Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    17.997
    Ова ме потсети на еден виц.
    После секс, мажот и вика на жената-мила подај ми вода. Од другата соба се слуша - Стевче мама сега како што си испотен уште вода ти фали :rofl:
     
    На Regina.Phalange, kukla21, MeowMeow и 29 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека кажала да не пие ладно пиво. :|
     
    На Meckicja и Осе им се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    7.671
    Пол:
    Женски
    После ако се закашла, ете, од пивото ти е, ти викав да не пиеш хахаха
     
    На BeLLaDona23, crazylady, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Леле мојава ја премина секоја граница. Тазе породена сум и се прави само да ме нервира.
    Од прв ден се сама правам со две деца а таа е задолжена само за мешање.
    Знаете дека ги носи децата од деверот нон стоп овде, а моево е како опседнато со нив и ако дојдат прекинува што и да прави и бѕквално побеснува.
    Вчера на пример го однесе моево горе кај нив и ги гледам слегуваат доле по скали сами и едново дете му вика на мпево оди ти сега долу јас не доаѓам нема со што да си играме и го турка а на скали застанати. Среќа се погодив тука во моментот инаку ќе леташе по скалите. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше. И одма мојов почнува да плаче да писка па следат коментари од стариве ххх не е умен (за моево дете) само ти си умен, ти си најубав, злато од баба од дедо и јас од нервоза урлам по моево. Цел ден остана ни јаден, ни пиен ни спиен и ко дојде време за легнување пискаше на цел глас.
    Денес ајде реков конечно јаде и мирен е, свекрвиштево виде дека го хранам и дека јаде и се качи горе и го донесе едното дете. Па почна да го провоцира и син ми стана од јадење, почна да плаче, јас викав да јаде, него го фати инат, ми го фрли телефонот и не ме оставаше да го надојам бебево и ми истури какао над него. Среќа ладно беше.
    Го удрив и урлав. Срам ми е да кажам ама немам веќе нерви. Не е детето криво. Се отепав од плачење. Син ми писка вика плаче, јас урлам по него, бебево се штрекнува на секое викање и еве го плачр не можам да го смирам а инаку е премирно бебе.
    Детево ми остана пак не јадено заради други и пак му се изнавикав ради други.
    Маж ми беше излезен да купи нешто му кажав вика ќе и кажам веќе да не носи деца бар дур јаде ама џабе ќе и кажува. Имаме кажано и претходно ама за инат уште повеќе ги носеше.
    Не можам, ќе збудалам, а најмногу ми е жал за децава што растат со ваква мајка како мене. Бесот од други тие го јадат. Изгубив секаква контрола над сопствените деца.Сакам само да ме нема.
     
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.913
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Заклучи врата.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Да те нема да ,ама од то куќиштето нивно ,макар и сама со све деца.... Нездрава.(свекрва ти)
     
    На crazylady, Kalina J., cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ало жено, освести се. Што ти се случува? Ти наместо да си ги заштитиш децата, на крај ти ќе бидеш таа што ќе ги повреди. Земи ги децата и оди, ако сака маж ти да дојде со тебе супер, ако не сами. Што ако беше какаото врело, што ако паднеше детето по скали, што ако го удриш лошо и го повредиш? Ете, сте имале среќа ама не дај боже ќе дојде ден кога стварно некој ќе биде повреден. За твоето психичко здравје да не почнувам.
    Имаш малечко за кое треба да се грижиш, поголемо кое треба да го воспитуваш, смири се, прибери се и разговарај до маж ти. Не си го прави ова, погрижи се за децата.
     
    На Nausicaa, crazylady, Ivan4e04 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    @Ninamina2021 во афект пишав така директно ,се согласувам со се што кажа @Jana06 . Ќе си разговараш со сопругот ,не за да и рече вака или така ,туку за да си одите од таму... Тоа не е нормално. Ако не дај боже се повреди било кое од децата ,на било кој начин што мислиш кого највеќе ќе го боли !?
    Клуч на врата тука не помага ,може да одмогне само.
     
    На cresa-jagoda, Jana06, Ninamina2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Како да заклучам? Со нив живеам нема клуч на ниту една врата на нашиов спрат. И да заклучам можам во спална, ама не можам цел ден во спална да го поминам. Кујната е заедничка морам да спремам да јадеме и ние и дете.Е затоа кај другиве има и кога спијат се клучат кога јадат кога одмараат.
    Јас готвам од прв ден откако излегов од болница, дојди девер од горе таа му вика седни да јадеш, и тупни му од јадењето што сум го готвела. И не.е ова еднаш секој ден е.
    Еве ја пред малку дојде да ми донесе вода за капење за детево биддјќи уште нд можам да кревам и ми го дпнесе другото дете од девер ми. Моето е горе со едно од децата. Дали бебе да капам дали да го гледам детево од девер ми кај што се качува по кревет. Дојде растури играчките на земја и си заминаа. Не е нормална.
    Маж ми вика што и да одлучиш те подржувам. Му кажав јас мпјата одлука одамна која е ама ништо не превзема.
     
  10. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.858
    Пол:
    Женски
    Хахахах се пресмеав.
    Е врв се свекрвите значи.:rofl:
     
    На crazylady и Luna91 им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Е сега ќе си седниш и ќе му кажиш дека е нож до коска и дека немаш веќе грам трпение. За доброто на сите 4 да си одите од таму...или ќе си одиш сама.


    А ме интересира на ситуацијава со скалите и какаото што вели мт?
     
    На cresa-jagoda, Jana06 и Ninamina2021 им се допаѓа ова.
  12. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    И имаш кажано се на свекрва ти во лице шо се ти смета и шо се таа прави?
    Не е криво детето на него бесот шо го истураш, туку на тие шо те прават такви работи.
    Јас не знам како трпите ни 5мин да немате приватност.
    Зошто не се преселите, шо вели на сето ова маж ти, реагира или не?
     
    На crazylady, Idedemja, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    За какаото сеуште ништо, еве уште не е дојден. Сега се случуваше тоа. А за скалите му кажав, демек се изнервира и ништо.
    Се на се- НИКАКО.

    Кажано е 10000 пати и јас и маж ми и знаеш што прави? Намерно уште толку ме нервира и контра ми оди, намерно ги носи децата овде и ги остава по цел ден ако треба, демек ништо не ми можете мој е спратов. Има кажано таа: во чија куќа сакаш да командуваш.
    И маж и јас безгласна буква сме. Едно големо НИШТО сме. Наше ништо не се цени, не се важи.
     
    Последна измена од модератор: 25 март 2021
  14. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Знам за една многу слична ситуација кај што жената заврши на болница од стрес. Можеш да замислиш каква траума за децата е тоа. Оди пред да се упропастиш скроз, најозбилно. Ако рекол дека ја поддржува а не презема ништо најди ти стан под кирија, спакувај се, викни такси и кажи му да се качи. Ако више решил да се понаша ко мало дете.
     
    На cresa-jagoda, Jana06, Осе и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ninamina2021

    Ninamina2021 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Мене болница не ми бега тоа сигурно. И најмногу заради тоа сакам да избегам од овде зошто не сакам да се упропастам психички и физички и да ги оставам децава со ненормални луѓе.
     
    На Jana06 и sara97j им се допаѓа ова.
  16. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Тука е крив мажот ти и каков однос е тој нејзиниот.
    Тогаш нека си седи на спрат, ако можите финанскиски одете под кирија. Друго решение не гледам кога и мажот ти и ќути.
    Така само се повеќе ќе се нервираш и нервираш, психички трауми, лошо за тебе уште полошо за децата.
    Совреме спакувај куфери и оди.
     
    На cresa-jagoda, Осе и Ninamina2021 им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Примерот прејак! Секоја чест :D
     
  18. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Сама или со него мораш да си заминеш.
    Превземи ги работите во свои раце, имаш живот пред тебе а на децата им треба здрава и среќна мајка.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Ninamina2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е смешно:@ јас ова го живеам
    Ако не е пиво ќе се цигари ,ако не цигари чадор итн|(
     
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Притисок ми се поткрева кога те читам, искрено, не сакам да сум ти во кожа :(
    Разбран ли е маж ти? Смирено да му објасниш, дека лошо ти е живеењето, не можеш да функционираш со две мали деца така, или нека си ги држат тие горе кога веќе си имаат спрат или правете план како и вие да имате свој простор.
    Знам како е со две мали, ама плус свекрва, плус внуци, и пискањето на твоето, и тоа што си викала и си го удрила, јас не би издржала, секоја чест на истрајноста твоја!
     
    На Martka, Nausicaa, crazylady и 16 други им се допаѓа ова.