Еве сум и јас да кажам. Имам пишано на темава еднаш, не бевме баш во заедница со свеки и свекор, ама пак долу слегувавме јадевме поручек ручек вечера, па кафина мафина и не бев воопшто раат како да чуствував потреба дека треба да слезам се чуствував напната, неможев раат да седнам да јадам кога сакам, се прилагодував буквално на сите му угодував се додека не сфатив дека јас сум таа што се нервира, што не се чуствува удобно во своја куќа, што ќе закачи болести од нервоза што сепак имав своја приватност кога сакам да се качам свој простор а неможам да замислам како е да го немаш тоа, пишав тука и сфатив дека треба да се промени нешто, и не не е ни свекрва ни свекор ни никој крив туку ние самите што уште на почеток не пресекуваме и не ставаме граници,ама ете тоа е .. Разговарав со мм и со пандемијава си најдовме причина за да си се качиме горе, претходно бевме во добри односи , е сега не дека немало замерки ама сега ни тоа го нема, ќе ми се качела горе и ќе ми речеше зошто ова ти е тука ај да го преместиме на пример овде и и кажав не нема да го преместиме, јас сакам тука и тука ќе стој јас не ти слегувам долу и не ти преместувам , како што јас не го правам тоа нема ни ти, на почетокот си земаше за право да се качи кога ќе и текни ако не сме дома ама сега ако треба нешто се качува по потреба и ќе се јави. Не дека сега не сме во контакт, далеку од тоа ќе направи за јадење, ќе направам , ќе купиме ние нешто нешто тие ќе си подадеме , како тие што се за мене секогаш тука тука сум и јас секако ,ама не е ништо како претходно, и тие си увидоа дека за сите е подобро вака фала му на господ и не досадуваат околу тоа..имав пишано дека коментираја нашава снаа не била за со свекор и свекрва да седи, ее снаава се качи горе почна да готви, сега се освежи одма .. а јас му имав кажано на мм не готвам долу, зошто? Зошто неможам на глава некој да ми дреми и кажува што како требало па колку требало сега ќе си зготвам долу и ќе симнам ако сакаат нека јадат, ако не и не мораат.Е навистина е рај вака, претходно имаше коментари стари како стари да си искоментираат е зошто сега така, е што барате сега таму, сега од едно уво влегува од друго излегува не ги гледам секој ден и баш ми е гајле дали ќе има коментари од таков тип, си правиме ние како што сакаме.
Што конретно напиша за да ме разочараш? Не викам дека немаш и сега кредит, ама си имала помош итоа голема. Сама си имаш пишано дека пола стан ти го платиле твоите. Место пример 40.000 еур да дадеш за стан, вие сте дале 20.000, твоите 20.000 (пример де). Треба да сфатиш дека некој го нема тој луксуз. И сите знаеме како е убаво, ама едноставно не е возможно за секого. И мене не ми пишувај "сакате, нејќете", јас не сум во заедница. Сама иначе кажа дека сте биле далеку од "големите" 50.000, а не си земала 12.000. Иначе ти твојот живот го прикажуваш на форумов во секое второ мислење, па од тоа што го имаш пишано, јас исто ти пишувам. Не пишувај ако нејќеш да се дебатира.
Ама не е ништо. Буквално булинг му прават на детето. Следно скроз безобразна биди, кажи и она да седне со него и со лева да црта/пишува/бои/готви. Па нека има после акл пак да го малтретира. Значи мозок ми се пали за вакви работи искрено. Се раѓаш левак или деснак, не се учи доминантна рака, мозокот си одлучува која е.
Зошто мора на темава да си ги мерите длабочините на вашите џебови? Која најјако ќе се исфали со спратови и чуда, која ќе дофрли како “ама твоите ти го купиле станот,испоти го гзот” или пак “јас сама се си направив,си го испотив гзот”. Која е поентава на се ова не сфаќам, но знам дека е најмалку битно која од каде добила спрат,стан и никој не мора да соли памет дали е тоа океј или не. Да се живее со постари не е ни уопште лесно,затоа е и темава,да се држиме до неа.
Вајлд, многумина, меѓу нив и јас, неколку пати сме ја советувале @Fallen.Angel Види, она е во незавидна положба, навистина. Што згрешила - згрешила, млада, неискусна, назад нема, а и сигурна сум дека бебето не си го гледа како грешка. Посебно што ако се сеќавам добро има здравствена ситуација со која неизвесно и' беше потомство, па разбирам зошто сакала да побрза. Меѓутоа, Ангел, мораш да сфатиш дека ти со маж ти имаш преголем проблем. Свекрва ти е гола вода за него. Еве ако не зборувам вистина исправи ми, нели психички те малтретира, омаловажува, а и ти се закани дека физички ќе те нападне? (извини уште еднаш ако погрешно се сеќавам) Мене ми е јасно дека си студентка уште, многу си млада, немаш некоја посебна поддршка од дома, за жал ја изгуби мајка ти која би те посоветувала можеби или би ти помогнала, ама мораш да разбереш дека ТИ имаш должност према тоа бебе да не оставиш да расте во таква средина. Мое мислење е дека мораш да најдеш начин да се одвоиш, не само од свекрва ти, туку и од маж ти, затоа што маж ти не заслужува да има семејство, не заслужува жена, не заслужува дете. Не можам, уште се грозам кога ќе се сетам што ти збореше за твојот физички изглед после пород. Или дека многу јадеш додека си била бремена. Да е од улица некој нема да разберам, а не татко на тоа дете. И можеш сама и треба сама. И мислам дека и повеќе ќе успееш во животот сама, отколку со него.
Бидејќи не сум целосно во темава сигурно ќе се повторувам со други членки но морам да кажам дека според мене проблем со свекор и свекрва не постои. Единствено со сопруг може да биде проблемот,ако односите со него се ок и ако стои позади жената негледам начин да настанат проблеми. Можат они секако ако се такви луѓе да пробуваат да направат разор но никогаш не би успеале ако сопругот тоа не го дозволи Јас лично сум живеела и во заедница и сега сме сами и никогаш не сум голтала кнедли, од една страна бидејќи сопругот стоел позади мене а од друга страна зошто сум инаетлива а и снаодлива и со "незгодни" ситуации сум успевала многу лесно да се справам. Рака на срце не ни пробувале многу да ми се мешаат во одлуките ама на ситните работи како на пример "повеке брашно треба да ставиш "сум одговарала со "МОГУЧЕ" и си продолжувам нормално по мое. Можеби и јас паметно(иако не намерно) низ муабет уште дечко и девојка кога бевме со сопругот и коа пиевме кафе со свекрвата и имам спомнато дека сум екстремен инат и дека и на мајками која што лудо ја сакам не би и попуштила ако ме фати на инат и дека сум спремна на се во такви ситуации Како и да е многу ми е жал за тие што мора да проаѓаат низ тие лоши моменти но запамтете можеби проблемот е кај свекорот и свекрвата НО решението е кај сопругот. И секако вашето поставување од старт.
Се согласувам дека е многу важно од старт да се постават граници. Ако си мек на почетокот секоја твоја желба за дистанца понатаму нема да биде сфатена. Или ќе биде многу подоцна, кога веќе нема да имаш нерви и трпение за нив. А они уште и ќе бидат зачудени од каде сега оваа промена. Исто и јас од премногу наметливост, за која не беа ни свесни поставив многу граници благодарение на сопругот. И тоа е многу битно, сопругот да им покаже до каде можат да одат, иако во тој момент сме имале кавги и нетрпеливост поради старите. Но границите ги поставив многу подоцна од што сакав. Проблем беше тука и тоа што не се поделивме на спрат одма, а после ко изненадени дека сакаме самостојност. Таа нивна реакција ме дистанцира од нив, имам чувство дека се качуваат да седат на тераса кога не сме дома, знам колку сакаа да седат на нашата тераса, освен што можеби поретко. Иако сакам подистанциран однос свеки е научена дека треба да пијам се неа какао на сабајле и секогаш во исто време ми праќа порака. Не секогаш се симнувам, некогаш и од обврски, не и многу драго, но јас си гледам за себе. Уште да сфати дека не треба она да ми ги пречекува гостите, секогаш прва излегува кога идат гости кај нас и ги замуабетува мислиш кај неа дошле, а исто и ги испраќа
Им се симнав доле во неделата и им кажав демек на смеење, ама за да си сфатат. Им реков и на двајцата: Детето завчера кога го земав од кај вас, горе си седна да јаде и јадеше со десна, цел се испоистури и почна да плаче. Јас го гледам и му викам "кој ти рече со десна да јадеш?" Он ми рече "баба". И им кажав дека сум му рекла дс си јаде со таа рака што му е полесно него и си покажа на левата рака и уште еднаш ако баба го тера да јаде со десна, да ми каже, јас ќе се разберам со неа. Женава на се ова само бледо ми се поднасмеа. Ај да видиме како ќе е, сега кога знае дека детето све кажува и дека ништо неможе да ми скрие.
Не си требала уопште да се симнуваш и понижуваш, затоа ти се смеела. Туку нареден пат кога така ќе направи да ја фатиш на дело и тогаш да и кажеш дека детето не е играчка па она да го управува како сака, и дека веќе нема да и го симнуваш.
мореее многу сте меки абе ке и речиш дирекно - Уште еднаш видам ли да го тераш со десна рака ке земам тебе ке ти ги сокршам рацете Па до тука нека биде живеењето
И ти си во право. Ама жената е така покваренка, научено има се што прави да има причина. И она намерно му ја става лажичата/виљушката од десно, а детево дури сега почнува почесто да префрла од десна во лева, сеуште незнае, мал е, некогаш и сам зема да јаде со десна ама смоки, соленки, суви работи и она тоа го има видено и си мисли демек јас (како неа сум опседната) сакам детето да има нешто на мене, јас као со сила го правам левак. И сега работава е што ете она ќе му стави од десна намерно, он почнува со десна да јаде и ако не се снајде префла во лева, ама она му помага намерно за да не прфрли. И сега јас ако ја нападнам она ќе рече нешто ко "па сам си јаде со десна, не го терам јас" и после јас ќе треба да и го плеснам во лице дека она намерно му помага, па ете јас сум си правела филмови ќе излезе, не била она таква, се осеќам ко пред 50 години кога било страшно дете левак да е. Ете го нема видено од петокот, ако и одговара нека си тера по свое. Преку глава ми е од зборење и викање, зошто само пред мои очи не се прави тоа, во мое отсуство не важи ниеден збор, затоа нема да го гледа и така. Секако детето колку и она да му збори уште малку ќе е свесно дека е левак и дека со таа рака се снаоѓа, неможе она да е посилна од тоа, само траума може да му направи, ама ако се случи во иднина детето ќе ми каже,е тогаш ќе настапам
Не си требала да и' објаснуваш толку. Него ќе му збориш дека треба да си ја користи која рака сака таа, оти нема само баба му, и понатаму ќе среќава "мудреци". На неа ќе и' кажеш да го остави на раат.
Многу интересна теме навистина Јас сум во брак со 10 год постар сопруг веќе 2 год неговите родители искрено кажано се предобри ги почитувам и ме почитуваат, живееме во заедница и искрено да ви кажам одам на работа само 1 смена во овие 2 год имам неколку пати зготвено од ќев, кога се враќам од работа на маса ме чека кафето не ви се правам паметна од мамо и тато др. ништо му немам кажано и сопругот мојте ги гледа како да се негови родители во такво опкружение пораснав мајка ми и баба ми никогаш не се скарале и јас така продолжив. По професија сум психолог и од моја гледна точка колку почитуваш толку ќе те почитуваат, ако попуштиш ќе ти биде попуштено, ако простиш ќе ти се прости секогаш е така
Супер се тоа. И јас го имав истото. И почит и зготвено и исчистено. Ама се чуствував како посинета да сум во туѓо семејство, а не во свое гнездо. Јас не можам да живеам ко гостинка, се да ми е принесено. Сакам свој ред и свои правила. Да сакав се стокмено, ќе си седев кај мајка ми. За интимност да не зборам. Се знае колку може да си опуштена со сопругот кога старите се во соседна соба... За почит и слога од кога сме посебно имаме уште повеќе.
Леле кога читам ми доаѓа да дојдам и јас да ја укобам наместо тебе. Мора да се соземеш за децата, најчесто родилки запаѓаат во депресија а ти имаш 2 деца на кои треба да се посветиш. Зошто не седнеш со мт да разговараш и да се тргнете од таму ако имате средства земете си стан сега даваат лесно на исплаќање, знам тешка е сега ситуацијата ама јас така би направила на твое место и никогаш повеќе нема да ја погледнам во очи. Вештерка!