Многу од вас (не само конкретно за тебе) ги боли коа ке ви го посочат реалниот проблем и одма сте увредени.
Мене ова ми е многу језиво иначе сопругот е левак и како и погоре што пишаа порано во школо ги тепале со стап тие дечиња и увек ме потресува ова коа ќе го прочитам,можам да замислам дете кое не ни сваќа што е разликата меѓу фунционирање со лева или десна да го тепаш или во вашиов случај караш.Трауми да се прават за глупости ,мораш поостро да и напоменеш за ова уф ја се изнервирав може да замислам тебе како ти е
Ти не побара совет туку искоментира како си изнервирана од коментарите на членките кои упорно на помладите се трудат да им објаснат да не се впуштаат во брак неспремни, во живот во заедница и без финансиска стабилност. Никој немаше тебе конкретно да те коментира ако сама не се повикаше. И баш бидејќи целта е да се помогне, треба да ги посочиме грешките кои ги правиме, а не упорно да негираме каде сме згрешиле и да бараме оправдувања за истото. И баш ми е мило што сте се одделиле, се надевам дека ќе продолжите така и ќе имате мир. Како што кажав имаш проблем со сопругот, за кој исто така се надевам ќе го решиш.
@Fallen.Angel и покрај тоа ти што готвиш горе тој упорно се симнува кај мајка му? Добро те разбрав? Не ти ја знам ситуацијата во детали, но ти имаш голем проблем со маж ти, не со свекрвата. Извини ама ова вашето не е брак. На него треба да му е мерак, штом веќе имате услови да руча со жената и децата,а не да трча кај мамичка. За што се женел не ми е јасно? Тој со ова си завзел страна очигледно и заслужува да му ја дадеш клоцата. Па дури треба да го убедуваш магарето од +30 дека местото му е кај жена му...
ова е точно, јас почнав како мала да пишам со лева и мн ме караа и родители роднини и на училиште и почнав со десна да пишам, до ден денес работам со лева рака све и можам и со лева да пишам Тој проблем е" праисториски" и не треба да им се замерува на постариве, во такво време живееле и мислат дека така треба
Кој закон те штити? Од кај ќе докажеш ти дека си дал пари за тој стан.Не секој е паметен да каже во сам старт да биде на име на двајцата.И секој нема среќа даго најде партнерот на 20 години некои на 30 го наоѓаат.Сите сме сведоци на ин витро постапки и колку се тие скапи, па затоа луѓе и коли па дури и имоти продаваат од што немаат пари, а не пак како што сите си змаислувате, купи стан,куќа,кола и имај дете.Не иде се така како по книга.
Искоментирав бидејќи претходно и јас добивав такви напади. Посочување на грешка не ми треба, си ја знам нели? Да можев поинаку, ќе направев, уствари и пробав поинаку од старт, ама не одеше. Затоа сега со сите нервози, кавги и недоразбирања во целата ситуација се направи тоа што мораше. Имаше членки, да не ги тагнувам, ми кажаа што и како да правам. А со тоа што ќе "посочиш" или "нападнеш" некој за грешката што ка направил баш никако не помагаш, само се отвара непотребна дискусија која може да премине во кавга, не само ти, сите што вака пишуваат. ОК е да си кажеш мислење дека во заедница е тешко и дека пожелно е да се избегне тоа, ама да обвинуваш нема потреба. Си знам и јас и другите дека 80% од проблемите ќе ги немало ако не било така, ама во реалноста така е. И треба или совет за тоа што е пишано или одмини. Лесно е од страна да кажеш некои работи. Како што мене другарка ми знае да ми каже дека и требала помошта од свекрва, а јас сум ја оттргнувала. Она не живее со свекрва, се гледаат само за празници и не и јасна мојата ситуација и не и е јасно колку среќа има што никој не и се меша. И да, таа нема 2 стана и викендица, ниту плата од 40 000 денари. Се омажи на 23, нејзиниот маж имаше стан во друг град.
Многу лично го сфати мислењето на @Annora милион пати ти беше кажано за твое добро но ти ги игнорираше сите знаци и сега лупаш глава. Сега не можеш да пишеш “не живеете со свекрви и не знаете како е, јас не бирав бла бла” Реалноста е дека ти сама избра и избрза. И уместо да превземеш нешто ти стоиш во место. Немаш проблем со свекрва ти туку со маж ти кој упорно оди кај мама да јаде,си се омажила за мамин син. Уште пред брак се дебатираат тие дилеми околу живеењето и се кажува твоето мислење,а не ќути си и трпи си и после оболуваш психички. Предвреме да се решило ова верувам ќе беше среќна.
Ама готово е тоа поминало. Нема никаков бенефит од муабетот: Оти тогаш вака (не) направи? Не може времето да се врати назад. What's done, is done. Сега што да се први?
Никој не напаѓа од кејф. Проблемот е што Ангел тука ја криви свекрвата за се, а во други теми пишува дека нема односи со сопругот и што да направи, дека слабее зашто на маж и не му се свиѓа нејзиното пост партум тело. Иако никогаш ја немам навредено нејзе, не можам да не и пишам дека маж и е кретен, дека тој е крив, а не свеки. На почетокот кога ја читав како се 'мачат' за дете, па и ивф мислам се спомнуваше... Мислиш 30-40години имаат и 10 годишен брак. За другото @Fallen.Angel еве да ти кажам 'Да не требаше да не се омажам за човекот што го сакам' како и да ти беше реченицата. Да се омажев јас за човекот што го сакав на 20 години или ќе бев во затвор или под земја. Некој некого ќе убиеше зашто таков гомнар со дете сигурно немаше да трпам. Иако касно, веројатно си сфатила дека љубовта не е доволна. Сега што совет да ти се даде кога не сакаш да смениш ништо? Ти не работиш на врската туку на сексот. А тој не сака ни во иста соба да спиете и пак свеки крива. Криви сте вие двајца. Не може да ти е убаво кога свеки ќе го причува да испиеш кафе со цигара, а да се лутиш кога ќе ти рече да му дадеш антибиотик (да не се разбереме погрешно, сум против антибиотик за вирус, но свекрвата во тој момент се осеќа слободна да каже мислење). Заборавив што сакав друго да кажам, но поентата ми е таа. Ако тој ја бира мама секогаш или оди си или навикни се. Трет пат ти го пишувам ова. Сум за да се одмине мислење за да не настане кавга ама секоја се осеќа испровоцирана да напише мислење. И тие што не живееме со свекрва сме осетиле што значи проблем да ти направи, не е дека не разбираме. Тој изговор 'ама вие не сте во заедница' заборавете го, зашто некои од нас дале се од себе за да не бидат во заедница. Маж ти со прст не мрднал, мама помага финансиски, чува дете, готви итн, тогаш ти што си во куќата? Веројатно неспособна во неговите очи. Извинете за долг пост.
Разбирам, така е. Но, енергијата треба да се насочи кон маж и. Јбг, живот, стварно ми е жал што така ја помина првата година со бебето, никој не заслужува таков третман и дискредитација како мајка ама мора да се најде начин да се избориш. Мора. Никој не може да ни го живее животот, што ќе посееш тоа ќе жнееш.
Она го сака него,но дали тој ја сака неа е прашањето? Пошто по постапките изгледа одговорот е негативен.
За тоа се согласувам и истото сум го рекла сто пати на темава. Проблем имаат со мажите, не со свекрвите.
Една роднина го запозна дечко и на 33. На 35 зедоа кредит за стан и им се роди првото дете. Имаше неколку сериозни врски претходно и сите ги заврши заради црвени знаменца (изневерување, лажење и секако неделење од сукњата на мама). Сите што претходно ја обвинуваа дека 'само менува дечковци', 'ти куца биолошкиот саат', 'кога мислиш да се мажиш', сега би и тие како неа. Едит: да се надополнам. Ти го разбирам бесот. И ја вака реагирам кога нешто озбилно ќе зезнам а 20 луѓе ми посочиле да не го правам тоа. Ама бесот нема да ти помогне, ќе ти наштети и психички и физички. Ако сакаш совет, прво, најди психолог, многу ќе ти помогне. Второ, во никој случај да не си родила второ дете. Трето, мораш да одлучиш дали ќе направиш план како да заштедиш и побегнеш од маж ти или ќе останеш со него и ќе продолжиш да го молиш и убедуваш дур не ти успее. Се направила многу грешки тоа е факт ама млада си и имаш време да ги поправиш. Наместо истурање бес на рандом луѓе фокусирај се на тоа. Среќно.
Ако имаш вакви мисли кон човекот со кој планираш да градиш дом тогаш немаш доверба и не си спремна за брак. Ова со плативе е само изговор ништо друго. Абе ке направам жртва ке одам на две работи ако треба ке се мачиме и двајцата и ке успееме, ама изгледа полесно е да кукаме како немаме пари ке седиме три генерации дома и ке се жалиме колку е лоша свекрвата. Ете членката ти кажа дека успеале од нула, гледаш дека може
Нормално дека може. Ама полесно е да седиш дома и да кукаш. Јас од кога дојдов во странство сите ми викаат 'блазе си ти.' А никој не го зема предвид фактот дека едвај имав пари за карта и една кирија и дека во првите 5 години немав отидено ниеднаш на одмор, викенд, ги носев истите алишта, чизми, јакни дур не се распаднат за да заштедам и утре да не ми се качуваат ни мајка ми ни свекрва ми на глава. Ама цело време се наоѓа некој да ми каже дека ми е лесно и дека немам право да 'солам' памет.
Ако станот е купен во брак, тогаш е по пола на двајцата сопружници, небитно кој дал пари. А пред брак, ке отидеш кај нотар и ке бараш да ти состави договор каде ке пишува кој колкаво учество има. Мене ми е јасно дека животот е скап, ама, читаш и сама дека некои овде животот си го упропастиле со самото живеење во заедница. Немаат мир, немаат збор, немаат ништо освен нервози. Кога некој ке ви каже подобро под кирија, тоа го кажува со добра намера, за да си ги сочувате нервите и бракот. Јас имам одличен соживот со свекор и свекрва, па пак едвај чекаме да се одделиме, за сите да дишиме слободно. Не чекам само јас да си отидам, сите ке сме растеретени и пак ке се сакаме и гледаме. Не сакам да сум во кожа на некои на кои им е пекол.
Јас незнам кога веќе имаат свој спрат младите, и на старите како не им смета сите пак во заедница да седат, како и тие не сакаат приватност и мир..