Се согласувам ама според она што го имам слушнато на форумов и надвор од него би рекла дека ни 1% не се такви. Сите си го пикаат носот. А и башка како да знам јас какви се? Не ми се прави лотарија со младоста и живците.
Тоа е балкански менталитет и никогаш нема да се смени.Кај нас секој гледа во туѓото што носи,јаде,пие,спие итн.Додека низ европа и гол да шеташ нема да те перцепираат.Колку знам млади што имаат ваков карактер од бутање нос одвратно е и за гледање.
Убаво кажавте со @sara97j , секој си го пика носот секаде, особено млада популација што иако сакаме напред да идеме , стоиме заковани поради тоа што ни е побитно кој што направил и купил. Кај нас го имаше она најјакото:од каде пари за куќа? Врв ми е ова. И свекрвица нервозна зашто така зборела некоја си небитна комшика. А успат како тоа едниот син и бил разведен, па како тоа кога неговите деца доаѓаат тука на викенд како не собирало( уште не е готов спратот), и ред такви коментари од небитни луѓе. А она пустат да не се расправа си преќутува, се прави дека не ги слуша. Викам следен пат прати ги кај мене јас ќе им одговорам на се што ги мачи и тоа во 5 збора.
Ако даваат пари за храна е ок, ама ако не даваат и намирниците да ги купувааат старите тогаш е голем проблем и трошок. Не е исто да готвиш за двајца и за 4ца или па и 6 Јас сакам сама да си направам, па ако треба и тост да е или супа, не можам да јадам по туѓ план, наоѓам маани, секој ден во друга куќа се осеќам како да сум на гости и како да ми ги бројат залците. Мене овие ми се личности кои пред другите се фалат дека се којзнае какви домаќини во кујна, прошетани, образовани, а тенџере манџа носат од друга куќа. Ај да се млади и да им готвиш за да имаат време за шетање, ама со поголеми деца??? Не ми е јасно децата нели им бараат нешто друго за ручек?
Пари не им фалат ни на постарите ни на помладите ни на најмладите во мојот пример Додека децата беа деца, ручаа кај баба им и дедо им, сега се возрасни, не живеат со родителите, па дали уште доаѓаат кај баба и дедо, дали сами готват, дали од ресторан купуваат, не знам. Едит: не е мое, а ни твое, да им мислиме како си организираат живот. Чим 30 години така функционираат, ок се мислам
Не е мое ни твое, ама тоа ми изгледа на лош пример за децата. Цел живот на туѓ грб, од друг чекаат, паразити.
Во истиот пример напишав дека се луѓе со сериозни кариери и функции, за на тоа да ми кажеш дека се паразити. Оќе. Ако ти викаш така ти верувам. Нејќам да знам што ќе речеш ако готвачка најмам, сигурно неподобен родител ќе сум
Настрана тие, еве општо за сите оние кои чекаат друг да прави јадење, а не се никој и ништо. Лош пример, паразити.
Абе како си дозволувате вакви муабети не ми е јасно, може свекрва ми готви секој ден и за нас, а јас секој втор ден и' чистам. Мислам, од каде знаеш кој како си го уредува животот?
За мене живеење во ист објект со туѓи родители макар и на посебен спрат не е прв избор. Најмногу заради приватноста. На пример, викендов мм не е тука, а јас решив да поминам еден ден кај моите и се чувствувам ко должник дека треба да им кажам дека нема да бидам тука еден ден. А всушност нема потреба да им се објаснувам. Ако некој треба да знае каде одам тоа е само мм. Ама најголем дел од старите на нашево поднебје ако живееш во иста куќа, мислат дека треба да бидат известени за се.
Па и не мора. Ако живееш на посебен спрат со посебен влез, ќе одиш специјално да им кажеш дека излегуваш? Мене па тоа помалку ми има смисла. Нема зошто да се чувствуваш како должник, затоа сте одделени и секој треба да си има слобода да си оди каде сака, без претходно да се најавува. Во секој случај, живеење во ваков вид на заедница и не треба да биде прв избор ако постојат услови за настрана.
Ние живееме на посебни спратови и никогаш не сум им кажувала кај одам а пак ни тие мене.Од почеток ми се јавуваше свекрва ми и добиваше само кратки одговори и самата си сфати дека не е нејзина работа кај одам јас.Сега никој не ме прашува и цел ден да сум кај моите само ќе влези,ќе види нема никој и рикверс назад. Ама ова откако ја ставив на дистанца.
Го делам истото мислење , значи има премногу напорни и упорни за да дознаат се каде ,што ,како ,со кого..
Постојат услови за живеење настрана, ама мм веќе доста вложил во куќата. Всушност скоро се што е правено во нашиот дел си вложувал тој.
Оваа мојава доста љубопитна е. Као ништо не ја интересира за никого, ама се знае. Се жали дека имала многу обврски дома и дека и било мачно, а сто пати ќе се источка низ куќа горе долу, и ништо не и промашува.
Ние се одделивме горе, ама е така за излегување нон стоп се јавуваат каде одат кога излегуваат и го очекуваат истото од нас, мм е навикнат, како на рецепција да сме па се пријавуваме и одјавуваме, господ да чува. И јас истото го препорачувам тие што можат скроз делба на страна, ни вака не бидува..и јас како тебе кога одам кај мои истото, и сто пати имам речено сто пати на мм ако треба за нешто ти си тој што треба да ми речи и ако треба нешто да му кажам на некого каде одам што правам тоа си ти,ама џабе тој навикнат си е на некои такви принципи и неможиш да му докажиш, никој мене лошо не ми мислел бла бла бла...
Гледам на многу од мажите многу од работите што се случуваат не им сметаат. Навикнати се веќе на тоа затоа што живееле со години со родителите. Вообичаено реагираат ако ним нешто им пречи.
Да имав јатвра, ќе мислев ти си. значи она као не е по оговарање, ама се знае, гледа кој поминал, дали имал кесе или не, збрчи ли кола ако сакаш да знаеш кој е, прашај ја. а за ова објаснување кај одам мора да знае, упорна е веќе 4 години, незнам до кога ќе е, ама маж ми не им кажува кај оди, нема зошто ни јас. Еднаш ми рече "па ти не кажуваш кај одиш, јас си го мислам внучето, 4 коли поминаа све си мислев вие сте", ја и реков "јас ако сакам внучето твое и во Австралија ќе го однесам, ти само мисли си го каде е, татко му е тој што треба да знае". Незнам бе што си земаат до толку за право. Пред една недела му беше роденден на детето, земала ми објаснува дека сум требала да спојам 2 маси, а ние бевме моите, они двајца и ние 3ца. Значи виде дека несакам да ја слушам се напна, уште 3 пати се качи и кога виде дека не ја послушав проба преку мм, ама мм со два збора ја попрати. Ме напна исто така зошто сум нарачувала торта, кога сум можела да си направам сама, џабе пари сум давала. Од неа ко да бара некој. Едно 1000 км што подалеку од и од негови и од мои идеално е.
Ко ќе е мм дома толку не влегува. Ко ќе не е тука повеќе влегува. Некни влезе и почна нешто да кажува како ќе правела кога ќе починел стариот оти му беше лута. На мм не му се бендиса муабетот и и вика сега може да си одиш, ене ја вратата. Ама јас да и ја покажам вратата ќе се лути.
Хахахахахах, како може ова балканскиве свекрви сите да се исти, не ми е јасно?! Демек ништо бе ја интересира, а се знае за сите, у цела зграда највеќе знае за сите, а демек ништо не знаела не ја интересирало, се знае за секого. Тоа па за излефување, кај сте, што сте, секој можен пат, а не видат на врата одма, кај ќе одите, што ќе праите? И јас и мм не им полагаме сметки, кај одите да шетаме, имаме работа и сл. нема што да се објаснувам со нив кај ќе одам, или кога ќе искочам, ама упорни се они, а и јас сум упорна бе, па кој издржи.. Јас веќе ги навикнав, се смеам на глупостите нивни, и само на игнор. Мм што и да им каже родители му се не го сфаќаат сериозно, и он си се расправа, јас си ќутам у последно време и само им кажувам да се обратат кај син им ако имаат нешто, и дека јас не се мешам, и така се нервираат поише, дури свекорот и скроз се повлече, ама оваа е упорна.