Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Најбитно е сопругот да стои позади тебе и да не почне да му збори лошо за тебе и да се праи жртва пред него, зошто таа тоа чека. Се додека сопругот ти е поддршка, немаш гајле. А за другото, ти посакувам што поскоро да се отселите и да си бидете сами, може ќе ти е потешко сама со две близначиња, но ќе си фатиш ред, мирот е скапоцен.
     
    На nevermet18, cresa-jagoda и Moce19 им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Љубовта не е доволна кога нема слога, разбирање, почит итн. Има доста работи за кои се имам доверено во само една личност (од тука на форумот, бидејќи никогаш не би можела да ги кажам на глас пред некој што ме познава), кои се случуваа подолг период и веќе не можев да преминувам преку нив. Не би можела да основам фамилија со таков човек. Мајка му беше капак на сѐ, а особено тоа што тој пре би ѝ верувал на неа отколку на мене (и сега таа пробува да ми ѕвони, да ме убедува, него го лажела прво демек по грешка ми пишала сум имала слична слика со некоја, а после демек дали да ми пратела нешто, иако ја него му напишав список со точно што ќе ми треба). Целокупно, ситуацијата беше што подалеку од таа фамилија.
     
    На *Amethyst*, CameliaMiller, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Гледам дека многу се потпирате на поддршката од сопругот кога станува збор за проблем со свекрва, не ми е баш јасно.
    Секој проблем што го имате со свекрва го прифаќа и тој, како целина се поставувате целосно во односот?
    Не е можно тоа, затоа што сигурно неговиот однос кон мајка му, не е истиот кој вие го имате кон неа, без разлика на тоа кој е во право а кој не, затоа што и тоа е субјективно, можеби некогаш и не сте во право а тој зазема ваша страна во конфликт во кој не е првично инволвиран.
    Кога самите ќе поставите граници е успех, или изградите коректен обостран однос.
    Да се потпирам на негова поддршка мене ми е смешно, она "додека е на твоја страна уживај" уште повеќе, и може слободно да се продолжи со "ама кога ќе му пукне филм да е умешан у се и сешто, мисли му ја".
     
    На crazylady и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.643
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Не си имала проблем изгледа со ваква жена, затоа не ти е јасно. Тоа ќе проба душата да ти ја изеде и да ти се испомеша во све живо, доволно е син ѝ да каже, не е твоја работа. Ние си одлучуваме за нас и крај. Ти ако и кажеш културно, ќе се испокара со тебе и 300 драми ќе направи, а ако маж ти пак не е на твоја страна, ти ќе излезеш лошата што ја вреѓа неговата мамичка што не знае кај и е местото. Од синови безгласни букви сила си земаат жеништава.
     
    На Anyshka, Snowflake97, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  5. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ретко која свекрва се меша во нешто што е лично од снаата. Обично се меша во односот на син и со жена му или се меша во одгледување на децата т.е во работи кои што ги засегаат и синот и снаата. Од тука произлегува и идејата дека треба да сте вие двајца против неа пошто врската меѓу вас е заедничка, децата се исто заеднички, станот, куќат, спратот се исто заеднички. Значи мајка ти ако оди против жена ти/маж ти оди и против тебе. Освен нормално ако не се искарате со свекрва ти за нешто лично ама тоа се дешава многу поретко.
     
    На Bezimenka90, cresa-jagoda, Autumn_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Доволно сме возрасни за да расудиме на што треба да се потпреме на него, а на што сами.
    Ако проблемот го засега нашиот брак или дете, ај па ако не да го остаам он мирно да спие а ја да решавам проблеми.
    А ако ми смета лично нешто мене ќе кажам, ко што сум кажала, кој читал знае што испаднало...
    Да ми каже не готвиш убаво, е мој проблем. Ама да ми попува за дете како го чувам/ме е заеднички.
    Е мое е сега на што ќе замижам, преќутам, кое колку ме повредува.

    Еве ти пример, за роденден она ми вика ја ќе ти месам кифлички не меси ти.
    Шо да кажувам 10000 пати дека можам а и сакам сама, кога таа секако ќе напраи а не ни живееме заедно? Ај да не сум кажала сакам сама ај...ај и маж да не кажал.
    Што да не чекам на маж, кога ќе каже зошто така и праите не ви спие?
    Кога они како синови не можат да се справат со сопствените мајки, како ние да се справиме?
     
    На Осе, cresa-jagoda и Autumn_ им се допаѓа ова.
  7. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    8.181
    Пол:
    Женски
    bertoldИстакнат член
    НОВ
    Мојата на пример многу сака да ми "помага". Да ми прибира негови алишта, да ми испери нешто негово, да ми каже дека имам алишта за перење, да ми измие нешто (на пример прибор што останал од појадокот) , да ми истури ѓубре (иако претходно веќе сум ја испразнила кантата и останало нешто ситно што се фрлило во тој сат пред работа) итн итн. Ме иритира тоа што не е воопшто некоја чистотница а као мене ми помага иако и имам кажано дека можам да стигнам и сама. И ме иритира што тоа го прави во мое отсуство. Што значи направила обиколка во нашиот дел. Не сакам кавги ама сакам да си знае до кај е границата.
     
    На Snowflake97, Осе, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Кажи и отворено и строго дека ти пречи се ова што си го пишала овде. Се дури молчиш, ке се нервираш само.
     
    На bertold и Spidy им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Сами сте си криви за такви односи со свекрва ниеден закон не е ако не живееш со свекрва ке бидеш казнет, кој ве тера да се мажете на 20 години на немате ништо позади себе ни мало станче каде ке имате кај да се засолните и ке бидете личност за себе, свекрвата и помагала рипа од среќа а мажои само со рче и кога му текне излезе дојде таму тема..
     
    На Lavender4, Elena878, Feminka88 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Да си жива.
     
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    А, шо ако трпат тортура од свекрва и се 40 годишни е океј?
    Да, снаите се криви, ама па тоа е од одност кои си го имаат, а не од годините или материјалноста. Ако мажот е мамино синче се е џабе па ако сакаш имај 10 станови. Развод е решение ако синот не сака да се одделе од мајката и се ко Сијамски близнаци.
     
    На Snowflake97, Осе, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.814
    Пол:
    Женски
    Е убаво си кажа.
    Браво(y)
     
    На Bella* и edna_malecka им се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    :^)
    Многу е лесно да кажеме и да осудиме некого, се додека ние не се најдеме на негово место.
    И ако мислиш дека само снаите кои имаат 20 години се тероризирани од страна на свекор и свекрва би ти препорачала малку да си ги прошириш видиците пред да судиш тука. ;)
     
    На Snowflake97, Bratot, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    А сега на 30, три станчиња имам.
     
    На Snowflake97, Gaabbii, emiliana и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    вилата на Водно за викендица ја рачунам..8)
     
    На Snowflake97, emiliana, Juicy и 12 други им се допаѓа ова.
  16. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Малку не и ја сфативте поентата. Не рече дека само 20 годишните снаи се малтретирани туку дека се мажат на 20 а не поседуваат ништо. Да имаш години, а ситуацијата финансиска ти е лоша па да отидеш кај свекрва ти пошто сакаш деца, а времето минува океј. Муабетот е за оние што ќе се омажат на 20, без завршен факултет, без работа, без ништо и после свекрвата е крива. 2021 е, девојчињата и жените ги имаат сите права конечно. Никој не ти гарантира успех ама можеш барем да пробаш, светот е преполн со можности. Заврши факултет, пробај да најдеш работа, научи некој занает. Денес има и онлајн работа, можеш да работиш 2 работи одеднаш, можеш да се преквалификуваш. Можеш да отидеш да работиш во странство, привремено или за стално, миграцијата денес е олеснета до максимум. Ја знам еден куп успешни луѓе од сиромашни семејства. Ама тоа е тешко, треба да работиш, да штедиш, да се откажеш од луксузи некое време, од облеки, од одмори. Одењето кај свекрвата на спратот што го направил некој друг е лесно. И не знам зошто се вреѓате. Вие сте го избрале тоа, носете се со истото.
     
    На S.W.A.G, Annora, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.802
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да сфатите дека парата е минлива, и ништо ама баш ништо не е гаранција на долги стази.

    Имале моите, имале пари палата да си направат, ама ги дале за лечење на брат ми, за жал безуспешно...
    Е после кога пак малце се опраиле и застанале на нозе, си отиде и татко ми...
    Абе зборете ми колку се сами криви што немаат свој стан...
    Не ви е оправдување тоа за ништо.
    Пази молим те така и било пошо се омажила а не купила свој стан.
    Ма нормален родител ќе ти каже седи тука, да заштедиш побрзо за свое...
    Изговор нема, будали не сме, сите знаеме што е најдобро за млади.
    Оние што стварно не можеле да издржат тортури превземале чекори си заминале и дискусија не е потребна.
    Многу е неблагодарно да кажеш кој им е крив што немаат свој стан....многу!
    Мерило на среќа не е стан.
    Нека ја тепа мажот, ама битно сами се, свој стан, пари на сметка, одмори луксузи...
    Ех животиште.
    Онака кажувам примери сега, ништо лично за никого.
     
    На Snowflake97, *Amethyst*, KittyCat:) и 36 други им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не е работата во парата или дали некој има стан, точно. Работата е во стекнувањето независност и одговорност прво за сам себе, а после и за потомството кое планираш да го оствариш.
    Не може никој да те малтретира кога си сам свој човек и макар само се трудиш да се оствариш на некое поле. Може да проба некој да ти се качува на глава, ама нема да успее во тоа, тоа е разликата и суштината на повеќето проблеми кои ги имаат жените во заедница.
     
    На kalinaka, S.W.A.G, Annora и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Превртуваш.
    Не мора да го има станот, но барем да се труди да стигне до него.
    Колку парови има со станови под кредит? Двајцата работат, двајцата делат до денар.
    Ама тоа е тешкиот пат. Мора нешто да страда.
    Поентата е што се мажат млади, свесни дека влагаат во заедница, ќе дели кујна, вц, се ама не се трудат да сменат ама свекрвата е кучка што се мафта по своја куќа.
    Има исклучоци каде поради болести или рдноставно shit happens како губење работа, пропаднат бизнис па ете мораат ама реално колку има такви?
    Ама јассс не можаааамммм, детто кој ќе ми го чуваааа, свекрвче не сакаааааа, градинка не можааааааммммм. Excuses excuses
     
    На S.W.A.G, WildMk, Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Многу ви е испревртена сликата за правилно.
    Зошто жената мора да е таа со стан на страна? Зошто жената да трпи нервози, а мажот да не сака со прст да мрдне?
    Па има неамбициозни и на 20 и на 30 и на 50 години. Некои не сакаат факултет, и?
    Не ги оправдувам живеењето во заедница ако не си спремен ама не треба да е жената да жртвува се.
     
    На Snowflake97, Fallen.Angel, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.