Комплетно се сложувам. Ќе се чувствувам како јас да се приклучувам кон нивното семејство, а не дека ствараме ново, наше. Да сакам, дома нема со прст да мрднам, свекрва ми и на глава е спремна за нас да стои. Ама не сакам. Влеговме во брак за да си створиме наш дом, наше семејство, со наши правила. Не сакам да живеам нит по правилата на мајка ми, нит по правилата на свекрва ми. А и да бидеме реални, се си има цена. Ама не осудувам, на некој и така му е убаво. Некогаш си викам што си будала, наместо да искористиш што ти се пружа, да уживаш во животот, ти мора се по твое да е стокмено. После па ќе си се потсетам кој карактер сум и си викам подобро вака, седи си мирна, не си ставај трн во здрава нога.
Од моја гледна точка да ти кажам, исти бевме на почетокот и одкога се одвоивме и подоцна кога го родив син ми, се појавија рогови. Кога пројавив желба сама да си готвам во мојата кујна бев осудена дека она била домаќинка на куќата, јас ако сум сакала да готвам сум требала за сите, мм ги подсобра на место. Кога се породив, дојдовме дома, жената сакаше на спрат да ми спие, она да чувала дете, да не сум се мачела. Одбиена беше, навредена, денешниве млади какви сме биле, они несмееле не да им речат на свекрвите, свекрва и нејзина со неа спиела на спална 40 дена, свекор ми сам во друга соба.... И да не ти редам други работи, да не ја вртам приказнава на себе, ама нели имаш желба некогаш да си зготвиш што сакаш и да си јадете сами со маж ти? Нели имаш денови кога несакаш никој да видиш и немораш тоа да го правиш? Нели сакаш гола да си прошеташ по кујна пример? Јас да немам слобода што сакам да си правам, од кожа би си излегла. Се надевам доколку (сакаш) еден ден дете да имаш односиве ќе ви останат вака во ред.
Те сваќам јас со сопругот живеам наа 2 спрат не готвам слегувам јадам и се враќам горе од вечер се договараме што да зготви за др. Ден мојата кујна само за кафе ја користам... Точно е кога сакаме да јадиме сами си качувам од јадењето и сами уживаме
Ние живееме во заеница т. с ги делиме домашните трошоци живееме во башка спрат но најчесто ручекот е на иста трпеза свекрвата е таа што готви хаха имам интересен свекор кога метаам горе тој бриши прашина луѓето е супер
И јас вака си мислам некогаш и после ми текнува дека ќе не можев да се шетам по ѓаќи дома и си викам не фала Знам дека сме сите различни, ама за мене таквите ситници се премногу важни. Не можам секој ден да живеам на штрек дали ќе влезе свекрва ми, кошивката, рандом роднина и ќе ме начека полугола в дневна.
Ха ха,за после пораѓајот ме потсети на мојот.Нели јас живеам одвоено и кога ми се роди првото дете,најверојатно свекрва ми подучена од мајка и едноставно не повикана пристигна со намера да седи 6 недели.Така и беше си седеше со намера да помогне,не можам да речам дека не ми беше и убаво,сопругот одеше на работа,ние чекавме гости за бебе.По неколку години во муабет ми рече,абе што сум барала бе јас да ви седам,не и текнувало како што кажа, се додека некоја комшивка не и рекла абе ти уште мислиш кај снаата да и седиш,па тогаш се свестила.Разбрана ми е свекрвата ама сигурно и таа тогаш си мислела дека така треба,не и било сигурно и нејзе лесно да остави куќа.Ама сепак јас го паметам тој период како убав спомен,знам за секој доручек јадевме баклави и слатки зошто за бебе нели благо се носипа да не остане.
Јас мислам дека е сеуште рано за да видиш некој работи, а ако се одделиш на краток период и видиш како е сами да бидите мислам дека повеќе нема ни да ти текни да бидиш во таква заедница..
Можеби е рано ама човек може да се процени како викаат со мајка повеќе ќе се скараш, но времето ќе покаже сите имаме мани никој не е совршен, а сами сме секоја вечер после вечерата си вечераме и си се качуваме на нашиотa спрат. Мислам дека сите членови од семејството треба да придонесат за хармонија во истото... Сепак почит за коментарот
Хахаха алал да ти е како ти било убаво. Мене све ми сметаше. Еден од најјаките муабети и беше (уште кога дозна дека сум трудна) дека она планира да направиме креветчиња на спрат или за почеток покрај бебешкото креветче во детската соба да сме и го качеле еден стар кауч, она да спиела тука, јас да не сум се мачела, само за цицање ќе ми го носела. Напрво не ја сфатив ич сериозно, ама после кога го повтори уште неколку пати мм и рече "па ако не, спална да ви направиме во детската и тато нека спие овде и таман од волкава куќа, да си седиме сите на куп" и нејзиниот одговор беше "аууу што ќе ми е татко ти, на старост не ми треба, јас со внуче сакам да си спијам" . Еве 2 години и нешто, не се случило тоа, нема ни да се случи. Јас сум самживник, све ми смета.
Јас ви посакувам се најдобро дај боже да ви биди како досега доколку вас ви е убаво и ви одговара тој принцип на живеење. Бев во таква ситуација и јас, решивме да се одделиме имав погоре пишано коментар , не дека претходно не бев блиска со мм ама сега ми е далеку поубаво, има некако подруга хармонија, мир, приватност..
Мене ми е искрено чудно. Хармонија можеш и да имаш без ручек заеднички. Мислам дека утреден кога ќе се стари, ќе очекуваат од тебе ти да правиш ручек за сите, ти да им помагаш во чистење. Јас тоа го приметив кога бевме болни од Ковид. Свекрва ми потешко помина, јас едно 2 недели готвев за сите, после тоа неколку месеци како да имаше свеки броено колку пати било, секој викенд нудеше да ни прави ручек, како да се осеќаше должна, некогаш ќе прифатев, некогаш не. И веќе 2/3 месеци престана да нуди, ни јас не нудам. Сфатив дека горе/доле толку пати има направено ручек, колку јас за 2 недели и некој ден. И сама си има кажано дека на старост (уште некоја година) ОЧЕКУВА, јас да готвам за сите, она внуци ќе чувала. Јас и реков дека второ не планираме (можда ќе имаме), а до тогаш малиот ќе е голем и нема да има потреба никој да ми го чува, и реков и да имам бебе, ручек е полесно сама на 70 години да си направиш, отколку да трчаш по мало дете. Се надевам дека нема да ти засмета утреден кога би имала бебе, да сака да го бања она, да ти виси над цицка, да ти го облекува дур си во вц, со плус еден слој облека, зошто обично со ваков однос они си се опуштени и не верувам дека ќе си знаат граници. Мада ти си знаеш, јас лично не би сакала стално да јадам она што готви или па ќе ми е незгодно 6 дена во неделата друг да ми прави ручек, ја да одам на готово.
Па убаво зошто не беше долго.Иначе јак коментарот од мажот ти,а за свекрва ти страшно,што рече некоја членка забегуваат кога ќе им се родат внуци.Во една рурална средина кај нас ама баш примитивни се,детенцево со точак во ѕид ,се повредило страшно во глава и едвај се спаси ,а замисли во Скопје свекрвата седела на болница снаата да седела дома да ги чува другите деца,додека детенцето и се бори за живот ,значи болна доминација а снаата од Албанија безгласна буква ,жално.
Ај мојава свеки да видам што "планира" за в лето ко ќе се роди бебето. Се нема сеуште изјаснето. Ама од ова до сега, чинам слична желба ќе има ко твојава.
Ова нема врска дали Албанија или Македонија ,знам жена што кога имаше малото температура го остави да спиела со баба му ТАА ПОВЕЌЕ ЗНАЕЛА а оваа си спиеше во спална со маж и. Значи знаела не знаела бе око нема да склопам цела ноќ ,ќе дремам над него а не да го дадам таму без да го видам ,макар и во друга соба било . А не пак во болница ќе ја пуштам неа
Имаше тука една Маријана пишуваше дека детето го оставила со бабата да спие кога било болно, таа повеќе знаела. Може истата е, не ми се верува дека има повеќе вакви жени.
Има има Јас познавам случај, кај што новороденче спиеше со бабата, за мајката да спие на раат. Кога ќе се разбудело и го носесела на цицање. И мајкава пуна со пофални зборови, како свекрва и е срце. Многу и помагала Како ги трпи срце, еве не знам. Како може бабата да има поголем осет и инстикт од мајката? Или да ме буди свекрва ми, стани му се цица. Да ја гледам ко зомби у пижами по 5 пати ноќе, место да ме буди бебето. Не ми се јасни, ама све има.
Колку би било убаво свекрвите да ја читаат темава... Може ќе им дојде паметот. Или барем да знаат дека се досадни и наметливи.
Не се вика Маријана. Друга ,како што вика Луна,станувало во 6 бебето,цицало и го земала свекрва и за таа да поспиела до 11 за тоа време АД му давале . Многу и значело... свашта имаа!