Не не ми беше мислата тоа ,благодарност е да ти купи некој денес стан,зборот ми беше што намерно го купуваат некој станот до синовите ( а истите тие никогаш не живееле во заедница )а потоа не им даваат приватност на младите.Ние сме доста оддалечени со становите и ние а и тие си имаат приватност.
Ќе си поставиш граници. Некој ако сака да ти се плетка, може и да си на 1000 километри од тебе и пак да сака постојано да комуницира со тебе и да знае се' што ти се случува.
Да секако има и такви ,ама пак подруго е ако се блиску,врата до врата ,не можеш да им речеш не влегувај те ,сепак се родители не е во ред да се замериш.Јас еве секој ден комуницирам на телефон,и да ,им кажувам за нивните внуци за нивните успеси зошто знам дека се радуваат,секако ги барам и повозрасни се со здравствени проблеми не можам да ги игнорирам .Но кога ќе завршам со разговор продолжува мојата приватност,не ѕвонат на ѕвонче ,едноставно не можат секој момент да се телепортираат и да дојдат.
Кога веќе ваква била работата да сметаат и вакви банални глупости ќути, вас таман ќе можат да ве селат и подалеку. Муск: Људи ће моћи продавати своје домове на Земљи и селити на Марс
Не е така. Дај боже ти станче да имаш па тек тогаш да се омажиш. Се уште немате ништо поминато во животот. Подобро на 20 да се омажи отколку да чека да си заработи станче па да се мажи на 40. Коцките се редат во животот, темава е за да се пожалат снаите, неретко и по некоја свекрва. Има и таква за да се пофалат, ти во таа другата ќе пишуваш од твоето станче.
Сметаат што подразбираш ти сметаат?Јас зборувам за приватност да се слечам и да седам во пижами а тоа не можам пред свекор итн ,да ми дојдат пријатели моја генерација и да седат со нас,и нив да им дојдат пријатели и да си прават муабети за болести ,политика а да не мораме да ги слушаме,да си задреме свекор ми пред телевизор,а да не мора да слуша гласна музика од неговите внуци,тоа е привстност .На свекрва ми и доаѓа на гости помлада комшика и сама ми вика што бара што муабет јас ќе и кажам за болест и умрени ,ние за тоа зборувсме сега?!Затоа викам поубаво настрана на секој му треба мир и приватност,а кога нешто ќе им треба пак сме ние тука да им помогнеме,како тие што ни помагале.
Можиш да им речеш, како не можиш? Никогаш-никој не ни дошол ненајавен. Ниту пак сме отишле некаде ненајавени.
Абе вајлд,да се моите блиску знам дека ќе доаѓаат ,ако би им рекла знам дека ќе се налутат.Вака настрана не сме го нарушиле односот со години ,убаво си функционираме како што кажав претходно.
Од тие ''банални'' глупости што ги викаш, се преќутува некогаш за да не дојди до кавга и затоа полна е темава со проблеми. Вие машките кога ќе ви се речи нешто што не штима според вас за мама, одма рчка правите.
Јас не одржувам односи 'од култура'. Ако нешто ми смета, кажувам. Моите се навикнати, а и тие (односно само мајка ми сега) си кажуваат што им смета и си ги почитуваме границите едни со други.
Па ти сметаат де тие родителите на мажот шо купиле стан во иста зграда, соседна... не знам колку треба да бидат далеку и кај да одат луѓето за да биде таман, и плус се исмеваш на тоа дека се преселиле од село во град. И најмал проблем е местото каде живеат, поголем проблем е нивниот карактер ако сакаат да сфатат да не доаѓаат ненајавени ќе сфатат и така, инаку и подалеку да живеат ако не сфаќаат ќе ти доаѓаат кога ќе им текне. Типичен женски балкански одговор. За да знаеш која е причината за некој проблем треба да се сослушаат и двете страни (а тука ја имаме само едната), пак потоа да донесеш заклучок шо и како го предизвикало проблемот. И да преселувањето ќе биде возможно, таман на време Толку од мене на муабетов.
Е па тоа,зборувам за карактерот на некој што не почитува приватност не на сите далеку дека се сите такви.И не се исмевам на никој од село,јас сум од село,и моите мигрирале,зборувам за тие што мигрирале ,не ги повеле родителите,не живееле во заедница,е истите тие сега не сакаат да се оделат од синовите.
Па не е дека членката тоа што го пишува е далеку од вистина. Мои блиски продадоа куќа, купија два стана во иста зграда. Старите (родителите на снаата) горе, младите доле. Дојди си мажов од работа тие тука, отиди на работа тие тука. Дошла бабата направила ручек, менувала постелина. Ќеркава и рекла немораш на секое да идеш, затоа се деливме, мајка и кренала нос, 3 дена и пак на старо. Имаат клуч од станот нели за недај боже, ама овие повеќе се кај нив одколку дома. Е сега, пробаа на повеќе начини со убаво, не иде, а нејќат да се искараат. Кога ќе видиш џабе се делија, само се малтретираа и трошоци дополнителни. Затоа што подалеку и од едни и од други, тоа подобро. Исто имам пример од блиски пријатели на моите. Стариве (пријателиве наши) си продадоа куќа, бараа стан. Син им и снаата имаа некоја заштеда и кренаа кредит, бараа стан. Најдоа во нова зграда два стана, снаата не сакаше да живее толку блиску со нив, овие кренаа нос, па и синот на нивна страна, снаава крива, не му ги сакала родителите. Сега купија стан на друго место, синов си оди сам со ќерка им (внуката) кај мајка му и татко му, жена му не ја носи. Муабетот на свекрвата бил - толку заслужила. Во оваа ситуација е крив синот, ама колкаво претерување дај жити се. Што има лошо во тоа да сте подалеку? Што подалеку толку помирна глава. Замисли на жена ти родителите да може да ти се тропнат дома кога сакаат, зошто се блиску, а ти не си ги очекувал и си седиш така по гаќи кога ќе влезат. Карактеров на постариве генерации е тој, на поголемиот дел.
Nit sakam da mi doagaat i da mi sedat po 100 dena nit ja da im sedam... Lani morav zaradi bebeto i koronata poveke pati da odam i da sedam tamu.... jas broev denovi kako vojnik dali i kolku ke izdzam da sedam.. Mm pa mn saka da se vrati od kaj sto dosol,jas ne ni pomisluvam. Iako sum od golem grad i ucena na sosema poinakvi naviki i nacin na zivot, tuka si napraviv idealen terk i nemam namera da go menuvam. Bas mi se ubavi na 250km i dvete familii.
Јас познавам многу такви ,затоа коментирав .Едни познаници исто живееа во дуплекс стан и тоа баба ,свекор ,свекрва ,,золва,младиве и две дечиња.По некое време недоразбирања ,за разни причини се налути свекорот и го подели станот.Сега не им ги чуваат децата,лути као чим сакавте да се делите не ви беше убаво со нас па сега снаоѓај те се.Сега ги носи кај мајка и таа да ги чува,односите службени а тек како се чувствува зетот и се затоа што посакале приватност.
Незнам кога веќе еднаш ќе се смени овдешниов менталитет. Можда ние сме тие генерации што конечно ќе сменат нешто. Со мм имаме нива на негово име од дедо му и 100 пати се покаав зошто таму не направивме куќа, туку над нив кренавме спрат (мм единец е секако све него ќе му остане), јас и викам на свеки - здравје ќе си направиме една куќарка на плацот и кога ќе се ожени Мартин и здравје ако имаме друго дете, ќе му/им ја оставиме куќата него/нив и ич нема да се мешаме. Па сега пред некој ден, како јас да сум сенилна ми вика - Требаше да си направиме куќа со свекор ти во нивата од татко му, ќе му речевме на маж ти да ни ја префрлеше на наше име, а куќава на негово ќе ја ставевме и што сакавте да си правите. и ја и реков - има уште време да се договориме ако сакате што веќе да и речам.
Значи не мора да живеете во иста куќа за да ве изнервира свеки. Ете на мојата тоа и успева и на 1500км оддалеченост. Денес и текнало да ми каже дека детето требало само до една година да цица. Какво ќе било тоа млеко после годината, после цел ден на работа тоа млеко ќе било неубаво за детето. А јас не одам на работа, па сега муабетот беше "велам ти ќерко сети се снао", дека треба да одам на работа веќе, доста ти беше дома седење. Како од неа да барам пари за леб.
Е, и ти па сега не претерувај. Си треснала таа нешто, не си дозволувај за глупости да те изнервира. Одговори и 'Среќа јас не одам на работа, па ќе си дојам до 3 години'. Нека се нервира таа.
Па нека си направат и тие не е касно,можеби сватила дека и неа и треба приватност.Затоа кажав не сум живеела во заедница, но мислам дека сега времината се сменети,порано еден ги чувал парите,еден го планирал буџетот.Денес сите со свој новчаник еден тера навака,друг натака ,па потоа муабети, е зошто си го купил ова ,па скапо е немало потреба .Младите се по нервозни не знаат до утре дали ќе се на работа ,па се ги иритира и така се продлабочуваат проблемите.Еве јас сум забележала дека многу членки,наоѓаат проблем во односот со свекрвите и таму каде го нема,по мене и за банални работи ама кога еднаш ќе се зарчкаш се фаќаш послем и за ситници.Така денес функционираат повеќето заедници за жал.