Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Не дека жената е таа што е виновна. Ама да нема работа, нема план, свесно се става во зависна позиција. И од таму потекнуваат повеќето проблеми.
    Мажите типично не одат да живеат со родителите на жената и да се ставаат во таа иста позиција, па затоа не се спомнуваат.

    Треба да не се избрзува премногу и двајцата да направат план за заеднички живот, независен од родителите ако не сакаат вакви проблеми.
     
    На H.VAGA, S.W.A.G, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Ама има и такви кои што имаат каде да отидат, ама неќат од за мене несфстливи причини. Ама не сакаат да се одделат.
    Испаѓа никој не смее да се пожали, а реално мислам нема човек без проблеми
     
    На kukla21, crazylady и forumce им се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Не се спомнуваат машките затоа што на девојчиња им се наметнува од мали дека е некаков успех да се омажи, одозгора на ова и дека е подобро да се биде млада мајка.
    Има и исклучоци но клучот е во домашното воспитување. Да го оставиме факултетот на страна, не секој сака да учи, но ако некој му се работи, има амбиции било какви за осамостојување, тие и те како се остварливи. Па ако јас работам, а дечко ми пример 25 годишен нема ниту еден работен стаж, ќе се подзамислам за заедничката иднина, ако и двајцата не работиме и чекаме од домашни, овие вториве верувам дека живеат во илузии и надеж дека судбината ќе биде добра со нив, наместо да се соочат со реалноста и да засукат ракави.
     
    Последна измена: 21 март 2021
    На BeLLaDona23, crazylady, Snowflake92 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Несомнено.
    Но, бракот е заеднички живот и заедно вложување како материјално така и емоционално.
    Зборот ми е дека и на темата има жени кои се постари од 20 години и сепак имаат проблеми со свекрви, а од друга страна мажот е незаинтересиран пошто него не го афектира. Џабе и стан и се, ако мажот не е заинтересиран.
    Кога на 25 години се остваруваш на кариерно поле и си купиш стан тоа го правиш прво за себе. И јас сум за тоа прво заедно со партнерот да си купите стан/куќа и да се осамостојат па после другото.
    Но, не можам да ги обвинувам сосема и тие што се омажиле на 20-21 намерно или не и што трпат тортури од свекрвите. Нечовечно е.
     
    На *Amethyst*, Осе, Stressed Out и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Знам какви се условите кај нас. Затоа реков да имаат план, а не стан. Да бидат на иста бранова должина.
    Буквално болдираното. Мажите често не вложуваат ништо. Спрат му обезбедиле, жената им ја тупнал дома и веќе не се замара. Се обезбедил.
    Им треба некаков план Б за нивно добро, ако нешто не оди по првиот план.
     
    Последна измена: 21 март 2021
    На S.W.A.G, Nausicaa, mKdevojce и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.207
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ти кажам, може ќе биде премногу ова што ќе ти го напишам ама нека стои.

    Те памтам уште во една тема како бараше совет дали да останеш со дечко ти зашто им сметал на твоите и пробуваа да те тргнат.
    Ти дававме совети да размислиш дали сепак твоите се во право и да не бидеш своеглава.
    Потоа, ми остана во глава твојот ник и те приметив како продолжуваш да пишуваш дека врската со него не ти е добра и се колебаш.
    После тоа, наеднаш бремена.И наеднаш живот со свекор и свекрва.

    Многу незрело и од двајцата, одлука за брак не е одлука за купување штикли или патики.Сте биле свесни каква е ситуацијата меѓу вас, што точно ве наведе да мислите дека живот во заедница и бебе ќе подобри нешто?Блиска возраст сме и свесна сум колку на овие години ни фали прво сами да пораснеме целосно со умот пред да донесеме сериозни животни одлуки.

    Некогаш сами си ги комплицираме работите и очекуваме да се случат чуда зашто не размислуваме трезвено и на долг рок.И понатаму проблеми, секако, кога работите уште од старт биле на стаклени нозе и сме одлучиле да игнорираме нешто што е очигледно дека нема да успее.

    Извини ако постов е многу директен, ама може некој кој е во слична ситуација и чита од страна ќе извлече поука и ќе ја стави рационалноста пред моментални емоции.
     
    На S.W.A.G, MilaSs12, WildMk и 20 други им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Во право си и се согласувам со се` што кажа.
    Јас не се одлучив за брак (и не бевме во брак) и не сакав дете, баш напротив, пред да останам бремена му кажував дека не сум спремна за семејство, ама сметам дека од негова страна постоеше некоја скриена намера, како и од страна на неговите. Знаев дека од моментот кога дознав дека сум бремена целиот живот ќе ми се смени и се` ќе стане потешко, но без разлика на се`, од своето дете никогаш не би се откажала.
    Се надевам дека некоја девојка ќе научи од мојата приказна, за да не се повтори. Деца, слушајте си ги родителите, не дозволувајте некој непознат да ви влијае, бидејќи испод мира триста вира ќе излезат. :)
     
    На CameliaMiller, Ivan4e04, Idedemja и 16 други им се допаѓа ова.
  8. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Извини, можеби е дебилно прашањево, слободно игнорирај го ако не сакаш да одговориш. И секако не те обвинувам, се надевам ќе си ја најдеш среќата заедно со детето. Ама како остана бремена ако не сакаше? Имам слушнато многу вакви приказни и секогаш многу сум се плашела од ова. Единствено што ми паѓа напамет е секс без заштита и свршување во тебе без твоја дозвола што според мене е облик на физичко и психичко малтретирање.
     
    На S.W.A.G, Ivan4e04, Lavender4 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.145
    Допаѓања:
    329.238
    Пол:
    Женски
    Направил дете намерно без да сакаш.А ке го признае ли?Алиментации ке плаќа ли?Трошоци околу бременоста и околу доаѓање на бебчето ке подмири ли?Дека прочитав велиш слики ќе му пушташ од бебето и може да го гледа кога сака.Тоа не е доволно и треба да бидеш мн мн построга во однос на него.Може денес ти изгледа лесно чување бебе ама тек ‘утре’ ке сфатиш колкава економска,психичка и физичка спремност ке ти бидат потребни за да го израснеш.Таткото по мое мораш да го вклучиш во се.А ти уствари мн лесно го пушташ
     
    На *Amethyst*, 24.07, S.W.A.G и 22 други им се допаѓа ова.
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам јас поентата, убаво е да сме независни, тоа гарантира некоја слобода во односот со сопругот, посилни сме и имаме каде да одиме ако сме во лош брак, со детенце. Ама муабетов со станов малку ти е непотребен..само зошто една девојка има наследено 2 стана од нејзините таа треба да се мажи, а тие што немаат не? Таа е реализирана, а другите не? Ај да речеше сами да си го имаме купено станчето, може и ќе го разберев муабетов. И убаво рече @Jana06 дека сега на 30 пак три стана да не имам
    @sara97j јас сум прва којашто е за онлајн работа, ама за тоа ти треба доедукација, во мн случаи преквалификација, а потоа време додека да најдеш редовни клиенти. Тоа се година до две интензивно учење, после тоа исто додека се пробиеш на пазарот уште некое време... немам ништо и против тоа, напротив одлично е за млади луѓе, но некогаш животот испишува поинакви приказни, околности итн.
    Ако поентата на @hellocity и беше за девојките кои се мажат додека сеуште се мн млади, за реално да имаат вакви проблеми, кои не завршиле факс, не искусиле како е да се оди на работа итн. ајде донекаде и ќе сфатам. Ама муабетов со станов, како да се становите 15 000 евра па ајде сите стан ќе имаме свој на 25-6 години.
    Малку внимавајте како се изразувате.
     
    На mssuniquee, Bebce1, Juicy и 10 други им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Договорени сме да ги делеме трошоците. За неколку дена треба да прати пари за скрининг и лекови, па ќе видиме дали ќе си стои на зборот.
     
    На tina2018, saki13, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, ама ако не пробаш како ќе знаеш? Башка да пробаш да учиш и да се пробиваш на пазарот е полошо од да ја трпиш свекрва ти 24/7? Зборам за млади девојчиња од 20 години што имаат цел живот пред нив.
    Не знам точно како оди ама барај на хартија. Усен договор може само пак да те остави на цедило.
     
    На BeLLaDona23, MarijaMi90, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Ќе треба да средиш за алиментација кога ќе се роди.
    Не оставај на збор само
     
    На cresa-jagoda и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Така е. Затоа ќе отвораш очи со кого се мажиш. Арно пиша некоја членка, до мажот е, не е до свекрвата, бабата, золвата, итн итн. Искрено, затоа се залагам за живот заедно пред брак. Дури не живееш со некој не можеш 100% да го знаеш.

    Не осудувам никого лично, никој не повредил некој друг со тоа кај решил да живее и со кого да стапи во брак, ама мислам дека е прилично јасно дека со друга генерација во иста куќа не можеш да ја имаш истата комоција како во сопствено живеалиште. И мислам дека треба секој човек кој е спремен на брак е веројатно свесен за истото. Ама за жал на темава се повеќе истото се пишува: "Дури не бевме земени едно, после не испадна така". Да, скоро никогаш не е така. Затоа отварање очи не е на одмет. Зошто може не брак како потпишано ливче, ама имање деца со некој е поприлично сериозна работа. Нормално, секој прави грешки и не можеме да судиме на другите, ама може да учиме од туѓи грешки.
     
    На poenta, cresa-jagoda, sara97j и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Ова е скроз точно, ама не од таа причина од која што мислат. Никој не се менува туку така, барем не преку ноќ, јас луѓето што ги знам околу мене сите се исти цело време. Се менуваат само околностите. Не е исто да излегуваш со некого во јавност и/или да преспиеш кај него понекогаш и да живееш. Како што кажа и ти. А, другата причина е игнорирање на сериозни показатели дека некој не е баш ко што треба. И трето, на 20 години не знаеш многу, да не се лажеме. И кога ќе го споиш сето ова добиваш катастрофа од брак. Само јас повеќе ги обвинувам родителите што не си ги научиле ќерките на подобро отколку тие што се омажиле на 20.
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Koлку имаш доверба во него?
    Барај писмено, документ, било што дека ќе се согласи на тоа, а не од збор.
    Знаеме колку вреди зборот.

    Ќе земам пример од другарка, бившиот сопруг денар и нема дадено нејзе, го гледа детето кога ќе му текне, си ја ака главата таа од зид.
    Она плаќа сама за градинка, за лекови, за било што, тој абер нема да даде јебени 5 денари.
    Немаат кој знае каков контакт, всушност не знам кога последен пат било малечкото кај него.

    Не дека и кај тебе би бил истиот проблем ама боље да се осигураш.
     
    На nevermet18, MarijaMi90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    10.421
    @nevermet18 Браво за храброста да си ја вратиш контролата врз својот живот и да растеш и созреваш и ти и бебе во поздрава средина.
    Консултирај се во центар за социјални грижи да те упатат како најпаметно да постапиш, тие имаат големо искуство во решавање вакви и потешки ситуации.
    Сите правиме грешки, нема потреба од осуди важно е што си затворила едно токсично поглавје и имаш простор за подобра и помирна иднина.
    Во однос на алиментација и признавање, размисли дали сакаш тој човек и таа средина да е вклучена во воспитувањето на твоето дете, или недај боже утре да претендира за поголеми права. Да, финансиски делот е претежок ама ако имаш помош од твоите подобро ослони се на нив.
     
    На IRBBB, tina2018, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Не знам дали воопшто би го признал детето како свое, бидејќи не сме биле во брак, освен ДНК тест не знам дали другчие може да се потврди дека детето е негово.
    Ама ако не го прифати тоа, како и трошковите, нема да има никаков пристап до детето. Ја и дете без него можеме и те како, а он ако може слободно нека живее без сопствената крв. :)
     
    На mal.ecka и Осе им се допаѓа ова.
  19. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    18.618
    Пол:
    Женски
    И јас не сум уште во брак, не треба днк ако сака да го признае, одите заедно со изводи и си го признава, е сега ако не сака, а ти сакаш да докажеш тоа стварно не знам како оди...
     
    На mal.ecka, tina2018, saki13 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    @nevermet18 не ја следев цела ситуација од почеток, ама големо браво за храброста. Камо една третина да беа храбри како тебе.
    Да бараш секако да си го исполни финансискиот дел, да не го оставаш така, никако.
    Ти си една силна личност.
     
    На saki13, bicycle, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.