Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Само Господ да чува од лоша крв, колку што можеш да ја најдеш внатре, толку може да ти влези и низ врата.
     
    На Mama25, blond, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    свекрвите многу бргу забораваат кога биле снаи јас верувам дека кај некој има последици и од климаксо верувајте во тој период организмот тотално се менува и јас имам проблеми со свеки ама тоа е и од една страна се тешам што таа е постара од мене 43 гдини и може баба да ми биде ама мајка ми е во фаза на климакс и забележав дека и нејзе ја фака нервоза и ред др раб имам тетка која исто така мн се искомплицира од климаксот а предходно беше душа човек...ама :!: има и такви кој сакааат се да е по нивно ако нив син и и маж и керка и им угодувале све нека свати дека снаата неможе таа има некој свој принципи не велам да дојде снаа и да дава закони снаата треба да се прилагоди на куката во која е ама да има толеранција али ретко кај што живеат две жени да нема кавги јас си појдувам од мене со мајка ми сум се карала а на оваа и траам за да не ми бамбама цел ден ама тоа е две жени во иста куќа неможат ама ако се нема каде тоа ке е.и не се замарајте со нив гледајте си ги децата тие се ваша иднина а овие веке се стари нема да зависите од нив ке си барате раб и гледај што ви прават вам за да не бидете такви утре ништо лично за никој само мое мислење си кажувам (не дека кај мене цвета али некој ден е сончево некој ден облачно ама некој ден ко загрмеее мајкооо :D )
     
    На Anyshka и SimonaTino им се допаѓа ова.
  3. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    А дали си била ТИ некогаш на оглас во Веро или Тинекс?? Претпоставувам дека не си била па затоа си даваш право да зборуваш на тој начин. Јас барам нонстоп работа, кога мислам нонстоп мислам 24/7 и да точно работа има ама нема плата! И поради тоа и јас морам од дома да побарам пари. Според тебе значи и јас би била мрзливка,така? Затоа, ако имаш ти работа мило ми е, чувај си ја на кој начин и да си успеала да ја добиеш (дали преку оглас, или помош од пријатели, роднини) само немаш право да осудуваш и да нарекуваш некој дека е мрзливец или трут! И не е најлесно некој друг да те рани, секој сака сам да си работи и да си биде сам свој газда.
     
    На Anyshka, baby-star и Nedzhla им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А што е проблем со огласите во Веро и Тинекс? Јас не сум била, па живо ме интересира.
     
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Jас имам две пријателки кои работат во Веро веќе 2 години и зимаат плата !!! Е сега колку ,тоа е веќе друго,но еве за овие 2 години не нашле ништо подобро и затоа се таму.Јас во еден период додека живеев кај моите и имавме финанскиска криза,јас имав само 18 години,правев салати,пирошки и кифлички и ги продавав по пријатели,познаници,нивни пријатели и ако ништо повеќе заработував по 300 денари дневно .Во тој период и студирав . Пред 5 години се најдов во слична ситуација и бидејќи реално не можев да одам некаде да работам,затоа што морав да бидам присутна дома,плетев шалови и џемпери и тогаш носев по 1000-1500 денари неделно.Можеби не се некои големи пари ,но мене и двата пати ми бркаа одлична работа.Не дај боже да се најдам повторно во слична ситуација ,но ако не можам да најдам нешто ,сама ќе го измислам.
     
    На thinkerbell, eli25, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Прво не мешај што било пред 2 години кога они се вработиле, бидејќи пред 2 години и јас работев и тогаш беше друго, ако ти се другарки прашај ги какви биле условите тогаш, а какви се сега. Друга работа, едно е да зборуваш за работа на која одиш НАДВОР ОД ДОМА по 8 часа дневно и за тоа да земаш плата, а друго е да заработуваш од дома хонорарно и тоа еден ден имаш хонорар еден ден-немаш. Јас кога имав 18 години и студирав и работев работа со полно работно време од 48 часа неделно, а сега мака мачам да најдам работа, значи кога мислам работа не мислам хонорарна работа од дома. И јас сигурно нема да ти судам: е зашто ти на 18 години не си работела како јас?? зашто не си нашла тогаш работа?? ааа значи си била мрзливка (според твојот коментар). Значи, немам намера никого ниту да бранам ниту да обвинувам, едноставно напишав дека ние овде не ја знаеме другата страна од приказната, значи овие што ти ги нарекуваш трутови овде јас не прочитав дека се изјаснија, така? Може се во право, може не се - едноставно не знаеме и никој нема право да ги обвинува

    а и моав да редактирам, викаш братучедот на сопругот му бара пари ЗА ЛЕБ, значи не за да пие пиво и за по кафани, не дај боже ти да се најдеш во таква позиција, никој да не се најде, а ти на тоа одговараш "Мене секогаш срце ме боли за тие пари" :x Ама повторно, не те знам, не ја знам твојата ситуација и не ти судам
     
    На Anyshka и baby-star им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Овде морам да се согласам со Сонце. На сите нас ни е лесно да си седиме во канцелаија и додека немаме работа да си типкаме по форумов и да викаме Мрзлив еден не сака да се помести да најде работа. Но не е така. Имам пријател кој веќе година и пол бара работа , а има над 30 години. Не е оженет, зависи од родителите. А човеков нема каде нема отидено да најде работа, секако во струката, но ете нема. И сега што, тој одстрана гледано е мрзливец, а всушност веќе запаѓа и во депресија. Сега ќе рече некој зашто само во струката. Па зар медицина малку ли е да се заврши и да не сакаш да работиш за тоа што си учел. За Веро и Тинекс имам такви хорор приказни слушано, за односите таму, мала плата, не пријавувани.. Затоа АИТ не го осудувај братучедот на мажот ти, верувај не му е лесно да дојде и да бара пари за леб од мажот ти. Никогаш не знаеме што се случува во животите на другите ( колку и да ни се блиски ), затоа ако можеш помогни а ако не тргни се и не одмагај.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Мислам дека погрешно ја разбравте АИТ, јас сега како дрвен адвокат ќе се огласам :D

    Муабетот е: Зошто некој, здрав прав МАЖ, во најдобрите години, би барал пари на заем ЗА ЛЕБ од братучед (кој исто има жена и 2 деца, ех!), а не оди да крева вреќи (пример) ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ?

    Има разлика нели?
    Тој може да има финансии од дома и да бира што ќе работи, може не сака се`, може сака по струка, сака да е директор, сака да е доктор на науки, не е битно, ама да бараш за леб, а не мрдаш да го заработиш???
     
    На Minnie-e, danichap, SimonaTino и 8 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.170
    Пол:
    Женски
    Не можете така да кажете, АИТ убаво рече, они седат дома, создале семејство а немаат со што да го издржуваат тоа семејство. Мрзливци да, секогаш може да се најде работа, ако не едно друго, ако не полесна потешка, секому според приликите што ги создал во животот. Јас имам еден пријател, не може да се помири дека сите ние сме со факултет, си зимаме убави плати, сите ние мислам на девојка му, јас и либето мое, девојка му му е колешка на либето мое. Он не завршил факултет и цел живот работи аргатска работа малтене, за некоја мала плата и сега е исфрустриран од тоа. Особено на мене, бидејќи јас и она имаме некаква допирна точка во работата, па се обидува цело време да ме достигне, да направи нешто како мене, да ме достигне, дури и програмите во кои работам јас ги учеше, но не иде, пак мене ми се јавува. Е сеа, кај е допирната точка овде, цел живот ќе има луѓе кои ќе бидат незадоволни а ќе кукаат, како тоа ти имаш работа јас не и слично, не велам дека Сонце ти си сеа една од нив, но верувај работа има ако се сака да се работи, не знам што имаш завршено, но секогаш има потреба од девојки и момци за анкети, делење флаери, насекаде се бараат девојчиња за сендвичарници и кафичи, барем во последниве неколку недели сум видела најмалку 5 вакви огласи залепени по бурекчилници и сендвичарници, по салони и слично. Ако сакаш да работиш ќе најдеш работа, ако сакаш да заработиш односно, бидејќи дома можеме да кукаме цел живот дека за нашата струка нема работа и слично, ама да се заработи за основни потреби секогаш може. Избегавме од темата со свекрвите и снаите, ама ова е еден од основните проблеми поради кои настануваат проблеми во една заедница, снаата нема работа, свекрвата се нервира дека снаата и ги јаде нејзините пари или парите на синот, па фрустрации, па караници и ете ти проблем помеѓу снаите и свекрвите.
    Значи треба да се пројде преку гордоста и да заборавиме на годините поминати на факултет и за промена да се обидеме да најдеме работа и на друга страна а не да очекуваме ако сме учеле за наставнички по англиски дека сите ќе бидеме наставнички по англиски, за тоа на времето кога сте се запишувале требало да се мисли, дали струката е погодна, дали има работа и слично, а не да се избере пократкиот пат ;)
     
    На Minnie-e, danichap, SimonaTino и 5 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Може има кила шовекот па не смее да крева :) Да неодиме офф од темава, ве читам и се чудам, за тие што живеат со свекор и свекрва како си давате за право да коментирате на кого свекорот и свекрвата ќе му даваат пари, во смисла дали на мажот ви или на брат/ сестра негов. Тие се нивни деца, парите се нивни, и вие немате право да им се мешате во тоа. Ќе речете ама ние со нив живееме бла бла, е па оделетесе бе. Кој ве терал со сила да седите со нив. Ако условите ви налагаат така да биде, тогаш навикнете се на тој начин на живот. И убаво рече пред мене некој, во кавгите со свекрвите НИКОГАШ не го мешајте мажот. Средете си сами. Колку и вие да ја мразите, да ве навредува и да ве понижува, него му е мајка, и не му е убаво да слуша од жената дека мајка м е ваква , таква онака, затоа што тој ја зане, но му е мајка и тоа е. Од искуство знам дека мажите (чест на исклучоци) секогаш меѓу жената и мајката застануваат на мстраната на мајката. Не е рекло џабе, мажот кој ја гледа жената како принцеза имал мајка кралица.
     
    На baby-star, friendy, irena.1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Нека вози такси ;)

    Како и да е, се согласувам дека не треба да го малтретирате и мешате мажот, зошто и да застани на страната на жената, тој ќе е несреќен и потиштен зошто за да го направи тоа - тој морал да ја „негира“ мајката која го родила, а така сигурно ни вие нема да се чувствувате убаво, за џабе ќе ви е борбата :)

    Ај да се надополнам - Колку жени имаме само на форумов чии мажи се на привремена печалба во странство? Не сакаат ли тие да спијат со жените и децата секој ден заедно?
    Зошто некој може и треба да се мачи, да создава, да дели од себе и своето битие за фамилијата, а некој друг само да крене раце и да рече: Дајте ми пари, немам ни за леб - ???

    Да се разбереме - СУМ прва да се помогне на секој кој нема, и кој нема услови да има. Ама сум многу МНОГУ против излежавање и изводење, зошто примерите околу нас насекаде покажуваат дека оној кој работи (без разлика каква работа и каде) - има пари за да преживее и живее.
     
    На Mama25, danichap, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Јас имам и магистрирано и не-не барам работа по струка, ама сите што овде се изјаснија дека "работа има ако сакаш" очигледно имаат работа, не лутаат како муви без глави на разно разни интервјуа па затоа не сфаќаат колку е тешко да се најде работа и тоа работа за која ќе ти даваат плата, бидејќи како што напишав погоре, работа се нуди ама плата не! Муабетот ми беше дека не е во ред на никој да му се суди кога не го познава, има секакви луѓе и карактери, има и мрзливци не викам не, но овде ние ја читаме само едната страна на приказната, а другата не ја знаеме.
     
    На Anyshka, DeMelo, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nedzhla

    Nedzhla Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    96
    немора да значи да ти кажам мојов е малтертиран од страна на мајка му а од страна на татко му е милуван и тоа сее познава сверква ми е како крвожедно животно што ко виде дека ние сме насмеани таа секогаш бара кавга а свекорот е мн добар али тоа е :lol: јас си го живеам својот таа нејзиниот живот под исти кров ама нема разбирачка а и мн се согласувам со тоа да не се мешаат мажите многу точноооо не мешај некој што не е дел од проблемот!!! :D
     
  14. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Luge zabegavte od temata! Otvorete nova tema-Mladite i mrzelivosta, pa tamu diskutirajte.Tuka e muabetot za snaite i svekrvite,svekorot off ;)
     
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Значи прво мојот коментар се однесуваше на постот од Ели25 ,а не на девојката со прашакот.Второ навистина срце ме боли за парите кои мојот мм ги дава на братучед му за леб,затоа што тој без грам образование одбира да проси ,наместо да работи било што,затоа што реално му требаат за леб,но не тој сака да биде директор.Трето ситуацијава во државава е таква каква што е и не можеме да седиме со скрстени раце. Навистина не ми е јасно како некој доколку нема за јадење порадо ќе избере да седи дома ,него да работи било што.И јас имам факултет ,па доколку морам ќе работам било што и ако ништо ќе донесам дома пари за леб.Јас пред некој месец очајно барав жена за чистење и знаете што ,не најдов ! Малку и биле 1500 денари за едно доаѓање,па да сум и плаќала и пат,па дали ќе имала јадење,па многу бил голем просторот за чистење. Апсолутно се измешаа работите зборувам за луѓе кои немаат било каков приход ,а имаат и дете или сеедно и да го немаат ,а не мрдаат од дома за да најдат било каква работа или пак на се што ќе им се понуди му наоѓаат мана.Е како вие ќе ги крстите тие луѓе???
     
  16. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Во право си, апсолутно се измешаа работите, викаш дека ти е жал на срцето бидејќи сопругот му помага со пари на роднината свој за да купи леб, а сега кажуваш дека си бараш жена што ќе ти чисти по дома, можам само да ја замислам реакцијата кај вас дома: ние немаме леб да јадеме, а она плаќа чистачка. Секој со своето, немам намера да му бројам на некој финансии ни па да судам или бранам
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    За болдот. Кога го средував станот, кај мене бевме жената што ми чисти ( 1000 денари, 0д 8 до 16 или ако има работа и покасно ), тетка ми и другарка ми барабар работиме, и на врата ми доаѓа една ромка силна, јака, румена црвена, пука, и прози. Мајка ми и вика:Дојди да чистиш и така имаме работа, за 1000 денари. Женава кидна ко да и рековме да ја убиеме. :x :x Така да потполно те сваќам.
     
    На midnight.flower и AIT им се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас искрено не верувам дека заборавиле кога биле снаи туку едноставно низ се што минале сакаат истите нивни маки да ни ги прават и нас со тоа се хранат само забораваат едно нешто си го уништуваат и своето чедо но бидејки тие многу ги "сакаат својте синчиња" не се ни загрижуваат дека душата им ја горат и ним ама нема везе веднаш ќе следи "сине мама сака да си срекен "нема грешка....како и да е јас редовно го велам тие се до река ,но ние преку река
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Воедно ке се се надоврзам за мислењето на AIT мислам дека таа никој не сакаше да навреди дека не сака да работи или дека е мрзлив туку дека и покрај својте маки била позитивна,а својата креативност ја уновчувала тоа е за едно големо браво
     
    На anule88 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    работи се мачи и има право да си викне чистачка што сега тоа стана луксуз? и да има и да нема чистачка тоа се нивни пари како сака ќе си ги троши убаво е да помогниш еднаш двапати ама да двоиш од сопствениот буџет за некој што не сака да работи епа извини неможе. сигурно аит и сопругот не се прибрани дома од работа па им треба чистачка нека проба и братучедот така...
     
    На midnight.flower, Minnie-e, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас во моментов не работам(но имам свои приходи) ,но се спремам да отворам нешто свое и затоа ми треба време.Бидејќи мажот ми не се врти дома воопшто и нон-стоп е по патишта јас имам потреба од физичка помош,еднаш неделно.И стварно не гледам зошто треба да се срамам ако викнам жена,заради братучедот? Па нека дојде тој и нека ми помогне или девојка му и така ќе заработат пари,а згора на се и со алал ќе им бидат дадени.А и имаме доволно ,за да можам да си дозволам,па на крај на денот и да помогнам на некој кој се труди. Сонце јас не знам што факултет имаш завршено ,но еве доколку е тоа економски види по локалните маркети можеби некој има потреба од сметководител или дај оглас,доколку е правен оди еден ден проврткај се пред суд ,понуди му на некој правна помош за мала сума на пари ,ако е медицина види со старите низ мало договори се еднаш месечно да ги прегледаш,измериш притисок.Јас те разбирам дека ти е тешко,ама па од некаде мора да се почне.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.