Ај и јас да се пожалам Свекрвица бурно ни одреагира затоа што не сме сакале да ја земеме золвата да живее со нас во стан . Тие живеат во семејна куќа каде золвица се бунеше да не се доградува, (вториот спрат бил нејзин и со тоа воздушниот простор па не дозволи да изградиме спрат на горе. Пред да прашате, со свеки немаше опција да се живее во ист спрат, сакала свој простор), па ние со свои пари вложивме во стан во друг град. Назад на случката,золвица (25г, без ден работа,) не извести дека сакала да живее кај нас во стан и да бара работа во градот каде живееме, како место со повеќе можности. Јас и реков дека е добредојдена да остане недела-две додека прави интервјуа, но дека станот е мал за сите, вероватно ќе одиме на ивф и ми треба мир, па ќе мора да планира да има пари и за кирија. Свеки збесна, золвата збесна, па фамилија сме биле, како тоа не може, па ние сме имале пари па сме заборавиле дека имаме семејство. Нормално сопругот додаде дека според нивните поранешни договори околу куќата, еден спрат бил доволен за едно семејство, така што се согласувал со мене, но се понуде на золвица да и помогне да најде работа, ако е сеуште заинтересирана. Откако се вративме дома, свеки се јави (сеуште нервозна) па уште една тура гомна му изеде на сопругот на рачун на снаата, како парче леб ми било тешко со сестра му да делам, како тој бил неблагодарен што неговите го ранеле до 18 и го школовале и сл. Интересно е што не се ни спомна дека на золвата две год приватен факултет и плаќаа синот и снаата (кој нормално, не го заврши), па курсови, па сметки сме плаќале за таа куќа, па бањи, па приватни лекувања... Станот е средна големина, 72 квадрати. Соба секако има, но золва ми не работела ни ден во животот (не се најде ништо соодветно на нејзините желби и интелегенција ). На цело вреѓање кое ми го удираат со мајка и, на крај памет не ми паѓа уште и да ја ранам додека таа се излежава во станот кој јас и сопругот уште го исплаќаме.
И да е 100кв станот, освен ако нема кај да живее, скроз имате право да ја одбиете. Можела и таа да ви го даде спратот, а да живее доле со мајка и, нели? Повеќето проблеми тука се дискутабилни и секогаш може да се најде вина во двете страни, ама во твојот случај сосема правилно сте постапиле.
Па и да нема каде да живее никој не е должен да ја прима, вие сте фамилија и си плаќате сами. Нека работи нека си купи или нека живее под кирија. Без осет се некои. Како може нешто туѓо да користат не знам. Од јадење па од место на живеење. Па и приватен факултет сте и плаќале, да не кажам глупо тоа ама подобро пари да сте си чувале. Кој сака да учи со оние богаташите нека си заработи. Со туѓи пари е лесно. Ми изгледа на некоја која високо лета, ама ниско ќе падне. Бара спрат да има, бира работни места и на крај ќе си остане на спратот со мајка и.
Уште навредена и налутена, иако не дозволувала она да се гради таму кај што живеете опасни се хахаха леле убаво сте постспиле подобро за вас што не сте граделе таму барем раат ќе сте подалеку од тскви луѓе
Ах бе Софи, не сте заборавиле вие дека имате семејство, напротив, вие двајцата сте си засебно семејство. Без разлика дали ќе идеш на ИВФ или не, сосема ОК си се поставила. Си и ја понудила гостинската соба на одредено време. Повеќе не ни може да очекува. И што ако се вработи? Ќе ви вика почекајте да земам прва плата па да се отселам, па после тоа нешто друго ќе излезе и така ќе си затера. И тоа што сака да бара работа во градот кај сте вие, не значи дека мора да е таму додека бара. Светот се смени, интервјуа се прават онлајн. Остави само маж ти да го тера цел овој разговор со нив, само не попуштај пред него, не дозволувај да се сожали и премисли. Вашата понуда е таман на место, ако некому му е тоа малку, тој некој нема солиден план туку само му прднало нешто на памет, колку да се дешава нешто де..
Леле колку си среќна само да знаеш. Золва ти играла со отворени карти и ти ја направила најголемата услуга. Голема среќа сте имале што не сте вложиле таму па цел живот да ви помине во кавги. Си се спасила со време, сега никако немој да попушташ, изгледа таа како крлеж сака да се залепи, и фали брат и да ја финансира сеуште. Смири си се, среди си за инвитро и уживај во животот. Може дури и да немаш потреба од инвитро, чудни се патиштата на господ, може сега дошло вистинското време.
Ич да не се замараш, ваш си е станот и нема што да ви се бутка таму. Нека се лутат колку сакаат, ако се тупне нема тргање. Уште поубаво што и маж ти те поддржува, значи гајле немаш, пошто во темава обично мажите си ќутат па затоа такви проблеми. Нека не ве фаќаат на емоции, утре вас да ви треба нешто ќе се оградуваат, знаеме како иде тоа.
Фала ви на одговорите девојки! Јас во принцип не спорам многу многу со нив,сум кренала раце, ама ме фаќа инает за сопругот (Не дека не знае да се брани, туку не можам да ги слушам како го третираат). Некој спомена дека и до сега многу сме платиле, тоа е ради тоа што луѓето цел живот грижа на совест му набиваа заради тоа што "го изгледале" кога бил дете, па овој плаќаше се и сешто за да се оддолжи. Ќе наведам пример за факултетот на сестра му, кога таа испадна од државен и сакаше да оди на приватен факултет, родителите немаа средства па побараа сопругот да и плати (да земе кредит). Земал 4-5 илјади евра, кредит со кој влеговме во брак и заедно го отплаќавме. Мене ми беше необично, никој не се ни се понудуваше да помогне со отплатата, никој ниту го споменуваше кредитот, како сите да заборавија дека кредитот постои, како да беше многу логично дека сопругот треба да плаќа, додека сестра му не работеше, ниту одеше на факс а овој мојов сеуште го отплаќаше тој луксуз. Со разговор со сопругот и секојдневно слушање натоа дека "го изгледале", сфатив дека му набиле грижа на совест И чувство на должник.Па, мајку му стара, на улица ли да го оставиш дете кое сам си решил да го донесеш на светов, го ставаме ли тоа како опција за да не ти е должник цел живот? Фала Богу тоа е позади нас, колку повеќе бараа и како го градевме своето ново семејство, така мм сфаќаше дека да си го пораснеш детето е основна должност на родителот, а не услуга која цел живот треба да му се наплаќа на детето.
Не ми се верува што прочитав . Па зарем постојат луѓе без трошка осет . За тоа не треба ни на шала да се зборува а камоли да се размислува како опција за прифаќање.
Коса ми се крена! Па и золвата им е дете,таа кога ќе се оддолжи? Од родители најгадни ми се оние што си ги делат децата баш вака. Стојте си цврсто на ставот и не ја прибирајте дома никако.
Очигледно на нашево поднебје немаме поим за приватност. Иако различни семејства се одлучиле да живеат во иста куќа тоа не значи дека треба да си упаѓаат едни кај други кога ќе им текне. Исто ме иритира тоа кога старите кога ќе им отстапат спрат или простор за живеење на младите, па после им се мешаат во одлуките, во приватноста. Добро имаше пишано една членка на форумов, или дај го човечки или воопшто не го давај.
Сосема си во право, не си должна да ја издржуваш ниту да ја финансираш. Сепак има 25 години може да си најде работа, и да патува и се. Ова испаѓа сака преку леб погача.
Не е секој за деца дефинитивно... Раѓаат деца по своја воља и ги претвораат во доживотни должници зошто ги гледале до 18 год. Па законска обврска ти е да ги издржува тие деца до 18. Или да бидат должни што не ги оставиле во дом Господе боже. Од вакви родители ми се
Таа не ги ферма многу, си ги прави работите како неа и одговараат. ММ малку пожаловит беше, па си го доби, заслужено поради наивноста секако, среќа се опамети. Дефинитивно не ни стана опција да живее со нас, баш вчера зборував со мм, случајно да не му падне на памет да прифати. Секоја чест на тие кои живеете во заедница, па и со деца, па и со узурпирање на просторот и приватноста
Сега па најинтересни ми се овие генерации од бивша ју кој ги оставија свекрвите во селата и се доселија во град,па сега откако им порастија синовите како еве ќе го делам јас а купиле стан во иста зграда,или во соседната зграда као за да биле блиску да им помагале и како кажа погоре членка ете ти ги секој момент не најавени.Фала му на бога јас иако имам свекрва од истата таа генерација ,наидов на умна свекрва од прв ден во веќе купен стан настрана.Имаме коректен однос ми ги чувала децата додека јас одев на работа ,јас и ги носев,ми правеше ручек ,не ми се помешала за ништо,интересно дури и да ја прашам за мислење ако се согласувала ќе ми кажела,ако не се согласувала ќе ми рече,, не знам ,никогаш против.Затоа често на шега знам да и речам,добро што сме настрана ако бевме заедно ќе бевме искарани зошто таа знае да се воздржи а јас пак не.Затоа вие млади гледајте со време настрана не на исти спрат ,ни на иста улица,нема поубаво од свое катче да си се испружиш кога сакаш ,како сакаш после напорен ден,а да знаеш дека никој нема не најавен да ти се тупне баш кога си задремала или ти дошле твои пријатели.
Абе доста ви купваат стан, па и кај бил е проблем. Ако толку не му чини на некој, нека го одбие и нека си купи сам. И нам, нашите практично ни го купија станот.