми и во бракот бегајте.
     
    На Осе, Watermelon96, Moce19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Moce19

    Moce19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    2.816
    Пол:
    Женски
    Значи ти ја свати ситуација и ги свати нив баш какви што се, алал да ти е.. Како да ме знаеш жими се.. Прееска имавме пак ситуација каде што ми испреврте зборови и сакаше да испадне жртва.. За издржување ќе издржиме некако и прва прилика како што кажа чао пријатно.. Може тогаш ќе сме поарни и ќе не почитуваат повеќе.. Ама за проценкава уште еднаш алал да ти е.. :)
     
    На Осе, Lisicko, Watermelon96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.673
    Пол:
    Женски
    Вака сега.
    Те прочитав,ама нема да ти речам браво.
    Ако сте се сакале и сте можеле да успеете надвор од тој дом ,само вие двајца со бебето,ова е ваш пораз.
    Ако сеуште се сакате и сакате да успеете да се тргнете и да го гледате заеднички детето,тогаш не треба да се откажувате од вас.
     
    На H.VAGA, Lavender4, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.654
    А кој знае дали можеле да успеат, надвор од тој дом?:?:
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.673
    Пол:
    Женски
    Треба да пробаат бар,тие се откажуваат веднаш.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Браво за храброста.
    Ти си најдобрата мајка на свет, уште сега ќе ти кажам. :hug:
    Гледај си само за себе и за детето, луѓето ќе зборуваат како и да направиш. Твое е да игнорираш.
     
    На Осе, crazylady, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    @nevermet18 што се случи со дечко ти? Не те подржа,избра да седи со мајка му? Прочитав дека и со него не се однесувала баш убаво.
    Он се согласи со одлуката да се разделите или не му даде шанса да се изјасни? Жал ми е доколку постои љубов да се разделите поради нечии хирови,но ако не застанал зад тебе и не те подржал во одлуката,сигурно не си погрешила што си заминуваш.
     
    На buba4e89, IRBBB, Martka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Ако сте и ги читале мислењата на девојката на форумот, ќе видевте дека од сам почеток била во токсична врска со многу црвени знаменца на кои прогледала низ прсти, простувала и давала нови шанси. Проблемот не е само мајка му. Туку највеќе тој. Не би изнесувала ништо од муабетот во ЛП само ќе кажам дека потрошив време дур да и ги отворам очите, да ја разубедам и охрабрам и мило ми е што конечно ги стави на прво место сопствениот мир и среќа и што стави крај на таа токсична врска. На бебето му треба среќна и здрава мајка. :)
     
    На *Amethyst*, Kaja991, Осе и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.673
    Пол:
    Женски
    Не знам за нејзината врска.
    Мислев дека е проблем свекрвата.
     
    На mal.ecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    И свекрвата е, до некаде.
     
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Свекрвата не може да биде проблем, ако до себе имате вистински маж кој ве сака, цени и заштитува. Ако тој е човек на место, свекрвата и да е ѓавол, тој нема да дозволи да се меша таа и пекол да им го прави животот. Така да, кога свекрвата е проблемот, мажот е уште поголем проблем и виновник.
     
    На Martka, AngIv, Осе и 24 други им се допаѓа ова.