Ау ,млекото се расипува значи ако одиш на работа?! Прашај ја таа твоја свекрва од кој научен труд го извадила податоков,да се просветлиме ние вака попрости.Не бе се шалам ,остави ја, само насмеј си се ,како мене ти што ме насмеа,за тоа па не вреди ни да си го ставаш на ум.Па уште и си се изнервирала....
Па ист е муабетот со "ви дадовме кат" и "ви дадовме стан". Ај катов не може на друга адреса, ами станот? Иначе комшии сме со моите, по наш избор, па не ни паднало на памет ниту да одиме ненајавени, ниту да дојдат ненајавени.
На толку километри да е ко ќе тропа глупости ќе и прам ало ало не те слушаам,алооо и трак телефонот Душо млада жена 24 г. ова ми го рече Значи не ако одиш на работа туку општо после една година расипано е млекото и појќе не треба да цице ,секако навика е не е потреба Јас и кажав секој за своето ти мислеше твоето треба да го одбиеш на годината (не ни оди на работа па да и е тешко ред да воспостави)јас здравје ако цица ќе си цица и над година
Ќути глупости ,ајде повозрасниве ама млада ,барем сега можеш да се информираш,јас кога ми беа малечки децава си купував имаше списание ,,моја беба,,па и од него доста научив а камоли сега со еден клик...ццц немам коментар.
Јас секако ништо не и одговорив, не успеа да извлече од мене мислење на темава . Ке се подурди на топло толку време . Не се нервирам заради тоа што ми го кажа, секако не ја ставам на ум ни најмалку, туку ме нервира што отсекогаш се дрзнува да ми навлегува во најлични и најинтимни прашања. Каква едукација. Кај нас со децении се провлекуваат истите муабети. Не се голем број за жал и младите што изразуваат желба и воља да прочитаат и научат нешто ново. Нашите свекрви слушале/правеле од тоа што ќе кажат нивните свекрви па затоа тие сега мислат дека и тие имаат право да ни го прават истото и нам.
Точно. Знаеш дека исто мислам. Ама пак е глупо, мисловниот процес во позадина е глуп. Ти кажува некој што намерно живее во комшии со родители и свекрва, АМА, да беа катил и неразбрани, тешко дека ќе беше така.
И мене не ми се бендисва то пикање едно-до друго сите. Ене ги моите. Не би можела да живеам во иста куќа со други луѓе. Ама шо велиш... мајндсетот им е таков: ќе останат тука, ќе не гледаат, на внуци ќе се радуваме... бла-бла...
Јас на пример му ги гледам. Ако ми поклонуваш коњ, расен да биде, а не ради-реда колку да се каже си ми поклонила нешто
Можеме ама маж ми ќе рече добро ќе биде ќе се делиме и после пак по старо, никому ништо демек ќе се заборави и така се вртиме во круг. Нему не му смета родители му се макар што и кај него има разлика од порано. Порано многу им веруваше ним и ме напаѓаше мене за се, до развод доаѓавме заради нив и само на нивна страна беше ама како што минува времево и тпј сфати какви се. Родители му се ама многу се злобни. Смачено ми е да му зборувам секој ден не сакам ни да замислам нему какп му е нркој да ти зборува за родителите ама кога се такви тоа е. Да точно така си одмара таа, си зборува на телефон или ќе си чисти ќе си средува на раат, а мене глава да ми пука. И бремена истото го поминав два пати и сега породена пак исто. Ај што ги носи децата туку едното крена температура пред некој ден а знаеме какво време е и дека треба да се чуваме посебно јас со мало бебе ама овде не можам да се дочувам бидејќи луѓево со кпи живеам немаат осет не веруваат во корона, абе и намерно ќе ми го донесат со температура самп да ми докажат дска сум небитна. Денес детево мое не го пушташе братучед му доле кај нас и свекотпв носот одма го крена, а пред некое време тие горе на моево му ја заклучуваа вратата а свеки и свекоров умираа од смеење као демек леле што направил а сега моево што го прави истото му се лутат. На дете замисли се лутат. Малоумни. И оди моево кај свекор ми кај свекрва ми и им вика кај е ххх (за братучед му) и тие двајцата ќутат демек лути се што не го пушти вспална кај нас пред тоа. И иде после свекрва ми и му вели на мпево бабе скарани сте со ххх зошто не играте. Абе ако им замерував јас ним, старци со 60+ години на се што имаат правено и зборувано не требаше ни да ги погледнам сега а не да живеам со нив, а тие на дете мало замериле и уште лути.
Па кажи и во очи нека знаар дека не сте глупави. На твоето кога му затвориле врата мунсе смеевте, а сега се лутите.
Кај тебе во маж ти е проблемот. Како така ќе ти рече "добро ќе се делиме" и толку? Зарем не му е жал за децата и за тебе? Сите имаме родители и ги сакаме, ама мора да има граници. Кога гледаме дека нешто не оди, мора да се дејствува. Збори му, не го жали. Он тебе и децата не ве жали што трпите циркузи, ти него исто не го жали и пренесувај му ги до детаљ сите ситуации, нека се нервира и он, негови родители се, не твои. Тешко тебе, мораш да си упорна заради своите деца и својот мир. Јас би му се "заканила", со тоа што ќе си соберам партали мои и на децата и ќе отидам кај моите неколку дена, да поседам на мир. Би отишла до тој екстрем дека не се враќам дур не најде решение. Многу ќутите и трпите за да не ги боли глава нив, а вас ако ве боли. Мене кога ме вадат од кожа мајка му и татко му све му кажувам, за утреден кога ќе се прелие чашата, он да им се изназбори, не јас. Јас секако сум лоша, ама не се понижувам да се расправам, си имаат син, негови си се, нека се разберат.
Па маж ти ако гледа дека си легнала на брашното нормално дека нема да му смета не се расправа он секојдневно со нив ти мораш да го трпиш сето тоа. Затоа дај му на дознаење дека си сериозна спакувај куферите и замини децата со тебе. Нека си седи штом му е толку убаво таму.
Ќе си го запустите бракот вака. Ни за вас чини, ни за децата ваши ова чини. Стани замини... ако му значите, ќе ве следи... ако не, со среќа нека му е со 'мама'.
На некои луѓе и да им кажеш џабе е. На пример на свеки моја ако и кажеш дека ти смета нешто таа за инат го прави истото пак и тоа уште повеќе од претходно. Слична ситуација имам како членката погоре. Сега сум породена, бебево има 3 недели. Јатрва ми и син и кренале температура, таа си оди кај нив и после седи тука со нас. Со нас живее инаку. И се јави девер ми те бара син ми и уште му вика дојди донеси го. Маж ми и се пушти и вика како да го донесе со температура овде. И таа уште му враќа не е корона ( не се ни тестираа патем) и си појде таа кај нив. И да не е корона и обична настинка да е зошто да ми ги изложува децава на ризик. Среќа во посебна соба седиме ама пак влегува и овде.
Како бе така?? Ако сака да живее со вас, нека не оди кај нив, ако сака да ги гледа нив додека се болни, нека живее со нив тоа време. Не си играјте играчки. За ваква работа, мајка да ми е ќе ја отерам у триста лепе, не па некој друг.