Јас само да прашам, што е ова со свекрива & фемили, имаат некоја психопатска желба да разболуваат малечки? Ги исполнува и тоа, што мислат дека ќе постигнат со тоа освен омраза? И јас имав ваков случај неколкупати со свекрива о свекрив.
Не ќутете! Времето нема да се врати, ќе ви остани мака цел живот за тоа што сте толерирале работи кои не требало да ги толерирате.
Абе се нервирам кога ве читам. Не живеете со свекрви и затоа одма ние сме си биле криви што сме се мажеле на Х години, што сме прифатиле да живееме во заедница, што сме немале стан/пари на страна. Е ај да не се мажев за човек кој го сакам да барав некој било каков што нема мајка и татко во куќа за мир да имам. Глупости. Или да чекав да остарам и пак ради реда да се мажев. Или да штедев пари прво за кола, па за стан, па после кога ќе ми чукне биолошкиот часовник да се чешам кај што не ме чеша? Оти е толку тешко да сфатите дека не барам ни свекрвата ни свекорот мајка и татко да ми бидат. Не се надевам ни на помош од нив. Сакам да сум на дистанца, а сепак да се избегнат расправиите. Така и прават повеќето од нас што живњат во заедница, ама недоделканите свекрвишта се возвишуваат сами себе, па не им чини оти ние не ги возвишуваме, па одма се жртви еве снаата не ги ценела, еве снаата крива.
Некои работи се прикриени до некое одредено време. Ете помина година дена откако сум во брак, дури сега почнав да откривам и други непријатни работи. Дел од дешавките до сега што ги имаше беа и сплет на околности, не само карактери наши, мој, на свекрва или сопруг.
Ништо не е прикриено вие не сакате да гледате. И не е муабетот да се мажиш за било кој, мажи се за човекот шо го сакаш ама прво размислете за иднината потрудете заедано да имате нешто ваше.
Дете имав ли пред да се мажам? Од кај да знаев каква посесивна баба може да биде свекрива? Маж ми не ја слушаше воопшто, потоа почна откако финансиски ослабевме, а таа помагаше.
Не, ама се однесува посесивно кон мт, а и тој е мамин. Рецепт ти е тоа за баба што "знае" најдобро, меѓу се' останато. А и имаш доста пишувано дека се' си тера по нејзино, уште пред да се омажиш. Мислам дека и за свадбата пишуваше дека се' испаднало по нејзино и твоите желби не се земале во обзир. Карактерот на човекот е тој, во секоја ситуација ќе сака да доминира и и' дозволувате да доминира.
Ама ти си мајка шо е битно она каква баба е. Но проблемот е шо зависите од нив е ако не зависеше ке беше друга песна така?
Така е, ама затоа на пример не го прифаќаш "поклонот" ако не чини. Имавме "понуда", ја одбивме. Краткорочно и те како ни' е потешко, долгорочно мислам многу подобро
Проблемот е што се игнорираат црвените знаменца уште пред да се стапи во брак. Бракот и имањето деца не се решение за претходните проблеми, ако ги имаш, веројатноста ситуацијата само да ескалира е голема. И да, според мене е доста битно да формираш независност пред да се впуштиш во брачните води. На тој начин, не зависиш од никого и никој не смее да се меша за работи кои не ги дал на поклон. Што биолошки часовник?! Која клише фраза и себичност. Бракот виси на конец, по цел ден нервози со свекрви, ќе родам пошто зашто и се тоа да се одразува на детето. Ако треба ќе посвојам, ама ќе знам дека на тоа дете ќе му пружам достоен живот, без караници, нервози, опколено со максимална љубов. И најбитно, ќе имам финансии за да му овозможам комфорен живот. Жени и на 40 раѓаат. Што дека млада ќе имаш деца, кога се осудуваш животот да ти заврши, уште пред да почне ново поглавје. Да живееш во заедница со нечиви родители е како да должиш кредит во банка. Не можеш да се откачиш, создава нервози, те поседува, те конзумира. Така да, да, винатата е во воспитувањето. Земи ќерко мажи се и рагај, наместо земи ќерко работи, заврши факултет, заработувај, гледај да бидеш независна, затоа што среќата е во моќта кога си самостоен. Јас можев да се омажам многу порано, но ќе требаше да живеам со неговите родители. Стиснав заби, штедев, па се омажив кога добивме клуч на рака од стан далеку од негови и од мои.
А јас со мојата заостаната што да правам.... Јас сум левак, син ми сам префрла работи од десна во лева, не е толку мал, 2 години има. Пред некое време свеки изгледа имаше заборавено дека сум левак и го гледам син ми фаќа дрвена боичка со лева, му ја зима му ја префрла во десна и му вика не чини со лева, со десна треба да си црташ, јадеш све. И јас и викам "а што е толку лошо да е левак"? Вика "па не треба да е левак, како ќе пишува, обратно во тетратката?" Јас си мислам ме трола и се смеам ја гледам сериозно ме гледа и сфаќам жената е озбилна. Земам боичка и почнувам да пишувам во тетратката НАЈНОРМАЛНО ко сите деснаци и леваци, се збуни, незнаеше што да ми рече. И сега секојпат кога ќе е кај нив, кога ќе се симнам да го земам ако јаде нешто виљушката, лажичката во десна му се, го гледам се мачи оваа му помага да боцне, само за да јаде со десна. И кога ќе јаде после тоа горе кај нас фаќа со десна, гледа се мачи, префрла во лева. Којзнае што му збори кога ме нема. КОМУНИЗАМ. Гледам јас и тоа малку време што е со нив, ќе се проретчи. Маж ми ми вика дека можда претерувам, ама си го гледам детето како се понаша, а и ја имам слушнато, доволно ми е за да знам. Како бе како се толку затупени да се замараат толку со глупости?
Абе страшно. И брат ми е левак, 80тите генерации, го маваа наставниците во школо со стапче за да пишува со десна. Ене го ден денес ногопис има. Ама си се тешам дека тоа неможе да се смени, зошто 2 саати во неделата она го замара да праи све со десна, зошто тоа е ген, неможеш со сила против тоа, освен по цел ден со стапче да го мава. и други пати ми се има чудено ете како можело да сум левак, како можело детето да е на мене. За неа детето за све личи на мм, ништо нема на мене, затоа ваљда нејќе и левак да е. Као она да се прашува за нешто како ќе е. Мада уште еднаш ќе и го плеснам во фаца, само да се повтори.
Како ве трпи срце да не изреагирате, алал нека ви е... Па вака да видам го тормози мое дете со глупости, така квалитетно ќе и го покажам местото да не и текне да зуцне. Ќутите додека ви ги тормозат децата, ко без јазик да сте и после преполна темава...
Да ти почнам да ти кажувам колку сум урлана, карана, не сме збореле со месеци и џабе е? Вчера баш се симнав да го земам, ова се дешаваше. Јас намерно пред неа му викам "не се мачи мама со тоа раче, смени си" ама дете ко дете сконцетрирано нешто да направи, оваа му помага и шо ќе се карам? Да излезам ете јас пристрасна демек јас го напињам да е левак ко мене, а ете он си јаде со десна, саму му треба помош дека е мал? Не вреди. Секако тоа му е ген, сакала она или не. Затоа го гледаше 2 саати неделно, сега ќе е на 30 мин и помалку. Ако и се свиѓа, ако не немора. Еве денеска надвор играше, чепкаше по едни железа, свекор ми му вика "не таму, татко ти ќе те кара, знаеш колку е лош татко ти?" И јас му се свртив и му реков "па скарај го и ти, да си и ти малку лош". Не му кажав на мм, зошто ќе фати да урла по нив, од вакви ситници полна е чашата, чека момент да се изназбори мм.
Не ја оставај жити се', кажи и' нека седне она со лева да пишува, па возрасна жена ќе се измачи и ќе се изнервира, а не дете. Малце глупости во животов ќе доживее, баш која е доминантна рака многу "битно" е.
Боже што се ќе прочитам. Па со која сака нека функционира дете само нека се живи и здрави. ШТО ТОА Е ТОЛКУ БИТНО ЛЕВА ИЛИ ДЕСНА ГЛУПОСТИ НА КВАДРАТ. Стариве дефинитивно имаат ептен уникатни мислења за се.
Жал ми е за тебе што живееш со таква не би рекла само не едуцирана туку проста жена.Што го тормози бе детенцето на нешто што му е генетски предодредено,боже,боже ,биди упорна не дозволувај и,карај се ако треба.Па ќерка ми што ете навреме не забележив,а на глава и седев, дека погрешно го држи моливот,до ден денес има проблем ,не може долго да пишува ја боли раката од неправилна положба,а не со лева да му е природно, со десна да го тера.