Ја "фатив" свекрва ми на скали како ни го преслушкува муабетот со мм. Инаку се однесува мн незаинтересирано па смешна ми е оваа нејзина постапка
Не постои човек да не го интересира нешто туѓо,не само свекрва да не претеруваме сега. Инаку мојата баш не е таква чашитка ко некои,да ја интересираат роднини и пријатели,си живее таа во нејзин филм,знае нас некогаш нешто као да не советува ама мм одма ја сече а таа па не е ни љутка,не се замара. Е сега многу пати сум размислувала да не дојдам со жалење во темава откако ќе дојде беба хахаха,не верувам ама никогаш не се знае.
Оваа мисла и мене ми паѓа на памет,ама исто и јас не верувам зашто си заземав став и си кажувам се што ми лежи на душичката. Прво беше дека додека не сум дома мува несакам да ми лета, а не пак некој да влага. Дури и аларм ќе ставам па ако пишти алармот нема да и текне за следен пат Иако она знам дека нема да се качува туку децата од девер ми кога ќе доаѓаат ќе сакаат да се качуваат....ама и за тоа има решение.
Мојата е нај јака, се прави дека не слуша и дека не ја интересира ништо и кога збори е гласна пробува да се надвикува, а кога треба нешто да го праша мм како шепка и гледа дали ја слушам, а на два чекора од нејзе сум . Во право си не постои човек што го интересира туѓото ама повеќе ги ценам они дирекните што прашуваат одколку оние што "слушнале, а не дослушнале па ги превртуваат работите".
Не само свекрвите,воопшто кај женскиот род е карактеристична таа љубопитност,доза на лукавост,превртливост..Можеби и во генеза од предците останало да жените најдат начин , за момент да се чуе нивниот глас,во светот кој припаѓал на мажите.Повеќето мажи според мене не се замараат за површни работи како нас жените,ниту па размислуваат длабоко.Јас во мојот работен век сум работела само со мажи и со никој не сум се замерила,додека во колективи кај што има жени ,повеќето се на нож,се заради љубомора,оговарање.Е сега не дека нема и мажи љубопитни и оговарачи ,ама ние жените предничиме,одтука и повеќето кавги меѓу снаа и свекрва, отколку снаа и свекор .
Две жени во иста кујна не бива. Што подалеку се снаата и свекрвата, тоа подобро. Инаку, мислам дека голем проблем е што мажите, а неретко и жените, влегуваат во брак, а уште со папочна врвца се поврзани со мајките. И после бракот наместо да биде заедница од двајца, станува една голема мешаница од свекрва, баба, и што уште не.
Ај за совет да прашам. Кој ме има читано знај како стои ситуацијата со свекрва ми. Јас знам дека ми зборува зад грб а денес тоа го потврди и свекор ми. Со него сум поблиска и поопуштена и затоа и ми кажа. Јас кај свекрва ми не слегвам долу ич и баш ми е убо така,таја иди горе само колку да го види внук и. Арно ама,пиевме кафе со свекор ми денес а таја на работа и уз муабет ми рече "подслегвај малце долу по 1 сат со малиот оти после мене ми зборват ,јас сум на средина на никој не можам да му погодам" а јас на тоа му одговорив дека свекрва ми е цел ден зафатена со другите внуци и дека мене не можи да ми поможи никако.Тој само ми рече слушај ме мене оти јас сум во тесно,ти мислиш вака ама таја си мисли друго. Совет ? Да си терам исто на дистанца ? Ако почнам да слегвам долу после ќе се опушти таја и ќе си мисли можи шо сака да ми прај ,а и плус како да одам кога знам дека ми зборва зад грб ? Го поштовам свекор ми ама не можам ова да го направам.
Продолжи си како што ти одговара. Ако гледаш да погодиш на сите, ти ќе си го добиеш на крај, не си прави непотребни нервози.
Ќе му кажиш на свекорот дека многу го почитуваш и дека секогаш е добредојден кај тебе горе и нема потреба да се осеќа на средина и не е во ред што го става жена му во таква позиција,дека твоето однесување е по заслуга и готово.
Јас му имам него кажано ама таја него му се истура и му вика цело време и цело време кавги дома прај како тој да е крив,љубоморна е оти јас со неа се однесувам поинаку а со него поинаку,а како што кажа и ти се е по заслуга.
Да, ама за да не биде во средина, тој бара ти да се ставиш во средина. Треба тој да и постави граница, ако не може да ја трпи, не тебе да ти набива некоја вина.