За ова во право си. И мене вака ме учеат бабите кога ќе бев кај нив или со нив, незнам од која причина, ама среќа зборовите на мајка ми кај мене беа посилни од глупостите нивни. Па работата е што ми е страв, како ќе се одрази тоа на него. Да не стане па таков со сите, па полошо да е.
Вујна ми си ги тргна децата од баба ми и дедоми. Стари луѓе ептен заостанати во мисла. Ни нас никогаш не не чувале дали еднаш сум била на спиење ама во основно. Така да ќе си го тргнеш детето од нив и нема да ти го "причувуваат"пошто треба да чистиш, переш пеглаш или да одиш во продавница. Ќе си го чуваш како сите ние што не сме во ист објект со свекрви. Затоа што ако на секое го симнуваш да си поиграат после џабе ќе се жалиш. Ќе редуцираш гледање. Ако веќе го правиш тоа онда супер терај така и понатака нема лошо да се одрази ако се дружи со баба и дедо по некој саат на викенд
Па не ми го чуваат, туку ако сум втора смена знае мм да го симне еден саат пред да идат да ме земаат, демек да ги види, пак баба и дедо му се или јас ако го симнам исто така саат/два. Тоа не се дешава ни два пати неделно. Секако јас цело време му зборам, го учам што треба што не, се надевам дека тие неколку часа неделно нема да му влијаат. Она ги напнува ручајте доле, кога сум втора смена, мм стално вика имаме ручек или се обидува да напне некаква заедница, ама не и успева, буквално за све сме делени и не им чини зошто внуче сакаат да гледаат како во заедница да сме.
Епа дпбро тоа е и да не сте биле заедно пак во неделата еднаш ќе го гледале да кажеме и пак истите работи ќе се случувале. Така да ти ќе си збориш и тераш по твое
Мојава на свекор ми му вели земи капа, чадор, маска, се ќе му наброи, бетер од дете го третира. Дури и ќе му каже која капа да ја носел. Исто за јадење, пиење таа да му каже шо како, мора во се да е замешана. Сеа седиме в кујна со мм и се договараме шо да јадиме, таа од дневна наддава шо имало, шо да сме си направеле. Мм одма и враќа, ти уживај, шо сакаме ќе јадиме.
Не треба да му викаат но не треба ни да го подбуцнуваат да прави такви работи. Многу детско и незрело однесување како за возрасни личности. Ним не им е гајле за детето, целта им е да ја нервираат снаата па затоа не бираат начин како ќе го направат тоа.
Епа затоа се трга детето од такви баби и дедовци . Како што и мене ме тргнале. Покасно кога пораснав сама нејќев да одам тоа е.
Да да, иста е и со маж и. Па уште ми држи лекции мене, тој е маж (за син ѝ) ти мораш да го пратиш што прави. Маживе вечни бебиња се без цице не ги бива
A sto toa cekate ako ste bezglasni bukvi tamu zaminuvajte i zapocnete go svojot zivot ne po tugi zelbi po svoi da si ziveete.
@Ninamina2021 се растревожив многу од твојот прв пост, па добро, како можеш да го удреш детево твое и да му викаш ради братучед му и ради ненормалните работи од свекрва ти? Ти си таа што треба напротив да го викнеш до тебе и да го заштитиш, ќе му кажеш дека нема да оди кога ќе посака, дека сега треба да јаде оти е гладен и после ќе си игра, наместо тоа ти викаш зошто? Сепак си мајка, жена си, возрасна колку и да ти е тешко и да поминуваш лош период колку и да свекрвата е злобна треба да се смириш и да размислиш дека вака ради други само на своето дете нештетуваш . Треба очигледно да се поставиш другчие према нејзе и братучедите оти не може кој сака со тебе да си игра, да прави што сака меѓу твоја фамилија и деца. Имаш деца имаш обврски башка и бебе. Ќе свикнете со мажот и ќе направите ред и за гости и за деца и за свекрва и за се. Не сте брод, дојди излези прави што сакаш. Згора лесно е на дете да се извасаш а со тоа само ќе си го уништеш детето наместо твојот бес да го фокусираш на друг некој, детево жално е... колатерала испаѓа. Немој жено така со децата!! Седни со маж ти и кажи му вака. Јас ти зборувам тебе мува не те лази, сакаш да бидеме фамилија и да имаме ред приватност и свој дом или не?! Ако не сакаш ќе си барам иднина на раат и мир да живеам со децава. Многу ме растревожи. Немој да удираш по деца, мајка си, да си земеш децава и уџум. Ради ојле дојле ќе викам по свое дете и ќе плескам? НИКОГАШ. Кога ќе се ставиш себе си и своите деца на прво место и ќе се научиш да се браниш и цениш себе си тогаш ќе ти биде убаво и ќе најдеш мир. Мир што и го должиш на децава наместо безредие.
Рече понапред може да си дозволите да се одвоите. Или тргај со мажот под рака или кај твоите, трето нема.
Ама овој "феномен" го има кај жените, општо вака дека жени, е сега кај некого повеќе, кај некого помалку, лошо и непријатно станува кога човек нема граници до каде може да оде со зборување од страна. Општо вака, повозрасната генерација на жени мора да си каже само, мора да посочи, дека инаку не бива. Многу тешко на човек да се обидеш да му сменеш навики ткаени со години назад, поготово повозрасни личности, навика им е, може и тие се осеќаат некогаш дека претеруваат но ете... Мислам дека е застапено ова многу, барем во моја околина е застапено од мајка до тетки стрини свекрви. И да, некој погоре пиша дека и децата им се навикнати на коментарите, односно како по навика што слушаат секој ден со години наназад, ќе кажат океј или нема ништо да кажат и ќе фатат врата надвор. Не знам, некој коментари и постојано коментирање и имање коментар за се се претерувачки но ...ете секој си тера своја работа. Некогаш ќе прокоментира најчесто и нема. Сакав да кажам дека овој феномен на коментари е застапен скоро кај сите жено во повозрасни генерации, може не мислат за лошо ама е навика. Лоша навика.
Баба ми (по татко ми) е иста ваква. Мислам не прави ништо лошо, не збори лошо, не прави сплетки ама мора да го каже своето мислење и збори цел ден без престан, буквално. Со години не живеат со нас ама и кога живееја баба ми пред мајка ми секогаш се воздржуваше. Од почеток и е објаснето дека таа е таква и тоа е ок ама нема право со тоа да уништува туѓ брак. Ако некогаш премине граница дедо ми и татко ми одма ја прибираат. Сакам да кажам дека кога сакаш постои начин ама треба од почеток да заземеш став.
@Ninamina2021, а кај е мајката на детето што го носи свекрва ти? Наместо да му се дереш на своето дете и тазе породена да се нервираш, подбери ги свекрва ти и мајката на детето што го носи, ако треба и тоа детето. Глеј си твоите деца и кажи им дека не си одговорна за други деца кога и своите не можеш да ги допазиш. Не можеш да очекуваш осет од такви луѓе.
Сигурно одмара на другиот спрат и децата ги пушта долу на друг да прават нереди. Бегај од таму чим имаш поддршка ич не се мисли. Јас не знам како може деца па и маж да оди да јаде кај мајка му, а воедно таму брат му има своја фамилија за која си купува храна. Јас да купувам друг на готово аха сигурно па и деца секој ден да досадуваат. Си имаат родители ако сака бабата таму нека ги игра.