Во врска со финансиите, што се врти сега муабетот. Свекор ми и свекрва ми немаат работа. Ниту пак земаат пензија, ги имаат годините, ама стаж немаат. Затоа свекор ми дома нешто си сее по нивите (зелка, марула, компир, куртова и сл), оди на пазар ги продава и плус купува од други луѓе и препродава. Наоѓа начини да извади некоја пара, оде мрзне по пазари, по патишта и по снег и по дожд. На лето често знае да замине и од гора да донесе дрва, пола кубик. Ама пола по пола се собираат. Свекрвата му помага во работата по нивите, копа иако има сколиоза во ептен напреден стадиум. Дома ние ги плаќаме сите сметки, а таа пак купува дел од храната што е за ручек. Кога пазаруваме за нас, купуваме и за нив јадење (конзерви, салами, сирење и сл). Згора на се, свекрва ми и ручек прави и малиот го чува кога сум на работа. Сакавме ние во градинка да го пуштиме, таа не дава вели дур сум јас здрава, јас ќе го чувам, при баба дома тој во градинка мал да оди не може. Сума сумарум, во однос на финансиите добро би дошло да има некоја пара плус т.е веќе кога живееме во заедница да плаќаат барем струја, ама ете парите од градинка одат за струјата, ама и детето дома си седи плус и баба има друштво.
Свеќа во црква ќе им палам пара ако донесат дома! Не па со сколиоза да копаат и дете да ми чуваат. Ручек, сум пишала претходно, прави. Само што јас неможам да ги јадам полата, не од причина што изводам, туку од причина што готви мрсно и со зпршка, а јас си имам еден фин голем чир на желудникот и кревко здравје по тие прашања. Ама не е важно, готви. Само кај се и се пружа, да не наоѓаше маани! Фала не ми треба, синот ми го дала. Само да не изводи и да ме остави да си живеам со мажот на раат!
Па и мојата готви многу мрсни манџи, бидејќи свекорот ги јаде такви. Плус и јадења што јас не ги јадам од здравствени причини. Ситуацијата е-ако ти се јаде-јади, ако не барај си чаре. Па така си наоѓам јас чаре rici.aaaaa , мило ми е што така мислиш, иако кога целата ситуација дома ќе ја земеш во обзир, доаѓа до некаков баланс помеѓу доброто и лошото однесување
^Се сложувам. Плус освен што секој има различен вкус,секоја фамилија различно си готви.Јас не јадам солено,а они јадат многу,и ставаат малку а потоа си додаваат.За тоа барем сум раат.А и ако направат нешто што не јадам,мене свеки ми готви друго.Не сакам до толку да ме тинтари,не ќе е на арно Е сега свекор ми нешто почна ептен со мене.Не дека не беше,ама сега ептен.Се мене ме збори,снашката ова,снашката она,пред гости,пред зет му,пред ќерката,а мене ми е глупо,овие ќе пукнат,фаците им се greeн ,па и насмевката на свеки е кисела.Иначе свекор ми е со супер примања,зема плата повеќе од сите во фамилија на квадрат ,и почна да ни помага за куќата иако маж ми не сакаше.Пример ќе отиде ќе купи материјали ,ќе ги плати и слично.Последно,секоја плата ни дава да речеме-еве сега за сметките,еднаш спомнав треба да си купам бокал за чај одма ми извади пари и се лути ако не ги земеш. Јас мислев дека дава и на ќерка му,за што секако е логично,ама тој давал само на нас. Минатиот викенд,си бевме дома,и тој беше земал плата,и јас(шпион сум знам ) ја слушам свеки му вика-Е сега од оваа плата редно е мислам и на ќерка ти да дадеш не само на син ти,а плус они и двајцата работат,а ќерка ти никој Он се налути и и рече-Ти ли ќе ми кажеш како да давам,еве еве дај и......И сигурно тука и дал пари. И сега? Свеки е со дупла фацичка тоа си знам,ама ете и мене ми е глупо што така прави свекор ми,а со ќерка му нити се скарани нити ништо,ептен се во супер однос. А плус навистина они не работата а чекаат дете,и навистина мислев дека ги помага со нешто(пример за свеки лично имам видено како скришно и бутка пари). Не знам што да си мислам,уствари не оти се замарам,ама шо знам шубе ми дојде. Сестра ми ми вели ич да не ти е гајле,кога ти даваат земај,другото нивни проблем
^Па не си ти таа која ќе одлучува на кој да даде , негово е . Може моментално сака да ви помогне не си крива ти . Може па зетот не го сака Тоа си е негово , ти не му бараш сам дава уживај си питомо јагне од две мајки цица
Ја таквите ги дефинирам како проститутки кои продаваат лажни вредности и се кријат го глувчиња зад потписот во матично, нишо поарни од оние другите кои барем си признаваат. Не се родил никој мене да ме издржува, ако сум здрава и права срамота е да не се потрудам да најдам работа еве ако не можам да најдам, бар да се потрудам да побарам, да се ангажирам. Елена, а се мене ми оди паметот, пошо ја видовме дека е од тие ненормални примероци кои од две деца имаат едно кое го сакаат повеќе од другото, да не им е ова финта со доаѓањево на золвата и маж и вас да ве, условно речено набркаат за да може ќеркичката да си се шири. Во тој случај појдете на одреден период кај твоите додека не се снајдете, ама немојте да бидете будали утре коа ќе ве молат за нешто да им дадете. Никогаш немојте да ги заборавите овие тешки денови кои ги минувате заради нив. А куќата, знаеш како викаат Србите отето је проклето тоа што вам ви е одземено сосила правото достоинствено да си живеете во ваш дом ќе им удри од глава, ќе ве молат да се вратите.
Ели сега е така за подфрлувањето пари, ама кога си родител можеш на едното да дадеш а на другото не? И баба ми така, еве ја и мајка ми знае ми даде а тато да не види на пр Се дури е со вас се во ред и не патите за сметка на друг, нека си дава она ако има. Само се да е во добар баланс и мир во куќа, сите да се раат. За друго, ковај работа
Токму затоа и не ми се попушта! Очајно ни треба малку одмор од нив, па затоа сме си кај мајка ми сега, ама станот така лесно не го даваме. Они имаат друг, ние немаме. Мал бил незнам што, па и овој не е наш, со багаж од двајца неврабоени. Не е ни важно, нема да им биде допуштено, нафта не пиеме ние. Многу работи ќе трпат промени во наредниот период, така да се помалку и помалку се секирам. Ниту пак се нервирам. Душата никој неможе да ми ја земе, се си доаѓа на свое моесто само што за некого доаѓа одма, за некого не. Ич не се замарам!
Ели паметен и праведен е твојот свекор и според мене исправно постапува.Вам ви дава пари затоа што вие и двајцата работите и се трудите да направите и создадете нешто,а тој се гордее со тоа.И сама викаш дека ќерка им и зетот не работат,а тоа значи дека се мрзливци и не заслужуваат да им даде ,затоа што според мене тоа не би било помош ,туку напротив уште толку ќе ги направи трутови.И мојот свекор беше таков,ако види дека некој се труди ќе му помогне,а ако не око не му трепнуваше.
Мое мислење: Трутови или не, и двајцата му се деца. И едниот ако е третиран полошо од другиот, има право да се лути. A најмалку зетот/снаата се кадарни да се мешаат во тоа.
Е добро сеа не мора да значи дека се трутови , сите знаеме дека е тешко да се најде работа сега ... Може моментално не работат бидејки нема работа не значи дека во иднина нема да работат...
Јас не се согласувам дека се мрзливци, мислам не можам да давам мислење за некој што не го знам, ако не работат може има и друга причина заради тоа, а не веднаш да се лепи етикета дека се мрзливци. А и баш напротив, доколку не работат и двајцата треба да им се помогне финансиски, секако доколку се може. Но, не ги знаеме сите детали, не сме им на луѓето во кожа, така што може само да дадеме добронамерен совет, но не и да им судиме.
Барем имате некој нешто да ви подаде. Ние, како што и имам и порано пишано, се` сами сме се снаоѓале, никој ни нема ништо дадено, туку напротив ние сме оние кои сме давале, па и се` уште даваме. Ако, како што вика мм-ако давам, фрли напред ќе најдеш позади (или обратно беше , нема врска), Господ е голем, гледа и мене пак од некаде ќе ми даде....и фала Богу му дава, а со тоа има и за нас сите. Мене ми е муабетот дека ако даваме, не се лутам, ако има за нас има и за другите, него зошто се наблагодарни? Ќе пишувам во спојлер колку да си се испукам, не барам совет. Спојлер Значи ние сме дома во една незаедница, заедно живееме со старите, ама комплетно сме одвоени и со храна и со сметки, дури и сметките ги плаќаме -ние 2/3, а они 1/3 или помалку. Исто не ретко се случило да не сум во можност (поради бебе и непреспани ноќи да сум утепана ) да зготвам и мм да донесе јадење, секогаш носел и за нив, нарачувал повеќе храна и нив сме ги понудувале, некако незгодно и глупо му било да носи дома само за нас јадење, а нив да ги скокне...ОК, не сум рекла ништо, се` имало, се купило, се дало.... Истото се однесува и за благо, кога и да сме купеле било какви слатки (тулумби, баклава, еклери итн. да не набројувам сега) никогаш не сме ги промашиле, секогаш имало и за нив парче. Честопати се случило мм да му даде на пр. 500 ден. на свекор ми и да му рече да му купи на пр. кисела вода, а кусурот да си го задржи или пак онака во џепче да и бутне некое денарче на мајка му, да и` се најде... Баш неодамна при еден неврзан муабет свеки не советува да тргаме пари дур сме млади, дека после деца ќе пораснат и повеќе трошкови ќе имаме и така си рече жената-еве јас на пр. имам уште 1000-ка до 5-ти, додека да земе свекор ти пензија, што да правам, денес ќе направам гравче, утре зелка за 2 дена, ќе се снајдеме...и не го кажа тоа со намера да ја сожалуваме или да ја помогнеме туку така си правевме муабет и си кажа жената маката. Толку ми падна жал баш поради тоа што ние само што бевме вратени од Џамбо и купувавме некои ситници и така си си потрошивме бајаги (тоа Џамбо е зезната работа...79 ден. 178 ден. 59 ден и оп на крај 999 ден ), а женава вика ќе штедам за јадење и му реков на мм да и даде некоја паричка така, не да и позајми, туку да и ја даде, да ја помогне. Иако не заслужиле, ете жал ми падна. Сега зимници есенва кога се спремаа мм им даде пари да купат таму некое овошје за мармалад да прават и иако ми рекле да земам, дека има многу тегли, јас не земам, ако ми се јаде мармалад или ми треба за нешто благичко кога правам, си купувам...некако не можам да земам затоа што тие се потеле и го правеле иако мм го платил... и за туршија исто и за други таму зимници киселици некои што не јадам....значи колку се можело, сме помогнале. Друго, летово пред да се породам пак реновиравме дома, менувавме прозори, врати, кречење, гипс картон, фасади, плочки надвор на скалите, поправки во дворче и се` тоа било на наш трошок, денар не сме побарале од нив....и пак вика мм-ако, сакам да направам, имам сега пари, нека биде убаво. Исто и кога и да треба да одиме некаде, ако треба и тие да излегуваат ги префрламе и нив иако на пр. не ни е успат, или пак ќе оди мм ќе ги развозува навака-натака како да им е таксист, а пред да ја купиме колата, свекрва ми се бунеше ако сакаше мм да ја земе нивната за да одиме некаде, баш во тој момент и таа се јавуваше дека треба некаде да оди, а нема врска -лажеше и измислуваше само за да си одиме со такси...Ете до толку била к`не лоша. Ама пак им помага мм, колку може -толку. И што се случи...на една семејна веселба каде бевме собрани најблиски роднини го слушам свекор ми како вика- а ХХХ(името на мм), тој ако може нешто да ти земе, тешко од него дека нешто ќе добиеш.... леле кога му се пуштив -како така зборуваш, па ХХХ последниот денар да го има тебе ќе ти го даде, како така збориш, па навистина е греота...немој грев ќе ти се пише (и се тоа го кажав онака окезена од уше до уше демек на шала, а во себе вриев и пукав). Ме погледна, се засрами и си седна и цела вечер уста не отвори од срам. И мм го слушна ова и тој пак вика -ако Господ гледа....јас не знам што човек ќе беше ова Од друга страна јас, па и тој во последно време, сакам/е да си одиме од тука, здравје Боже за некоја година планираме да си купиме некое станче и да се одделиме конечно и искрено мене не ми е сеедно што тој така си се расфрла со парите... Да за мене е расфрлање да му рече на татко му- еве ти 500-че попи пиво, а јас од друга страна да ги вртам продавничкиве и да се пребројувам колку сум потрошила месецов, а колку можам да тргнам на страна (за станот нели),а тој стариот така да збори. Не го фали никаде син му, туку уште и го брука и го критикува....камо едно фала да каже, сачувај Боже....(леле изразиве ми се ко бабетина некоја ) или пак мајка му од друга страна кога мм не е дома ништо не ми помага ни по дома ни околку децата, дури и ми се има случено да ја молам да го причува бебето да се истуширам и само што сум излегла од купатило ми го дала одма да си го чувам без да си ја исушам косата , а кога тој е дома- е тогаш е сосема друга жена....но комент!! Но, бидејќи многу работи ми се сообраа во последно време конечно си го ослободив срцето и душата и сфатив дека ако продолжам да живееам со оваа болка и горчина што од сегашноста што од минатото еден ден ќе пукнам и ќе се соочам со нервен слом, така фино лепо си дигнав раце и сега само си свиркам, се смешкам и се` ама буквално се` игнорирам....до тука ми е (преку глава). Ете така, си се испукав
^Па,така е мила,зошто ако се си ставаш на срце,кај ќе ни биде крајот. Ти убаво ми пиша еднаш на мене,млада си уште,земи свиркај си,ама ете кога ги гледаш глупостите околу себе не можеш да си без никакви чувства,рамнодушен..... Ама и јас брзо ја научив лекцијата,сега ми се толку смешни,што онака си се смеам од внатре кога ги гледам и слушам за некои работи,си велам е Ели ма за вакви луѓе ли си дозволи да се нервираш(свеки и золва) ,срам да ти биде,и ми е !
Mојава нешто вчера се развреднила,после 10 месеци слободниот ден да го искористи за готвење нешто. За чистење да не збориме на памет не и паѓа,чат-пат ручек(еднаш неделно)ако и се пријаде нешто да направи... Прави пита (со тиква а јас и маж ми не јадеме тиква она знае) и ми вика а ти од онаа твојана кога ќе правиш мнооогу беше убава...и одговарам незнам ќе видам кога ќе ми текне да купам намирници(продолжувам со малиот да си играм) После пак нешто ме праша од оние муабети досети се снао,кратко и јасно одговорив..и виде не ја рецкам си почна да збори со маж и за фамилијата нивна... Абе како не и е срам знае одам на работа во 3 ручекот не беше готов,ми вика земи од питава а знае дека таква не јадам...А секој ден и е исчистено,зготвено,испрано,ручек на маса топло ја чека кога доаѓа од работа...само детето да го занимава треба...ц..ц...цц...ја сум будала ама несакам да го нервирам маж ми прекрасен човек е... Сакаме за 1-2 години да си направиме спрат на куќата за нас па ќе издржам уште толку ако не некој ден
Здраво Феминки....ете и од мене една случка..Едно утро мм пред да оде на работа им побара пари за да купи бебешки детергент..и можете ли да замислете што се случи. Излегувам надвор а таа бара пари од свекорот и ја слушам ја само се лигават што ке им текне ние така сме гледале деца....и на мене крвта ми завре и влегов внатре и на мм му вика каква фамилија сте вие бе усте една бенкичка не му е купила а криво и е што дава пари за детергент..И бидна што бидна мм ми отиде на работа и тие коо се закачија со мене..А да нагласам на мама сестра и беше си одила па пак од такви маки....свекрвата влезе во собата и ми вика сега ти ке дојдеш ке садаш зелки со мене баба ти ке го гледа детето. И јас и реков не идам јас уште не можам да се навикнам на него не пак баба да го гледа...И знаете што ми кажа таа.?еми иста си како тета ти и неја ја мрзело да оди на поле, таква ви е семката и излезе од собата и јас изнервирена одам по неа а и свекорот во другата соба и така им викам..Ако правате така јас ке се делам јас со на мм платата ке живеам вие да видам што ке правате. И свекорот ми вика не ти е срам, а јас му реков како вие немате срам така и јас...тоа се случи уште син ми немаше 40 дена а јас пиев вива сокови за да имам млеко....и знаете што ми рече? а бидејќи татко ми зимно време оде во планината по дрва.. и вака гласеше реченицата.ТУКА СЕКОЈ ДЕН ПИЕШ ВИВА СОКОВИ А ДОМА КОЈ ЗНАЕ ШТО СИ ЈАДЕЛА ОД ДРВЈА....јас тоа му го реков на мм а тој ми рече ми прости се што да им правам ете толку....а тоа свекрвиште што е едно лисиче ја мразам од дното на душата...
Е како бе луѓе кои имаат по 30тина години и се легачат по цел ден дома,а бараат пари од мама и од тато не се трутови.Не е изговор дека работа нема! Работа има,а тоа што сите сакаат да бидат директори и да зимаат по 1000евра плата ,тоа е друго.Во Веро,Тинекс секогаш има отворени огласи и доколку навистина ти требаат пари за да преживееш ,ќе прифатиш.Исто така може да се земе тезга на пазар,па да си бидеш газда.Најлесно е некој друг да те рани,а уште полесно кога тоа се мама и тато.Мојот сопруг има братучед кој е на иста возраст со него и ни он ,ни девојка му не работат и секој месец му бара пари на мм за леб,а мојов му дава пошто му е жал.Мене секогаш срце ме боли за тие пари, затоа што и јас би сакала секој ден и по цел ден да си лежам во кревет со мм ,па тој по цел ден да може да си игра со дечињата,па да си го имаме цел ден на располагање и да не боли уво за се.Доколку дотичниов работеше,па не му стигаше да закрпи месец ,јас ќе бев таа која ќе инсистираше да му помогнеме,а вака не. И да тоа би било помош,а вака ова е издржување или носење на грб некого!Според мене издржувањето на здрав и работоспособен човек е многу лоша услуга.
АИТ овој пат ќе се согласам со тебе Навистина мислам дека има премногу млади кои се ослониле на родителите и не ни размислуваат за дополнителна работа, да најдат некоја поплатена па макар и да бидат подолго на работа, ама кога ќе си дојдат дома да си бидат на свое, да си бидат со мирна душа. Е сеа, не чини и ова што свекрвава го рекла, на неполни 40 дена да сади зелки мајкава, ама па да се бара за детергент пари, нема смисла. Уште нешто, доколку сакаме да направиме караница секогаш ќе направиме. Ако толку те повредило мајка тоа што го кажала свекрва ти, што сама не си и одговорила, објасни и, обиди се да се симнеш ако треба и на нејзино ниво, но немој преку мажот ти да создаваш караници. Јас сум секогаш за тоа, јас сум овде заради него не заради нив, но мислам дека во вакви ситуации треба да се земе малку став и да се каже сопственото мислење. И на крајот на краштата, ситуацијава ми мириса ко на Еленика, млади луѓе со толку старомодни сфаќања и зборови, да се чудиш, да не знаеш на кај да фатиш. Ако свекрвата е проста и необразована, вие не сте, во 21 век кога знаеме на форуми да висиме знаеме и да прочитаме нешто за животот, па да бидеме и попаметни од нашите свекрви кои не се криви што живееле во еден поинаков свет, кога се купувало само памук и квалитет, кога водата не била полна со хлор и бигор, кога било многу поинаку, но ако се седне и се објасни се ќе биде поинаку мислам. И мојата свекрва има сфаќања за работите онака како што ги поминала, како што ги памети, ама мое е да се обидам да и објаснам, ако и понатаму не сфаќа не сум моќна јас, и Господ да се симне она нема да разбере, но мое е да се потрудам, а ако тоа го направам како што треба поголеми ми се шансите да си помине се во најдобар ред отколку во караница. Извини Фидани, ама мажот ти ако нема за бебешкиот детергент сега, што ќе се случи во иднина кога детето ќе има поголеми потреби, затоа со време објасни им дека децата во нивно време и денес не се гледаат исто, можеби така создаваме нежни и кревки деца, но не можеме против тоа, не можеме си сила да ги загрозуваме нашите деца и нивното здравје само заради тоа што ние сме изразнале бањати со сапун и перени со Факс, хранети со пилешка супа и грав од 6 месеци, епа пред 25 години и денес не е исто
чекај малку сега не ме свакај грешка ама мененешто не ми се совпага еднаш пиша дека маж ти побарал пари од свекорот за бебешки детергент а после пиша дека со платат намаж ти ке се делиш и ке живееш добро? ако маж ти зема плата како дошло до ситуација да побара од татко му пари ? друга работа е што ако немаш пари за бебешки прашок нема ни да купиш ке ги испереш со прашокот што си ги перите вашите алишта само пушти му ги побашка бебешките алишта побашка вашите вие помладите ем гол газ ем гајтан му кроите кога ке погледнам наоколу некои со свински сапун сеуште во 21 век перат алишта или со прашок билјана затоа за твое добро ти кажувам колку пари имате толку ке си трошите не гледајте моди некоја перела со бебешки прашок сега и јас ке перам гледај си го дететнцето и мажот ти и гледај да ти расте детето во хармонична средина старите како стари со некои нивни свакања кои немаат ама ни една допирна точка со нашите на помладите а пак старите рекле од сам поубаво нема па така ако мислите дека можете самостално да функционирате ич не се мислете тргнете си се на страна на друг спрат или пак под кирија сепак ова е мое мислење без намера да те навредам или изнервирам се надевам нема да ми замерите